Јас еднаш кажувам тоа што си мислам, вистината. Кој слушнал, слушнал. Кој разбрал, разбрал. Немам намера јас по 100пати да повторувам и да се убедувам. Кој како сака нека си мисли. Има еден што знае сѐ.
Преќутувам во ситуации кога знам дека некој небитен намерно ме провоцира. Да, тогаш е злато ќутењето зашто едноставно не сакам да трошам време и енергија објаснувајќи се со луѓе кои ќе ги заборавам за 5 минути. Во секоја друга ситуација, не преќутувам. Таква сум од мала, знам да ислушам ама сакам и да ме ислушаат, посебно кога станува збор за нешто што 100% знам дека е вистина. Неправди никогаш не сум простувала, камоли замижувала и преќутувала. Во голем дел од ситуациите и кога знам дека ништо нема да се смени, битно ми е мене да си олеснам. Не сум фан на голтање кнедли.
Зависно од ситуацијата. Доколку некој сака да се закача и да се кара без врска (ги има многу такви) тогаш само игнорирам зошто немам нерви да се разправам за глупости. Но кога станува збор за нешто што сум во право, а упорно се расправаат, тогаш не премолчувам никогаш.
Тај што премолчува на крај тај си е па крив, молче тај што нема храброст. А ме нервират луѓе кои молчат на неправди нивни, насилства заради мир..
Хмм да во право си, ама ете не сум погледнала од тој аспект.Малку е широк поимот па може да се сфати за различни ситуации.Инаку секако, секој треба да е свесен дека претераната наивна искреност може да доведе до проблеми, а јас би рекла дека и многу луѓе треба да научат кога не е ни место ни време за одредени коментари...така што од тие аспекти молчењето е и вештина и злато.
Мислам дека многу спиритуално ќе звучам со мислењево мое, не ми замерувајте Зборувајќи од искуство и малку истражување, неизјаснување на сопствениот став кога станува збор за други луѓе (во смисла давање совет/коментар итн) е поокеј бидејќи ретко се случува истиот да биде примен и/или искористен на начинот на којшто си го претставил. И луѓе ко луѓе, несакајќи никогаш да земат одговорност за сопствените дела, почнуваат да го обвинуваат изворот на тој совет/коментар. Така што, ќе ти биде замерено иако намерата ти била чесна. Истовремено, сите сме си еден свој универзум. Не знаеме и никогаш нема да можеме да доловиме целосно низ што точно поминува другиот, како размислува и перцепира, чувствува. Сечии зборови имаат моќ на воздигнување како и деструкција, односно кој ефект ќе го имаат зборовите кажани со одредена намера на човека, не можеш баш секогаш да процениш. Сево ова погоре ми поминува низ глава кога зборувам или кога се спремам да отворам уста. Ама па од друга страна, си се тешам дека не е толку битно како било примено мислењето туку со која намера било кажано. За вториот аргумент сум малку позагрижена дека знам колку змиски јазик имам Во однос на лажењето, многу зависи од ситуацијата. Ама генерално зборувано, вистината колку и да боли и да е непријатна, сепак е реалност. А неживеење во реалноста носи до креирање хаос којшто тешко се "чисти" отпосле. Така што, би рекла дека е подобро да се каже, отколку да се молчи во овој случај, притоа занемарувајќи се горенаведено.
Многу точно. Мислам дека за секоја информација си има правилно време... А и онака вистината сама си излегува на површина, па дури и кога станува збор за чувства. Најчесто сами си се издаваме, и без зборови, само преку говорот на телото.
Не е злато да си безгласна буква, туку да знаеш кога да премолчиш. За некои работи и во некои ситуации не е вредно да се трошат зборови.
Зависно од ситуација до ситуација..некогаш со глупи и неразбрани поарно да си преќутиш и избришеш .. Ама во повеќе ситуации премолчување е ендакво на болест.
Зависи во кои ситуации. Некои бараат да се премолчи како би се средила работата подобро и побезболно, некои ситуации не можат да се решат со ќутење Кај мене преовладуваат овие вторите
Зависи од ситуацијата Некогаш е добро да се премолчи За да се средат работите на подобро а во некои ситуации најдобро е да ја кажеш вистината Некои велат "Вистината боли" што е многу точно но подобро горка вистина од колку слатка лага.
најчесто премолчувам за да избегнам конфликт и засекогаш ја бришам таа личност мислам не вреди да се расправаш со било кој, си го гледам животот и мене да ми е убаво и бришам све
Зависи кога. Ако има нешто полошо од тоа некој мутаво да ќути додека го газат, оние се, нетолерантните кои влегле во филмот "без влакна на јазик", и од простотилак се дерат и расправаат со секого кога не се повикани, ниту има повод за кавга. Неизживеана тинејџерска бунтовност на време, шта речи.
Знам да премолчам од почит кон повозрасен човек ( мајка , свекрва , татко , свекор итн . ) , но кога некој упорно врши неправда кон мене , не ќутам . Удирам како гром од ведро небо .
И од Библиски аспект молчењето т.е свесно бирање на зборови е многу важно зборовите имаат тежина и за секој изговорен збор ќе се одговара, Бог мрази озборување или фрлање клетви, пцовки и слично. Зборот може да убие така што внимателно треба да се одбираат зборови, не алудирам на тоа да не се биде искрен но не мора по секоја цена да се изговори лош збор посебно не ако тоа може да повреди некого или да нанесе штета.
Се зависи од ситуацијата во некои случаи подобро е да си премолчам и да се оттргнам отколку да кажам нешто со добра намера и да бидам погрешно сфатена.
Џабе е ако молчиш, а се јадеш во себе. Еве јас на пример кога премолчувам не дека се нервирам, туку едноставно не сакам да се полнам негативна енергија и си терам како што сакам јас. Доколку некој е толку со карактер 0, на убав ама дрзок начин го симнувам на столче и толку. Нема потреба од високи тонови, кавги. А да се притресувам од некој и за некој нема шанси, посебно рандом особа која ништо не ми значи како па да не. Премногу се сакам себеси за да губам здравје во нервоза