Монотонија во врската

Дискусија во 'Врски' започната од Umbrella22, 24 септември 2015.

  1. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.891
    Пол:
    Женски
    Ја бребарав категоријта и онаа Љубовни проблеми и не најдов слична тема, ако не сум ја видела слободно преместете ми го мислењето таму :)

    Имам врска на далечина скоро две години.
    На почетокот постојано шетавме, излегувавме, гледавме филмови, се дружевме со други парови, без разлика дали тој е тука или јас таму.
    Во последно време многу е монотоно незнам веќе не излегуваме ко порано да прошетаме, постојано сме дома, тој секогаш е изморен од работа, едвај го убедувам да излезиме на едно кафе и кога ќе излезиме саат време и пак дома
    На одмор немаме отидено, на викенд па ич.
    Сакам да биде како порано, секогаш правевме нешто интересно, а сега ништо, кога сме заедно или се расправавме или имаме секс. Разговаравме и тој го забележал истото.
    Сте се соочиле ли со ваков птоблем? Каконсте се справиле.
     
    На Oscar Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.618
    Допаѓања:
    48.986
    Пол:
    Женски
    Драга моја @Umbrella22 потполно те разбирам.
    Прво, повеќе од година и половина сте заедно што значи сте поминале многу нешта но не значи дека нема што уште да се направи.
    Второ, тој работи и разбирливо е да е уморен и да сака да остане дома и да одмори.
    Сепак, ако на двајцата ви пречи таа рутина во врската, тогаш двајцата ќе се согласите на нешто ново. Мој предлог е да те однесе на некое место во градот или околината каде не си била, со оглед на тоа што сте од различни места, а и ти да го направиш истото, потоа можете заедно да појдете на места односно во некој град каде не сте биле претходно, ќе биде ново и интересно искуство, појдете во ресторан и вкусете некоја храна која не сте ја пробале претходно, можете да си набавите шатор и да појдете на планина, да играте билјард итн. Всушност, верувам дека и самата имаш идеи но можеби проблемот е што не се убедувате да ги остварите. Но ако двајцата навистина сакате да избегате од рутината и да доживеете нешто ново, тогаш проблемот ќе се реши.
     
    На crazylady, Elena69221, eloves и 4 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    10.899
    Допаѓања:
    280.552
    И јас те сфаќам а и секој кој е во долга врска или брак
    ПОстои едно клише - треба да работиш на врската /бракот за да не стане монотона,но понекогаш си велам - што тој не поработи (моменти кога ке ти ску*чи).
    Јас за мене си кажувам, си имам некои свои методи.

    Знам да се искарам, да најдам причина (од пред 10 години зошто ме погледнал наопаку(facepalm)(facepalm)) и да следи период на молк ;(, помирување :*и пак некој си ,,почеток,,.

    Или ако сме во моментот финансиски моќни, тогаш одиме некаде на страна да шетнеме.(hollest)

    Инаку секаде има моменти кога едноставно немаш веќе што да си кажеш.
    Знаеш кога ќе те погледне што ќе изусти.

    Не е тоа воопшто страшно, ниту пак причина за раскинување на врска.
    И нова врска да почнеш после извесен период пак ќе дојдеш на исто
     
    На MilaP, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, anel и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    44.574
    Пол:
    Машки
    Се согласувам со Референтка некогаш здосадува од се но потребна е флексибилност и малку трпение и секако ако сте креативни да си изнаоѓате нешто ново кое ќе ја разбие монотонијата. Работата далечината и умопрот некогаш прават да се створи монотонија и немање време за дружби со други парови пријатели, искачања, забави и слично. Иницирај малку ти некој викенд, дружење со некој позитивни луѓе и сл. П ако и тоа не бива Умбрелче одморете малку соземетесе видете од далечина дали ќе можете да продолжете. Народски кажано изжуркајтесе сами не мора да сте во се заедно може ќе ви се врати живоста во врската
     
    Последна измена: 25 септември 2015
    На anel, vitamina, Umbrella22 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    23.591
    Пол:
    Женски
    Ако е уморен за да шетате, напрајте нешто ново по дома. Некој си нов рецепт што не сте го пробале, или романтична вечера ако е возможно да останете дома, или некое ново чипкано парче долна облека...
    Се се периоди, ќе помине и ќе се чудиш како можело да ти биде досадно.
    Така мене ми се случувало. Ама претпоставувам нормално е кога со некој се познаваш подолго време. ;)
     
    На crazylady, eloves, anel и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.891
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со вас знам дека има мал милион начини за да се разбие монотонијата ама ние се гледаме еднаш месечно и тоа едвај на два три дена.
    Многупати сме се договарале да направиме нешто поразлично ама ете кога и да сме заедно секогаш истото се затвораме дома.
    Се случува преку телефон да се договориме ваму ќе одиме, тоа ќе правиме вака така и кога тој ќе дојде ќе ми рече: Еее мило преморен сум може ли да останиме дома или па мила да одморам барем еден саат и ќе одиме, и после тоа додека се расони, па пиеме кафе и ајде поминал денот дошло време за спиење |( Јас кога сум таму иста приказна и така се у круг.
    За да отидиме некаде на викенд и не е баш изводливо тој заради неговата работа а јас не сакам заради мојата финансиска состојба, мене ми е глупо он секогаш да плаќа секаде :tmi:
    Едноставно понекогаш ми здосадува, сакам промена, сакам нешто ново.
     
  7. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    1.751
    Допаѓања:
    8.888
    Те разбирамн многу добро. Од различни градови сме и ние , а одиме речиси 5 години и нормално сум имала такви периоди. За да се надминат треба да се внесе некоја динамика , а затоа треба да се заангажирате и двајцата. Не секогаш парите се пречката, затоа што некогаш ситниците знаат да ја зајакнат врската. Мој совет ти е да настојуваш повеќе да сте надвор и отворено да му кажуваш дека мора нешто да промените пред да ве проголта монотонијата. Јас разбирам дека е изморен и се, ама побогу еднаш месечно може да собере снага да ти удоволи. Само искрен разговор и заедничка заангажираност и се ќе се среди.
     
    На Umbrella22 и vitamina им се допаѓа ова.
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.673
    Допаѓања:
    192.383
    Пол:
    Женски
    @Umbrella22 монотонијата постои кај секого но клучот на проблемот е во вас единствено, умешноста на двајца како целина да го пребродете секогаш кога постои помеѓу вас.
    Разговорот и решавањето на проблемите би требало да ја решат секоја ситуација доколку постои взаемен комромис и разбирање. За една успешна врска секогаш се потребни двајца да така ако пробува само едниот да смени нешто а другиот е преоптеретен и изморен од секојдневните обврски и нема време и живци за да продлабочи низ проблемот тогаш навистина би можеле да се угушите во овој и не така сериозен проблем.

    Не за џабе ни постојат животни етапи со текот на годините па затоа поразговарајте дали можеби е потребна нова етапа од вашиот живот и дали навистина и двајцата сте спремни за да преминете во истата. Но не значи дека решението стои токму во овој проблем можеби едноставно треба да се потрудите и малку повеќе за вас двајцата доколку би сакале да изградите цврста и среќна врска.

    Ти си слободна, партнерот не е и сите ги разбираме и поминуваме обврските и работењето, но на страна од работата тој би требало и малку повеќе да се потруди околу вас двајца и да се обиде да ја разбие монотонијата со нешто.. ти како единка за решавање на оваа состојба нема да можеш, на нас живите суштества не ни е потребно само љубењето во кревет и слушањето на телефон, напротив врската треба да ви биде сведена и на одмори, патувања а пред се дружба и мешање во народ, искусување нови работи и возбуди кои би ја освежиле и надоградиле вашата врска.

    Ете тоа е клучот во вашата монотонија.. пробајте да го надминете и да разговарате отворено за се, без предрасуди и срам .. без страв туку соочување на вашата иднина и трудот околу вашите планови.

    Сепак би ти рекла да пробаш и ти да си создадеш твој живот.. животот не се врти само околу љубовта за да биде среќен и исполнет напротив треба да почнеш и ти самата да се трудиш за тебе и твојата иднина, да ги храниш твоите соништа и да се бориш да си го поправиш секојдневието. Не чекај сепак само од партнерот пробај и ти самата да ја разбиеш и твојата и вашата монотонија за една посреќена и поисполнета иднина.
     
    На Name, crazylady, Abrakadabra и 2 други им се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.073
    Пол:
    Женски
    Moe mislenje e deka koga kje se pojavi monotonija, tuka e vekje gotovo.
    Mozhebi ne sum vo pravo, no taka mislam.
     
  10. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Машки
    Како да не, готово било :D

    Во сите аспекти од животот се појавува монотонија, само што луѓето очекуваат од врските и браковите да не се такви, да бидат исклучок од правилото без разлика на текот на времето. Ретко кој прекинува работен однос или факс или терапија да речеме затоа што му е монотоно.
    А за да се надмине монотонија никој не може да помогне на еден пар, треба сами да си најдат начин, ако веќе сакаат врската да им потрае.
     
    На H.VAGA, YoungandBeautiful, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.073
    Пол:
    Женски
    Ne mozhesh da sporeduvash period na fakultetsko obrazovanie koe ednash znaesh deka kje go zavrshish so vrska ili brak koi ochekuvash da bidat trajni.
    Dokolku se pojavi monotonija na rabotnoto mesto i taa trae, toa e znak deka rabotata ne te ispolnuva. Valjda bi bil posrekjen so poinakov izbor.
     
  12. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.933
    Пол:
    Женски
    Ако е готово во моментот кога ќе настапи монотонија тогаш нити еден брак не би требало да опстане. Мене во 5 годишна врска и уште 15г.во брак знаете колку пати ме зафатила монотонија? Требаше одамна да бидам разведена.
    @Umbrella22 , се гледате ретко и многу малку време, можеби тој тоа време сака да го помине со тебе. Еве конкретно за мене, кога маж ми е често на пат и речиси не се прибира дома, за тие ден или два кога е тука не ми се шета никаде. Сакам со него да ги поминам. Да си направиме муабет. Дури и излегувањето, шетањето, викендите надвор не сакам да се со друштво. Сакам сами да ги поминеме или ретко некогаш со неколку одбрани луѓе. Можеби е навистина изморен, најдете работи што ќе ве задоволат двајцата и заеднички ќе уживате во нив. Разговарајте, некогаш и тој и покрај уморот може да направо отстапка и едно кафе да излезе да испие со тебе. И немој воопшто да ти е незгодно ако тој плаќа за тебе,штом него не му смета. Викенд надвор може многу свежина во врската да донесе.
     
    На crazylady, Sanjichka007, MilaP и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    1.751
    Допаѓања:
    8.888
    Е ако си во право ниедна долга врска, а ни брак немаше да опстанат. Кога нешто трае долго нормално е да постојат одредени фази и не може се да биде идеално.. Еве кај мене се појави монотонија и ако раскинев, многу ќе се зезнев.Токму после тој период ни се случија многу убави работи во врската. Најважно е да постои разбирање помеѓу двајцата, искрен разговор и цврста воља да се успее.
     
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.073
    Пол:
    Женски
    Ok, mozhebi opstanuvaat, ama koj garantira deka nemalo da im bide bolje ako ne opstanele. Kako i da e, jas ne bi mozhela da podnesam monotonija, no toa e moe lichno gledanje na rabotite, mozhebi ste vie vo pravo.

    A konkretno u sluchajov mi e chudno vo vrska na dalechina da se javi monotonija. Da bidesh so nekoj po celi denovi mi e jasno, ama nekoj shto poretko go gledash li da ti zdodee.
    Vo red, patuvanja, zamor... Tuka vekje nadvoreshni faktori se vmeshale na golemo.
     
  15. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.902
    Пол:
    Женски
    Ne ne greska si imav takov mal period i pomina,no treba malku vreme i trpenie se ke pomine :)
     
  16. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.691
    Допаѓања:
    74.533
    Пол:
    Женски
    Ако ти е монотоно во 2 годишна врска, тогаш замисли како им е на тие што се по 40 години во брак :lol: и плус земи ја во предвид и врската (од неколку месеци или години) пред да рипнат во тавче...лудило...
     
    На Night Rider му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.356
    Допаѓања:
    91.537
    @Umbrella22 Јас мислам дека тебе животот моментално ти е монотон, па сета надеж ти е во тие два-три дена месечно што се гледате и очекуваш некое размрдување, нешто што ќе е поразлично од секојдневието.
    Да се гледам јас со партнерот толку малку, тие денови затворена во соба со него би ги поминала, ама ако си имам активности разни, работа, дружење во останатите денови од месецот. Во ред е да сакаш со него да прошеташ и слично, до толку спанко не може да е да не може да излезе малку време надвор да поминете, или сте во мал град што и не нуди многу забава? Некогаш и финансиите се проблем, ако немаш пари како очекуваш да одите на викенди и одмори? Гледај реално на работите, а и потруди се ти околу ситуацијата колку можеш.
     
    На Doozy, ArmaniCode, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.891
    Пол:
    Женски
    @Bridget во право си мене животот ми стана монотон секој ден сум дома и баш како што викаш во тие два три дена со него јас гледам размрдување. Го разбирам јас него работи во друг град секојдневно патува, отепан е ама тоа не значи дека кога сме заедно треба да се затвориме дома.
    Неговиот град е 5 пати поголем од мојот, кај нас нема некоја забава две дискотеки се а ни тој ни јас не сме обожаватели на истите, нема ниту кино, незнам нема места на кои би оделе и правеле нешто по различно, ама затоа во неговиот град има многу месата кај што не сум била па би можел пример ако три дена сум таму еден да одвои и да ме однесе некаде.
    Ајде претходно и дома си правевме да ни е интересно игравме карти, гледавме филмови.. ама сеа ни тоа го нема.
    И се нервирам затоа што кога е дома секое слободно време го користи да отиде на кафе ваму таму, а кога сме заедно е преморен.
     
    На crazylady, Bridget и MilaP им се допаѓа ова.
  19. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    1.548
    И јас сум во долга врска, и има периоди кога или тој или јас сме уморни (или и двајцата), па не ни е до ништо.
    Тоа што го кажуваш дека е секогаш уморен, според мене е малце загрижувачко. За 2/3 дена во месецот да не се потруди да ти угоди, барем 1 ден од твојот престој таму, ми е малку себично. Разговарајте, направете договор, компромис(разумен :D) според вашите финансии,време, желви и потреби. На пример 1 ден одмарање,1 шетање. Или пак еден месец цел одмарање, наредниот шетање.
    Најбитно од се, зборувај и кажувај му што ти фали,
     
  20. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    28.608
    Пол:
    Женски
    Кога во минатата врска се јави монотонија тоа беше заради тоа што партнерот не сакаше да правиме нешто поинаку, нешто ново и почнавме само по дома да седиме. И ми здосади цело време да се трудам, да го терам да правиме нешто, ме пукна монотонијата, ништо интересно не се случуваше и ја прекинав врската. Полесно ми е сега. Сама си ги правам сите работи кои заедно не ги правевме.
    Зборувај со него пак и пак. Според мене ова не е некоја работа која може лесно да се занемари. Ако сега после две години ви е монотоно, после наеднаш сама ќе се среди работата? Не би рекла.
     
    На SnowWhite8, vitamina и sjdgo им се допаѓа ова.