Молчалива сум дури некој не ми згази на нервот. Среќа и дечко ми е молчалив - погодени си сме. Не ми е проблем да седам во тишина со некого. Немам потреба од правење секакви муабети колку да не се молчело. Апсурдно ми е сето тоа. Молчењето е злато. Ќути си - дупи си.
Молчалива сум од секогаш сум била таква. Со дечко ми и другарките немам гајле, растур правам. Но со непознати не можам или со некои блиски. Не сум тип коишто само да не молчи зборува, ако ме се зборува ќе зборувам ако не нема, а и зависи и до личноста ако ми одговара и има што со неа да зборувам тогаш може.
Не знам зошто толку ја воспевате ќутенката... Јас немам потреба да се ,, дружам ,, со луѓе со кои не можам муабет да направам. Шо мајка ми се, да седиме и да се гледаме ко утки? И ве молам, без она боље да ќутам, него ли да зборам глупости.Тоа се ретки ситуации, а не увек да ќутите.
Ги разбирам интровертите кои по природа се молчаливи покрај непознати луѓе. Im totally the opposite Но кога некој ми одговара карактерно во дружба, не ми пречи ни молчаливост ни зборливост.
Па јас не ни можам да зборувам многу со останатите. Сите знаат дека мразам мали безначајни и празни муабети, а не умеат да зборуваат за теми како наука и класична книжевност со мене, како и да споделуваат нивни идеи и критики.
И јас исто. Кога сум во друштво, само молчам и слушам. Евентуално зборам, доколку има упатено некое прашање кон мене, а во друг случај
Јас порано многу бев повлечен тип . Во ново друштво ко " наштимана кукла " одговарав на прашања упатени кон мене . Не знам зошто бев таква , веројатно ми беше тоа некој период во пубертетот кога мислев дека никој не ме разбира , па подобро ќе си молчев . Сега сум поотворена со блиските луѓе , но сепак имам ограничувања со кој колку сум отворена .
Јас имам голем проблем со молчаливоста. Најголем проблем е тоа што јас мислам и дека не сум толку молчалива ко што ме доживуваат. Најмногу ми е проблем кога ќе се соочам со ново друштво. Пример со друштвото на дечко ми имам излезено неколку пати и секогаш му викаат дека премногу молчам. Не сакам да бидам како намчор. Навистина незнам како со овој мој карактер.
Молчам кога ме мрзи да зборувам. Воедно, ме мрзи да зборувам со такви соговорници кои не ме мотивираат, не ги сметам за вредни да трошам енергија.
избегнувам молчаливи луѓе зошто покрај нив се осеќам ко идиот, чудак, на крајот водам борба со себе си и се преиспитувам дали сум била досадна и каков впечаток сум оставила.
Молчалива сум била отсекогаш, тешко ми е да започнам разговор со некого прва си мислам дека досадувам. Со дечко ми и со поблиските другарки знам да бидам многу опуштена да зборувам да се смеам и се, и тогаш се прашувам зошто не можам да бидам ваква со сите. Кога ќе дојдат другарките или другарите на моите другарки одма се стишувам. Се мразам поради тоа. Најлошото е што тие мислат дека ги мразам и ми сметаат оти не почнувам јас прва со зборување (ми го има кажано тоа другарка ама како да им објасниш дека не е ништо лично кон нив туку до мене е). Другарките многу ми имаат викано бидејќи сум молчалива пред други луѓе. Понекогаш пред нив "Зборни нешто што ќутиш цело време!". Не знаете колку тоа не повредува нас молчаливите тоа не не поттикнува да зборуваме туку повеќе се затвораме во себе знаејќи дека тука никој не не разбира, па ако имате некој молчалив во друштво не му велете вака туку вклучете го вие во разговорот со другите ваши пријатели. На дечко ми па оваа моја особина воопшто не му пречи, иако кога сум со негово друштво ми имаат велено дека ништо не зборувам. Мене единствено лесно ми е ако другите први започнуваат со мене разговор така со време почнувам да се опуштам со таа личност, ми влегува во комфорната зона. Можеби затоа имам малку пријатели. Се трудам колку што можам, но тоа е тоа.
Молчаливоста некои ја сфаќаат како она/он е срамежлив/а но не секогаш е така, едноставно некои личности не се снаогаат во поголемо друштво па да можат да зборат и да бидат гласни за да сите слушнат. Не знам зошто некои кога еве седнам со друштво, тоа порано ми се случуваше па и сега понекогаш ми викаат ти си срамежлива дај кажи нешто, а јас што да кажам прв пат седам со нив и што треба цела историја да им раскажам, а така викајќи па уште повеќе се замолчувам. Молчаливоста не е добра особина но некои личности не умеат на прв поглед да се вклопат. Порано и јас сум била молчалива и сега сум но до дека не се вклопам а понекогаш па не ми се ни зборе цело време си ќутам и ми се чудат како може да не зборам цел ден. Молчаливоста ја имаме затоа што премногу мислиме а тоа што го мислиме па ретко го искажуваме.
Тоа е во карактер. Некој што збори триста на саат оди сопри го Исто и ова. Јас со непознати баш и не правам муабет. Т.е не ми иде. Средно повеќе молчев и во друштво. Стално ми викаа -де кажи нешто. Сега немам проблем .Дури некогаш си мислам претерувам Ама ги сфаќам и таквите. Или е до срамежливост или ко мене неможев да се опуштиш убаво. А сепак треба да имаш нешто заедничко за зборење. Мм нема проблем. Сегде и секогаш наоѓа теми. Тој па ептен е комуникативен
Оперирана сум мислам од молчеливост.Само кога морам молчам а инаку ко празна воденица сум уште од малечка.