Се надевам дека нема ваква тема. Што мислите, дали постојат ситуации во кои е подобро да замолчиме отколку да зборуваме... па макар и да станува збор за премолчена вистина? Дали молчењето во овој случај го сметате за лажење?
Мене ме нервира премолчување. Не поднесувам луѓе кои се секогаш неутрални, кои никогаш ништо нејќат да кажат за да избегнат конфликт. Воедно и не им верувам, затоа што истите кога треба нешто да искомуницираат за доброто на односот меѓу вас, не можам да се ослонам дека ќе ми ја кажат вистината. Неискреност е. А јас ценам искреност.
Премолчувањето ми создава немир, порано не беше така. Ама сменета сум како личност и не можам да издржам, а да не кажам што мислам. Па макар на некој нешто не му се допадне. Особено кога ми е нанесена некоја неправда, не можам да премолчам и да не се борам. Секако се трудам сето тоа што ќе го кажам да биде спакувано на најдобар начин, ама не можам да ја премолчам вистината. Затоа што криењето на вистината за мене е еднакво на лажење. Секогаш велам помалку ќе ме боли кажаната вистина, отколку криењето и правењето будала.
Молчењето е злато да но тоа со искуство се сфаќа коа ќе се изгориш па ќе сфатиш дека многу помудра опција е да молчиш ако немаш ништо паметно и продуктивно да кажеш. Мислам дека Хемингвеј има кажано Ми требаа 3 години да научам да зборам и дури 60 да научам да молчам. Мудрост е да знаеш да молчиш. Само насловот го прочитав но да се надоврзам на воведот, премолчување на вистина не одобрувам и секогаш ја кажувам макар и била мета на целосна дискриминација.
Ponekogas e podobro da molcis za da ne sozdavas problem zavisno od situacijata ama ako ti e napravena nepravda e togas ne treba da se molci
Ако никој не (ме) праша ништо - си молчам. Пред некој ден сфатив дека кога на некои што им е многу досадно во животот и си бараат закачки, си бараат расправии треба само да се игнорираат и да не им се кажува ништо. За таквите луѓе игнорирањето е злато.
Јас молчам во секои ситуации и отсекогаш, во последниве неколку години откога сум повозрасна да речам некој пат знам да кажам по некоја реченица каде што ќе сум во право и каде што треба да ја кажам ама избегнувам тоа да навлезе во кавга. Затоа што и мене не ми сака душата да се расправам. Ако ме разбира тој на кого му велам со едноставна реченица тоа е добро ќе го толерирам, а ако почне да ми префрлува тоа ме тера да го избегнувам. Јас не би сакала луѓето да ме сфатат погрешно ама молчењето вреди ама не секогаш. Ако молчиш ќе те газат ми викаа порано. Ама јас само пробувам во тие случаи да кажам некој збор што мислам ќе го разберат. Повеќе се нервирам јас на крајот и си губам време. Никој сега не очекувам да ме разбира и со ништо не се замарам. Едноставно и душата кога не ти е навикната на расправии прескокни го делот и готово.
Злато тикви со расол. Имаше една Чутање је злато Али ако дуго траје постане живо блато . Не го преведувам за да ја задржам римата. Значи јас ќутев толку многу што сите на така се навикнати сега кога ќе зинам за напад го чувствуваат . Затоа кажете си ,секогаш се. Посебно тие што се селите кај дечковци /мажи,уште од почетокот не пропуштајте за да не ги навикнете поинаку . Јас сега сум во жива песок само се влечам надолу.
Мислам дека најправилно е да молчиш кога треба, но не да остане премолчено. Чувај ја информацијата до вистинскиот момент.
Не е злато туку така нѐ манипулираа како помали за да научиме да не си го користиме гласот и да трпиме и тоа што не треба.
Не се согласувам баш со тоа. Можеби има некои ситуации во кои е подобро да се молчи, но сепак тие ситуации се многу малку. За жал, многу луѓе не сакаат да ја прифатат вистината. Се согласувам дека криењето на вистината е исто што и лажење, а јас мразам кога некој ме лаже. Кога веќе споменав дека многу луѓе не сакаат да ја прифатат вистината што ќе им биде кажана, ќе кажам и дека постојат многу луѓе што сакаат да ја слушнат вистината, а кога ќе им се каже, се навредуваат. Тука имам избор од две можности: да молчам или да кажам убави работи. Го избирам помалото зло, т.е. да молчам. Не можам да кажам нешто дека е сосема во ред, кога не е. Кога ќе ми биде нанесена неправда, не молчам, па што сака нека биде. Тогаш никому не му успева да ме замолчи. Решена сум до крај да си ја истерам правдата. Заклучок: Не е точно дека молчењето е злато, како и многу други работи што не се точни.
Молчењето е злато не реферира на премолчување и трпење туку еве да речеме се употребува кога откриваш премногу информации па лесно може против тебе да бидат искористени.
Во принцип сум молчелива личност т.е личност што сака да ги анализира другите луѓе. Сум приметила дека не постои личност што многу зборува а да не тропне некоја глупост. Одмереност во се. Не сакам да се објаснувам, докажувам, карам за нешто што сметам дека дискусијата не води никаде, во тие ситуации си молчам. Ако нема потреба не зборувам, единствено не молчам пред неправда.
Како помала ќутев и трпев. Молчев, не знам зошто, веројатно за да не наштетам. Така ме научија луѓето и го користеа тоа. На глава се качуваа. А јас пукав во себе. Сега е поразлично. Не ќутам и многу подобро се чувствувам.
Јас сум зборлива и многу често ми се случува да треснам нешто што не треба па во себе си викам молчи си попаметна си така
Молчењето е лажење секако, ја прикриваш вистината. Јас сум личност што се кажува, па макар и цунами нека избие ако сака после тоа. За зборување не сакам многу да зборувам, не сум баш комуникативна личност, ама кога нешто треба да се каже секогаш бирам да кажам бидејќи мене ме мачи и ми тежи. Секогаш тргнувам од себе и знам колку ме болело кога ме лажел некој, па затоа сакам искреност. Некогаш можеби искреноста е тешка и болна ама не колку премолченото нешто, или лагата.