Плaц кoј требa дa гo плaтиш, 3 кoнтејнери кoи требa дa ги купиш, мебел, плoчки, лaминaт и се другo внaтре штo не ми изгледa oд нив нaпрaвенo туку купенo и плус мaјстoри oти не се сите спoсoбни сaми дa средaт. Кaкo е oвa тoлку леснo, еднoстaвнo, евтинo и нaјбитнo DIY кaжи ми?
Во САД и Канада тој пар треба да испука миниум 500 илјади долари само да купи куќа во некое предградие. Каде е данокот и уредувањето? Зборувам ако одат по принцип на модерна куќа и друг да им ја гради со целосно купена опрема од продавница. Значи околу 800 илјади долари ќе им отиде за просечно голема куќа, а вака имаат естетски и физички функционална куќа за некои си 20-30 илјади долари. Голема е разликата. Зборуваме за можност, но не секој сака да живее таков живот. Затоа имаат избор. Во Америка и во поединечни европски земји е дозволено home schooling. И на тоа можеш огромни пари да штедиш. Но и тоа не секој го сака.
Оти до сега не дошол на форумот маж да се жали дека жена му не работи. Обично идат да си бараат друштво за додека жена им работи
Амa имa мнoгу жени штo кaжaле декa не сaкaaт дa рaбoтaт и декa мaжoт рaбoти oд утрo дo мрaк пa пaк немaлo вaкви кoментaри. Вo САД мoжеш стaн зa 50 или 60 000 еврa дa купиш, зaвиси кaде aмa мoжеш. Пa и куќи вaкви слични oд кoнтејнери еден куп се прoдaвaaт зa џaбе. Немa пoтребa тoплa вoдa дa се измислувa.
Луѓе ,мм не работи криминал, реков дека се снајдуваме. А трауми тоа не се уопште. Ние сме далеку од криминал само сме се снашле. Криминал прави во нашиот град ама баш секој. Додека едни трпат за леб и просат цигари, има еден човек што се занимава со дрога. За мојот град зборам. А има и еден друг човек, млад, богат, што се занимава со градење и продавање згради. Луѓето им љубоморат и на двајцата. Ги мразат и двајцата. Не заради зградите, не заради дрогата, туку парите. А што ако ги мразат? Ништо. Тие двајца ги носат нивните деца на најмоќните училишта и градинки. Нивните деца го имаат тоа што некој може само да го сонува. Возат коли од 50.000евра. И двајцата немат пријатели. И што е разликата сега? Криминал? Сакаш да ти кажам кој е поголемиот криминалец. Младиот богатиот. Бидејќи тој притајуваат даноци, потплаќа адвокати, нотари, им ги зима домовите на луѓето безпари со фалсификувани документи. Но тоа луѓето што не го знаат не е криминал нели? Криминал ли е да се бориш за детето да ти има подобра иднина? Пак ќе кажам дај боже сите да се снајдеме на некој начин, подобро тоа отколку да гледаш детето како ти плаче за топка што друго дете ја има и неможеш да му купиш.
Најмоќни училишта и градинки? О, препотентност неоправдана Што е тоа моќна градинка? На Харвард се оди од неа? Не се секирај, те разбравме . Ти си од среден по големина град гарант, ( да не спомнувам омразен друг термин), се импресионираш од пари, маж ти муља нешто нелегално и штека кеш. Тебе најбитно ти е скапа кола и миконос и мислиш дека сите ти завидуваат ( можда пола ти се смеат , оти мислиш дека има моќни градинки и велиш дека дилерот е помал кримос јер нели ,он плаќа данок за разлика од градителот) Мислиш дека "другарка ти" е глупава и потајно се ситиш оти нели, неблагодарна е. Се ми е јасно, само не ми е јасно...ами ако се разведите?) Ке работиш и ти ко другарка ти 2 работи ил ќе бараш нов кримос?
Или на пример, некои мајки ги воспитуваат децата да бидат скромни и да не очекуваат дека сѐ што ќе посакаат ќе им биде купено. Животот нема цел живот да им дава сѐ. Од умереност никој не страдал. Јас мислењето си го кажав уште кога видов од кого е отворена (од жена што од скоро работи, а пред тоа не убедуваше дека жени што се самостојни се вечином курви кои се продаваат за 20 евра). Во случај кога двајцата партнери се договориле дека е од бенефит и за двајцата едниот да не работи - ситуацијата ми е сосема во ред. Ама да седиш дома и да чекаш да земе партнерот плата, а немаш реална причина за да не работиш - е непочитување како прво на заедницата во која си, како второ на себе самиот, било машко или женско.
Зa случaјoт пoгoре Вaјлд пoимa немaше дaли двaјцaтa се дoгoвoриле тaкa oти е прерaскaжaнo oд третa личнoст, пa пaк искoментирa тoa штo искoментирa. И без дa знaеме претпoстaвувaме декa aкo мaж седи дoмa тoa е oти е мрзлив мaјмун, a зa женa ќе нaјдеме 1001 oбјaснувaње.
Може ако е способен. Знам примери. И жена може, ама јас не би прифатила да издржувам здрав и прав маж. Кога ќе раѓа деца, ќе ги дои, ќе биде врзан за нив колку што една жена е, тогаш.
Моите земаат меѓу овие 2 суми. Ќе си речеш луксузен живот. Не викам сиромашни дека сме. Последниве 2 години имаа да ми дадат за одмор и ми плаќаат факултет ама џабе се толку големи платите кога едната оди на кредити. Кога читам како некое семејство живее со 20.000 искрено желудникот ми се превртува од жал и срам што живееме во држава во којашто 30.000 плата се смета за луксуз. Поготово па кога ќе каже некој дека тоа што вкупно примањата се 500 евра е доволно. Не, не е. Треба секое семејство да има кола затоа што такси ( во Скопје пример) е изгор а и автобус да плаќаш секогаш не е евтино. Ако има деца, тие деца влечат пари за храна, облека и здравство (за дополнителни трошоци муабет да не правиме..) Така да, не е доволно мажот само да работи.
Доволно е само маж да работи под услов да зема добра плата, а да нема трошоци како кредити, и слично. Исто така децата да се веќе самостојни. Во секоја друга ситуација не е доволно. Исто така не можам да разберам здрава, права жена да седи дома и да биде домаќинка. Не велам дека тоа е лесно, да се разбереме, меѓутоа како жена не можам да разберам како некоја може да си дозволи да седи дома, а да чека од мажот. Не знам колку пари да имам не би го оставила сам да работи и да се мачи. А пак да се гордеам дека се "снашол" тоа никогаш. Ако дознаам дека направил такво нешто веднаш го оставам, да ми го црни образот на мене и на моите деца- никогаш. Подобро нека немаат секаков луксуз, отколку утре да ги викаат деца на криминалец.
Секако дека можеш да купиш, ама во места каде 95% од вас не би сакале да живеете. Често ги гледам емисииве на близнациве за ловци на некретнини во САД и местата каде ги средуваат куќиве се изгор скапи и за американски стандард. Поентата ми е дека тој што има идеја, упорност, трпение и желба може да наоѓа решенија. Идеите се секаде околу нас, но не секој сака таков начин на живот.
@Swatt не сфаќам како твоите DIY идеи се во врска во темата, а и што се битни, кога тебе животен сон ти е во пештера покрај река да живеете, за блиску да и е водата на жената за кога ти ги мие нозете.
Абе нема место за договор, кога на пет члена, има приходи од 12.000 Освен не дај Боже, да е болен чоек. А госпожа не рече дека е болен, па терав со минимум информации што ги имаше во постот.
При немаштија, сите работо способни членови на семејството треба да работат, а не да паѓа товарот на една особа. Знам многу вакви примери и ич не ми е жал за нив. Не можеш да кукаш како немаш а спиеш до 1 напладне и немаш ден работен стаж. Што се 12000 па да работам? Сумата не е да паднеш на газ од среќа, ама е сума која ќе ги покрие сметките и мал дел од останатите трошоци за дома. Сума која малце од малце ќе направи разлика. Работа има за секој кој сака да работи. Поентата е што не сакаат и се вадат те мали плати, те државата крива. Не ти е државата крива што си ти мрзоволна амеба. Ги жалам семејствата во кои има болни членови, неспособни за работа, занемарени од институциите и системот. А првиве...Не секој сиромав е за жалење, а ги има многу.
Јас бев буквално клошар до пред неколку години. Пушење џоинт и пиење шприцер ми беа секојдневна рекреација. Ништо не работев, за ништо не се замарав. Цел ден скитање со другари и дремење во маало. Се дур животот не ме тресна од земја. Останав без родител, доживеав тешка повреда по која едвај се опоравив, па 5 и пол месеци работев во еден ресторан за храна каде работев буквално 15 часа на ден. Три пати во денот го чистев вецето, миев чаши, спремав храна. Ме молзеа, бев во тесно, ми требаа многу пари за да покријам сметки, а земај бедни 9,000 денари, но си ветив дека прва прилика нема да живеам ваков живот. Еден постар комшија ме советуваше да почнам да учам photoshop, па за 500 денари еден дечко ми сними оригинал верзија на photoshop и цели 7 месеци учев како да го работам. Стигнав до некое ниво и за 2 недели можев да завршам цртеж и да земам 200-300 долари. Се спријателив со една Американка на која претходно и цртав, па истата ме повлече да работам за една американска фирма. Го напуштив цртањето целосно и се посветив на оваа работа, а после година и пол на луѓето околу мене сеуште не им се верува дека стигнав до плата од 2,400 американски долари за сега. Цел за наредните 5 години е плата од 10.000 долари и да си купам свој дуќан за да почнам нешто свое. Кога почнуваш да се дружиш и да комуницираш со успешни луѓе, не мора да се милионери, туку амбициозни луѓе едноставно ти се менува перцепцијата за живот. Те влечат кон успех. Најголем дел од моите бивши пријатели останаа да дремат по обложувалници ден губење.
Со оглед на тоа каков е стандардот во Македонија, апсолутно дека не може да се издржува семејство кога само едниот од сопружниците работи(без разлика дали е тоа мажот или жената). Секако дека има исклучоци кои се со промања над 1000 евра ама тие се секкао во мал процент. Меѓутоа ако претпоставиме дека јас земам висока плата а според мене висока подразбирам над 1500-2000евра тогаш може да се зборува за доволно средства другиот да не работи. Ја на пример во тој случај би оставил на сопругата сама да одлучи дали ќе работи или не . Меѓутоа ако се однесува за работа која е со ниски примања на пример 200-250 евра, при тоа знаејќи дека повеќето работодавци па и раководители буквално се изживуваат врз вработените, ако си доаѓа дома полна со нервози и негативизам и тоа како ќе ја оправдам ако сака да не работи. По автоматизам тоа не значи дека ќе остани по цел ден дома, затуцана само со домашни обврски туку може слободно да се дружи и работи во еден куп доброволни зруженија каде ќе биде исполнета, весела и без нервози. Ако некој се почуствува дека го издржува партнерот или дека е издржуван тогаш нешто не е во ред со тој брак. Ако се има сложен брак нема да се помисли дека парите се најважното нешто за да функционира тој брак па да се има чувство дека си издржуван. Ако жената зема на пример 2000 евра, мажот не мора да работи за 250 евра кај некој газда каде здравјето ќе му го земат, ќе чува деца дома, ќе средува куќа, поарно е и да земе 1 декар земја и да одгледува зеленчик ,овошје пак би бил корисен за фамилијата. И обратно мажот да зема 2000 евра зошто да се мачи жената за 250 евра кај некој газда кои фрустрациите си ги лечи врз вработените,нервози до плафон па нервозите и проблемите од работа да ги донесе дома. Зошто кога ќе си дојдам дома да не видам задоволна , насмеана сопруга која деот си го поминала како што и одговарало нејзе а не да дочекаш нервозна,потиштена. А најубава опција би била да си имате приходи од страна па да немате потреба да работите и да бркате кариери работејќи и полнејќи му го џебот на некој газда туку да си шетате секој викенд на различна дестинација, да си уживаш во животот.
Ами не си далеку од вистината и ти .Јас само си кажав мислење што би било убаво според мене. Бидејќи тука прочитав еден куп мислења каде е најважно да се работи, да се има кариера, магистратури, докторати, дека тоа би ги исполнило во животот. Работата е измилена како нужно зло да можеме да преживееме, поубаво да живееме. Ама кај нас во Македонија ,не работиме за да живееме туку живееме за да работиме(како би можеле газдите да се богатат)