(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Паника пред испит, гооолема паника пред испит, код ЦРВЕНОООО !!! :sweat: :sweat: :sweat:

    Се обидувам да се исконтролирам, да си продолжам со муслите, краставички за ручек... ама денеска стварно не ми се замара со диети. :sweat:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.284
    Испукај пуканки на ептен малку масло, стави им вегета и лук во прав (ако го јадеш) и јади од нив додека учиш.
    Така нема да ти текне на нешто друго.

    Или ако имате вишни, земи јади од нив, како што се кисели нема да ти текне да ставиш нешто друго во уста :D
    А има и еден сладолед оф Фриком 100 калории на 105 грама [​IMG] можеш него да го “лигавиш“ додека да ти се одјаде.

    Јас моментално си варам виршла и едно јајце за појадок. Ќе ги комбинирам со домат.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SmilerGirl

    SmilerGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој колку калории од прилика има едно ѓеврече?
     
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Истово прашај го и во оваатема dieti/broenje-kalorii-t1356/ можда таму ќе добиеш побрз одговор.
     
  5. Soccer

    Soccer Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Јас веќе сакам да ослабнам уште пред 2 години, но никако не успевам во тоа.Се обидувам секој ден да јадам се помалку, шетам во слободното време, но никако не ми помага барем така мислам.Пред 3 години имав се што сакам, можев да го играм мојот најомилен спорт фудбал, имав една девојка која многу ја сакав, и животот ми беше одличен.Добив она што го сакав, да одам во Лондон да тренирам за еден клуб, но јас одбив бидејќи сакав да останам во Македонија.Следеа две тешки години, ја изгубив целата контрола, секој ден седев пред компјутер, престанав да тренирам фудбал, и така јадев, јадев и јадев...Незнам како ми се промени животот, кога одам на училиште гледам како деца играат фудбал, можат да играат, а јас пак неможам.Ја изгубив саканата личност која ја сакав веќе од 1-то одделение.Животот ми стана многу тежок.Се обидувам секој ден да не мислам на тоа, но сепак тешко е премногу.Кога ке се видам на сликите кога имав само 10 години, и си реков дека се би дал за да го вратам времето, но сепак тоа е невозможно.Имам другари кои ми даваат мотивација, дека можам да ослабнам и да си го вратам она што најмногу го сакам (љубовта кон фудбалот).

    Но сепак тоа е тоа, пробувам секој ден, и се надевам дека еден ден пак ке можам да играм фудбал.Кога ке имам 52-55 килограми, а не 68. :(
     
  6. Rock.Girl

    Rock.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    48

    Сите имаме по некој лош период од животот во кој се запоставуваме себеси и за жал тогаш ги правиме најголемите грешки и во јадење и во невежбање ... многу е важно да имаш мотивација и да се трудиш да успееш. Таа тежина која што ја имаш сега си ја достигнал за две години, не можеш да ја симнеш за еден месец, но континуирано со правилна исхрана физичка активност и силна мотивација ќе успееш! Само храбро и без разочарувања. :)
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.817
    Пол:
    Женски
    Ау денес ама сум ја прекршила диетата. Наводно требаше само месо да јадам, мислев да јадам печено мевце, арно ама дојде маж ми, направивме таратур со по некое узо, па месото испадна со компиричиња...
    Гревови испонаправив, а таман реков ми поминала желбата за јадење. Ахм да, поздрав. :tmi:
    Утре под казна пак овошен ден ќе држам.
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Soccer, претпоставувам си паднал во депресија затоа што не си заминал во Лондон, и потсвесно тоа се рефлектирало преку храната. Многу јасно, ова зборувам од женски аспект, кога сме тажни, депресивни, напуштени од саканите, ретко која ќе рече - е сега има да отидам на кеј, да се изнатрчам, да се испукам од нервоза. Поголем процент ќе речат - е сега ќе си купам едно чоколадо и кантиче сладолед, и се' ќе збришам, да ми олесни.
    :|

    Што секако не е решението.
    Не знам колку кг имаш, ако овие се точните бројки што си ги навел, не е недостижно.
    Впрочем ништо не е.
    15-20 кг ќе ги симнеш, доколку сам вистински го сакаш тоа, имаш мотивација, а пред се' силна поддршка.
    Ти веќе наведе дека од другарите ја имаш, немој да се јадосуваш.
    Си бил физички активен порано, машко си, верувам дека ќе ти треба многу кус период да почнеш да се враќаш во форма. :)
    Започни со здрава исхрана, на почетокот не се охраничувај толку на количини, колку на правилно комбинирање.
    Подоцна и количината која ја внесуваш ќе почне да се намалува.
    А сега е милина за физички активности, на кеј врие, де точак, де ролери, трчање, па и пешки да тргнеш од мостот кај ФОН до Парк, имаш убави 7 км пешак. Ќе завршиш работа.
    Секогаш велам дека на машките им е троа полесно, еден баскет или партија фудбал ќе мавнете и отиде, почна да се лизгаат масните наслаги.
    Плус, не ја губите таа една недела во месецот, посветена на ПМС и бурата што следува потоа. ;)

    Малку оптимизам и верба, немој да се брзаш, не си се здебелил преку ноќ.
    За поддршка и совети, ние сме постојано тука.
    :)

    п.с. И верувај, нема потреба да си ја трескаш главата по девојката.
    Сега видов дека имаш само 14 години, уживај си, посвети се сега на проблемот што го имаш, таму насочи ја енергијата и концентрацијата, другото ќе си дојде се' само по себе. ;)
     
    На Lilliana и LivingGlam им се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    И јас денес прекршив а баш убаво ми тргна :(
    Ама морав да се почастам со едно сникерс, што положив а многу ми беше стресно дали ќе положам или не.
    Ама не се откажувам, еве ништо нема да јадам до вечер, ни салата. Само вода.
    А ручав тиквички со патлиџан и малку сиренце.
    За појадок стандард ѓеврече.
    Сабајле ставав во 10, јадев банана и вежбав 15 минути.
    Како за почеток е топ.
    Од утре уште пожестоко
    не повеќе од 200 калории.
    Јас знам едно дете што ослабе јадејќи само гевреци :D
     
  10. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    2.475
    ништо од мојата диета... :(
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.949
    Пол:
    Женски
    Де бе дечки не припаѓај толку, не си до толку дебелко, па имаш тек 14 години, ништо не е страшно, ајмо на ќеј да трчкаш, или ако не си дотолку ентузијаста намали троа од чипсовите навечер, знам дека супер идат уз Кантер ама мораш, ако сакаш да шутнеш пак топка летово, удри му се летово и на пливање ако можеш, ех што би јас да знам да пливам, немаше да се мачам со диети, броење калории и да давам пари за Хербалајф, иако да се разбереме ич не ги жалам. Можеш мали, итекако можеш, јас сум речиси 20 години со покачена килажа па успеав а не па ти, ќе успееш верувај во себе. Значи, наместо чипс и Кока Колче, црешки и водичка, наместо за вечера сендвич една салатка, па макар и шопска уз сиренце. Ајде, ајде, можеш ти, младо си имаш енергија и желба очигледно, само храбро!
     
  12. Soccer

    Soccer Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    AngelOfArh, чипсовите веќе сум ги оставил пред многу време, од се можам лесно да се откажам, али едно нешто неможам а тоа е Ice Tea, или поточно Леден Чај, мислам дека не штети но сепак незнам...

    Ако можете да ми кажете како да се хранам за летово, ви се молам :worried:
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.949
    Пол:
    Женски
    Ова е мојот начин, и ете го делува веќе некое време поточно два месеци и нешто плус се придржувам на него и јас успеав да симнам 10 килограми и речиси 20 см во обем, што е за мене вистинско достигнување. Не би да те убедувам да пиеш шејк, па затоа ќе ти кажам доколку сакаш да започнеш да се храниш здраво ова е рецептот, 5 пати на ден помали оброци, многу вода и секако нискокалорична храна. Не е воопшто тешко, на секој производ ти пишува калории, само прочитај, не мора баш сите производи да ги проверуваш, доволно е да исконтролираш барем половина од калориите кои ги внесуваш и ќе успееш. Наместо шејкот наутро појадувај поголема количина овошје, па дури и банани, нека биде тоа голема овошна салата и понатаму продолжи така што овошјето може да го повториш уште еднаш, но и не мораш. Доколку не можеш да издржиш 3 часа само со овошје почни со обично варено ѓеврече, евентуално јогуртче, или пак мусли. И како што ти кажав веќе, пали патиките и на движење, остави го тој компјутер барем на еден саат во денот за почеток, прави нешто кое ќе вклучи поголема физичка активност, ич да не е пешачи или она што го поминуваш со автобус или такси поминувај го со пешачење. Не етешко кога за само две недели ќе забележиш ефекти, мене толку ми требаше. Со среќа ;)
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Jас вчера ја утнав малце диетата, сабајле јадев 2 палачинки, ама па на нозе бев цело сабајле натаму наваму, ама од денес построго
    имам еден куп скара, месишта и риба, ама само риба ќе јадам јас :) со салата за ручек и вечера
    и ама ми е мило кога ќе го отворам фрижидерот освен саламиштана и кубасиците на брат ми, се друго е диета бре :D Oвошје на тон, зеленчук на тон, посно сиренце,јогурт,јајца баба ми манџи ми кувала, јас си кував манџи, просто да си кажеш грев е да не си на диета :D
     
    На Doozy, JuLleE и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    И така, заминувам јас за Америка околу 58, се јавувам со репорт на есен :)
    Инаку, еве сега гледам значи скоро цел месец од апсолвентската, кога имав 63. 5 и значи за 4 недели ослабната сум 5 кила, секоја недела -1, што е океј. Не знам дали беше од апчињата, или од тешкиот период што ме зафати, многу обврски,малку јадење, трчање по жештиниве натаму наваму, нервози ...
    Не се многу, ама ми се познаваат дека нискичка сум , и конечно се пикнав во фармерките на сестра ми со кои бев скарана :DИдеалната тежина според висината би ми била 55, ама целта ми е 50ка, па имам 4 месеци да скинам уште 8 килца :$
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Јас од денеска сум со вас во темава, завршив со обврски па ќе можам да пишувам. :) За пет дена правам три месеци откако сум на диета, инаку вака малце ме фаќаат кризи кога сум во ПМС и лошичко е. :(
    Во теретана е пекол од топло, врска си немам што ќе правам, а вториот проблем е во тоа што летово ќе треба рано да одам. Али ајде, ќе се навикнам. :D
    Од понеделник почнувам со нов режим на исхрана, пирамида со јаглени хидрати. Мислам дека се почнува со 50грама, па се оди до 250, па пак до 50 и на крај 0 со само протеинска исхрана и два пати кардио вежби од по 55 минути. :)
    Инаку веќе сите ми кажуваат дека ми се приметува што сум ослабена. :) И другарки, и другари.. и симпатијата. :$


    Мене ми се скроз забранети такви бели печива. Инструкторот ми вика да не јадам ѓеврек, зашто како ѓеврек ќе станам. :D
    Квасецот дуе многу, брашното не е добро за диета, зејтин, сол... :wasntme:

    Малце мотивација за крај. :D
    [​IMG]
     
    На kate21, ludoto19, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Од почетокот на посебниот режим на исхрана ( не го нарекувам диета, зошто не е диета) поминаа две недели.Искрено, морам да кажам дека не се придржував премногу зошто беше малце стресен период, а и плус, правев роденден, па дома ми се моташе торта и тоа е :lol: Како и да е, веројатно заради тоа што бев многу растрчана цело време и не јадев премногу(јадев нездрави работи), сум ослабела две кила.Сега имам 67 кг и остануваат уште 7 за симнување.
    Од вчера почнав и да вежбам.Во теретана не ми се оди, а и не сум зачленета зошто ќе треба да станувам рано, да се спремам и да одам, а не мислам дека имам некоја теретана блиску до дома.Вака, си вежбам во домашни услови и супер ми е.Бидејќи е почетен ден, вчера почнав само со пола саат вежбање-знам дека е малку, ама не сакам да предизвикам воспаление на мускулите, па после ич да не можам да вежбам.Правам мешани вежби-стомачни, женски склекови, статичен точак, танцување(обожавам да го правам ова, само ако ми се погоди песната, можам да се испотам онака како што треба, во рок од 5 мин :lol: )...
    Планирам да вежбам секој ден, првите две недели по пола саат дневно, а потоа ќе го зголемувам времето.Стандардно не вечерам, не јадам грицки или било што премногу мрсно, кока-кола и газирано нема, само уште тортава да ја снема од дома, и ќе биде супер 8)
    Поздрав Феминки и со среќа, најважно е да не губите надеж и да не се откажувате :*
     

    Прикачени фајлови:

  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    денес посна манџа со јогурт ќе јадам цел ден :) инаше татко ми мусака со компир и месо напревено, штипнав само некој залак од компирот, за заб да се закачи :)
    утре може овошен ден, зашто тато ми купи 5 кила праски бре :lol: и имаме еден куп црешки, па може утре и такво чудо да се деси :)

    до крштевката има точно 41 ден, па се надевам дека ќе бидам ослабена до тогаш :)

    после испитите ќе почнам и да пешачам почесто :)
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.284
    Леле јас вчера не да ја прекршив диетата :tmi:
    [​IMG]

    Вчера изедов пола сендвич (ама беше многу голем и полн со сосови, шунки, печурки и такви ствари и лепчето беше домашно печено, што значи покалорично), а после јадев и сладолед и до вечерта пак калорични работи, ептен имам грижа на совест, ама не можев да одолеам, ептен убаво изгледаше сендвичот за да не си порачам, исто и сладоледот :worried: .

    Ќе се мерам во четврток, па ќе видиме каква ќе биде состојбата после овие гревови.

    Вие како се држите, како одолевате на искушенијата?
    Кога не си во друштво е лесно, ама вака, или на гости кога ќе ти донесат сладолед, како ќе го одбиеш- па ќе се стопи, а нема смисла, не? :angel: :D
     
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Па ќе си каснеш бе Сеси, не јадеш секој ден. :D Јас некна кај една другарка, седиме вака така, бап ми извади сладолед, со шлагови, со преливи... Ем не сум љубител на сладоледи, а ем си го изедов. Ако ми донесат сок, мада повеќето ме прашуваат и знаат дека не пијам веќе долго време ради стомакот, ќе се поднапијам малку, оноа sip што би се рекло на англиски и ќе го лигавам до половина додека не си отидам.

    Не сакам да досаѓам по гости, јас вака јадам, јас така не јадам... Еве може баш тоа немаат и ќе се усрамат. :) Пред некое време бев кај едни роднини, и сега спремале, купиле за мене, и морав барем едно ситно, мало да каснам. Од кај да знам дали имаат патлиџани или зелка дома, што е ставено, не е ништо страшно малку да си земеш. :)

    Јас вчера по вруќините, испив преку 4 литра вода, само пред спиење испив едно цело шише. Бидејќи полагав, си купив едно пециво од Веро со кашкавалче внатре, си го лапнав, со јогуртче, и ич не ми е гајле. :D Цел ден на нога бев, не е возможно на плус 40 со јаболкца да седам. После дома имаше лесен ручек, ама вечерта пак грешев од оправдани причини. :tmi:

    Денеска си појадов банана, јаболко, грст цреши, праска и една кајсија и искрено повеќе ме најадоа отколку муслите. :^) Ручав 4 ќебапчиња со таратур, кромитче, надробена зелка и патлиџан. До мене ме гледаше фурнаџиско лепче, моето омилено, ама најн, ако си земев, тоа како оди со скариче.... вака поарно. :D