1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моногамијата низ генерациите

Дискусија во 'Психологија' започната од black-angel, 8 октомври 2011.

  1. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.641
    Допаѓања:
    4.508
    Пол:
    Женски
    Сите сме свесни што се случува во последно време......на помладив генерации се потешко им е да останат во моногамна врска,се потешко е да си го сочуваат бракот,на сите страни слушаме за разводи на бракови кој преку сила траеле 3-4 години и за тоа е причина неверство,изговори од типот дека сакале да пробаат нешто ново од тој партнер им здосадило!Се почесто сме сведоци на млади и малолентни личности кои имале над 10+ партнери!

    Сигурно знаете слушајќи приказни од постарите дека кога склучувале брак тоа траело по 40-50 годнини немало неверства едноставно имало огромна почит и љубов меѓу партнерите,за разлика од сега,сепак тие и тие се луѓе па не иввршиле неверство!

    Според вас која е причината што се помалку има моногмамија , а се почесто се менуваат партнери?Што е тоа што ствара потреба да се понижи и навреди моменталниот партнер,со самиот чин на неверство или оставање поради некој друг?Што би имал тој новиот партнер повеќе одколу стариот?
     
  2. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Луѓето по природа не се моногамни суштества. Тоа не била првичната состојба на човештвото. Но, бидејќ полигамијата ги комплицирала нештата во тогашните општества, луѓето сами одлучиле да бидат во моногамни врски. Значи исто како кај животните, и кај нас работи инстиктот со таа разлика што, ние имаме нешто што се нарекува РАЗУМ. Тоа не разликува нели од животните.
    Изневерувањето е прашање на самоконтрола. Се уклучува инстиктот, но се исклучува размуот.
    All is need is Self-control :D
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Не се сложувам дека немало неверства порано.
    Доволно е само една книга за случки од минатото да прочиташ и се ќе ти биде јасно.
    Имало и неверства и несогласувања и тоа како, ама тогаш било срамота за тоа да се зборува, а уште повеќе да се разведуват паровите.Тоа е единствената разлика.
     
    На JuLleE, enca.69 и julie77 им се допаѓа ова.
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.337
    Моногамијата кај човекот значи немање други сексуални партнери освен партнерот со кој е во врска, додека таа трае. Брачната моногамија може да се разбере на два начина: правниот -имање брак само со еден партнер, а бидејќи социјалната моногамија ја опфаќа и брачната, од друга страна значи и/или немање на друг/и сексуални партнер/и во текот на бракот.
    Неверството го имало и ќе го има, е сега разлика е во рамноправноста меѓу партнерите и самосталноста. Денес скоро секоја жена тежи кон самосталност односно независност и тоа финансиска независност од мажот. Тоа е нејзиниот адут да ако нешто не штима во бракот таа си има обезбедена иднина.
    И рамноправноста си го направила своето. Денес никој и никого не трпи. Оној патријархат и патрихајалното одамна исчезнало.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Можеби е малку тешко да се каже одговорот зашто тоа од нас никој не го знае.Моногамијата според мене не е во природата на човекот туку со тек на време е прифатена или наметната од страна на општеството во некои земји додека пак во други земји имаме големи примери за полигамија во браковите најмногу тоа е изразено и застапено во земјите на Истокот.
    Е сега што се однесува до браковите и до разводите...и причините за разводи.Мислам дека денес се поголем број млади луѓе стапуваат во брак без конкретна цел и се поретко стапуваат затоа што се сакаат...а се повеќе затоа што им дошло време стигнале до 27 па од дома ги притискаат,или се земаат затоа што мешето почнало да расте,или пак штотуку раскинале долга врска од 7 год па така разочарани за инат на бившиот стапуваат во брак со некој со кој се само 3 или 4 месеци.Друга причина за разводи сметам дека е и прераното стапување во брак.Девојката 17 год..момчето 20 год пр давам,се земаат поради икс причини најчесто бременост и така неизживеани нормално е дека после во бракот ќе се запрашаат како би било со друг.Поголеми шанси за неверство има оној кој додека бил млад сменил само 2 партнерки отколку оној кој што сменил 12.За тоа имам живи примери околу мене.Инаку неверството постоело и порано исто како сега...разликата е што денес луѓето отворено си зборуваат за тоа.
     
  6. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.991
    Пол:
    Женски
    Еволуција.
    Кон полошо.
    Ако на денешно време си моногамна личност не си фенси и не си фаца. Бледо меѓусебно копирање на млади, зелени, прчовидни створења чиј видик е засенет од сопствениот нос. Тоа што другиот го прави е модерно и кул, па чекај и јас да пробам. Овци водени од поголеми овци.
    За жал, баш на ова се основа менталитетот на се` помладите генерации. Мнозинството нема свое јас и лесно се одвлекува во виорот наречен “Прави што прават другите за да бидеш прифатен.“
    Од тука почнува се` во врска со ова.
    Не дека порано немало неверства, ама биле до некој степен поретки и прикривани поради срамот. Сега се нема срам за ништо. Всушност, во наше време и фаца си ако “вртиш“ неколку истовремено. Мизеријата сега е модерна.
    Порано имало взаемна почит помеѓу партнерите. Знам случаи кои биле намерени преку стројници, а пак поради почит спрема родителите, партнерот и самите себе, се почитувале и живееле моногамен но хармоничен живот.
    Сега, се` се базира на водење според правила кои ги пишува (раскурвана) наводно кул младина, прераното и незрело донесување одлуки, незнаењето што личноста сака поради недостиг на свое јас што резултира со нешто трагично: потпаѓање под туѓо влијание.
    I don't wanna live on this planet anymore. :x
     
    На softqueen и julie77 им се допаѓа ова.
  7. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    150
    мислам дека никат не ни постоела моноамија. Сето тоа е само една голема фарса со исклучок на поединци се разбира. Не само малдите кој денес успева да биде само со еден партнер ? Веќе кога постои изневерување значи нема моногамија тоа не е монохамија
     
  8. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Лично се е до човекот и не треба да се генерализира .. Моите мислења за некој се старомодни а за некој модерни ..Се е до карактерот на човекот и до културата.. Кога ќе седнам со некој искусен на тема секс сакам да слушнам нешто што не го знам ама мразам безобразни коментари и непотребно нагласување по секоја цена да се биде со некој . Јас знам со кого сакам да бидам и кога .До негде верувам во мојот хороскопски знак бидејќи скорпиите сакаат долги врски но мразат монотонија ... Сакам да сум со еден човек , сакам брак но се во свое време .
     
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.710
    Допаѓања:
    322.528
    Неверството постоело од секогаш.
    Уште пред нашата ера Клеопатра на пример си имала еден куп ,,дечковци,,:)

    Јас сум од старомодните и сум ЗА моногамија.

    Не се ставам во улога на нечија конкубина, ниту пак сакам сопругот да се занимава со сексуални активности надвор од бракот.
    Посебно сега, во време на сексуално преносливи болести пак ИЧ не сакам туѓа телесна течност:)

    Уште пред да стапиме во подлабоко емотивно поврзување, пред партнерот се имам изјаснето под ова прашање, исто и од него имам барано да се изјасни, зашто за мене тоа е едно од пресудните работи дали би почнала врска или брак со некого.
    Секогаш кога сакам да бидам на чисто, сакам усно јасно и гласно да се каже кој од кого што очекува и нормално да се почитува тоа.
     
    На cresa-jagoda, Kitty23, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.778
    Пол:
    Машки
    Причината за одсуство на моногамијата како вредност и начин на живот е појавата на извртените вредности и присуството на исфорсираниот промискуитет што се пропагира на најразлични начини. ( СЕГА )
    Лично јас сум за моногамија, и во врска, посебно во брачна заедница!
     
    На cresa-jagoda, Kitty23, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.962
    Допаѓања:
    46.177
    Пол:
    Женски
    Јас сум ЗА моногамија.
     
    На cresa-jagoda, hermosa и referentka им се допаѓа ова.