(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. icegirl

    icegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    29
    Ива морам да те разочарам ама на кој било базен да отидеш има машки така да спас од нив нема. Единствено за да го сокриеш стомакот ти препорачувам да носиш едноделни купаќи. Имаш дури и цело тело што го покриваат ама тие се малку по скапи (не им ја знам точно цената, тоа треба да побараш и да видиш во пордавнициве за спортска опрема)

    Е сега да преминеме на мене. Денес трчав по кеј 4.8км(3 милји)(таква е прграмата не е до мене) и правев склекови. После тоа јадев макарони( знам дека се многу калорични), е сега ќе јадам шопска салата за ручек а за вечера ќе видиме има време до вечер.
    Ама ме фати некое безврска чуство, сакам да одам да трчам и да вежбам ама се осеќам демотивирано. А претходните две недели вежбав со брат ми и полесно ми беше. Сега он не е тука и нема кој да ми поставува темпо, да оди пред мене и малку ми е безврска :( :worried:
     
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    ^А кој стомак може да го имаш со 54кг, жити се? :^) Или си висока 1.50 (што не верувам), или не знам... Ептен се замарате бе луѓе. Со 54кг да носи едноделен, а тие со двапати повеќе ај па да не ни одат на базен? Мислам... малку по релакс треба, според мене. Јас во трето одделение имав 50кг, Бог да чува. Не викам дека е здраво, него чисто споредбено. :^)

    Оди спортувај, стегни се, па и набиј некое кило, стави мускули, не се притресувај со 50кг до толку. :D

    И Вајлд џабе ќе јаде патлиџани и вода цела недела, не може да ги ослабе оти едноставно нема што да слабее. Колку повеќе имаш, толку побрзо губиш. ;)
     
    На Monna.Monna, Annath и Ammy.Lee им се допаѓа ова.
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ^ Знам, ама така е зборот. Доколку вика дека до толку стомак има, а ја мрзи за 3 кила - не иде. Тоа ми беше мислата.
     
    На Annath и Doozy им се допаѓа ова.
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Јас не се мерам едно 7-8 дена. Вчера и денес паузирам од вежбање, дека немам баш услови.
    Полна куќа гости, правиме помен, и некако даун сум, не ми се вежба баш..
    Дома можете да замислите од поменов, родниниве правеле благи секакви, фрижидерот крца, па на мајка ми тортата чоколадна со кокос, а јас у pms... :tmi:
    Одвај се воздржувам, локам вода и ќутам, недај боже рака да пуштам, маф ќе направам.
    Си дозволувам по коцкиче чоколадце деновиве, таков ми е периодот, без благо ќе си цркнам.
    Не се секирам многу, за пет недели ќе видиме што ќе биде.. |(
     
  5. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    и јас го мислам истото... коклу си висока за со 54 кг да имаш стомах? сигурно не си под 150 см... така да не се замарај, кулирај си и не слабеј, би била коски и кожа, а такви машките не сакаат, нели :) и треба да одиш на базент каде што има полно машки, за да го видат твоето затегнато тело, а не кај што нема :)
     
  6. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Денес како и секој ден за доручек каснав една крастајца
    Ручек-имаше компир печен и риба,но јас ја јадев само рибат со салата
    ЗА некое време одам да трчам,а вечер нема да јадам ништо :)
    Во последно некако мотивацијата ми падна,многу слави,крштевки,па стегај се стегај никако да се достегаш,ама сепак успевам некако да не подпаднам под влијание на злобното благо и нездравата храна :devil:.Ај се надевам дека ќе успеам да издржам уште повеќе и дека нема да паднам во искушение :D
     
  7. iva85

    iva85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    27
    54 кила а висока сум 162-163 така нешто..Вака ви се чини според ова дека сум соленка ам не сум луѓе,си имам бутче си имам стомаче машала сум пуштила у последно време :tmi: А и денес јадев ко луда пошо имам добиено :x Знам дека растам уште,и нозеве се пократки и подебели ми се гледаат..и знам дека уште мноооогу ќе се менувам пошо тек иам 14 години.
    Ама едноставно не сум си задоволна со моево тело,барем 3 кила да симнам ќе бидам пре среќна. :)
     
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Ако имаш бутЧЕ и стомаЧЕ, ноу офенс, ама може и не си за во темава.
    Ти ако имаш бутче и стомаче, тука има и такви шо се борат со стомаци и 20 кила вишок.
    Смени ги навиките на исхрана и потруди се да јадеш овошје и зеленчук наместо пици и хамбургери.
    Ако е за бутче и стомаче работата тогаш може да се реши и со вежбање и правилна исхрана.
    У осталом само 3 дена ако јадеш овошљаци и зеленчуци ќе ги снема твоите „недостатоци“ за недела-две..ако продолжиш да си гнетеш по твое пак ќе се појават и вечно ќе се бориш со нив.
    Смени ги навиките на исхрана и физичката активност стави ја на повисоко ниво.
    Се најдобро.Без лутки. :!:
     
  9. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Бидејќи си ја запустив диетата затоа што заминав на одмор, решив да си направам мотивирачки плакат а воедно и календар на него имам ишпартано за 90 дена Ун бидејќи ќе ја почнам од ново... го закачив плакатот одма до моето креветче, и кога ќе го погледнам се чуствувам мотивирано, а у осталом сакам да изгледам бомба за матурата, ама сакам да се средам до пред нова година, и на сите да им направам ин јоур фејс бејбе :D (како што имаа пишано некои феминки), јас успеав а ти можеш да ми се фатиш, извинете на изразов ама на сите кои ги вреѓаат луѓето како нас кои имаме вишок кг, им посакувам барем една недела во животот да бидат дебели и во наша кожа што би се рекло и да осетат како ние сме се чуствувале кога не вреѓале. Јас демек сум сакала да бидам ваква или дебела сум од шо сакам, незнам шо човек треба да си да му се смееш на некого во лице за некој негов недостаток, ама ако се се враќа се се плаќа ;) !!!
    Го можеме ние тоа фемики, ајде во напад против килограмите :D !!! :*
     
    На SkarletOHara и FlameFairy им се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    И официјално, 5кг изгубени од почетокот на режимите на Цеца! Еве да речеме дека ги почнав на крајот на јуни/почетокот на јули, за 20-25 дена, даун бејби даун! :D

    Тоа тикерот ми забегува, не можам да си го ставам, ама нема врска. Уште 7-8кг и ќе бидам рибица. А не дека и вака не сум, да се разбереме. :rofl:
     
    На Monna.Monna, LilBaby, LivingGlam и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.815
    Допаѓања:
    202.833
    Пол:
    Женски
    Marbella, погрешно е да слабееш само за да им покажеш на другите дека можеш да ослабеш - ослаби си за тебе лично, тоа е најдобрата мотивација, барем за мене. Оти, оние што се смеат на туѓа сметка (ги навредуваат дебелите, како што велиш) го прават тоа со сите луѓе - поточно - имаат проблем со сопствената самодоверба и своите фрустрации ги празнат на другите. Ги жалам тие луѓе, искрено.

    Назад на тема - јас малку попуштив деновиве... не со вежбите, нив си ги терам, ама со јадењето :tmi: како и да е, барем не вечерам, до тоа си стојам. Осеќам мускулчиња под салцето и чекам да почнат да го топат... ама за тоа ќе треба изгледа уште некое време да помине. Како и да е, не се разочарувам, ќе си продолжам. Само тешко ми е некои вежби да ги правам, оти грбот ме боли. Ноќеска малиот само в раце ми беше, не спиеше ко што треба и денес грбот ме убива... џабе и коњска маст и сè, веќе не знам... мислев дека барем малку ќе ми се потсмират болките од вежбањето, ама кога има вакви ноќи, полошо е :(

    И еден совет - појадокот никогаш, ама баш никогаш не го прескокнувајте, и нека тој ви биде најобилен оброк во денот. Кај повеќето гледам дека ручекот им е најобилен оброк, а тоа е грешка. Најдобро е најмногу калории да внесете наутро, оти ги трошите во текот на денот. И овошјето да биде до кај 12:00, подоцна не, поради шеќерот (колку и да е природен, шеќер си е шеќер - убаво си кажа Вајлд).
     
    На Wild.Child и ljubam им се допаѓа ова.
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Од вчера ова го применувам со овошјето, после 13 сатот никакво овошје колку и да ми се јаде, поарно ќе изгрицкам една свежа краставица, него со шеќери да се хранам.
    Значи колку клучни грешки сум правела и после зошто не слабеам.
    А, првиот пат кога ослабев пред 3год. не правев вакви ситни грешки зошто тогаш не јадев многу овошје, ама како годинава што изедов овошје ми се чини цел живот немам олку јадено. Јаболката ги прејадов, треба да помине период па да почнам да ги јадам пак. :puke:
    Шеќерот мислам е најклучниот фактор кај моево слабеење. :!: Сум го внесувала и преку овошје несвесно повеќе од колку што треба, убаво дедо ми рече: немој да се залажуваш и овошјето дебелее ако е прекумерено. Е во право си е, и зеленчукот дебелее ако е преку мера, е сеа друго е ја што има чувство дека и водата ме дебелее, ама сигурно водата не дебелее.
    Е да прашам: можно е водата да ми се задржува во телово, ја пијам да речеме 2 литри на ден, а само два пати мочам, можно е да ми се задржува во организмов?
     
  13. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8
    жени здравоо :)) може некој да ми каже од која диета сте најјзадоволни? :) и со која се губат повеќе килограми ? :)
     
  14. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно, испробана и најефикасна диета од која се губат повеќе килограми(посебно ако ги имаш повќе за губење) ти е УХ диетата, или УН = најефикасна диета
     
  15. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8
    аха.. ама мене ми треба нешто по брзо.. и некако неможам ун да ја држам незнам зашто мислам дека по споро се симнуваат а и долга е... па неам нешто мн да симнувам.. ок сум онака ама сакам да симнам 10 кг,ама немора одма иам стомаче и сакам него да го симнам незнам како од понеделникот сум на диета ја најдов по форумов т.е. една девојка ми ја прати во лп. и ок ми е само што имав добиено и си јадев благоо.. неможам без благоо ичч... :/ а мн сакам да симнам барем 5 кг немора 10, може и мн се...
     
  16. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    ^Па и во УХ диета е дозволено благо во третиот јагленохидратен ден. Значи секој трет ден јадеш благо.
    Не е многу тешка за држење, за десет кг ти е идеална.
    Правилен начин на исхрана е, не е ригорозна диета затоа се држи подолго време и кг-те поспоро се губат. Ти си знаеш која диета ќе ја држиш, ти си одлучуваш за твоето тело и на каков начин ќе го доведеш во ред. Праша, ти понудив ефикасна диета, другите диети што ги има на форумов не ги препорачувам од причина што се краткотрајни и имаат јо-јо ефект, дупло враќање на кг-те, а тоа никој не го сака. ;)
     
  17. debela123

    debela123 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    девојки ве следам подолго време и се решив и ја да ви го пишам мојот проблем се надевам дека и вие нема да ме исмејувате зимово се здебелив цели 10 килограми не дека пред тоа не бев дебела али не бев до толку.....висока сум 162 а сега имам 78 кил.ми се смачи од тоа сите да ми кажуваат колку сум дебела ваква таква а и најверојатно и тие со не ми кажуваат ми се смејат позади грб....ја држев диетата со зелка супа и што 2 килограми сум ослабнала а уствари сум ја исфрлила водата почнав да возам точак собен по 1.30 минути да вежбам кардио вежби по 30 мин. да скокам на јаже и да идам по скали од точаков осекам мускулите дека ми се зацврстени а јас нејкам да ми остатанат толкави бутовите сакам да ги ослабнам смачено ми е веке од ова слабење се затворив во себе не искачам нејкам ништо да правам мислам дека ако искочам сите што ке се насмеат мене ми се смеат девојки кажете ми што да превземам дали да продолжам со точакот и која диета да ја држам веке ни самата незнам :(

    извинете што е малку подолго се надевам дека ке го прочитате и дека ке ми помогнете....а да и да напоменам дека немам никаква подршка од дома им се смачи и на нив од моете слабеење и дебелење :(

    позздрав
     
  18. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    ^ Почни да ја држиш Ун-диетата(веќе испробана од многумина тука, вклучувајќи ме и мене), резултати имаш екстра, нормално практикувај физичка активност - било каква, пиј вода.. Тоа би било тоа. И доколку веќе се одлучиш за некој посебен и пишан режим, а не сакаш јо-јо ефект, диетава ти е топ.

    Или пак имаш и втора варијанта. Храни се здраво, вежбај, пиј вода. Намали чоколади, слатки и слични такви ствари, намали маснотии и пржена храна, а почни да јадеш многу зеленчук и овошје/месо на скара/печено или варено месо/житарици некои/пиј јогурт/пиј супи/ јади брокула (добар антиоксидант е),спанаќ, цвекло, мајонезот замени го со сенф, чоколадите замени ги со лажичка/две мед дневно. Сокови освен од соковник или цедени, не пиј. Сол и шеќер намали, исто и зејтинот замени го со маслинов. Тоа би било тоа.
     
  19. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    Како што напиша Lux од оваа диета се губат најмногу килограми, па така да нема да ти биде лошо покрај вежбањето да почнеш со оваа диета и гарант ќе има резултати. Поздрав и среќно ;)
     
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Водата се исфрла и преку потење; како што знаеме напорно вежбаш. :rock:
    Инаку, едно проверено решение - намали ја солта во исхраната.
     
    На Annath и Lux им се допаѓа ова.