1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Може ли љубовта да се купи со пари

Дискусија во 'Врски' започната од Idonea, 11 октомври 2013.

  1. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Од кога тоа со пари се купуваат чувства?? Со пари се купуваат само материјалните нешта, а не и емоциите. Чим "љубовта" има цена значи не се работи за љубов. ;)
     
    На Thallia му/ѝ се допаѓа ова.
  2. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Џабе се парите, проклети се парите што ги тераат луѓето да ја оставаат вистинската љубов и да се продаваат за пари... Друго е ако на прво место е љубовта, тогаш е добро, и треба двајцата да се трудат да створат подобри услови за живот.Тркалото на среќата и на парите во животот се врти. Само за вистинските вредности вреди овој живот да се живее, тие остануваат
     
  3. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека е жалосно што има девојки кои прво ја гледаат матрејалната страна. Но уште пожално е кога тие кои се најгласни во осудата, први би прифатиле да бидат со некој поради пари. Но и мажите не се будали(барем оние кои имаат пари) не фрлаат пари на оние што невредат 5 пари. Лесно е во оваа тема да глумиш како љубовта е нај битна а во друга да кукаш како никој несака да ти помогне матрејално. Епа нели љубовта е нај битна? Тогаш нека љубавта ваша му обезбеди се што треба за детето. Не драги мои, тие теорории се само за на форуми и во муабети каде што сакате да покажете дека не ви се битни парите, а молите бога да налета некој со пари. Една поговорка гласи: Кога беспарицата влегуа низ врата, љубовта заминува низ прозор.
    Мојов пост не е наменет никому, тоа што изгледа дека се обракам некому е само уметничка слобода и начин н изразување.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932

    Не се согласувам со тебе. Еве јас не влегувам во филм чиста вистина кажувам. Дечко ми зема 11000 плата и човекот си има амбиции за повеќе, јас него го избрав не заради парите туку заради карактерот. Затоа што не постои личност која толку ме исполнила душевно како него.

    А претходно имав можности со повеќе души со кои можев да останам ама не останав, сите тие беа повеќе имашлии од оној со кој сум сега ама мене искрено не ме интересирало затоа што, да ми простите на изразов, беа дебилни гојда кои не знаеја една реченица да сврзат.
    За мојот случај лично зборувам не велам дека сите со пари се такви, ама мојата ситуација таква беше. :!:

    И не велам не тешко е понекогаш пошто тој се труди и гледам дека се нервира есапот кога никако не му излегува или кога не можеме да одиме некаде со друштвото заради парите, а сме се договориле, ама преферирам од нешто материјално да се лишам или да седам дома еден ден, наместо да го гледам глупото гојдо претходно што го спомнав, секој ден. :)
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  5. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Уметничка слобода :D само бисер до бисер нижеш Струмке.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Струмке а тебе дечковците ти ја плаќаат облеката и излегувањата ?
     
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    ^^^ Да се надоврзам само на муабетов. Подобро да нема многу (не мора ни понатака да има) ама да биде амбициозен и вреден, затоа што со таков знам дека секогаш ќе имам за основни потреби ако ништо друго, знам дека секогаш каква-таква работа ќе има, нема да бира и да се срами. Отколку моментално да има многу пари, а истите да му бидат од тато и мама и утре да се случи да снема па да му биде "испод част" да работи обична работа. Е тоа е мизерија. И само да ви кажам дека знам ваков пример, близок до мене. И баш девојките што трчаат по овие вториве нека се запрашаат малку дали моменталната финанскиска состојба е возможно да остане непроменета и понатака со тенденција за опаѓање. Така што, не се знае ништо во животот, не значи дека ако денес немаме дека и утре ќе биде исто и обратно. Парите се најпроменливата работа во светот. Наше е и најбитно е да сме како што кажав вредни и амбициозни. Тој што се стреми за повеќе и што е вреден никогаш нема да биде на дното. Ако треба и улици ќе чисти ама ќе однесе нешто на семејството. Е јас пре би да имам таква личност до мене што ќе биде моја потпора и право машко, отколку некој лигле што не видел тешко во животот па утре кога ќе ги снема тие пари што му го дигале егото и самодовербата јас да бидам мажот во куќата и да го тешам за подобро утре. Не фала. Знам и со малку да бидам среќна, мене три коли и пет куќи не ми се мерило за среќа. Кој како сака нека си прави ама јас ја избирам вистинската љубов и душата пред се.

    И уште нешто, Strumka22 не се согласувам дека ако парите излезат низ врата љубовта бега низ прозор. Еднаш напишав пост во СДК баш за ова. Еве пак ќе се повторам, тоа го измислил некој што не знаел како да ја оправда својата лакомост на друг начин бидејќи парите повеќе не биле во така големо изобилство како претходно. Моите родители се најголемиот пример за тоа дека реченицава од погоре е мизерна. И кога сме имале и кога сме немале сме седеле сите четворица на една маса и сме биле секогаш насмеани и сме биле поддршка еден на друг со надеж дека утре ќе биде подобро. Никогаш парите во нашиот дом не биле приоритет ниту пак биле причина за среќа или тага. Можеби и затоа јас имам вакво размислување какво што имам. Сепак тргам од дома па после понатака. Така и другите.
     
    На Lost_L и De-lovely им се допаѓа ова.
  8. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    може да има многу пари но ако не те почитува се е џабе, има една поговорка парите се убава работа но неможат да те гушнат кога си осамен, никој нерече дека несака пари, но кога би требала да бирам би избрала љубов и здравје, а парите ако работат и двајцата сами ке си дојдат :)
     
  9. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    А тој што нема пари незначи дека ќе те почитува! Мислам дека повеќе боли кога голтар, нема да те почитува отколку некој што барем нешто стекнал во животот. Приказните дека го избрав дечкоми со мизерна плата се само утеха, бидејки ако во тој период имала можност да биде со некој добро ситуиран, тешко дека тој со мизерна плата би бил рамноправен „противник.“ Инаку само да и одговорам и на мимиии. Секако дека излагањата ми ги плаќа фраерот, што е и нормално Што се однесува до облеката секако дека ќе купи и тоа не од пазар, туку ќе брцне малку подлабоко во џебот.
    И немора да значи дека оние што добро стојат финансиски незнаат да сакаат. Но и они бираат со кого ќе бидат и тие бараат девојка соодветна на нивниот статус. Така да ретко може девојка со низок статус во општеството да допре до нив, освен ако не се бави со проституција.Мора и твојот статус да биде на едно содветно ниво.
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Љубовта не може да се купи со пари.
    Од друга страна, сексот може.

    Ама секој со свои пресметки...
     
  11. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    i toa e tocno moze i nekoj goltar da ne pocituva, no temata ubavo si kazuva, mnogu mlad devojki deneska ja menuvaat ljubovta za pari i za blendirana obleka, ke brcnel po dzepot kako sto kaza ne nesto od paraz, duso mozes da bides oblecena vo najevtino a da izgledas kako dama ako znaes kako da go nosis toa, nemam nisto protiv nikogo no bas radi ljugeto koj sto saakaat bogati fraeri ljubovta za zal izumre
     
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Епа Струмка , јас не чекам дечкото да ми купи облека сама си ја купувам , нити па чекам да ми плати вечера , наизменично плаќаме ;)
    Така да ако за тебе е важно некој да ти купи облека и да ти плати вечера тогаш не знам што да кажам :|

    И да точно е дека дете само со љубов не се гледа . Но што и фали на двајца здрави прави да засукаат ракавите и да заработат ?
    Или ќе си чекате богаташ да ве рани :wasntme:

    И сум видела и девојки и момци кои се обидуваат на тој начин да се обезбедат ама остануваат само со прстот во уста оти па никој не е толку глупав .

    Јас се си мислам дека тролаш по малку :D
     
    На SV1911, De-lovely, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    822
    Не се препукувајте без потреба. Секој си има право на свое мислење, различни луѓе, различни карактери. Живееме во тешко време, не е само да си амбициозен и оп добра плата, денес тешко се стигнува до пари на лесен начин.И да си образован и добар во тоа што го работиш пак едвај крај со крај можеш да сврзеш. Нормално тоа не оправдува па да му раскинеш на некој што те сака и почитува за некој што парите ги заработил на лесен начин, а не се однесува со тебе добро. Но секој си има право на избор.
    Познавав една девојка која немаше динар, не е од богата фамилија, но таа самата беше многу паметна и образована сигурно ќе заработеше и имаше прекрасен дечко 10 годишна врска, се сакаа и почитуваа. Тој замина во странство на 1 год. да заработи некој динар и да ја побара, а таа во меѓувреме се запозна со многу богат, познат дечко. Што мислите за кого се одлучи???
    За богатиот да...Јахти, коли, патувања, ташни, чевли мал милион. Еве ја сега има деца со него, тој оди и се курва со разно - разни спонзоруши, идиот, а таа сето тоа го знае, ама парите не и се оставаат.
    Така да да може да се купи се со пари, колку ќе бидеш среќен е друго прашање :*
     
  14. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Не. Можеш да си обезбедиш комфор и добра финансиска состојба, еве како последниот пример. Девојката тоа и го направила, си се осигурала, ама љубов дефинитивно ни таа купила, ни нејзиниот маж. А што ја продала претходната за пари, тоа да. Секој со своето, не на сите им се исти приоритетите.
     
  15. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Moже,ако станува збор за материјалист,кој се што сака во животот се парите,па и љубовта на некој начин ја купува или продава.
    Незнам да размислувам на тој начин,бидејќи не спаѓам во таа група на луѓе.
    Љубовта е чуство кое треба да се докажува цел живот,но не со пари.
     
  16. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    Љубов, здравје, знаење и време со пари не се купуваат.
    Ама ...
     

    Прикачени фајлови:

    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Сега постојат девојки кои се повеќе и повеќе се понижуваат и одат за пари.
    Љубовта со пари не се купува во никој случај.
    Јас воопшто не гледам на тоа.Дечко ми не е некој си богаташ признавам,но јас го сакам поради тоа што е,а не поради тоа што има. :inlove:
    Не можам да разберам,што ако се има пари,кога нема се среќа т.е нема љубов.
    Инаку и јас имав еден глуп предлог од дечко од кој не го очекував тоа. :|
    Ми понуди да се гледаме и плус пари да ми дава.Со кое право тој така на мене,ниту сум му дала повод,ниту трчам по пари.Фино лепо му го одлепив ова и баш ме заболе.Како се осмелува тоа да ми го рече. :fubar: Да сакав јас така пари да си земам,се знае каде ќе ми беше местото. :swear: Секакви ги има..божее!!
     
  18. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Ова ако во некој случај се однесуваше на мене , јас веќе си кажав, ЈАС имав шанса за човек со повеќе примања но не го избрав. А ако ти размислуваш така како што размислуваш немој да генерализираш и да не ставаш сите во твојот кош, каде сме луди сите по пари. :!:

    Мене ме привлекува баш она како што кажа Дејдрим, да има амбиција, а не некое татино синче што ако ги снема парите од тато ќе остане со прстот во уста.

    А и башка тоа јас не бирам спонзор и старател што ќе се грижи за мене, па да се продадам како говедо, сосема сум способна самата себеси да се издржувам. Мене никогаш парите не ми биле пресудна одлука, НИКОГАШ и нема тоа да го дозволам да не бидам со човек кој ми одговара само затоа што сум неспособна да се грижам самата за себеси, па ми е потребно некој богаташ да се грижи за мене.

    Не сум толку беспомошна, фала лепо. :!:
     
  19. MiaJ

    MiaJ Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    18
    А што доколку и двајцата во бракот или врската се финансиски моќни и се среќни и се сакаат, секако дека не се заедно поради парите, ниту едниот, ниту друѓиот нема логика да остане во таа врска или брак поради парите, нели...
     
  20. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Нормално дека неможе.
    Бившиот мој имаше фирма, па беше скржав ко влав и на емоции и на се'. |(
    Овој вториов е во каде-каде полоша финансиска ситуација од мене, па се што има ке го подели со мене. Последните пари за такси што ги имал за утредента да оди на работа, ми ги давал мене за навечер да не талкам сама по улици коа се вракам од кај него. И стопати ми е поубаво, отколку некое шанкуре да ми се расфрла со кеш и да мисли сите подолу од него се. :^) Таквите нека лечат комплекси на друго место, кај мене не. :!: