Имаме огромен станбен кредит + потрошувачки кредит затоа што немавме од кого да наследиме стан и немавме кој да ни ја плати свадбата. Месечно сме со две сигурни надпросечни (по муабетов големи) плати, и од искуство, не стигаат 40.000 ако се плаќаат кредити. Со една (надпросечна) плата може да се живее ако немаш обврски кон банки, ама и тогаш кнап затоа што цените растат се повеќе. Така што, не, не може маж со нормална работа да издржува цело семејство. И не треба.
Абе може и да стигнат, ако се пази и се штеди. Ама 40 за мене не се аргумент "доволно е, жена ми нема да работи".
Од финансиска гледна точка, 40.000 се доволно. Јас би таа да работи а јас да си седам дома или јас и таа заедно, по триста педесет евра плата. Темата се вика „Може ли македонскиот маж сам да издржува семејство денес?“,и насловот нема врска со смее или не смее некој да работи, го дадов одговорот за кој сметам дека голем дел би се согласиле и никој не би се почувствувал дискриминиран. Calm down
Абе јас знам и со минималец што преживувале оти на жената не ѝ се работи, ама не е тоа поентата на темата.
Да, прашањето од насловот може да биде протолкувано различно. Кога сме кај еднаквост и жената треба да работи. Ем плус приход дома, ем правилно воспитани дечиња, посебно ако се момче и девојче. Ќе растат гледајќи полова еднаквост и плус ќе стекнат навики (кога може тато и мама можам и јас, повеќе работа е повеќе пари итн).
да,работното време е и во странство исто ама таму за тие 8 саати не се мрднуваат а кај нас за тие 8 саати на работа не се завртеле. Не зборувам за сите вработени. Кај нив нема сигурно да појде медицинско лице на работа и да не почне со обврски додека не испие едно кафе (со времетраење од минимум сатипол) и додека не поруча (исто толку време) и после гледаш на саат за 20мин пауза па на пауза иде во најблиската кафетерија. Плукни му се на работата. Има исклучоци,некој си ги знае и почитува обврските. јас со мојата работа во 8 работни сати 7 сум на нозе. Плус бремена. И плата од 250 + не е животно достигнување ама ајде кај да одиме за повеќе?
ај пошто мене ме цитираш прочитај малку погоре што сум пишала. некој ќе дупи за без пари некој ќе си го прчи во кафани цели 8 саати а ќе зема тродупло
Ептен си огорчена и полна со предрасуди за сите што не го живеат твојот живот. Па немале осет што немаат деца; па не работеле ништо, а големи прати земале; па кучињата си ги сакале за мажи не им чуе; па за 20 евра се продавале... Како само ти добра излезе, тоа никако не знам.
Те цитирам за да се надоврзам. Со 40000 ништо не може да се направи реално, особено со тоа ја зеам 40000 за жена ми да не работи. Тоа е ко двајцата да земаат по 20000. А тоа реално е малку. Јас и мм имаме заеднички примања околу 45000 и кога ќе израчунаш основни трошоци за бебе, сметки, јадење, потрошувачки кредит отишле парите. А каде се родендени, каде се одмори, каде се барем еднаш у месец искачања, сигурно не е ок само дома-работа-дома. И пак само стискаш, само се молиш побрзо плата да ти пуштат
Јас до сега не сум сретнала човек што ми рекол еве работам убава квалитетна платена работа абе топ ми е. Со кого и да седнам буквално секој плука и се жали по работата. Проблемот лежи во светот генерално во газдите што заборавиле кај биле или пак наследиле и ајде удри по магарето притоа пазејки си го својот газ секој да лапне колку може повеќе. За жал такво ми е опкружувањето гледам и целиот свет така фунционира. Кога ќе помислам оно жив човек од све се жали ама па и работата веќе не е ко порано... Од оваму кратат од онаму утепаа со даноци и триста други давачки за да покријат газ. Све е поскапено низ целиот свет а платите се тие, стојат у место. Еве да земам пример пред 11 години тука сладоледот беше 80 центи сега е 1, 50 до 2 евра топче. Најпроста математика. Кириите исто така. Да зборуваме за македонија?! Читам суми од 40 000 денари кај тоа бе? Кај нас јас колку што знам никој не зема ни 30 000 камо 40 000. Јас мислам да земаа по 40 000 багатела ќе беше Народот со по 10 000 работи како коњ, еве пример чистење конец у конфекција е 6000 денари... Мизерија Кај се наоѓаат 40 000 денари еве не знам чудно ми е. Не викам дека нема ама ретки се таквите остатокот крпи крај со крај по дома се кара и плука со све живо и диво јер седат у 50 м2 И бараат чаре за во странција. Ете тоа е вистината за нашиот крај... башето веќе умрено место Скопје не коментирам бидејки не знам како е не сум била 10 години. Кога одам кај нас сите згради од дедо ное се стари и се лупат, дел направиле фасади дел се рушат надоле Ѓубре... Некултура... Мада и до луѓето е. Јас бев видов и си заминав. Ајде да ја збориме правата вистина. Вистината за малите градови и животот во нив, 5 газди се е нивно другите јадат леб и сол. И стварно јадат ама ситиот гладен не верува. И да децата си ги оставаат во јасли од 5 месеци јер мораат у конфекција за 10 000 немаат никакви права па и пуштат "минимални плати" по закон па ги тераат со сила да ги враќаат парите јер на газдава малку му се Пу! И странција не цветаат рози... Ама од моја гледна точка и аспект најаден си ко човек, можеш да си пружиш све облечен си, имаш и за луксуз, за гориво, за убава кола, за живот генерално, опуштен си јер имаш пари да истераш месец, имаш пари да прошеташ, да пиеш кафе, да јадеш во ресторан, да пропатуваш некаде итн итн. Фактот е тој Мада што човечки е секогаш да излагаат проблеми и непредвидени трошоци. Не дека не излагаат и тоа многу ама ако ставиме на кантар боље е бе. Па и културата е боља, па и за очиве рај ми е и така. Барем овде имаш можности да напредуваш, да се испиташ ко човек, да учиш... Не за џабе малите од по 16 год одат да работат за да стекнат работна навика за подоцна.. Имаш кредити земаш станче куќа.. исплаќаш ама исплатата е мала.. Не за џабе скоро сите купија овде Ама не сечат криља бе како во мк те оставаат да леташ и ти малку за разлика од мк каде што се тие што имале имаат а другиве тури им она. Испомешав све во постот. Можам до утре да пишувам ама доста е. Убаво е кога двајца во фамилија се вработени, стекнуваат рутина некоја, деца по градинки школо, родители на работа, ем финансии ем психички ем размрадувачки хаотичен живот... Мене таквото темпо на таков живот ми се допаѓа Тоа е уствари и суштината на животот пред се на една фамилија. Викенди се шета... се знае Се пие кафе се иде у бар се јаде во ресторант а зошто да не?! Луѓе сме си имаме потреби и ние на страна од работа. За да еден човек е исполнет и во работа и во брак и со деца треба и да е задоволен психички да се регенерира и да си приушти мали задоволства нормално. Се тоа се вика живот. И се тоа е едно нормално живеење што за жал се помалку го имаат.
А и од тука произлегуваат највеке семејните насилства како жената да му е покорна и ако направи грешка право ќотекот нели он донесува пари таа е никој и ништо.
А зошто ти упорно го заземаш ставот дека жената е за дома ало у денешно време мажите се за дома искрено оти немат поим од животот познавам повеке жени со докторати и високо образование а нели е се со умот а не во силата физичка. Која на тебе ке ти седи дома и ке ти збира прашина со диплома во рака?
^Има у Мкд многу невработени мажи што чекаат од жените и од мајките.А ако има диплома,има и загарантирано работно место?Тоа само у филмовите на Холивуд е често застапено жената и после 10 саато да е на работа од ќеф.Во реалноста,а и во Македонија е друго малку.Влези малку во вистинскиот свет каде не е се толку розово.КАКО ТОА МАЖИТЕ НЕМАТ ПОИМ ОД НИШТО??Овоа да се кажеше за некоја жена одма ќе и рипнеше,нели?Дискриминација и полови разлики everywhere За темава мое лично мислење:израсната сум во фамилија каде мајка ми беше таа што го донесуваше лебот во фамилијата.Татко ми беше невработен долго време.Не живеевме луксуз ни тогаш ни сега(каде и двајцата родители работат).Но,живееме пристоен и скромен живот.Имаме храна и покрив над главата,струја и вода.Во нормална средина треба и двајцата партнери да работат за секој да ужива во својата независност.Да се чека од едениот партнер за се не е воопшто вкусно ни пак пристојно.