Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Може ли љубовта да се купи со пари

Дискусија во 'Врски' започната од Idonea, 11 октомври 2013.

  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Си ја сменив профилната слика не можам да се препознаам и си викам која е оваа што има исто име како и јас хахахахахах да се насмееме малку.
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Абе за некои и едно возење во БМВ е доволно не па коктелче. :D Ама ЉУБОВ како таква, не се купува со тоа.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    Вистинска љубов мислам дека не може, но кога ке видам некои парови дури се запрашувам дали е тоа навистина така? :?:
    Една девојка упорно тврдеше дека нема да фати дечко само за документи за да си замине од тука и погодете што, годинава ја гледам со еден Германец си пешачат покрај езеро, сандалките во раце, си се гушкаат, си се прскаат со вода..абе романтики ко во филм. И сега оваа глуми само за да си замине од овде или преминало во ''љубов''? :?:
    Исто така едно девојче што некогаш се дружевме (и знам дека не е богата) има најдено дечко од Австралија и ја гледаш повеќе по кафичи не пие кафе само коктели, за роденден подарок Ајфон 5. Секоја вечер по ресторани јадат, нон стоп се во Охрид на плажа (не дека во струга немаме |( ,ама ради чалам)
    И ја гледаш позаљубена никогаш не била..Очите и светат само не знам дали од љубов или од богатството на дечко и :fubar: (кој заборавив да кажам дека 3 глави е понизок од неа и не е убав) ?
     
  4. tallyweijl

    tallyweijl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    35
    Категорично не.Тие девојки што го бираат дечкото по џебот и колата не ни знаат што е тоа љубов и искрено се за жалење зашто материјалните работи се минливи после што ќе ја прави среќна :^) плитка девојка си бара плитки работи ;)
     
  5. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    Реалната слика на денешницава е следна:
    Мајките ги воспитуваат своите ќерки па и синови да бараат таков - да има куќа, пари, кола и се разбира бинго е ако е газда на некоја фирма. Се поголеми случаи има да се зимаат богаташки со богаташи.
    Мајките ги учат и своите деца да се упикуваат во друштво на големци за таа цел се презадолжуваат со кредити за само ќеркичката да им е скоцкана по најнова мода и да ја пратат на луксузен одмор со друштвото кое е далеку над нејзино ниво. Живеат во куќа која е уште изграденаод времето на нејзиниот пра-пра дедо со тули од кал ама важно ако ја видиш во град е фуфица, испозанесена ќе помислиш дека е ќерка на некој министер и живее во вила на Водно.
    Познавам многу такви случаеви кој на крај успеваат во својата намера си наоѓаат некој таков будала кој мисли дека таа многу го сака и се заљубува поради кеифите кој му ги прави во кревет и поради изгледот како демек еве јас каква женска имам.
    Истата ситуација е за синовите кои да не заборавиме се уште поголеми спонсоруши од жените.
    Да ви кажам најискрено ... ги жалам ... се убаво ќе го прошета целиот свет ќе имаш се што ќе посакаш но навечер кога ќе си легнеш кога ќе видиш најд тебе мајмун за кој никогаш не си почуствувала ништо... е неможам да сфатам :?:
     
    На LadyFlame му/ѝ се допаѓа ова.
  6. The-fallen-one

    The-fallen-one Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    40
    Има некои работи кои едноставно не се купуваат со пари. Љубовта е една од нив
     
  7. MalaMedena

    MalaMedena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    178
    Темава ме потсети на една моја шкосла од средно.
    Девојката беше од село. (не дека имам нешто против девојките од село) Ама си имаше специфично однесување. Обожаваше да е во центар на внимание,со машки да е опкружена. Често ја видувавме се гушка со еден,па со друг(само што не почнат да се фаќаат за интимни делови). Таа беше ‘‘другарка‘‘ со сите нив.
    За викенди излегувавме сите.Уште по 1-2 година.. Ние,девојчиња познававме многу луѓе и одевме во дискотеки,кафичи.. Се случувало да не честат некоја пијачка,ама останувало само на тоа. Со тие момци сме имале само здраво-здраво и толку..
    А оваа девојката за да влезе во дискотека му го пу*ела на газдата на дискотека :puke:
    нон-стоп објавуваше провоктивни слики на фб. Се зборуваше дека си давала за да ја честат,за да ја одвезат дома ... :tmi:
     
  8. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Денеска ДА, може да се купи...
     
  9. Play

    Play Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    69
    Ако некој ти е досаден, воопшто не те интересирса, не ти се допаѓа неговиот карактер и не ти се допаѓа каков пар вие би биле тогаш парите не можат да ти ги променат чувствата. Парите можат да купат задоволство скапи вечери, подароци, шетање, одмори, накит можат да купат и чувство на безбедност и сигурност (во финанска перспектива) ,но никој не може да ме убеди дека можат да сменат чувства, бидејќи срцето не бира кој ќе го сака,а кој не едноставно или го сакаш или не го сакаш.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Сум сретнала примерите каде што и родителите имаат голем удел во тоа. Една жена која еднаш дојде кај нас зборуваше дека ќерка и била женско според тоа не морала да учи туку можела да се омажи со некој богат кој имал нешто свое и ќе и дадел работа. Богатите синови за нејзината ќерка останаа. Друг пример мојата вујна и велеше на братучедка ми да си бара богат дечко кој ќе може да и обезбеди буквално се во животот за таа да не работи. И уште многу такви примери. И според мене пред се некои родители се виновни, не сите. Така си ги воспитуваат ќерките што тие уште на 15 години трчаат по првиот разгален и богат со кој мислат дека ќе останат до крај на животот и му одат по ќеф за едно сокче, една пијачка, за една блуза или небитно и на крај тој ќе ги шутне буквално ќе ги шутне. Ама тие си знаат секој со својот памет. Јас сум сеуште малечка можеби но по 3/4 години кога ќе треба да си имам дечко за сериозна врска пред се нема да ми биде важно тој да биде богат да има голема куќа и вила. Затоа што јас не сум од богато семејство некаде нешто измеѓу златна средина. Така да би ми било мило и дечко ми ако биде така. Нема да гледам на тоа што има и колку има туку поважно ќе ми биде каков е неговиот однос кон мене и дали тој мене ме почитува како личност дали ние би успеале во брак. Џабе е ако тој има кола, голема куќа и вила незнам каде ако од утро до мрак е на "работа" а викендот си го поминува со швалерки и некои распуштени дечишта од 16 години а јас дома да си седам со децата и на моите деца да им недостига татковска љубов и внимание. Посреќна ќе бидам да биде обичен работник како и јас да можеме барем основните потреби да им ги задоволиме на нашите деца и пред се да не им недостига нашето внимание да можеме барем еден ден во неделата да го поминеме заедно.
     
    На mikser му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    Лично јас , сметам дека не се купува љубов со пари.
    Можеш да купиш секс ама нема да добиеш љубов :)
     
  12. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Љубовта, вистинската љубов не се купува со пари. Во денешно време повеќето се палат на коли, пари и слични работи...:puke: за жал.
     
    На Bokchee му/ѝ се допаѓа ова.
  13. beatriz

    beatriz Активен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Искрено љубовта може да се купи со пари и сум го видела тоа преку 100 пати искрено. Имам богат другар што верувајте секоја што ќе го запознае умира по него, а не е ништо посебно ни на изглед, ни во памет, ни во стил. Значи он секогаш им купува на своите девојки поклони скапи ама никогаш ниту една не ја сакал баш од таа причина што се провидни без амбиција за сами да си создадат нешто и едноставно не се материјал за врска. Они тотално се менуваат и со ставови и со мислења што си ги имале индивидуално за себеси и јас сум се чудела како парите ги сменило бидејќи порано не биле такви личности, конкретно 2 ги знаев од предходно. Има безброј случаеви ама за мене тоа се девојки/момци со низок морал за себеси, што моќта и егото ги најверојатно ги привлекуваат или растени се со малку материјални можности и сакаат да се докажат. Ама со сето тоа си прават да живеат несреќен живот и мислам дека на оваа тема не може да се даде одговор ДА или НЕ. Сепак колку луѓе има на светот и се се случило и се е можно и можно е и посакувањето на материјални работи да направи да ја сакаш таа личност баш поради тоа.
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.242
    Во денешно време се може да се купи со пари. Прашањето е само дали ти сакаш твојата љубов да се заснова на пари.
     
  15. Candid

    Candid Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Чудно ми е кога читам дека родителите ги тераат децата да си најдат богаташ. Кај мене па обратно. Ми викаат само да те сака и да те почитува, нема врска од какво семејство е или колкав му е џебот.
    Дечко ми, инаку не работи, и едвај но снаодлив е и не е пример да вози некакви коли или да се шета, ама моите баш се среќни и ми имаат кажано отворено дека се задоволни од мене што немам за цел да си најдам некој богаташ туку сум со тој што го сакам..

    Јас се борам за рамноправност, не би сакала он постојано да плаќа или јас постојано да плаќам. Нит сакам спонзор, нит сакам да спонзорирам некого. Никогаш не сум гледала кој колку дава, парите се заеднички. Но не би сакала да јас постојано плаќам или одржувам, сакам да биде амцибиозен. Ако се снаоѓа додека сме во врска, можам да се потпрам на него и во брак дека ќе биде маж дома, барем јас така гледам на тоа.

    А за пари никогаш, НИКОГАШ не би можела да бидам со некоја личност. Не можам да глумам дека сакам некого а да не го поднесувам..
     
  16. panta

    panta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Se izvinuvam shto nemam MK poddrshka na PC ...
    Vo odnos na temata , da ljubov moze da se kupi so pari ... Ete jas mashko sum primer za toa ... Ne bi objasnuval dolgo i na shiroko ... no so seto toa shto mi beshe ponudeno morashe da se znae sekoj moj chekor i ne "smeev" niti da kontaktiram so drugarki zatoa shto sledeshe doza ljubomora , faktichki bev kako kuche vrzano vo dvor dodeka sopstvenikot si pravi shto saka ... edinstveno obrazlozenie od nea beshe deka toa e nejzin zivot i deka moze da pravi shto saka i koga saka no mene da me uslovuva so kogo kako i kolku bi kontaktiral , dvizel itn ... Drugo se shto ne i se dopagjashe morav da menuvam , prekinav vrska so nekoi poznanicki , morav da prekinam nekoi moi naviki koi gi imav pred da ja zapoznaam a od nejzina strana se shto mi smetashe ushte povekje i pointenzivno go praveshe toa ....
     
  17. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Да во денешно време се` се заснова на парите. Но ако станува збор за вистинска љубов, не. Не можеш да ја купиш.

    Можеш да купиш и љубовник/ца, можеш да купиш и секс, но љубов не. Љубовта купена со пари, не е љубов спрема човек, туку спрема материјалното богатство.
    Како би се чивствувал/а, кога партнерот на тебе гледа како на евро, долар или денар?

    Тоа не е љубов!
     
  18. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на муабетот на Кандид. Баш за таков пример имам слушнато. Девојка оди со дечко веќе подолго време, ја навредува, па може и изневерува, но нејзините дома воопшто не сакаат да слушнат за раскинување, затоа што бил богат и ќе имала добра иднина. Па каква иднина, зарем парите можат да ја купат семејната хармонија? Секогаш сум се чудила на паметот на ваквите себични родители.
    Не, љубовта не може да се купи со пари, иако според некои луѓе оние со пари се привлечни, но всушност самите пари ги привлекуваат, а не личноста која ги има. Најважно ми е партнерот да не е мрзлив и да не се плаши од работа, парите се стекнуваат. Кога двајца сакаат можат да успеат. Подобро сама да успеам и да постигнам нешто, отколку цел живот да ми префрлува за неговите проклети пари и да станам нивен роб. Најважен е карактерот и неговото однесување спрема мене, а парите се нешто кое може да се стекне.
     
  19. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Сексот и наклонетоста може да се купат со пари, но вистинската љубов не. Секако дека парите даваат предност пред оној што ги нема но тоа што ќе го добиеш за возврат не е љубов, туку нешто што ќе исчезне кога ќе исчезнат парите или кога доволно ќе исцица, да не му требаш.
    Можеби тогаш ќе се чувствуваш моќна дека ете те сакаат ќе ти кажуваат колку си добра.... егото ќе ти расте до плафон, но разочарувањето потоа знае да биде уште по катастрофално.
    Исто како што има женски спонзоруши има и машки спонзоруши, или девојки кои глумат и лезбејки ако насетат дека девојката која има пари има такви афинитети.
    Секако зборувам од аспект на жена, и неможам да знам како е тоа кај мажите и дали и како тие тоа го доживуваат.
    Не би наведувала лични примери да не испадне дека се фалам, а ги имало доста.
     
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.794
    Пол:
    Женски
    И тука да ти се обратам како на бивш дечко што трча по форуми да ме оцрнува каде стигне...
    Љубовта со пари не се купува, а твојата кон мене секако беше лажна. Од корист.
    Сето тоа што ти било понудено си можел да го одбиеш, ама ти било премногу примамливо за да го одбиеш, јбг. Сакаше да шеташ, сакаше се, нешто доби нешто не. Тоа дека сум те следела и не си смеел да контактираш со другарки е чиста лага, ти ми се правдаше како кученце каде одиш со кого си, кога ќе се вратиш. А јас сум кажувала која личност не ми се допаѓа, а ти не мораш да прекинеш контакт затоа што МЕНЕ не ми се допаѓа. Покрај тебе немав право на свое мислење затоа што секој збор погрешно го толкуваше. Прекина врска со познанички?! Да само со една со која си имаше интимни исповеди по мејлови, затоа што тоа ми сметаше. Со ниедна друга не сум ти рекла да прекинеш контакт, ниту сум имала намера да ти речам. А и да сум ти рекла, ако си човек без карактер ќе го прифатиш тоа. Или евентуално ако си машка спонзоруша ;)
    Ми сметаше покер, макар и на ФБ, сметав дека е лоша навика и ти кажав дека ми смета до некој степен затоа што даваше вистински пари од картичка за тие чипови, тоа е зараза. Мразам коцкари, тоа сум го кажала не за свое добро туку за твое. Ако некој мислел за тебе тоа сум била јас, а си добив само оцрнување..
    Така да, слободно оди најди друга што ќе ти ги плаќа ручеците и патувањата, само затоа што ти самиот немаш можности. Не е тоа лошото, лошо е што немаш цел во животот...
    Ајде сега шетај, не ме повикувај по теми...