Не бе па ти, си правиме муабет само. Затоа што реално гледано, нема дома секој од нас стек, риба, говедско, полумасно млеко, јогурт Баланс, а да не зборувам дека зимно време сето овошје кое е достапно е јаболката. Се друго - изгор скапо. Кога ќе прерачунаш дека неделно треба да јадеш барем 5кг овошје, 1-2кг месо и слично, сфаќаш зошто викам дека здравата храна е скапа. Кога го држам режимот на Цеце од Вита диет, моите дома имаа речиси дупли трошкови за храна. Нормално, не прекинав заради тоа, но зборот ми е дека можеби и не е многу за недела две, ама долгорочно гледано... си леткаат паричињата за храна.
Got the point Дузи - секоја недела одиме со моите да пазаруваме во Жито и излегуваме со повеќе ќесиња од кои најскапо е моето - со здрава храна (нискокалорични производи).... Ама тоа е.
Јас денес изедов цело тенџере грашок. Мислам без леб, само сркам. Во пмс сум, само ми се јаде. Мојон направи цело тенџере пред да оди на работа, јас уште викам е што направи толку, да фрламе само. Ахам да, уште да останеше нешто за фрлање И праски јадам и едвај чекам пмсто да си оди
Е де Виножитке, грашок. Да речеше хамбургер од седмица и шампита и боза од апче, ај ќе ти ги разберев грижите Јас од утре ќе удрам повеќе на зенечук. Многу витамини, малку калории, подобро - здравје. И повеќе јунешко и џигери за железо, зошто ова семево од коприви со мед, бадеми и цимет, и маџун во чаша мелако, па макар и обезмастено очигледно не е среќно решение. Штета, а баш уживам во нив. Уште да знам како да им одолеам на канелоните што ги правам за утре за ручек. Единствено да не си дојдам дома утре, не гледам друго решение
Среќна и задоволна со моите 60 кг заминувам на плажа. Дебела не сум, полничка да, ама убавка сум бе, сакам си се ваква . Се шалам . Идеално ќе беше да ги зачувам оние 58 и да ги намалам на 55 ама тоа е, килограмите ми вариират - или + 2 кг сум, зависи колку ќе јадам деновите. И така, не се замарам со диети и калории, намалив со исхраната и сум задоволна од резултатите. Добро е, можеше и подобро, ама тука се пиците и сладоледите , тие ми ја матат работата . Поздрав девојки, се гледаме на плажа, ослабнети малце де .
На Цацко мој не знам што му е, нејќе па нејќе да си замине, не знам што го фрка, а крај на сезона е... Како балон со хелиум е. Глупав. И да. Кога ќе седнам сите се зверат во него. И сеуште знам мудро да им се развикам: „Туф бре, на денешно време да не може човек труден да е, веднаш дебел го мислат.“ и ќе си поќутат. Животиште. И уште ова. И медицинската вага покажа 7 кг помалку, ништо повеќе ни помалку од пред 543723 дена, кога и сама ви пишав дека се толку. Ми помина грејс периодот за намалување на кг. Мора повеќе да се осврнам на вежби, отколку на диета, зашто иако се губат килограмите, обемот ми е незначително намален.
Јас среќна и весела си се вратив од одмор.Очекував да ослабам барем 2-3 кг таму,ама ништо...сладоледи,пици и да не набројувам уште што све не,и на гоооолемо чудо кога се качив на вага имав само 200гр +,кои до сега пет пати ги симнав,ама еве од вчера пак по старо,денес туна и салата,и така се до недела
Значи последниве неколку дена не знам што ми се дешава,мора да е ради пмс.По цела ден можам да јадам овошје,салати и слично али навечер душата ми бара нешто друго да каснам.Вчера изедов една кришка со мајонез и домати во 10 сатот навечер.Вечерва поточно сега јадев чипс и кисело млеко со смоки.Додека легнам не знам уште што не ќе втерам
Конечно сфатив зошто и покрај тоа што прилично внимавам, пак немам резултати. Поточно не сфатив, туку една другарка ми кажа. Па децата не ми се тука! Со нив трошам намногу енергија - нон стоп во двожење, особено скаливе дома - кога се децата тука по 10 пати во рок од еден час ги качувам, а сега по 2 пати дневно Не знам ни зошто се лажам дека морам да пијам маџун со млеко заради анемијата, кога млекото ја инхибира ресорпцијата на железото. А колку е вкусно! Исто така не знам зошто го игнорирам постоењето на орбитрекот во соседната соба.
Ариел, качувај се таму на орбитрекот. Мене баш ми е забавно, да го имав дома немаше да се симнам од него. Мене денес ми е овошен ден, значи само овошки ќе кркам. Евентуално ако ме фати гладот ќе направам и една супичка Инаку немам симнато ни еден килограм. Ама не се разочарувам, знам дека е рано. Дури по едно две три недели ќе има резултати
Ете си најдов друштво.И јас сум денес на овошје.До сега 3-4 праски изедов,а за вечер имам лубеница и диња...мора да се издржи
Да ви кажам право, ако фе фати глад читајте ја темава, верувам дека веќе нема да ви се јаде hrana-i-pijaloci/neposakuvani-dodatoci-vo-hranata-t2622/100.html
Ееех Реинбоу ја тоа од кога го напишав, и навистина делува. Барем и да сте малку гадливи, што верувам дека штом прочитате 3 поста ќе ви се згади, нема ни да помислите на јадење од што ќе ви се гади. Значи темата е лек за АНТИАПЕТИТ за сите кои сакаат да бидат абсолутли секси . :up: ап сите кои немаат апетит после читањето на темата .
Јас од денес ја држам детата што ја напиша Ирена и одам на зумба 2-3 пати неделно па се надевам на некој резултат. Иначе сега се мерев и од зимата сум 4 кила помлаце (а скоро цело време ништо не праев, т.е. ќе почнев диета па ќе се откажев и се така), а сега треба да ослабам уште 10 кила па ќе си кажам ко ќе имам некој резултет, се надевам за брзо .. а прва цел ми е да го издржам цел август на диета па ќе видиме.
Значи имам уште 1 месец точно..што биде сеа ќе биде!! Гледам да јадам помали оброци повеќе пати, со вежбање не забушавам вежбам power plate а наредна недела ќе почнам и со p90x само да си докупам што ми фали од реквизити. Сакам две линии на стомак! Епа мајка Јана!
алоооооооооо...овде се слабее ли ?????како иде ,од мене човек не бидува туку балон....ххахахахаах абе до вагата е или до мене незнам...денес се мерам 68 се мерам и утре 70 абе нема смисла гладна сум на векот ...си велам што ќе умре магарето од глад нека умре од зоб......дај пишете ми ја оваа на Ирена што ја фалите,,,,чисто онака да си пробам силите...работата ми е многу тешка и неможам со јаболки и портокали колку и да се трудам...НЕЈКАМ ДА СУМ НАЈДЕБЕЛА ОД СИТЕ :'(
^ Имате цел подфорум за диети, овде не е место за тоа. *************************************** Ух каква средба имав пред малку... Јас и сладоледот од мекдоналдс со прелив од карамела. Вешто го избегнав неколку пати, ама денес морав да изедам некое благо што ми е по мерак, па тоа беше или претходно споменатиот сладолед, или нутела со лажица, која за беља секогаш ја имам на залиха! Уживав во секој залак, или како ли се вика за сладолед, во секој лиз од него. Јас и сладоледот - едно! Повремени уживања не штетат. Само ќе изгледам така како што сакам само кога ќе ја победам борбата со сама себе, а во последно време битките ги губам цело време И не е изглдот тоа што ме мачи, туку немањето сила во мене да направам нешто што ќе ми користи. За мене вишокот килограми се одраз на слабост во карактерот. А не сакам да го имам тоа. Не сакам ни да признаам пред другите дека имам слабост. Едно знам. Со сила не бива. Моментот треба да дојде.
Мојот втор воден ден денеска,во овие две недели ма да на крајов не беше целосно воден бев на гости и не можев да одолеам од преубавото беровско сирење па мораше да пробам.И потоа каснав една банана и неколку фстаци.Иначе тоа е цел ден.Вежбав малце ама и се разочарав,значи обемот на стомакот го немав мерено скоро еден месец али тој си ми е истиот 92-93 см.А ослабена сум се мерев на вага и тоа мнгоу.Али со стомакот си имам проблем