Вака,извинете ако темава не ми е на право место,ама што знам,мислев дека тука е најпогодно место. Моите родители се разведени веќе 3ипол години,а ниедна од моите нај другарки незнае. Средношколки сме и мислам дека ако им кажев порано немаше да ме сфатат. И сега мислам дека е маалку рано,ама сметам дека веќе е крајно време и дека конечно ќе ме разберат. А и мислам дека веќе почнаа нешто да насетуваат. Плус,родителите на една од другарките се разведени уште од мала,па мислам дека тоа ми е некоја предност? Благодарност однапред )
мислам дека нема зошто понатаму да криеш,едноставно кога-тогаш другарките би дознале..затоа подбро е да ги седнеш и да им кажеш што како било,дека ендоставно не си можела да им кажеш со време бидејќи не си била доволно силна.. мислам дека ќе те сфатат. позз
Kога го прочитав насловот се наежив верувај,на оваа тема веднаш се натажувам Tе разбирам како ти е,зашто и на мажот ми му се разведени родителите сега се случи брзо,па не сакаш секој да знае,да прашува зошто како,па незнаеш на која страна на родителите да веруваш ти кажи им моите се разделени,не сакам да ме прашувате зошто,ме боли мене,ке те разберат другарки ако се истово го прашуваа на мажот ми и исто им одговараше,и им велеше ако толку те интересира прашајте ги примени го ова,ако некој те задева
Јас мислам дека твоите другарки се свесни за твојата ситуација, само што не ти спомнуваат ништо за да не те повредат . Претпоставувам дека криењето на вистината ти е голем товар. Мој совет- соберете се некогаш со другарките и кажи им, објасни им дека ти било тешко да им кажеш и дека сеуште ти е, но дека сакаш да ја знаат вистината. Ќе те разберат, нема да ти се налутат (јас не би се налутила), си поминала низ тежок период сигурно
Поздрав до тебе, прво жал ми е за тебе, што мораш ова да го трпиш на твоите млади години, за другарките не е толку проблем, тие може и да знаат нешто ама не ти спомнале за да не те повредат, но ти ако поразговараш со некоја од нив, најблиска/и, може и да ти олесни, и мислам дека ќе те разберат и за понатаму. ти посакувам среќа во животот!
сметам дека не треба да ти е некој товар за тоа што ќе кажат тие, верувај сигурно тие знаат но едноставно не сакаат да се мешаат или пак приметуваат дека добро се носиш со тоа. ако сакаш да им откриеш откри им. верувај нема да имаш 10000 прашања затоа што и на нив ќе им биде незгодно да прашуваат, само ќе имаш подршка и искрено ако имаш нешто потреба тука сме за тебе (тоа би било нивното искажување), го имам ова поминато моите се разведени уште на мои 9 години... другарчињата од школо полека дознаа но никој не ме прашуваше. во средно ми беше срам да кажам и се лажев дека мајка ми е на пат.... но не се држи 4 години таква тајна а земајки во предвид дека со доста од нив другарувам до сега. така да отворено кажи си не е табу тема а и на тебе ќе ти биде полесно, така бар јас се чуствувам и воопшто на факс не криев сите знаеа уште на првиот моабет кога падна за родители. е голема работа па не си ти разведена да се срамиш, нека се срамат тие за своите постапки. се надевам дека ќе го надминеш овој периот и ќе ти биде полесно затоа што сите деца на разведени родители мора да поминат низ тоа и да си најдат заштита и начин на кој ќе се одбранат и заштитат. среќно
Девојко, а да не се преоптоваруваш со тие работи и да си ствараш гнев? Зошто би им кажала? Нека си стои темата таму каде што и е местото и ако сакаш да незнаат воопшто не ја ни почнувај. На крај краева, немора другарките да се обавестени за се. Што ти се случува дома, таму и нека остане. Немораш ниту да ги лажеш дека твоите родители се заедно, едноставно остави ја темата и избегнувај ја. Ако се добри другарки нема да те распрашуваат. Ако те прашаат случајно кажи им дека се разведени и дека несакаш повеќе да зборуваш во врска со тоа.
Па ако ти се другарки како што велиш не би требало да не те сослушаат и после тоа да те осудуваат... Жал ми е што си морала да го трпиш тоа но ете на некој мора да му се случи за жал ... Ти кажи им како стојат работите и замоли ги да не те прашуваат прашања во врска со темата ако стварно не си спремна да им одговориш или ако темата ептен те погодува... А и на крај зошто толку се плашиш како тие ќе реагираат.. Нели и самата кажа имаш и друга другарка на која родителите и се разведени... Не се секирај јас мислам ако правилно постапиш и им објасниш се ќе биде во ред ... Гуд лак
Ти не си виновна за ништо а и ова е работа која може да го снајде било кој од нас.. Не е мала работа, меѓутоа се случува... Тие се твои другарки и немаш потреба да се грижиш дали ке најдеш на разбирање бидејки не ни треба да те разберат треба само да те подржат и да бидат до тебе кога ке ти биде тешко.
Фала ви многу на сите Приближно сите го дадоа одговорот што го очекував,да им кажам,со некои исклучоци. Да,тешко ми беше тогаш кога се разведоа,но поминаа 3,5-4 години,па мислам дека и јас 70% од целата ситуација преболев,иако уште боли на одредени периоди и мислам дека секогаш ќе боли,со одредена мера. Фала ви на поддршката,убаво беше да се чујат овие зборови wolf4e,добар совет е ова Ќе размислам. Offspring,јас сакам да им кажам. Биле тука секогаш за мене,па сигурна сум дека и сега ќе бидат. Далеку од тоа дека знаат се што ми се случува дома,не сум од тој тип на луѓе одма да раскажам на сите што ми се случува,а поготово па дома. Јас не им кажувам дома со мајка ми ако се поткарам малку,а не па некои подлабоки работи,зашто да,сметам дека не треба се да знаат. Што е внатре,нека остане внатре. Ама оваа работа веќе е видлива,па барем јас да им кажам. Секако,нема да одам во никакви детали. Просто и едноставно Како и да е,фала ви на сите!
И јас сум во средно училиште и моите се разведени.Не сум криела никогаш од нив,зборувавме нешто на тема брак и јас им кажав дека моите се разведени и не навалуваа зошто,како ? ..Една цело време ме запрашуваше и едноставно и реков дека не ми се зборува на таа тема и дека не е нејзина работа.И тука се заврши се.Така да знам како ти е,меѓутоа тие кога тогаш пак ке дознаат па подобро да дознаат од тебе отколку од некој друг,и сигурна сум дека ке те разберат и нема да ти се налутат.
Моите родители се разведени од мои 2-3 години, значи, повеќе од 15 години! и тука нема НИШТО срамно... верувајте, познавајќи си го човекот кој треба да го наречам ,,татко,,... гоолема среќа е што не сум морала да израснам во таква средина секогаш кога некој ме прашува на оваа тема, директно одговорам и кажувам дека ми е супер и вака, никогаш ништо не ми фалело... живеам среќно со новиот сопруг на мајка ми ( добро, не баш нов, има едни добри 8-9 години ) и со мојата полусестра... сите мои другарки и познаници го знаат тој факт, никогаш не сум го криела.... Посебно незгодно ми беше кога бев помала,... прво, второ... па требаше да правиме фамилијарно стебло, а јас не го сакам многу татко ми и одбивав да го напишам или да го прочитам.... денес, тоа го правам исклучиво само во две три прилики.... на сите други места стои ЗАСЛУЖЕНО името на мајка ми.... па на одмор кога одевме сами со мајка ми, другите деца стално ме прашуваа а кај е татко ти и баш заради таквите сфатив дека подобро ќе биде да им кажеш се како што е,... луѓето секогаш ќе бидат злобни и ненаситни за туѓа интима.... откога почнав да кажувам ,, разведени се, и татко ми со ништо не заслужил да го викам така,, сите коментари престанаа и така ставив крај на таа приказната... на крај краева, не си ти крива за нивниот брак/развод
Туѓи животи, секој има право. Децата не се криви за одлуките на возрасните. Иначе и јас сум разведена со малечко. И најмалку е битно кој го створил детето. Чинот на стварање е ништо, неколку капки сперма, кеиф на КУ..Т. А да си поставиш една цел во животот да го однесеш на прав пат тоа што си го создал, да му ги овозможиш сите услови, тоа е една навистина тешка задача. ЈАС во таа борба сум со секој нов ден. Среќна сум со секој постигнат успех, затоа што СЕ правам САМА. И не се жалам. НАПРОТИВ. Среќна сум.
Како што викаат постарите, мајка не е таа што те родила и т ефрлила на буниште, мајка е таа што те одгледала! Некогаш е подобро детето да живее со еден родител во здрава средина, отколку со двајца во нездрава! Браво за баба Дара!!! Верувам дека твоето дете кога ке порасне ке ти биде мн благодарно и ке го цени се тоа што сега го правиш и ке го правиш за него!
браво и биди срекна твојата срека и среката на твоето дете е најбитна и никогаш не потклекнувај на прости луге кои немат свој живот па само гледат да си лечат комплекси со туга несрека...подобро срекно разведена него несрекно омажена Глава горе и бори се за тоа што вреди
Секогаш се борам за тоа што вреди. Другото или го ставам на ИГНОР или правам латентна состојба, ако МОРАМ. ПОЗЗ
Моите родители се разведени уште од мојата 3-4 година,верувајте ми ти 3-4 години татко ми или го гледав или не,секогаш одеше на "пат".....Со него се гледам еднаш во година,неколку часа сме заедно и толку...патем живее во друа држава..
не ми пречело тоа што бев дете на разведени родители ,но многу ми пречеше што се ставав во незгодна ситуација морав да бирам помеѓу двете страни за некои работи а и двајцата си ги сакам или кога ќе се збори против татко ми што најчесто мајка ми го прави тоа ,ова највеќе ме нервира смачено ми е да бидам помеѓу