^ И мене денес овошен и забите мора да ги стиснеме од две страни, Од една за да не јадеме грешна храна, од друга за да бидеме цврсти да го издржиме денов. Ај господ нека ни е напомош на сите диеталки. Џинџер ќе ја добиеме титулата и после гордо ќе се фалиме со неа. Само храбро.
Од денес се хранам здраво со диетата на ирена и ги вежбам овие вежби многу се испотив преска ги вежбав држете ми среќа да ослабнам http://youtube.com/watch?v=RmHVGgrunyU
Да се пофалам, имам ослабено 7 кила, се радувам ко 70 да се. Прееска се мерам на вага, и си викам ова 69 ако покаже добро е, ама кога видов 66 ваква останав. Сега во план ми се уште едно 3-4 килца, мада што за висината идеална тежина ми е оваа , и да се стегнам, мускули да ми се гледаат. Ете така, ви посакувам и на вас да ви се врати, па со Господ напред.
Прв ден од неделната диета За појадок имв топла вода со една лажица мед и грејпфрут (го заменив со пола јаболко бидејќи по пиљарите се исушиле овие ) За ручек сендвич со црн леб и шунка За вечера имам пилешки стек (печен) со неограничено количество салата (домати и краставици) без сол и масло... Веројатно ќе издржам една недела Во комбинација ми е со Зумба
^ Па не држам некоја диета посебна ограничена, си имам јас режим значи не јадам леб/грицки/газирано/пици, хамбургери такви ствари мрсни и благо гледам да избегавам ама од време на време си прикснувам ама малце .Од другово се јадам месо, манџи, многу овошје и зеленчук, јајца, млечни производи, и последниве 3 дена зелен чај почнав да пијам, и пржени ствари избегавам. Вежбање стомачни правам (скоро) секој ден, вака нешто кардио ова, она 3-4 пати во неделата. Иначе вака сум 1 месец и 1 ден.
Ааааааааааааааааа ми се викаааааааааааТ, ми се чинит никој појќе од мене не сакат да ослабит. Темава ја напнаааав, а ич ја нејќу оти многу ме напинат и ми се брзат, а на кг не им се брзат ко мене и така, имат некој што сакат да ослабит појќе од мене? [/quote] И јас сум тука негде со желбата ,ама мислам дека дефинитивно ти го водиш рекордот моментално
СДК, од денес ви се придружувам на сите кои сакате да ослабнете, сметајте ме ин. Сакам да ве прашам за совет, како почнавте со кој режим? Не сакам уште на почетокот да се форсирам, а и не ми треба многу за ослабнување. Имајте убав ден и издржете, на крајот резултатите се најубавото нешто. И секако, имате поддршка и од мене!
Среќни новости. Сум смкнала уште кило и пол или две, на две различни ваги, различно ми покажува. Пресупер со оглед на менструација, со оглед на тоа што се мерев после ручек и така. Иначе реков дека нема мерење, ама ај ми викаа сите види види види ослабена си, и ај, се измерив. Како и да е, задоволително, значи до сега 4 и пол или 5 кг сум ослабена. Планирам до крајот на јули уште 3кг, па одам на одмор. А, и трчав/одев брзо 2км. Отидов до еден манастир и назад, додуша, гледав да трчам повеќе, ама некогаш душа немав, па си поодував троа. И еден ветер што дуваше, ме оддува човече. За прилично брзо време ги поминав, едно 20 минути можда, со пауза таму кај манастирот. Дома кога стасав, ме гледаат, дека темна сум на фаца и многу ретко се зацрвенувам, обично лилјакова станувам, како модар патлиџан бев. Овошен ден денес, одам една салатка од краставички да се почастам. Омилено јадење ми е ова во последно време, нелупена краставица. Можам со денови да јадам.
женски кажувајте некоја ефикасна диета ми треба за тре недели да ослабам 8 кила плус вежбање по еден час трчајне и други вежби од утре морам да почнам зш сум на свадба на 4-ти морам да бидам топп ја меркам оваја седумдневнава ама кажете некоја која вас ви помогнала
ima posebna tema za supata od zelka..prasav tamu koj ima iskustvo..nikoj ne vrakja..najdi ja temata i procitaj.eve dieti/dieta-so-supa-od-zelka-t2471/
Диетата со супа од зелка е седумдневна нискокалорична диета. Оваа диета е многу популарна, затоа што со неа килограмите се губат многу брзо (околу 5kg за 7 дена). Зелката помага за намалување на масните наслаги. Како дејствува диетата? Некои луѓе тврдат дека зелката има својство да согорува калории. За да ја почувствувате моќта на оваа диета, потребно е секој ден да јадете супа од зелка во комбинација со определена дополнителна храна. Супата содржи многу малку калории, а дополнителната храна е различна секој ден. Оваа диета е супер избор за оние кои што постојано се чувствуваат гладни, затоа што не е ограничено количеството храна што го внесувате, т.е. јадете колку што сакате супа и од дозволените храни. Од пијалоците можете да консумирате чај без шеќер, кафе и вода. Како да ја подготвите супата од зелка? Потребни состојки: 1 зелка; 2 пакетчиња супа (било која со малку тестенини, најдобро е кокошја или говедска) јас ставам две коцки супа 6 големи парчиња млад кромид или праз; 2 пиперки; доматен сок или неколку домати; целер (корен и листови) околу една китка магдонос; сол, црна пипер и кари по желба. Начин на подготовка: Исечкајте ги зеленчуците и ставете ги во тенџере. Полијте ги со вода. Додајте ги зачините и варете на силен оган 10 минути. Потоа варете ја супата на тивок оган додека не се сварат зеленчуците. Можете да користите и моркови. Седумдневен план 1 ден: Освен супата од зелка, можете да јадете колку што сакате и какво што сакате овошје, со исклучок на бананите. 2 ден: Во вашето мени освен супата вклучете и зеленчуци (со исклучок на гравот, пченката и грашокот). Компирите се ограничени. Можете да изедете еден печен компир со малку путер. 3 ден: Супата од зелка комбинирајте ја со зеленчуци (со исклучок на компирите) и овошје (со исклучок на бананите). 4 ден: Освен супата од зелка, дозволено ви е да јадете максимум 8 банани и да пиете колку што сакате обезмаслено млеко, или јогурт. 5 ден: Вашиот глад можете да го заситите освен со супа и со 300-500g говедско месо приготвено на скара и 6 свежи домати. На овој ден испијте 8 чаши вода. 6 ден: Јадете супа од зелка, говедско месо, пилешко месо без кожа и зеленчуци (освен компири). 7 ден: Можете да јадете освен супата и кафеав ориз, зеленчуци (без компири) и да пиете колку што сакате 100% природен овошен сок. Позитивни страни на диетата Додека го следите овој начин на исхрана не чувствувате глад, затоа што можете да јадете колку што сакате од дозволените храни. Со оваа диета се прочистува организмот, брзо се губат килограмите и не се потребни многу средства за да се применува. Откако ќе поминат 7 дена, продолжете да водите здрав и активен живот за да бидете во топ форма. Негативни страни на диетата Некои експерти тврдат дека со оваа диета се губи најмногу вода од телото, а не се согоруваат масти. Поради тоа килограмите лесно се враќаат. Иако можете да јадете колку што сакате од дозволените храни, тие многу брзо ви стануваат одвратни. Додека ја држите диетата се чувствувате изморени и без енергија. Оваа диета може да доведе до недостиг на некои витамини и минерали во телото, затоа внесувајте ги дополнително! Внимание: Диетата со супа од зелка треба да се применува само 7 дена. Ако сакате да продолжите со неа, треба да направите пауза од минимум 2 недели, за да може телото да се опорави. Диетата не се препорачува за адолесценти и деца. Ако имате проблем со здравјето, консултирајте се со лекар пред да започнете да се придржувате кон овој режим на исхрана. Оваа супа може да се јаде кога сте гладни, во било кое време во денот. Јадете ја кога сакате и колку сакате. Што повеќе ја јадете тоа повеќе килограми ќе ослабнете!
Пуканките многу ли се калорични? Едит:Јас од утре си се враќам на стар режим,денес малку одмор од пивофест,два пати јадев. Утрово кај 9:30 јадев лепче со паштета и за ручек т.е кај 16:00 каснав 2 крофни ама бев поканета кај другарка и се родил внук и морав да каснам.Иначе цел ден чистам низ дома,тоа ми се смета нешто како активност.Сега моиве направија пуканки па се мислам дали да каснам
Кога испаднав прееска ме фати криза за благо и си купив од тие на витали како житарици со чоколадо. прееееевкусни се,не се многу калорични и заситуваат.
Да се пожалам дека од овој ден веќе почнав да кризирам. Цел ден бев само на лубеница и кајсии и за ручек имав варен зеленчук ама не ми беше вкусно , не ми се јадеше па може да се каже и дека воопшто не ручав . Пред малку завршив со вежбите и приметувам мало намалување во стомакот , веројатно од тоа што веќе 2 дена сум прегладнета , штета што немам доволно време а би ја држела УН диетата . За утре планирам за доручек и вечера пак овошје а за ручек малку макарони со кечап , знам дека тестенините дебелеат ама ќе морам ако сакам да застанам на нозе . Се чувствувам изгладнето и малаксано .
Ако ти треба за брзо време да ослабнеш, држи ја Медицинската (или на Жан Митрев, исти се), 20 дена - 8 килограми диетата, или со јаворов сируп таа (оваа поекстремна е). Ама рачунај си дека после ќе имаат јо - јо ефект. _______ Јас да си кажам за мене за денеска : Јадев за доручек една виршла, четврт патлиџан и пола чаша јогурт, за ручек пола виршла, пипер & патлиџан пржено и кисело млеко (комбинација из снова ), и чајчето мое цакано. Вежбав некој си пола саат комбинирано - тае бо, зумба и вежби за половина , и 20 стомачни направив. Утре мислиме со другарка да идеме на пица , па мислам цел ден на вода да сум, евентуално јогурт. Толку од мене for today.