Ее вака сега... по природа сум молчалива, амаа!, кога сум со друштво со оние коишто ги знам најдобро, ми нема рамен или како што ми викаат другарките „само дисови им даваш“-демек ги зезнуваш хаха ... Но , никако не можам да бидам опуштена со некој којшто едвај го знам... а и што да му кажам? Од кај знам дека нема да пренесе?-Значи барам сигурност, и стабилност кај една особа за да напраиш вака муабет, што не значи и за обичен муабет... тоа можам да го правам со кој било, ама најтрагично ми е кога ке речат и ти што ќе ми кажеш мене друго?(а не те прашуваат ништо) и сеа ти нормално моеш да си треснеш нешто пошто ти вика што ќе ми кажешш и можеш да кажеш што било хД Ги глеам отстрана оние зборлестите и им се чудам на паметот... а да ги прашаш што кажале ,ни самите не знаат... Колку пати во различни ситуации сум се спасила со молчењето немате поима ! Таму кај што треба да збориш, ќе збориш, ама и устата да ти биде многу отворена па и не е баш добар впечаток. Така да , тука зависат повеќе фактори, секој си има различен карактер и темперамент, не може секој да трпи или пак да лупа глупости кај стигне мислам... А и да ставаш етикета дека некој е глуп , само поради тоа што е во нова ситуација и се`уште не е прилагоден и навикнат , тоа е гаранција за глупавоста на токму на тие „зборлестите“. Така да, бидете ми поздравени молчаливки, оној којшто заслужува да му напраиш муабет ќе му напраиш... не сме ние што-годе
I mene cesto znaat da mi prerecat deka ne sum bas zborliva, no smetam deka zboruvam dovolno ednostavno nekoi luge ne zasluzuvaat da dobijat poveke od mene
И јас сум таква или можеби бев, не знам сеуште..Не сум толку тивка ко порано како и да е. Јас го надминав тој да речам "проблем" на тој начин што секој пат кога ќе се запознаам со било кој веднаш си помислувам "А кој е овој,,онака кој е овој онака....човек е, ко мене...И јас да ќутам пред него? Да се срамам од него? А зошто да се срамам?Каква функција има овој човек во мојот живот...." Кој и да е го спуштам на ниво под мене за да можам да се опуштам. И кога ќе се опуштам првите 5 минути за понатака лесно е.
Веројатно се плашите да не кажете нешто погрешно..Нема место за молчаливост едноставно биди си опуштен и терај си работа. Еве јас на пример нема шанси да молчам зборам ко навиена со сите единствено кога спијам е тогаш молчам
Сметам дека нема ништо лошо или погрешно во тоа да бидеш молчалив. Всушност, мислам дека е подобро да се биде молчалив отколку постојано да се зборува и зборува како chatterbox. Јас лично секогаш молчам и ги набљудувам другите околу мене и ретко зборувам, но кога ќе прозборам тогаш сум доста сериозна или имам нешто паметно или навистина добро да кажам ...
И јас бев ептен молчелива во друштво,и нормално никој не ми збореше само си седев ко утка,и денес сум си молчелива али како што бев,по природа сум си и малце забавна,некогаш и смешна,али никако да го извадам тоа од себе.
Не секогаш,но и јас одбирам да си слушам од страна и да си молчам тифко. Не затоа што немам што да кажам но ете убаво е да молчиш.
Не знам што е тоа Се шалам. Молчам кога треба, кога нешто сакам да слушнам , нешто што ме интересира. По природа сум многу зборлеста, без влакна на јазик. Не молчам ни на неправди, ни на петпоставени, ниту на родители кога не се во право. Со молчење ништо не се решава.
Можеби не е така,но се си мислам дека опшеството тешко ги прифака молчеливите и повлечено особи,као мене.
Да, но има и молчеливи луѓе на кои еден збор им вреди повеќе од 100 зборливи. Имав таков човек во семејството, ретко кажуваше нешто, но секој збор му го паметам, доста мудри работи кои ги применувам.
Со мене на некој начин се подигрува,демек подобро било да збориш трескаш глупости,отколку да молчиш ко утка,што е налошо молчеливите сите ги сметат за прости луге.
Точно е тоа дека тие што се помолчаливи се сметани за прости но во некои ситуации како горе наведеното тие молчаливите не ги трошат зборовите непотребно.Да мелат само како празна воденица.
Навистина патетично ... никогаш не сум се покорила ниту пак сум се навредила од мислењето на другите луѓе бидејќи едноставно не ми е грижа за нив и за мене немаат никакво значење. Јас која инаку сум молчалива, сама сум одлучила дека треба да зборувам само кога е потребно,а кога ќе прозборам моите мислења не се кажани напразно, туку се паметни и сериозни. Доколку некој од вас е молчалив и притоа има самопочит, не дозволувајте заостаните размислувања да ве дефинираат како личност, а уште помалку да го менуваат вашиот карактер според нивни потпросечни критериуми ...