Зависи од личноста. Кај мене немаа предност. А плус тоа стануваше збор и за убав човек според некои стандарди. Но ... како велат „да ги дадам некому моиве очи“ и нему мм ќе му биде совршен. Сите имаме очи, но не сите “гледаме“ исти нешта. Јас не ги “гледав“ клучевите од колата, скапите сакоа и сл. иако ми беа пред очи, туку го избрав оној кој денес ми е маж. Сега некој ќе рече „ама повеќето би ги...“ Да, но љубовта е толку посебна, уникатна, створена за двајца луѓе, така што тешко се придобива само со нешто „кое на повеќето би им се допаднало“.
Тоа е марфиев закон за љубовта. Љубовта не е пари ,а пак парите не се љубов. Најверојатно нема да спиеш со парите, или со автомобилот да шеташ држејќи го за рака. Вистинската љубов е страдање, мака, убавина, цвеке, месечина , сонце, земја, возух.......................................................
Поентата е дека викаат во повеќето постови дека неможе а овие примери кажуваат дека баш може да се купи.
Премногу гледате цртани филмови.Пари требаат нормално, доволно за задоволување на секојдневните потреби. Ај сега некој со многу пари морам црна вреќа на глава да му ставам, да водам љубов со други оти е неспособен леллелел деца бре опрајте се.
^ За жал има такви, и со старци одат во кревет за пари.... Ама одлично ти ја разбирам поентата бидејќи исто размислувам како тебе, не би можела па макар и да висам на просјачки стап. Би се осеќала одвратно.
za zal denes se kupvit znacit svedoci sme na eden kup takvi vrski,poslebno e za greota sto kako sto vikat Lovely93 so starci odet vo krevet za pari..pa poslem grdi deca ragjaat..pa ne licat oni na BMWto tuku na tato [mod-kirilica:lvtgyco5][/mod-kirilica:lvtgyco5]
Ете дефиниција. Има разлика и тоа каква, само ретко кој ја гледа. Тоа што го добиваат преку парите е само материјална добивка, а не љубов. Не може да биде љубов во никој случај. Љубовта сите знаеме што значи и колку вреди. Ниеден милионер не може да си купи вистинска љубов. Нека даде на некоја девојка едно милионче за да го сака вистински. Може? Не. Тој може да го купи вниманието, може да го купи нејзиното присуство, да го купи физичкото задоволство, ама вистинска љубов не може да купи, и тука нема и никогаш нема ни да има љубов. Љубовта и парите немаат ама баш никаква допирна точка, НИКАКВА. Тоа што во денешно време е модерно да се ставаат во едно е друга работа, светов и така се испреврте. Таму каде што има вистинска љубов, почит и разбирање и најголемата беспарица на светот не им може ништо. Тврдам дека е така. Имам пример дома. Таму каде што караниците започнуваат како резултат на беспарица и сиромаштија нема љубов, никогаш не ни имало, барем не толку колку што се мислело и никој не може да ме убеди во спротивното. Искрено ги жалам тие што приоритет во животот им се парите, колите и материјалните нешта. Никогаш нема да ја дознаат вистинската среќа, никогаш нема да ја почувствуваат вистинската љубов, никогаш нема да знаат како е да се радуваш на малите нешта. Без иронија кажувам дека ги жалам. Ќе си останат засекогаш сиромашни и празни во своите души.
Има една поговорка “Што неможе да се купи со пари, може да се купи со многу пари“ Така дојде време дури и неможеш да укривиш некој оти прави нешто за пари. Едноставно тоа го наметнуваат новите трендови на живеење, со кои за жал од ден на ден ги губиме моралните вредности. и еден виц прочитав вчера: Раскинале дечко од Германија и девојка од Македонија, Цел месец ја тешеле мајкаи!!!! И што да коментирам повеќе, жива вистина од мали почнаа така да ги воспитуваат децата по дома. После Цацко ни е крив.
Љубов а што беше тоа - повели 500 ммм.. нешто како да се потсеќам - повели 1000 ааа... дааа ми станва познато ама не сум сигурна... - маче ти купив кола Леле те обожавам ти си мојата сродна душа,неможам без тебе многу те сакам.... Страшно е тоа што денеска образот на човекот е копито на коњ. Никој не се замара со ништо се додека му шушкаат у џепче. А пак во балканов ми се чини дека е најстрашно. Во светот тоа го прават за квалитети суми и доста добри зделки. А овдека се пупат и за 500че. А за воспитувањето за таа работа од дома не н и сакам да зборам макроата им завидуваат на некои мајки како успеваат скапо да си ја продадат ќерката. фуј!!!!
Мислам дека љубовта неможе да се купи со пари,бидејќи постојат толку многу богати луѓе со милијарди жени/мажи околку нив и чувствуваат дека тоа не е вистинското.Наспроти тоа има многу сиромашни луѓе кои имаат среќен живот исполнет со среќа,радост и љубов.Но сепак постојат луѓе кои се задоволуваат со парите,а не со љубовта.Е сега според мене зависи каков тип на човек си.Бидејќи сите имаме различни гледишта во животот.Според мене љубовта неможе да се купи со пари,но живееме во ера во која многу луѓе се алчни за пари .