Малиот пред 3 недели ми фати инфективна мононуклеоза, испи две дози на макропен жлездата на вратот ко да се намали малку и еве од завчера пак зголемена. Дома сме сите со лоши мисли, знам дека треба доста време да се повлече,инаку вака е добар без темература истеравме само носе затнато кое го влечкаме цела зима . Диетава го срози највеќе. Ми треба препорака од искусен инфектолог, не е битно дали е приватен само да е добар?
Здраво ма сите. Имам 22 год од кои 7 години имам Лимфни жлезди. 7 години се маткам по доктори и само крвни слики проверувам. На специјалист ми кажаја дека сум имала Мононуклеоза и дека небило ништо страшно... Но скоро 2-3 пати секој месец сум болна од нив. Жлезди по 3-4 ми излегуваат на вратот и главата ме боли, температури, мално итн. Ехо, Крвни слики сите можни ми де испитани се е во ред.. Од оваа мононуклеоза имам и во заразно лежено 10 дена со системи. Моите дома беа многу нервозни бидејќи докториве мој ништо не превземаа, велат не е ништо а 7 год ги имам. Затоа јас ќе одам на приватна клиника во ск да ми земат деклче од жлездиве и да ми кажат далу се лоши или добри бидејќи во последниве 2 год многу ме болат и скоро ослабев 20 кила.. Затоа одете на специјалист или кај приватник
Јас сум во процес на прележување на моно моментално. И процесов трае веќе трета недела. Не ни знаев дека постои ваква болест. Имено мононуклеозата е болест која може да биде предизвикана од два вида вируси epstein barr и cytomegalovirus. Јас сум позитивна на двата. Велат дека се пренесува преку контакт со заразена плунка, односно бакнување, но кај мене воопшто такво нешто немаше, така да може да се пренеси како секој друг вирус и со не толку близок контакт. Симптомите не се појавуваат веднаш по примањето на вирусот, односно тој подлежи на инкубација која може да трае до месец дена а дури потоа започнуваат симптомите. Кај некои може да помине сосема незабележано или како лесна настинка а кај мене беше и тоа како страшно. Првите денови имав болки во мускулите и зглобовите, температура и главоболка. Потоа болка во грлото и појава на бели наслаги на крајниците-што често се меша со стрептококна ангина, а не е, иако како компликација вирусот може да предизвика и таква. Со денови неможев да ја голтам ниту сопствената плунка од болки,така да неколку дена бев без никаква храна па изгубив и тежина. Синусите ми беа тотално блокирани така да преку нос воопшто неможев да дишам а и да спијам, крвната слика покажа и воспалување на црниот дроб што е каракетеристично за вирусот, па примав инфузии и капсули за негова заштита. Две недели траеше периодот кога симптомите беа болни, а третата веќе се повлекоја,крвната слика и воспалението беа доста подобрени, но се појави кожен осип преку целото, буквално целото тело, но бидејќи е вирусен нема со што да го третирате и да го сопрете, мора да чекате да помине сам од себе. Ми беше кажано дека откако ќе заврши тој период на 2-3 недели кога се присутни симптомите, вирусот се инактивира и веќе никогаш повеќе не се активира, но потребен е подолг период на мирување, без изложување на физичка работа бидеќи малаксаноста останува подолго време. Тоа е на кратко моето искуство со оваа болест, незнам од каде и од кој го добив вирусот, но ако ја имате среќата да го закачите и да бидете во тој мал процент кој ќе манифестира потешки симптоми, ќе ви треба многу трпение и сила, здрава храна, одмор и течности.
Od januar sum so ova,prvin crveno grlo,pa' krajnici poteceno,pa' imam maka kako na gadejne... Gledam i nadvoresno poteceno kaj vrativ sum... Usi i nos bolki, piev antibiotik i Samo malce sum podobro. Do koga trae ova cudo? Koga ke mine veke 2meseca sum vaka... I nemie prv pat,pred 4/5god so tt iMav i problemi so grlo.
Здраво, за колку време ти помина мононуклеозата? Многу сум испаничена затоа што веќе петта недела лимфните жлезди кај вратот ми се потечени многу ми е страв. Може некој подетално да каже за овој вирус??