Љубовта не може да се купи со пари - останува една од оние ретки работи кои бесплатно се даваат. Со пари може да се купи секс, присуство, брак, полу-лојалност, понекоја илузија но ништо повеќе од тоа. Победни од оние кои се продаваат себеси се оние кои купуваат. Секогаш тие слики со некој богат дедо во прегратки на млада девојка предизвикуваат презир. Типот можеби е богат и имал јак бизнис-сенс но во приватниот живот е обичен имбецил кој не успеал да се конектира со друго човечко битие на емоционален план и да оствари стабилен брак па сега парадира со некоја која може да му биде внука.
Не го тупи сега и ти баш станува интересно, јас верувам на паталец а не на гаталец. Душички, известувајте, да не ве мислам. Јас мислам дека вие се сакате само сте премногу тврдоглави и наивни за да си признаете. Мислам дека фемина ќе ја паметите по излезот од вашата криза. Ви требаат компромиси и отворен разговор.
Definitivno ne ama vo denesno vreme moze da se kupi zosto site devojki gledaat pari a posle se ostanato ako gresam popravete me mislam ne site devojki ima i isklucoci
Постојат шест работи кои неможат да се купат со пари а тоа се: 1. Времето 2. Здравјето 3.Љубовта 4. Среќата 5. Знаењето 6. Храброста
Сите ќе речеме не, но да бидеме реални постојат такви луѓе што нема ни да сетиш дека поклоните и слично ги купуваат целно за да те купат. Секоја чест на оние кои знаат да ги проценат овие ситуации и мудро ги избегнуваат.
Љубовта не се купува со пари,но во денешно време пошто сите гледаат пари,пари и само пари значи дека МОЖЕ.
Не, никако не можам да ги сфатам спонзорушите.Тоа ми е нешто подолно и од проститутка, таа барем си признава дека си го продава телото за пари за разлика од овие покварениве.Нека им служи на честа, ама како наоѓаат задоволство да шетаат сегде, да пијат најскапи пијачки и да се возат во скапи коли а да ги допира некој што не го сакаат.Кога легнуваат со нив парите ли ги гушкаат... Сум имала прилика да бидам со такви, ама џабе ти е флашата алкохол, телефонот и колата кога не те сакам заради тебе. Бившиот по кој уште си патам не ме освои со ништо од ова ама во секој момент би била со него на клупа одколку во некое ауди, на најлуксузна журка или во вила на Водно. Ако го сакам некој ќе го сакам и точак да има, и да ми кине ружи од улица зашто нема пари да ми купи.
Вистинските емоции не се купуваат со пари. Тоа што се купува со нивната моќ е човечкото его. Ако тоа се изгуби, се застранува од животната цел и среќа. А човек без сопствениот интегритет е како бунар без вода.
Може тоа како Парите се клуч на секоја љубов Во една врска/брак нека нема пари, ќе Ве прашам дали ќе се сакате бескрајно. Штом снемува пари, под дифолт има кавги и расправии..
Вистина дека се парите битен фактор за мир у куќа, ама не верувам дека можат да ја купат љубовта. До душа кај нас незнаеш веќе што е правило а што исклучок. Дали помалку ги има спонзорушите, или тие што не се продаваат за пари хаха Како и да е, за мене љубовта не може да се купи со пари.
Sekako deka mozhe, koj ve lazhel deka e obratno. I zoshto meshate sponzorushi i prodazhba na telo, neli za ljubov pravime muabet? Drugo, nemojte krajnosti od tipot "bogatiot debelko i siromashniot lepotan" da prikazhuvate kako sekojdnevie, bidejkji argumentot vi e realen kolku meksikanskata sapunica od koja ste go izvlekle. Za da se grizhish za izgledot se potrebni pari, e toa e vekje realen fakt. Vistinata e deka so parite pravish shto sakash, vleguvash kade sakash mozhesh da go proshetash i svetot ako sakash, da go proshirish vidokrugot i poznanstvata, taka i poshirok ti stanuva izborot na potencijalen partner. Ako nemash pari, si go zhiveesh sekojdnevniot dosaden zhivot u palankata ko na primer Skopje, i vo takvoto opkruzhuvanje, vo grototo iskompleksirani i namacheni (a ovie karakteristiki imaat vrska so nemashtijata btw) dushi shto kje gi zapoznaesh eden normalen dali kje se najde, a pritoa da bide vreden za vnimanie, i taka.