Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Монотонија во врската

Дискусија во 'Врски' започната од Umbrella22, 24 септември 2015.

  1. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Погоре ти дале добри совети.
    И јас сум во врска долга 2 и пол години скоро.
    Стварно идат моменти буквално кога не се издржва повеќе и ти се оди негде ти се прави нешто ново интересно итн итн...
    Се ти имаат кажано да не се повторувам. Само ново плус што сакав да додадам е, кога не си со него значи во времето кога си сама НЕМОЈ да се запоставуваш! Односно цел месец дома да седиш затворена чекајќи ги тие неколку дена со него.
    Мораш да си имаш и сопствен живот и тоа многу ќе ти помогне со целокупното чувство на монотонија и досада. Излези си понекогаш со другарки, шетај ваму таму.. Со самото тоа што ти ќе бидеш попрошетана, поиздувана, попозитивна се ќе си падне на свое место. Ова е моето мислење.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    @Umbrella22 Од една страна монотонијата во подолга врска или брак е сосема нормална појава и не треба тоа да те загрижува од друга страна вие не сте 24/7 заедно па да сте презаситени еден од друг, затоа поработи малку на себе најди си некоја занимација или хоби кое ќе ти го исполнува времето кога не сте заедно, на пример запиши се на аеробик, фитнес, пилатес со тоа ќе си направиш услуга за себе и нема да ти биде досадно. Излегувај дружи се не ги чекај само тие два три дена со него, најди си работа па макар и волонтерска ќе го прошириш кругот на познанства, читај книги, гледај филмови. Мое мислење е дека нема монотонија во вашата врска туку во твојот живот. И јас имав таков период кога незнаев што да правам со себе мм тогаш дечко работеше, а јас само што завршив факултет. бевме 4 години во врска, а тој период веќе живеевме и заедно. Јас бев по цел ден дома сама го чекав да дојде од на работа ќе ручавме тој ќе одмореше и ретко кога имаше сила да ми удоволи излегување и тоа на сат. во тој период мислев дека доаѓа крајот на врската јас само мрчев и се карав со него дури не размислив и не увидов дека во мене е проблемот. Започнав да работам на скратено работно време волонтерски, да излегувам со другрки. со новите колешки, одев на разни предавања и обуки, се запишав и на аеробик. и само после една недела веќе немав време ни да помислам како ми е монотоно во врската, со душа чекав да си се приберам дома и да си се гушкам со сонцето мое, излежувањето и времето поминато со него дома ми стана луксуз иако и понатаму живеевме заедно се гледавме по 4-5 сати. Се извинувам за долгиот пост само сакав да ти кажам од лично искуство како мислам дека треба да постапиш :)
     
    На macovska, Doozy, MilaP и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Колку поисполнето ти е времето, толку поисполнето живееш, и толку помалку имаш време да се самосожалуваш и да се преиспитуваш. :)

    Мислам дека немањето на други ,,занимации,, моментално кај тебе, е вашиот проблем, а монотонија ја има секаде, не само во врски, ја има и кон одредени места, кон одредена работа, кон одредени пријатели дури. Не значи тоа дека одма треба ајде, готово, дигаме раци, па јас имам пријатели што се дружам по 10 и кусур години, со другар ќе се презаситиш, а не па со дечко. Знаеш мене колкава монотонија ме мава моментално? Ми иде косата да земам да си ја кубам влакно по влакно и на секои три влакна да правам плетенчиња, ама не го правам тоа, правам сто други работи за да ги растерам мислите од монотонија, де во теретана одам, де пешачам, па сликам од висини некои, де некаде се рашетавам, де филм, де музика, де ќе си пуштиш некој танц и ќе рипаш... а ако ти покажам каде сум, ќе видиш колку е мојот избор поограничен од твојот. Затоа мораш да најдеш нешто друго настрана, знам дека сакаш да готвиш, почни си бе некој мал бизнис, макар и да немаш којзнае колкав профит, ќе се осеќаш поисполнето.... кифлички за кетеринг на пример, испечати си листови со визитки, исечи ги, раздавај ги, на тоа само два дена ќе ти отидат што се вика. Лупам од ракав, ама ми ја сфаќаш замислата и што сакаш да ти кажам.

    Паметно моме си Амбрелче, не треба да се доведуваш во ситуација да немаш што да правиш освен да броиш денови додека го видиш дечко ти. Затоа што така, си чекаш, си чмаеш, и само се полниш со негативна енергија и фрустрација, во смисла, па ајде кога ќе дојде, па си правиш филмови, леле ова ќе правиме, леле тоа ќе правиме, а на крај ете, можда и така се погодува, да на крај ништо не правите.... еми ако де, и така иде во животот некогаш... јас често кога сум со тие што ги сметам најблиски ми опаѓа енергијата и само сакам да одмарам додека се околу мене.... па може и таа енергија што ти се собирала толку долго во тебе и сите нереализирани очекувања ,,зрачат,, на некој начин од тебе и дечко ти ја чувствува потсвесно, па го дотепува уште толку.

    Не памтам да сум прочитала пост каде што го немаш спомнато, и гледам дека често осцилираш, еден ден е супер, најдобар, ќе се зимате, готово, ура, хура... друг ден не сакаш да го видиш, те разочарал, немаш поддршка вака, така.... Е тука е кога му се смачува на човек, малце подзапри, размисли, стабилизирај се, види ти која си, што си, што очекуваш од самата себе, што од него, немој да ,,висиш,, во просторот, оти пак ќе ти кажам, паметна си... Знам, знам, форумот ти е место за празнење, ама ти дури мислам и на некој начин си преокупирана и премногу му даваш на значење на секоја негова постапка, мисла, реченица.... Остави го човекот нека диши малце, а почни и ти со малце пополна плуќа да живееш. Кога двајцата се задоволни од себе прво, со начинот на живот, со обврските, задоволствата итн и се остварени како личности, тогаш само може да се каже дека врската е успешна, се' друго за мене е мачење.

    Не ме сфаќај погрешно, ама верувај дека не знаеш животот што носи, не знаеш дали ти утре ќе му бидеш сопруга, мајка на неговите деца и слично... а и да му бидеш, зарем сакаш да се сеќаваш дека во твоите нај, наааајубави години ти само си седела и си броела денови... а броени денови, месеци и години, трчаат, морее, летаат дури, и немој да се најдеш за 10-15 години зачудена што ти станало и зошто.

    Направи си да ти е убаво и раат на душичката, и после се' само си се средува.:)
     
    На Sanniii, mila89, Oxymoron и 6 други им се допаѓа ова.
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Не сум сигурна дали си истата членка што се жалеше од идната свекрва па имаше проблеми околу плановите за бракот и сл.
    Ако сум те помешала со друга феминка, се извинувам.

    Јас според тоа што се сеќавам имав впечаток дека станува збор лица кои “дишат заедно„ , долго се познаваат и знаат условно кажано сѐ за друг па затоа знаат и дека можат заедно и против сите пречки.

    Ама сега кога читам на тикерот дека си во врска од 1 година и 8 месеци, а се гледаш еднаш во месецот на два или три дена, и да не сакам ми се појавуваат некои математики низ мислите.
    Годината има 12 месеци и плус 8- значи вкупно 20, по 2-3 дена гледање месечно (еве нека се 3) значи се имате видено 60 пати, т.е. во тој период заедно сте биле само 60 дена, никогаш подолго од 3 сами, а ти планираш брак со него или еве во темата се жалиш на монотонија?
    Која монотонија кога вие може да се каже дека не се ни знаете како што треба.

    Не е исто зборење на телефон или на скајп и гледање во живо, а за живеење заедно ни да не зборувам.
    Според мене друго би било кога таква врска на далечина да се појави после период на “нормална“ врска со гледање неколку пати неделно (пример партнер заминува на работа или студии во друг град или странство и сл.), а сосема поразлично е врската уште од старт да започнала на далечина.
    Па како би се здушиле кога сте поминале 60 дена заедно од 600 вкупни?

    Не знам, уште еднаш извини ако сум те помешала со друга феминка, ама овде мислам не е проблем монотонијата во врската, туку самата врска некако не ви штима.
    Зошто не пробате да се гледате почесто?
    Вака кога нешто толку го планираш дури и да се оствари како што си го замислувала има шанси да не ти го направи меракот од причина што си “прегорела“ посакувајки го, кулуминацијата настанала во твоите мисли, па кога навистина се реализира го доживуваш само како нем посматрач, едноставно го нема истиот интензитет и ефект како во твоите мисли.

    Ако неговиот град е 5 пати поголем од твојот, можеби има некаква шанса да најдеш работа таму?
     
    На Name, Daydream, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  5. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Јас не би се согласила со тебе @sesilija, посебно за ова блондираното. Една година и осум месеци не е мал период за гледање и јас не би рекла дека не се знаат како што треба.
    Гледањето во живо секако дека е најубаво но кога се такви околностите јас разбирам дека едноставно ќе се помириш со тоа што си. За една врска на далечина да успее како прво се потребни финансии без нив ништо не се може, бидејќи требаат средства за превоз, место каде што ќе се гледаат не може само по паркови да висат. И да не се задолжувам на тоа не е сега тоа проблемот.
    Еве и јас имам врска на далечина, ама не страшна 15км одалечен од мене и јас од него, но финансиите се за*бана работа ако ги немаш.
    За Umbrella22, како да се гледаат почесто, еве по пишувањето на фемина колку што можам да сфатам таа не работи тој да, и таа ако нема средства а на негов трошок ако е гледањето како нонстоп да инсистира почесто да се гледаат, колку и да се блиски и да си кажуваат се, и кај двајцата партнери постои осет и ако му е и нему тешко мораме да се воздржиме и пак ќе речам да се заситиме на тоа што го имаме.
    И тек како и е тешко, го гледа еднас во месецот, а останатите денови кога е без него мислите и се кај него. Колку и да си силен вечерта кога ќе си легниш самата помисла дека не е до тебе го растреперува срцето и созлите сами доаѓаат.
    Не сакам да ми замериш што те цитирав, само си кажав мое мислење.

    А @Umbrella22 јас не би ти препорачала да дигнеш раце од се, колку и да ти е тешко, само разговарај со него со разговор може се да се реши да видиш што и како е, дали и тој чуствува монотонија во врската или само сака да биде насамо со тебе тие три дена и да заборави на светот.

    Поздрав до тебе и од се срце сакам повторно во Што би му кажале... да пишуваш колку те усреќил и колку го сакаш. :)
     
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Не ти замерувам воопшто што ме цитираш, и јас си кажувам од искуство, верувам дека секој некогаш имал макар и краток период кога врската од некоја причина му се одвивала на далечина поради обврски на некој од партнерите или на двајцата и еве лично мене ми било мизерно(не знам кој друг збор да го употребам, баш е такво никакво чувство) да зборувам по телефон посебно после време поминато заедно некако ми го нема тој драж како гледањето во живо.
    Во живо можеш и да не правиш ништо, само да си еден до друг и да молчиш (блејање што би рекле Србите) и пак да ти е убаво и да си исполнет, на телефон ако молчиш не е така нели.
    А некогаш не ти се ни зборува безвеза, кога осеќаш дека не е тоа тоа, едноставно муабетот станал механички, по шаблон кога само се слушаш без да имате заеднички моменти.

    Не знам, мене ова ми е измачување, премногу долг период на врска, а премалку средби и поминато време заедно.
    И година и осум месеци на далечина каде што се виделе вкупно 60тина пати не е исто со година и осум месеци врска каде што толку пати ќе се видиш во три-четири месеци.

    Како и да е, се надевам дека ќе ја надминат монотонијата, ама морам да кажам дека тоа не значи дека треба решението да биде преку брак.
     
  7. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    @sesilija еднаш месечно е онака грубо кажано, некогаш се случува да се видиме и 5 пати месечно а некогаш и еднаш се зависи од финансиите како што кажа и @rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr ете јас сум невработена и глупо ми е да го терам да иде нон стоп, покрај работата тој си има и други обврски, јас кога имам пари одам на повеќе од 2-3 дена, тој доаѓа почесто затоа што ете вработен е и работата му е на 20мин од мојот град.
    Искрено не ни планираме да прекинуваме, сме издржале и поголеми проблеми од овој.
    Последните два месеца имаме некој сериозни проблеми и постојано сме налутени, тажни а со тоа и губиме воља за било што.
    Ќе бидиме во ред сигурна сум во тоа ама еве период е заглавивме малку и тоа е тоа, љубовта е сеуште тука и е се по јака секој ден :)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Сплотеноста е најважна од се во врската. Секоја врска посегнува по најразлични животни проблеми, ве тестира за вашата издржливост во истите.
    Ако успеете да пребродите било што и да се издигнете над тоа тогаш сте кон правиот пат, а врската се повеќе ви се зацврстува, она што не не убива секогаш не прави посилни и поповрзани ;)
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Амбрела, јас го коментирам тоа што го читам, сега кога се дообјасни се добива поинаква слика за врската.

    Како и да е, ви посакувам да си ги решите проблемите и мој совет општо за сите е дека сѐ што ве мачи треба да го кажете на партнерот, да разговатате со него, а не на форумот, бидејќи ако ја немате таа слобода да му се искажете нему, тогаш зошто сте во врска нели? Тоа е моето мислење.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AtomicBlonde

    AtomicBlonde Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали кај сите долги врски има период на монотоност и како да се справиме со тоа?Или сепак е нешто посериозно..Период на не знам дали да прекинам или да продолжам понатаму.Споделете искуства
     
    На Monniy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Може подетално да објасниш за каква монотоност станува збор? Поконкретно, што е она што ви здосадило...
    Поминувањето време еден со друг ви е здодевно, вртењето исти теми, вашата врска станала навика и не можете да го поднесете тоа што прераснала љубовта во обичен механизам како спиењето и останатите секојдневни рутини.
    Ако е така, тогаш сметам дека проблемот е до вас, а ако е до вас, и проблемот е решлив.
    Почнете да правите поразлични нешта од тоа што го правите вообичаено, најдете нови заеднички активности, зборувајте на сосема рандом теми...
    И оставете си меѓусебен простор, за да видите колку си значите и дали би ви било добро еден без друг.
    Можеби самиот проблем е настанат поради вашите чести средби, а не мора и да значи.
    И секогаш, ама баш секогаш бидете си искрени со партнерот. Е, сега знам дека можеби партнерот не врви низ истото што и ти го чувствуваш, но ако насетиш дека и нему му се причинува дека постои проблем и сака што побргу да се решите од него, зборувај.
    Ако е тип на личност што одма не ја бара грешката во себе и прави компромис, тимски ќе го решите тоа.
    Ако сето ова не успеете да го решите со разговор, пробај да откриеш дали вашата врска сте ја довеле во обична навика поради тоа што така се случува со долгите врски или едноставно љубовта полека избледува и сте оладиле потсвесно?
    Прво размисли пред следен чекор, а дека е нормално... да, нормално е да им здосади на двајца партнери кога поминуваат повеќе години заедно. Но, ако мене ме прашуваш, ќе им здосади од работите што ги прават цело време по дифолт и од активностите, а не од личноста.
    :)
    Прво види што чувствуваш, мој совет. :!: