Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Може ли македонскиот маж сам да издржува семејство денес?

Дискусија во 'Брак' започната од marchi-cool, 8 февруари 2019.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Америка е една од државите кај што жените имаат најмалку права, помалку од било која европска земја. На исто ниво со Малави и Кенија се според извештајот на светската банка за жените во работната околина, ама ајде, Америка ќе ни е репер.
     
    На ane.bella и LiliBoz им се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.351
    Пол:
    Женски
    А од кај знаеш дека треба да работи

    И не ми кажа зашто жените во Америка ги сметаш за репер
     
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    А од кај знаеш дали сум на работа, дали работам, што работам и што ми е работа? Може ова ми е работата :)
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.741
    Пол:
    Женски
    А јас не сфаќам што е проблемот да се седне на кафе ако имам пари да го платам и сум ги заработила:wasntme:
    Тоа во странство ако не пијат кафе и ги чуваат парите ,не значи дека мора да го сметам за исправно.
    Кафето е ситно задоволство,па не сме роботи ни робови.
    Секако дека жената мора да работи,па и да и стигаат на сметка по 5000е месечно од кирии и сл..
    Заради себе и својот личен развој,интегрирање,психичко и физичко здравје.
     
    На candy.cane и LiliBoz им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јас не знам кој во странство не иде на кафе. Јас секој ден бев на кафе после работно време. На пиво т.е.
    Тука не идам. И секој ден беа истите луѓе, секој ден се собираа на пијачка после работа. Така да, таа теорија отпаѓа.
     
    На candy.cane, Doozy, ane.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.741
    Пол:
    Женски
    Па појма немам но многу често се споменува таа ситуација,кај нас во екс ЈУ,сите по кафиња сме биле,а пари нема.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Не знам искрено. И дај боже на добро да си ја наредиш работата во животот. Да не се мачиш, а да заработуваш.
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Абе, кафе и 4 евра да е, ако ти е тебе 100 евра дневница ќе го осетиш ли?
    Тоа ти е исто како во мк да имаш дневница 1000 денари, а кафето да е 40. Дневницата ретко е 1000 денари, а кафето никаде не е 40.
     
    На candy.cane, Oxymoron, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Со 5000 евра приход, и да волонтира може ако и е ќеф. Мора да работи- не ми звучи добро, зашто морање? Ништо не се мора. А работа, можда погрешно дефинирам во своја глава, ми е 40 часа неделно. Тоа од работење 46 ч/нед, сфатив ме троши многу физички . Ја би помалку, ако веќе имам 5000 евра. А дека баш сите работни места( не зборувам за професии тука) на жени и мажи во мк нудат личен развој и интеграција тоа не се сложувам. Некои нудат мобинг и искористување. Личен развој е да ги напуштиш ако можеш пре би рекла.
    За погоре што прашаа, Холандија живеам
     
    Последна измена: 20 март 2019
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Во странство сабота и недела до пладне се денови за рекреација. Други денови е мртвило. Освен туристи што се врткаат натака навака. Кај нас секој божји ден е полно со локалци. А тоа дека само лигават едно кафе 2 сата и тоа не е точно. Затоа се отвораат кафани со храна, затоа што има побарувачка.
     
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Јас можам да престанам да работам и од неговата работа би имале удбен живот. Исто така, он би можел да престане да работи и повторно би имале удобен живот. Секако, нема да го направиме тоа, давам пример само.
    Да прецизирам, работам од дома, значи контакт со надворешниот свет е сведен на минимум, комуницирам со истите луѓе и сум попаметна од грото луѓе кои ги знам. Со тоа што седам дома јас само успешно ги избегнувам луѓето кои би ми ги уништувале мозочните клетки доколку работам на позиција каде секој ден би требало да комуницирам со полуписмена раја. Всушност, шетање со кучката у природа ми е поинтересна активност од пиење кафе секој ден.
    Погоре некој спомна дека одењето на работа значи и социјализација, па еве нека појасни како се социјализираат оние кои работат у лаборатории, у банка на шалтер, на патарина, во конфекција итн.

    Моја животна цел не е градење на кариера туку работа која ми носи доволно приходи да имам убав живот. Мене не ме исполнува работата, туку сумата која ја добивам за сработеното. Не сум од оние кои би цветале ако некој ги пофали дека добро ја завршиле работата, туку сум од оние кои се задоволни кога ке добијат бонус наместо пофалба.

    Дали би останала дома доколку маж ми има доволно финансии за целото семејство? Да, би останала. Јас сум во една конкретна ситуација каде што знам каков маж имам покрај себе и наш приоритет е квалитетен живот, а тоа не подразбира работа за минималец. Порадо би останала дома да се грижам за правилен раст и развој на децата отколку да одам на работа 8 часа за некоја мала сума, а децата да ги однесам во градинка или жена за се грижи за нив. Грубо речено, за некоја сума од 100-200 евра месечно не би работела речиси цел ден а децата да ги оставам со странец. Подобра опција е некој од нас да работи 10-12 часа а другиот да им се посвети на децата, отколку двацата да работиме по 8 часа за истата сума.

    Да не заборавам да додадам дека не сум личност која би се ставила себе во позиција целосно да зависи од некого, па и покрај тоа што он ке го направи најдоброто за мене, а во иднина за нашите деца, јас повторно имам резервен план ако работите тргнат на лошо.
     
    На Dalia93, Belgin1, zuto и 10 други им се допаѓа ова.
  12. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    Према македонскиот стандард, потполно сум сигурен. 40.000 денари примања минимум.
     
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Значи со 40000 може семејство да живее до тој степен во комоција што другата личност може да избере да не работи?
     
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Ако имаат стан/куќа, и кола, може. За покривање на тековни трошоци за 2-3, таман.

    Ако немаат сопствено живеалиште и треба да плаќаат кирија/кредит, пак ќе треба да се пребројуваат за да се закрпат до крај на месец.

    Се разбира, 40,000 во Скопје и во Неготино - рандом го одбрав - не е исто.

    А и замислата за комотен живот е различна за секој. На некој му се доста и 15. Лично за мене, 40,000 не е којзнае колку и треба да биде нормална плата, ако одиме според цените на недвижностите, горивата, храната и сметките. Оти тие ни се веќе скоро па европски. :)
     
    На zuto, Rebecca_R и Oxymoron им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Сопствено живеалиште со 40000 вкупно не се купува, само се наследува. А и секаде кога се збори за плата се смета дека со таа плата треба и стан да се плати, само кај нас не.
    Не викам дека не може фамилија да преживува со 40000, ама како што и сама рече, ќе биде крпење до крај на месец.
    А станчето од мама и тате кога се прават вакви пресметки не се зема во предвид, тоа само кај нас може.
     
    На Rebecca_R и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Абе купуваат, ама они си знаат како и со колку стискање. :( Знам луѓе и со по 2 плати од 15-18 илјади купиле свој стан. Немам поим како ама вака така, купиле нешто и се прибрале во свое. Јас уште не знам таква магија да изведам. :D

    Муабетот ми е ист ко твојот, ама очигледно не секој мисли така. Приоритет е да се избутка месецот, да се покријат трошоците за сметки и јадење, оти толку имаат и толку можат. Не значи дека ако немаме такви во блиску окружување дека не постојат. Има луѓе што навистина се задоволни или би биле презадоволни со такви примања оти некогаш немале ни пола од тоа. Колку луѓе знам што се во странство отидени, викаат дека би се вратиле овде ако едниот зима 500е плата, па ти види сега.

    А и менталитетот додека се смени, ехехееееееее, ние внуци ќе дочекаме. Порадо ќе купат аУтомобил да фрчат низ град неголи стан, пошто станот не можеш да го брчиш на семафори. :D

    Затоа, мене ич не ме чуди ако нечија сопруга се реши да не работи оти мажот зимал 40,000. Сто људи, сто чуди. Можеби за нив и нивните планови/амбиции/надежи им е навистина таман.

    Дали треба или не треба тоа да го прави, според мене не, ама па не сме им дома за да ја знаеме целосната ситуација.
     
    На Amellie13, Rebecca_R и Oxymoron им се допаѓа ова.
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Иако не сум мажена. маж ми и 100 илјади да зима јас нема дома да седам како прво што ке правам дома по цел ден? тој да е околу луге а јас дома? јас да немам никаков пристап со ништо а тој да има? улошки да тражам од него да ми купува? Не не сум учила за џабе некој ден можеби друга ке донесе јас на улица без работен стаж.. Лесно е на друг се ама од друга страна е тешко бидејки се треба да попушташ и да зависеш.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    Извини не те знам лично а веќе чувствувам некоја негатива, некоја напетост. Но ајде ќе ти одговорам.
    Да, потребни се толку за скромен живот, скромна облека храна, скромен школски материјал и скромна заштеда за факултет кога дечињата ќе пораснат.
     
    На *Ane* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    А зошто ако може да работи и жената, зошто тогаш да живеат толку скромно?
    Темава е за дали може мажот да издржава жена. Значи ти тврдиш дека ако земаш 40000 жена ти нема потреба да работи.
     
    На Rebecca_R и LiliBoz им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.351
    Пол:
    Женски
    Најчесто со станбен на 100 год што јас искрено ич не го сметам за свое. Да, точно е, не гориш пари за кирија, ама јас да се задужам на 30 год не би се осудила..
     
    На Rebecca_R и DAngel им се допаѓа ова.