1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Молчаливост

Дискусија во 'Психологија' започната од Amore, 26 декември 2011.

  1. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Јас сум исто така молчелива, не само со нови луѓе туку и со домашните, некако не можам да им кажам не знам зошто. Сите мои другарки им кажваат на мајките кој им се допаѓа или некои проблеми во учењето и слично, ама јас не можам зошто мајка ми почина, а татко ми најчесто не го гледам зошто тој е зафатен и јас сум зафатена + се преселив да живеам во друга куќа сама бидејќи ми е поблиску до училиштето. Само на една другарка и` имам кажано кој ми се допаѓа, ама со неа се гледам 1 месечно дека живее во друг град. Најчесто оправдување за не зборурувањето ми е дека на личноста на која ќе и кажам нешто ќе пренесе на друг, и затоа се плашам. Исто така и не излегувам често (1 во неделата ако сум расположена). Да се опуштам неможам, сум пробала, еве и пак ќе пробам. Има ли некој совет?
     
  2. Corall

    Corall Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    3
    Не мислам дека молачаливоста е многу, многу лоша и некои луѓе едноставно имаат потреба да бидат помолчаливи. И сигурна сум дека има некоја подлабока причина за тоа отколку добропознатиот срам. Можеби не се наоѓаат во разговорот, или имаат некој проблем од семејството или училиште што ги мачи, или од малечки се така навикнати да од нивните блиски да нема потреба да зборуваат многу...или пак се појавува период во животот на некои луѓе кога се менуваат и не е познато зошто тогаш и зошто на таков начин. И мира, мира али испод два мира триста вира е една од најглупавите поговорки што им се припишува на мирните луѓе. Секако дека постојат такви случаи ама сигурно не можеш на сите да им го залепиш тоа.
     
    На viktorija.manevaa, TheKiketoo и Amore им се допаѓа ова.
  3. meow22

    meow22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    79
    Со непознати во друштво си ќутам, ги анализирам, гледам за што зоруваат, како размислуваат и мило ми е за тоа што не зборувам многу пред да ги запознаам. Со блиските сум си опуштена и си зборувам... :)
     
  4. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    јас не ќутам мн ама незнам како на некои им сметаат тие што ќутат :) сешто
     
  5. mona-li

    mona-li Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    9
    дефинитивно сум молчалива кога сум во поголемо друштво во кое има и луѓе што не ги познавам... или можеби луѓе кои ги познавам но едноставно ми ја рушат самодовербата.. Ова се случува главно затоа што многупати се збунувам кога зборам, мислам дека не сум интресна, дека сум досадна, дека незнам ефективно да се изразам... Некој предло како да го надминам проблемов?
     
  6. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Не ме нервираат молчаливите, понекогаш и јас знам да молчам додека во мене се редат зоборови кои сакам да ги кажам. Понекогаш имате смислено цел говор, а сепак не можете да речете и збор од тој говор, зар не? Е тоа е вистинската молчаливост! Тоа не треба да ве нервира туку да ве плаши, тоа треба да ве инспирира, треба да ви дава надеж и храброст, можеби еден ден ќе успеете да го речете првиот збор а потоа ќе потече еден незаборавен разговор! Тоа е тоа, тоа е молчаливост! Затоа соберете храброст и наместо да редите внатрешен дијалог, следете го разговорот и наместо да молчите, можеби ќе ви се погоди темата и ќе најдете зборови! Само насмевнете се и тоа е тоа, давате сигнал да ве забележат и да зборувате. Пријатен разговор и само со насмевка! :D
     
    На lulutik му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Знам да бидам мноогу зборлеста ама понекогаш толку имам да кажам
    а толку многу ме мрзи да зборувам :/
     
  8. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум молчалива со поголемо друштво.Пред моите дома слободно си зборам,а некој ако ме изнервира не му молчам веднаш му го кажувам тоа што ми лежи па така да само во големи друштва сум молчалива... :)
     
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Молчењето е злато,но не е баш добро да молчиш многу во денешно време.
     
  10. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    ... :rofl: ....по природа сум таква да одам од крајност во крајност.... :rofl:
    .. :swear: ...или молчам или премногу зборвам.. :talk: .
    .. :emo: ...молчам обично кога се наоѓам во нова средина меѓу луѓе кои ги среќавам за прв пат,ама и кога сум разочарана и тажна молкот ми е најдобар пријател,едноставно уста не ми се отвора ,како онемена сум....билката обично си ја носам внатре во мене и не сакам да ја поделувам со никој,...
    . :clap: ....зборувам кога сум среќна,сакам сите да го приметат тоа,кога сум меѓу мои најблиски,секогаш има некои теми за кои си дискутираме,уффффф па кога со пријателките ќе одиме во шопинг....ќефој.... :clap:
     
  11. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Е така, баш. Особено во нови друштва, пробувам да кажам нешто ама мислам дека и пробувам премногу и на крај ќе кажам нешто од нигде и ќе се избрукам. Малку се поправив, порано бетер беше.
    Најважно е да си своја и да кажеш што мислиш искрено. Е тоа е клучот, ама мене ми треба време додека го сватам тоа вистински и додека го користам.
     
  12. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Here I am :hai: Јас сум молчалив тип и тоа многу ми смета ама не можам ништо да направам.Еднаш братучетка ми ме запозна со нејзиното друштво и после неколку дена јас кажав нешто и другарка и вика-Јас прв пат гласот и го слушам :x Значи буквално знам збор да не изустам.Понекогаш поретко со познати лица можам да се разборам ама тоа е ретко и ептен треба да ми се погоди ситуацијата.
     
  13. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    како мала бев мноогу молчалива и срамежлива,едноставно се плашев да кажам нешто,се стегав да не згрешам,да не ми се смеат или да не ми се развикат,мислев дека што и да кажам нема да го земат во предвид,нема да ме слушнат,се плашев,имав проблем со комуникацијата со други луге,(а моите наместо д ме носат на некој детски психолог,ми викаа зошто ум толку срамежлива) ама уствари и до пред 4-5 год бев таква,а сега сум 100% друга,си зборувам,ама добро имам моменти кога не ми е до зборење или пак пред некои луге кои ме нервираат не зборувам,и да,и мене најмногу ме нервира тоа 'испод мира 300 вира' и мене ми велеа така ама немав 300вира испод мира :)
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  14. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    и јас сум таква премногу молчам... посебно во ново друштво,тоа многу ми смета но не можа никако да се променам. :| :| :| :| :|
     
  15. nepoznata33

    nepoznata33 Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    Таква и јас бев се додека не појдов на летување со непознати деца (кои требаше да ги запознаам).Сите се дружеа заедно сите ќе појдат на тераса а јас не причината за тоа беше депресија.Но обично кога се запознавав со други бев срамежлива кажував по некој збор така, но никогаш не сум молчела толку ама буквално во буквана форма на изразот''некажав ништо'' како кога бев на летување.Но потоа третото утро кога се разбудив ја отворив устата до стои едно и назад (како да се знаеме цел живот) и ме прифатија не бев толку блиску колку што беа другите меѓу себе но се зближив.Сега не контактираме многу заради што првиот впечаток ми беше лош.Кога се вративме во Прилеп со едно од децата кое беше машко си заживеавме многу немаше ден да не се видеме.Еден ден ми донесе негови другари и зборувавме како да се знаеме еден цел век се смеевме село време а еден другар кој го донесе мојот другар само што си кажавме два збора со насмевка на лицето ми рече ''Заврши мојата потрага за совршено чупе'' а подоцна ми рече ''Че морам да се навиканм на птичји поглед" (а тој беше многу повисок од мене) тоа ми го рече со насмевка на лицето.После тоа со мојот другар се слушавме уште 3-4 дена а потоа престана да се јавува да иди кај мене јас му се имав јавувано но тој че ме откачеше некако и јас престанав да се трудам да останам со него блиска.Така да не размислувајте во себе си кога другите зборуваат вие немојте да се прашувате себе си ''Што да кажам,зошто не зборувам,каква тема да започнам''Едноставно опуштете се и кажете се што ќе ви падне на памет.На пример ако запознаваш друштво и тие упорно зборуваат за луѓе кои не ги знаете речете:А да смениме тема?Да не се замарате премногу со нив?



    П.С.Се извинувам што ви раскажав цела приказна но милежеше на срце и сакав да ви кажам колку многу можите да изгубите со молчливоста и ако не се извлечете за момент од депресија.
     
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.640
    Пол:
    Женски
    Аа јасс секогаш сум зборлива, дури понекогаш и прмногуу :D
     
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Да, повеќето време ќутам... не од срамежливост... од мрза. |(
     
  18. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    И јас сум обично многу молчалива со нови познаници или некои пријателки. А со другарките не можеш да ме сопреш :rofl:
     
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Молчаливоста е и моја особина.И не ја сметам како маана или недостаток за бла,бла.Понекогаш е пожелно да се држите на дистанца кога сте во друштво на непознати за да си оставите простор и да ги запознаете.Пожелно секој да си се пронајде во дискусијата со своите размислувања и ставови.И не сакам премногу зборливи луѓе.Тие ми се напорни и нападни,во детски стил,"јас да кажам прв".Најчесто таквите ситуации резултираат со "многу зборови,а малку дела" ]:) Ме разбирате,нели :!:
     
  20. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Јас сум брбливка, постојано зборвам и уживам да делам совети. Честопати лугето пред да ме запознаат ми лепат етикети дека сум ваква или онаква, само затоа што сум отворена комуникативна и непосредна. Тоа неретко се случува и на форумов да ме нарекуват со погрдни имиља само затоа што отворено зборувам за одредени работи. Е, сега јас сум ваква или онаква, а оние што молчат можеби 100 пати полоши нешта прават ама битно тие се овде фини и културни. И, повторно да се родам, повторно би одбрала да бидам комуникативна, со секого и секаде, без оглед дали сега сум го запознала или го знам цел живот, и би одбрала повторно да ја зборувам вистината ма колку таа црна била.