Не збориме за јавна администрација. Што е со тие што работат по 8 часа, кај приватни? Те читав, животно достигнување било по цел ден да си во кафичи. Ептен убаво.
Никаде не реков дека тоа е мое животно достигнување. Веројатно лошо си прочитала. Во Македонија се убиваат од работа по текстил, месари, градежници. Луѓе фатени во тесно и без избор.
И на тие во странство би им било лошо? Се уби да ја фалиш државата на 3-4 теми веќе, не ми е од оваа избадено "што има поубаво од седење на сонце цел ден".
Епа сега јас не можам на некој да му сипам во глава дека моите постови можеби беа само еден обичен сарказам.
@referentka тоа секако стои, ама дали таа жена има слобода над тој домашен буџет или мора за 100 денари за кафе да бара од мажот? Ако утре и треба нешто, има ли слобода да си купи без да го правда купеното пред мажот? Ако реши утре да го напушти мажот, има ли можност колку што е можно побезболно да го направи тоа? За ова зборев. Овие прашања дефинираат дали мажот ја издржува или не.
Зошто ова би дефинирало? Се знае што дефинира, заработуваш или не. Дали слободно си земаш од новчаник или картица негова без да ти е незгодно е тотално небитно. Може цела плата на твоја сметка да ја префрла и да не прашува воошто колку трошиш, фактот дека ти не работиш и само еден издржува си стои. Разлика има од тоа дали ќе ти пререкува или не, секако, ама тука одиме со претпоставка дека двајцата така одлучиле па дискутираме зошто таква одлука би паднала кај просечен пар во Македонија. Иако и за странство го имам истиот став.
Па од смисла "еве, имам заштеда доволна за ако сакам да си идам да можам уште утре, или за црни денови, а по договор со мажот решивме дека ќе седам дома и ќе ги трошиме парите што тој ги заработува". Не реков дека го сфаќам. Само, тогаш би имала слобода и независност за "секој случај". Да, во Македонија е неверојатно тешко да се живее со една плата и сѐ е ова само теорија, ама држи вода како таква. Уствари истото го збориме и двете... Дека рефка имаше мислење дека со тоа што жената работела по дома исто придонесувала за домашниот буџет. Придонесува, ама ако има домашен буџет. Ако има буџер на мажот - тогаш ништо не придонесува
Жената која мисли дека некој треба да заработи за да ја храни и се крие под традиција (демек као) за мене е криење на својата неспособност. Едно е да не работиш за дете да чуваш дур пркне друго е да мислиш дека тебе некој треба да те храни и облака.
одговорот на цитираноти еве го татко ми додека одеше на работа од 8 саати само 3 ги седеше на работа. Полицијата во нашата држава такоѓе кисни по кафичи и за воља на вистината кафичите вријат со високо ситуирани граѓани. Дотерани скоцкани. Оние кои се вработени во администрацина па "документите" ги средуваат у кафич. Состаноците не им се во канцеларија туку у кафич. и да не речам 70% од вработените работното време го поминуваат во кафани кладилници и кафичи. Е во странство не е така и тоа е разликата
И во странство тоа трае 8 саати. Ако останеш повеќе е твој избор за екстра пари. Тоа што има алчни од нашиве е друг муабет. Не е за жалење.
@marchi-cool за татко ти ич не ми е гајле. Ти колку седиш на работа? Зошто ги негираш сите што работат НАЈМАЛКУ 8 часа дневно, неретко и многу повеќе, со по еден или ниеден слободен ден и без право на одмор? Кој освен државна администрација работи како што ти викаш? И најбитното, 250-400 евра плата, која ја имаат во државна администрација, за тебе е животно достигнување? @Bridget се однесува на мислење кое е избришано, мислам. Не е битно.
Еве ти на пример. Веќе 2 часа турбо пишуваш на форумот, а треба да работиш. Кај ќе утепаш кафица сега после работа?