1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мозочен тумор или анксиозност?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од AndrejSh, 17 октомври 2020.

  1. AndrejSh

    AndrejSh Нов член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Имам 16 години и во време на корона заседов многу дома не се дружев играв стресни игри на компјутер. После тоа ми беше лошо почудно го гледав реалниот свет.. Мислам дека мозокот ми се навикна на гледање во екранот имав чувство на тешкотии со нозете како да шантам во одење односно така ми правеше само мојот мозок одев по права линија без да се подмрднам но мене ми изгледаше дека не одам по правата линија. Немам никакви главоболки. Во тишина ми шушкаат ушите мислам дека седев на компјутер со слушалки и често пати слушав музика со преголем глас. Дали по промена на тоа што се тргнав од компјутер и почнав да живеам нормален живот поради притисокот од слушалките може да предизвика зуење познато како тинитус ( како и да се вика ) ?? Се плашам и се стресирам секој ден и правам во мозок како да имам тумор, почнаа и рацете да ми се тресат, некогаш повеќе во стресни ситуации.. Почнав со вежбање неколку дена се ми беше во ред немам никакви главоболки ми се смири тресењето на рацете но почна левата рака како некоја жила поврзана со дланката и по прстите да ја осеќам не ми се задржува раката ја чуствувам ама имам нешто чувствувам како да поминува струја на различна позиција кога е поставена раката измеѓу палецот и показалецот а се појави и на левата нога кај малиот прст само на стапалото но се смири преку една ноќ.. Не бев раздвижен дали може поради нагло почнување со вежби кој се за мускули да имам такви симптоми? Бидејќи зглобот при вртење на дланката зглобот претерано ми крцка и осеќам како пецкање во дланката и како една линија од лактот да оди во дланката и тогаш осеќам пецкање во раката но секогаш во разно место измеѓу прст, кај зглобот на дланката, зглобови на прстите .. Почнав да се плашам и после се дали имам тумор но немам никакви главоболки, вртоглавици но ме плаши шуштењето во ушите, тресењето на рацете и последниот симптом. Од дома ме убедуваат дека ми е поради истегнат жила при вежбање или повреда на некој мускул. Јас се стресирам и мислам на најлошото, мојот покоен дедо имаше тумор и имаше проблеми со левата рака и нога односно не ги чувствуваше воопшто. Читам разни работи на интернет и што ќе прочитам некој симптом за тумор сличен на тој што го имам си правам поголем стрес и ми се појавува нов симптом.. Од стрес за тумор се опседнав и почнав почесто да заборавам работи кога ќе помислам на тоа нешто. Се стресирам и за некој мој близок кога ќе го побарам на мобилен и не ми одговара, одма помислувам на најлошите нешта, што ако загинал што ако умрел??? Каде се изгубил што му се десило што не одговара..

    Се стресирам за раката што чуствувам како пецкање струја, кога не мислам на раката не осеќам ништо кога ќе помислам дека ми е нешто тогаш осеќам. Дали тоа може да биде тумор или се ми се случува поради мојот стрес??

    Порано за малце ќе имав сообраќајна несреќа и после тоа ми се случи нешто на грлото чувствував страни тело во грлото заборавив на тоа и помина. Некаков совет?? Да ги исфрлам сите мисли? Дали имам нешто како рак/тумор или се е во мојата психа?? Помош???
     
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Едно ќе ти кажам.
    Ако е тумор или било каква болест нема да се појавува само кога ќе помислиш на нејзе, а кога не мислиш ништо не ти е. Ќе осеќаш симптоми цело време, безразлика дали мислиш или не.
    Ако сакаш оди на лекар и провери се, можеби и кога ќе слушнеш од доктор дека не е ништо сериозно, него повеќе ќе му веруваш.
    Ама имај на ум, стресот и анксиозноста , еден мал симптом кој не значи ништо можат да ти направат да ти изгледа како огромен и реален, а да не е така :)
     
    На gjoker4e, CameliaMiller, Ketchup и 6 други им се допаѓа ова.
  3. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Психата може така да ја изврти реалноста... особено стравот. Што е и разбирливо овој период, од секаде сме ,,бомбардирани'' само со вести за болест и смрт.
    Затоа, мој совет ти е малку да се оттргнеш од екраните и од виртуелниот свет, излези надвор, поминувај време со луѓе што те развеселуваат, најди си и некое друго хоби освен игрите. Премногу си млад, не е време на 16 да мислиш на такви работи.
    Здрав си, имаш енергија за се' што ќе посакаш и ти ги контролираш твоите мисли и постапки. Повторувај си го тоа често.

    Не читај за симптоми на Интернет. Кога ќе почувствуваш потреба да гуглаш симптоми, пушти си ја омилената музика или најди некое смешно видео што ќе ти биде како замена во итни случаи.
    Ова ти е совет од личност што долго време страда од анкзиосност. Немој да дозволиш да навлезеш подлабоко, умот може да ни е сојузник но и најголем непријател.
    Ако имаш потреба, побарај и стручна помош.
     
    На Victorian, Ketchup, Ahoy и 4 други им се допаѓа ова.
  4. supersandy

    supersandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    559
    Пол:
    Женски
    Тумор не е секако, но ова пецкање и крцкање ако не престане за некое време со помош на ,,враќање на животот во нормала" не е лошо да го провериш. Може да се должи на психичка база, а може и не. Подобар лек од превентивата не постои. Плус и ти ќе бидеш по сигурен и нема вакви мисли да ти шетаат низ глава. :)
     
    На AndrejSh му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Мене ми личи повеќе на анксиозност.

    И јас бев пред неколку години во слична ситуација, се плашев од рак и секојдневно психата ми додаваше симптоми.

    Тогаш всушност ја открив анксиозноста и сфатив што таа значи, но и дека е присутна кај мене. Имав панични напади и така натаму, сè додека сам не решив дека нема ништо и дека е се во ред со мене. Тоа постојано го повторував во мене и по некое време ми изгледаше нереално тоа што сум го правел и сите тие паники.

    Психата е многу лоша работа, а Гугл уште полоша.

    Гугл од обична настинка може да ти рече дека си пред умирање, тоа го сфатив тогаш и веќе одбегнувам да читам симптоми, затоа што сите се за некоја сериозна болест според Гугл.

    Ако мислиш дека навистина е сериозно, побарај стручна помош.
     
    На thelittle17, AndrejSh, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.795
    Допаѓања:
    46.393
    Психата и те како може да влијае на физичкото здравје. Пола од симптомите кои ги наброја сум ги имал и јас. Тоа со жилата што го кажуваш јас го чувствував на стапалото одреден период, кога имав претерана анксиозност. Струја во рацете чувствувам секојдневно додека лежам подолго време со телефонот во раце, поради намалена циркулација. Главоболката ти е дефинитивно од слушалките, јас еден зимски распуст по цел ден гледав серија со слушалките и не поминуваше ден, а да не ме боли глава.

    И не е дека така ги оставив симптомите што ги забележував и сам си препишав дека ми психата. Во помалку од пола година посетив кардиолог, два офтамолози(бидејќи бев убеден дека едниот греши, па сакав и второ мислење) и гастроентеролог.

    Кога ќе видиш дека немаш тумор, ќе почнеш да забележуваш други симптоми, па ќе се сомневаш во некоја друга болест и сѐ така додека не дојдеш до главниот проблем, т. е. психата.

    Секако добро е да се прават испитувања на одредено време.
    Ако знаете дека веќе сте имале случај, може чисто онака да се проверуваш понатаму во животот.

    Јас кај и да е пак ќе треба да одам на кардиолог, иако немав ништо, ми кажа за три години пак да одам на преглед.

    Би ти препорачал и да почнеш да правиш нешто за кое мислиш дека убаво ќе ти влијае на телото. Дали исхрана, вежбање, јога, whatever. Убеди се дека се грижиш за себе и така ќе се отргнеш од мислите за болести и слично.
     
    На AndrejSh, eliesaab и thelittle17 им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Посети психијатар.
     
    На thelittle17 и AndrejSh им се допаѓа ова.
  8. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.432
    Допаѓања:
    4.624
    Земај вежбај нешто, или подобро јога дома. На нет имаш разни видеа. Немаш никаков тумор. Батали социјални мрежи и гугл доктор. Читкај си книги - литература и за дома, најди начин да ти биде исполнето времето.

    Ако не ти помине, посеби психолог.
     
    На AndrejSh му/ѝ се допаѓа ова.
  9. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    2.149
    Типичен пример за анксиозност со параноични испади и хипохондрија. Те молам обрати се на психијатар, не е ништо страшно, подобро ќе ти биде.