и јас сум молчлива и убаво ми е меѓутоа само кога сум во некое ново друштво ок е да прозборам некој збор да им покажам дека не сум нема но само и на тоа ке си останам,ааа во друштво нема некој кој повеќе зборува од мене на се имам нешто да додадам.
Никогаш не сум кажала што мислам...секогаш тоа го задржувам за себе!!Тоа ми е лошата страна.Сепак мислам дека секој човек има право на збор!!
И мене на моменти ме фаќа да не можам уста да отворам.Пред некој ден бев излезена и ко со селотејп да ми беше устата залепена. Ни еден збор не прозборев.Понекогаш се опуштам и многу зборам,но тоа ако сум ептен расположена или пак ако подолго се дружам со тоа друштво.А,кога има некој нов во друштвото уста не отварам.
Зависи најмногу од тоа како сум расположена. Ако не ми се сите овци на број, знам да молчам ко залеана цел ден или цела ноќ. Јас сум од оние личности на кои на чело им ги пишува сите емоции. Исто на почеток знам да сум срамежлива и во ново друштво, но се трудам да не бидам ко риба, да се уклучувам барем на моменти во дискусија, иако тешко дека ќе бидам лидер на разговорот таму.
јас сум молчалив тип на човек,зборувам само тогаш кога ке има потреба,стварно зборовите врата отвараат,али јас ценам кога се збора помалце,затоа имаме една уста ,а две уши за повеке да слушаме,помалце да збориме,понекогаш ми смета што сум толку молчалива, и срамежлива,и понекогаш можи да сум погрешно сватена ,од што сум молчалива,и страмежлива
Па, да.. во споредба со некои.. може да се каже дека сум молчалив тип.. А и ја ценам таа карактеристика кај луѓето, зборување само кога има потреба.
Е како да не,зборување по потреба.Голем противник.Ич неможам да ги сватам луѓето што зборат само по потреба имам еден близок таков.Мене мачно ми е ако не зборам.Не сум како навиена ама да не зборам ми е како да се лишувам од задоволствата во животот.За мене најголема казна е ако човек е сам,да не збори со никој.Тоа повлекува кон депресија,осаменост.Несакам ни да помислам.
^ Е мене пак ми е мака од претерано зборлести луѓе. Ич не ги сакам оние што ти се нафрлаат со муабети уште од прва, па и се трудат за тебе да дознаат што повеќе. -.- Плус, сум забележала дека помеѓу молчеливите има поинтелигентни. И мислам дека малку претера.. депресија, осаменост.. Молчаливост е, не е завет за молчење.
Сепак мислам дека не е се до хороскопот..па мене ми пишува `срамежлива` сум била тивка ваква таква..ама ништо од тоа што го кажува хороскопот за рак. Баш напротив се што мислам ќе си кажам. Ај да не бидам офф-топик. Значи вака: Сигурно ти не зборуваш бидејќи се плашиш,во нова средина си,се ти изгледа поинаку и нормално е да си по малку повлечена на почетокот.Гледај опушти се,што и да кажеш неможе да е погрешно,бидејќи тоа си е твое мислење.Кој размислува како тебе ќе се сложи ..па секој си има право на збор.Неможеме сите да сакаме исти работи.Најважно е ти прво да се прилагодиш на средината и да не се чувствуваш изолирано.Опуштено само и туди се малку повеќе.Зборувај повеќе не се срами. никој нема да може да ти помогне ако ти не ги отстраниш тие чувства на страв и страм.
може да се каже дека молчам ,ама не сум повлечена во себе,повеке би ми прилегало попуслива и не сакам да се карам и затоа почесто го одбирам молчењето одколку кавгата
Молчалива сум, не поради срамежливост, која ја немам. Туку, луѓето околу мене не се вредни за разговор. Уствари, тие не знаат што е тоа разговор. Не знаат две реченици да сврзат. Неписмени!
Молчам најчесто кога имам премногу што ми се врти во главата, не затоа што ми е досадно или сум срамежлива или не ми одговара друштвото (погрешни впечатоци!!!). Кога сум уморна или имам многу за учење, е тогаш ама ич не ми се збори, одвај чекам дома да појдам, да одморам, да имам повеќе време да се релаксирам.. Не ми е релаксација да сум во друштво кога сум уморна или преоптеретена, ми се само измачување. Штета што неможам да бидам како тие околу мене на оваа тема.
Камо среќа да можев да ја затворам муцката. Ко алапача сум! Нон-стоп дрндам нешто, еве и кога сум сама дома дрндам на фемина, колку да не си правам сама муабет А баш сакам онака дамски само да молчам и ништо повеќе. Ќе речат дека сум се разболела нешто.
Многу зборам и некогаш луѓево неможат да дојдат до збор од мене И глупо е што некогаш ако немам нешто да кажам во тој момент, прашувам некое безвезе прашање или пак зборам за сосема нешто трето. Битно е јас да кажам нешто, па што е тоа
Молчалива сум зависно од ситуацијата. Уствари, ептееен ретко молчам, најчесто кога запознавам нови луѓе сум онака, потивка. Иначе, дрдорка од прв ред!
Се оправам. На факултет имам колешка и со неа од кога се запознав цело време ко навиени сме. А така кога сум во друштвото на дечко ми, си прават муабет на некои нивни теми и мене грдо ми е да им се мешам во муабетот кога и не сум запознаена мн со тоа.