Jас со оваа реченица не можам да се сложам,затоа што од денешна перпектива моќта е во парите,сакале ние или не на жал ,без пари нит можеш да се лечиш(мислам доволно се големи многубројни примерите од хуманитарните жиро сметки,да не се лажеме),нит може некакво подобро школување да се стекне за било какво знаење,оти не се раѓаме се знајковци,а за љубов чисто сумљам дека не се купува или народско кажано не се продава.Cамо иронијата да е поголема,не сакаат повеќето да ги заработат,него да им им бидат поклонети или да се шлепаат на туѓ грб.
Девојката во овој случај, не си ја купила љубовта, туку едноставно се продала себе си, изгубила човек што ја сакал и почитувал и сакал да и обезбеди колку-толку подобар живот, а таа (која сигурно не би ја вброила во категоријата паметни жени, постапката многу зборува за неа), се одлучила за богатството и луксузот, наместо за љубовта и среќата. Не, таа не си ја купила љубовта, само си обезбедила финансиска сигурност, верувам дека е далеку од среќна, но сами си ги правиме изборите во животот, нели?
Не може да се купи љубовта со пари во никој случај,зборувам за вистиска,а да биде некоја со тебе за пари тоа да.
Гласна во право си, ама погледни од овој аспект. Стив Џобс ги имаше сите пари на светот, ама џабе. Немаше здравје. Умре од рак, како што умираат и милиони други луѓе низ цел свет, многу од нив сиромашни. Парите единствено му купија 2,3 години плус - со користење на некои нови методи на лекување кои не им се достапни на обичните смртници. Џабе ти е и да имаш пари детето на Харвард да го пратиш. Ако не му фаќа црпката, не му фаќа. Оној кој собира знаење, ќе собере и учејќи на државен универзитет, читајќи во градска библиотека и сл. Купената диплома не е индикатор за знаењето. Со пари ќе купиш човек до тебе, ама не партнер. Партнерот значи подршка, почит и ред други работи. Со пари се купува кукла (не за џабе се вика trophy wife), а не човек. А биди и Бил Гејтс, времето кога тогаш ќе те прегази.
Љубовта со пари не се купува, туку се купува некоја проститутка која ќе ти пружи "љубов" за неколку часа. Сепак разочарана сум од женскиот пол, бидејќи сега не гледат ни карактер ни убавина туку битно е да има пари. Навистина жално!
Ако можеше љубовта да се купува со пари, јас веднаш ќе одам и ќе си ја купам. НО ЗА НИКАКВИ ПАРИ НЕ СЕ КУПУВА, СО ПАРИТЕ СЕ КУПУВА НЕШТО ДРУГО...
Секако дека може да се купи љубовта со пари, е сега дали тоа ќе биде љубо е друга работа. Но и кога немаш пари неможеш на да бидеш на чисто дали е љубов или некој е заради вас само заради сексуалната привлечност или некоја друга причина. Не мислам, туку знам дека нечие внимание може да се купи, и дека секогаш оние што имаат пари се о предност пред другите. Секако дека секое машко би избрало да биде со девојка со која ќе може да ужива во животот да шета, да излекува на ВИП места отколку да дреме со некоја дома под ќебе и да и кажува колку ја сака. Значи јас сум искрена и ги кажувам работите онакви какви што се, а не онака како што некој сака да изгледаат. Јас зборуав од аспект на добро ситуирана девојка, а не од аспект на девојка која брка богати момци, бидејки таа страна е ми е позната.
Не може Не е нешто материјално, нати го-дај ми го. Жално е што многу врски опстојуваат само врз оваа основа.
Никогаш во животов не сум дозволила некој дечко да плати сметка за мене. Ако имам пари ќе излезам, ако не, никому ништо! Неможам да ги сфатам спонзорушиве разни. Како не им е гад да бидат со некој ради пари? Како може најскапоценото што еден човек може да го поседува - душата, да ја продаваат за материјални работи? Сето тоа е минливо. На крај остануваат вистинските цености. Јас често правам споредба како ние луѓето сме ништо спрема ѕвездите, спрема вселената. Колку нашиот живот е краток во споредба со нивниот. Баш поради ова никогаш нема да ги сфатам оние кои би си го прокоцкале тоа малку време што го имаат за некој што не им значи ништо. Јас одбрав да бидам со човек што ме сака и го сакам неизмерно, без оглед на материјалната состојба, без оглед на се. Непроценливо е да се будиш наутро, а тој е тука, спие покрај тебе. Таквото чувство не се купува со пари!
здравјето,болестите,умирачките,несреќите не бираат богати или сиромаси,нејсе муабетот ми беше доколку се има малку подлабок џеб,се има поголеми шанси за подобар третман во животот.
Љубовта подразбира меѓусебно споделување емоции.А тоа значи да имате личност покрај вас од која можете да очекувате помош и поддршка и во тешки моменти,но и да бидете сигурни дека нема да бидете напуштени кога тој некој ви е најпотребен.Тоа е вистинската љубов. Со добра финансиска состојба можете само да купите личност и да си го задоволите сопственото его од потребните аспекти.
Доколку личноста што ја сакаш е борбена, амбициозна и вистински маж и да нема пари или наследство од татко му се ке биде во ред. Но ако не, љубовта ќе ви трај 1 година, потоа ќе те тера ти да одиш и да плакаш сметки и ќе ти брои колку стуја си потрошила да се стоплиш....се ствара омраза.Љубовта е слепа но кога се работи за избирање на животен партнер треба ''двете четирии'' да ни играат каква личност и дух има. Зошто можи и милјардер да е па да ти префрлува како тој се има а ти не си постигнала ништо...затоа се се сведува на тоа каков карактер има.
Парите треба да ги оставиме да ни бидат добар слуга, само така се корисни.Кога ќе им ја дадеме власта да владеат со нас тие стануваат лош господар и стануваме ние бедни по дух, продавајќи се за пари или купувајќи некого за пари. Уште еднаш да кажам: ПАРИТЕ СЕ ДОБАР СЛУГА, НО ЛОШ ГОСПОДАР.
Според мене љубовта не мозе да се купи со пари ама лугето мозат да се купат со пари тоа е многу тазно
http://www.youtube.com/watch?v=aDDzfLc1F74 Ко што би рекол LD..'' Материјалниот свет е лага, само љубовта е вечна''