1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Молчаливост

Дискусија во 'Психологија' започната од Amore, 26 декември 2011.

  1. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    71
    Незнам дали има друга ваква тема на форумот, ама не видов. Мојот проблем е што премногу молчам, во ново друштво, посебно. Неможам да започнам тема на муабет. Како мачка да ми го изела јазикот. И дечко ми се нервира многу така, т.е. многу го нервирам. Понекогаш си прават муабет за работа, а не сакам да се мешам. Ми треба совет, навистина незнам како да постапам.
     
  2. MysteriousG

    MysteriousG Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    28
    Премногу молчам...

    Иста сум и јас луѓе кажете некој совет ... :tmi: :tmi:
     
  3. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Премногу молчам...

    Мислам дека се плашите да не кажете нешто погрешно па да се засрамите.Моја претпоставка.
    Опуштете се и кажете го она што вие го мислите на темата за која се зборува,ќе се изненадите колку луѓе ќе климнат со глава и ќе се согласат со вас.Така ќе се чувствувате подобро и малку опуштено.Или пробајте да потпрашате нешто,па ќе развиете дискусија.
    Треба да имате поголема самодоверба,затоа што и многу луѓе зборуваат и зборуваат а всушност празни муабети.
    Како и да е,еднаш во една книга (Москва на солзите не им верува-така се вика книгата) прочитав дека и да мислите дека тоа што го зборувате се неосновани факти или глупости :D тогаш кажувајте ги самоуверено,кога ги кажуваш самоуверено,тогаш тоа се вика точка на гледиште :!: :D
     
    На nekojasizenska, SparkyAngel, lolitoo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    71
    Премногу молчам...

    Можеби и поради тоа, може немам доволно самодоверба. Но понекогаш и да сум самоуверена, навистина неможам да се сетам на некоја тема. А веќе кога ја запознавам личноста правам се повеќе муабет со неа. Како да ми е страв премногу да не се зближам со некои луѓе па после да бидам повредена.
     
  5. MysteriousG

    MysteriousG Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    28
    Премногу молчам...

    јас ке пробам да се променам па можеби и ке ми успее ... :)
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Во случајов самодовербата е клучниот проблем. Треба да имате смелост да си го кажете тоа што го мислите, ќе видите дека без врска се нервирате за тоа дали мислењето ќе ви биде прифатено. Па нормално е да сме сите со различни ставови.
    Според мене не е убаво ни претераното зборување. Не е работата само да се каже нешто, така што треба да се најде некоја златна средина. :)
     
    На lolitoo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Молчалива сум само во случаеви кога сум со луѓе што не ги знам..
    Иако мислам дека молчаливоста е многу, многу лоша.. Никогаш не смееме да се срамиме да кажам да го изразиме преку зборови она што го чувствуваме..

    Имам една другарка многу е молчалива..Ќути цело време!

    Ама затоа е: ,,мира, мира али испод два мира триста вира,, ;)
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Тука се испреплетени 2 карактеристики на личноста - срам и самодоверба.
    Од страна гледано се остава впечаток дека не ти е убаво во тоа друштво или изгледаш како намќор. Убаво е што си свесен што го имаш тој проблем а тоа значи дека и полесно ќе го решиш. Почни да го потпрашуваш соговорникот на темата која ти зборува (ако не се наоѓаш во таа тема или ти е непозната), оставаш впечаток дека го слушаш и си заинтересирана, пренеси некое свое искуство или тресни некоја шала за да извадиш насмевка на соговорниците.
     
    На si.exs му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Јас сум тотална спротивност :D Секогаш сум зборлива, дури понекогаш и прмногу па затоа и си трпам последици :tmi:
    А за молчеливоста Амор, тоа е можеби бидејки не си доволно сигурна во себе, или едноставно не сакаш да се мешеш во разговори :) Најчесто молчеливите луѓе се многу пријатни,мили и добри, па ако се потрудиш може сите да те забележат и засакаат :) Ослооди се од срамот, секогаш кажувај го своето мислење без да се плашиш дали тоа ке им одговара на другите :) Се надевам помогнав :lol: Поздрав :*
     
    На SparkyAngel и Amore им се допаѓа ова.
  10. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Молчаливоста е мое второ ЈАС, во многу случаи. И јас бев таква порано, не се секирај, ќе ти помине ;)
    Во вистинско друштво, со вистински луѓе, само опушти се.

    Ми се има случено многу пати да сум сакала да кажам нешто и да си речам - подобро да не кажам, за после 5 минути некој да го каже тоа, и да видам дека луѓето климнуваат со глава и се согласуваат. И после секако си викам - еј требаше да кажам...
    Затоа, порелаксирано ;)

    Исто така, многу пати не сум кажувала ништо, затоа што кога ќе сме седнеле во друштво, некој ќе рече за мене - Е она, не збори многу.. И да се чувствувам повредено, наместо да зборувам, да покажам дека само ми требало време ;)
     
    На Cloee му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SexyDarling

    SexyDarling Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    211
    Мене молчаливоста ми е како сестра која ја немам. кога сум со мои поблиски другарки и погодено друштво, немам проблем, опуштена сум, комуницираме најдобро што може и сл. ама да има само една личност,не камо ли цело друштво, личности што не ги познавам доволно, или со кои не контактирам многу, не ми се допаѓаат во карактер, јас се губам. веднаш ми станува некомотно, се чувствувам многу лошо, и само молчам.
    Едноставно не ми е пријатно да ги правам и зборувам оние работи кои би ги правела во друштво си поблиски луѓе.
    А да има некоја нова личност, и да ми одговара во карактер, мислење, веднаш опуштено ќе се запознаам со неа и ќе ми биде така супер. како однапред несвесно да знаам дали треба или не треба да комуницирам со одредени луѓе.
    Ама сепак,тешко е, не можам да се вклопам секаде, ме мислат повлечена и наивна, мислат глупава сум па не можам да сфатам ако се шегуваат на моја сметка сл..
     
  12. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    И јас сум ваква, во хороскоп сум близнаци за нив најголема карактеристика е комуникацијата.Изгледа ми е утнат знакот.
    Другарка ми ме советува да не ќутам зашто оставам лош впечаток па пробувам некако да се мешам во муабетите иако не ме интересираат .
     
  13. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    е јас сум спротивно од ова
    ама еве ти совет
    треба да се опуштиш и да можеш и знаеш како да ја смениш темата на муабет а сепак и според друштвотот да знаеш да почнеш нова тема
     
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Една од моите најголеми недостатоци (за другите), но за мене не :) .

    Искрено знам да разговарам само со човек кој го знам многу добро. Така имам своја слика за него, знам доста за него и знам како да разговарам. Но, да се најдам во непознато друштво, искрено збор нема да проговорам. Се чувствувам како да немам заедничи јазик со нив, како да сум странец...
    Му се восхитувам на мм. Тој уста не затвора. Не разговара напразно, но знае со секој како да постапи. По ова прашање, тука сме два различни поими.

    Но, како одминува времето и овој мој недостаток си го примам со позитивност и си го прифаќам како позитивка карактеристика. Полека разбирам дека можеби и оваа особина ми е на еден начин добра.
    Факт е дека не ме интересира озборување, што рекла онаа или оваа, не ме интересираат празни разговори, или пак непристојни разговори... вака ми е мирна душава. Никој нема да ме зазборува за нешто и нема да си ставам уште некој грев.

    Со теков на годиниве разбирам дека молчењето било богатство
    (во ова наше бурно време, кога гревот станува секојдневие и веќе не се препознава).
     
    На worrieddd, Markusa2, meow22 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    `Подобро да молчиш и да те сметаа за глупав, отколку да прозбориш и да ги потврдиш сите сомневања` :D
    Секако дека не се сложувам со ова (освен за некои за кои важи :wasntme: ). Не е маана, туку доблест е да знаеш да молчиш.
    Ќе излезиш на едно кафе или на гости, а кога ќе се вратиш дома наполната ти е главата со секакви глупости и негативна енергија + рекла-казала муабети.

    Најпрво, не значи дека ако некој е молчелив воедно е глупав, мутав, несоцијален. Нели најголемите мудреци биле молчаливи. И со малку зборови знаеле да го кажат најбитното.
    А, будалите повеќе зборуваат празни зборови, отколку што реално кажуваат нешто вредно.
    Така да, не значи ако некој е многу зборлив, е комуникативен и паметен.
    Значи - паметен човек е да знае кому да каже, што и колку да каже, а секако и начинот на кој го кажува истото.

    Вториот вид на молчаливи се оние кои НЕ ЗБОРУВААТ ниту кога треба да зборуваат. Им се превртува во стомакот кога треба да кажат нешто, не можат лесно да се снајдат во секојдневието, се потат и вцрвенуваат, се срамат... Тешко се снаоѓаат во поголеми друштва, разни собири....и тука најчесто треба да има некој до нив близок, кој ќе ги води и ќе им прави муабет, да не се осеќаат зафрлено.
    Тешко се снаоѓаат пред авторитет, во разни институции...
    Таквите треба да научат да се ослободат.

    А, најтрагична ситуација ми е кога некој паметен си молчи (се стега да каже нешто), а им се дава простор и време на будалите да зборуваат и раководат.
     
    На faye, feferona, crazyinlove19 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    71
    Баш и ова ми се случува. Ама некогаш кога баш сакам да зборувам, ќе ми се блокира мозокот и толку. Посебно ако ми е некое ново друштво или луѓе кои не ги гледам често. Што да кажам?
     
  17. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    111
    молчам кога не ми е погодено друштвото за муабет а иначе коа е погодено нема запирање :D а имам приметено многу пати во друштвото таман ќе сакам нешто да кажам ќе си премолчам
     
  18. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Во ново друштво, а + и ако не е погоден муабетот, едноставно немам што да кажам и мудро си молчам. Многу пати ме прашале што ми е и зошто молчам, ама кога немам што да кажам ќе си молчам а и не се замарам со тоа. Инаку во суштина сум зборлива.
     
  19. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Обично дел од луѓето се молчаливи пред луѓе кои не ги познаваат доволно односно имаат проблем да се опуштат или да се вклопат но кај мене во одредени случаи е обратно... Со оние што сум секој ден како да си знаеме се и немаме што да си кажеме а кога ќе запознаам нова личност па и ако ми се погоди да имаме сличности неможам да сопрам со зборување...
    Чуден е мојов проблем... :rofl:
     
  20. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    е јас не ќутам одма избувнувам на прости луѓе тоа ми е мене проблемот