(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    70

    Пробај на Дорина за готвење...јас обично тоа го јадам и убаво е, ама последниов пат го земав црното на Горењка (као повеќе какао содржи) ама ич ич не ми е убаво...ете го, ми дреме дома не го јадам :rofl:
     
  2. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    Леле тоа на Горењка е отров, горчи :puke: , и јас зедов и кај мене така во фрижидер си стои, ќе купам некое друго ова не се јаде :D
     
    На babybelle му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.006
    Пол:
    Женски
    Ау, а јас па го обожавам тоа на Горењка, колку повеќе горчи, тоа поубаво ми е... а од благо, искрено, не сум скратила, сладолед јадам секој ден до десет насабајле, а после јок.
    После масажите вчера се осетив далеку полесна. Денес пак и одвај чекам... малку е болна таа антицелулитната масажа, ама јбг, кога се насобрал целулит... ми се плаче бе... што убави ми беа бутчињата, немав целулитче и во бременоста ооооооопппп... ете ти го ;( хормони |(
    а за мојов стомак чаре е само електростимулацијата, вчера видов и осетив :lol: почнува да се собира, спојлерите се намалуваат. Ама тоа е и од движењето и намалената исхрана.

    Ариел, имаш од мене 100% поддршка за да им објавиш војна на кафаните. Јас досега успешно ги одбивам понудите од друштвото тука, и упорна сум за кафе, а не за кафани. Ама ако некој ме викне за италијанска храна... е тогаш :tmi: среќа, па досега никому не му текнало :whew:

    Ајде друштво, само напред, можеме ние тоа!!!
     
    На Doozy, teddybear, babybelle и 3 други им се допаѓа ова.
  4. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Јас лично сметам дека едниствениот спас на Ариел зависничката од кафани, е мажот и!
    Треба некоја забрана да летне мислам бар додека трае режимот, да настане некоја љубоморна сцена и да се забране кафана, ваљда него ќе го послуша, пошо тука само клоци ќе добива и џабе! :D
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Барав, барав, барав слики, и фајнли најдов некои из дебелих дана. :tmi: Не дека па сега слабичка сум :D , ама пак има разлика некоја, барем јас така мислам. :wasntme:

    Втората е пред едно 2 години, а првата сега, за Нова година.Па да ме видите па отпозади во газовите каква сум, леле, леле :x , имам слики кај братучедка ми во компјутер, ќе ги видите некогаш. :D Овој период дефинитивно најдебелиот ми бил.

    Овдека занемарете го фактот дека на втората сум ко без цицки |( , првата е пред некој сликана, а втората пред околу 2 недели.
     

    Прикачени фајлови:

    На Buttterfly, kate21, Doozy и 12 други им се допаѓа ова.
  6. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Мона :o мој совет е веднаш да ја прекинеш диетата,сега си таман според мене и бравос за упорносѕа и резултатите :clap:
    Јас деновиве малце зафрлив од диетава и физичката активност :tmi: Но :!: затоа во неделата пливав доста,а вчера трчав со претходно и од после 50 минутно одење.Денеска пак за доручек не јадев ништо,а за ручек полнети пиперки и едно тикве полнето.Подоцна пак ќе одам негде 80 минути и тоа би било тоа за денес.Одиме со нови сили кон нов поход :rofl:
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.392
    Допаѓања:
    142.913
    Мене веќе срам ми е да пишувам...
    Кај речиси ја монополизирав темава, напнав тука ко да е крај на свет, и се тоа џабе кога сум непоправлив случај.

    Овој мојов ќе јаде ќотек. Кај после работа откажав сусрет со другарка за да не јадам, па уште вечерва договорил со лепо друштво да сме оделе на пијачка... Па и кафиќиве веќе не се ко што беа. А бе порано си идеш во кафиќ, и си пиеш пијачка... а не јадеш пилешки прсти со домашен чипс!
    Да бе да, све ми е криво...

    Што да кажам веќе, вторник веќе помина, а до недела имам за издржување празник, роденден на блиска другарка и мекици. Софра до софра. Стварно ич не пишувам тука, лицемерно е.
     
  8. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    Однапред се извинувам за долгиот пост што следи ама морам некаде да си испразнам што ми лежи на душичката! Се надевам дека некој ќе одвои време да го прочита, ама ако планира да ме теши дека изгледам супер и дека само се занесувам нека се воздржи од коментирање, го молам. И не целам кон анорексија и да изгледам како манекенка, само кон добро чувство кон самата себе и повеќе дефиниција на мускулите.

    Ќе бидам доволно храбра и ќе ставам и слика за да не биде зборењето во празно. (најдоле е)
    Висока сум 170 цм и имам 59-60 кг, форма на тело имам круша (широки колкови, тесни рамена и средни гради) фармерки тренерки носам М понекогаш L, маици и блузи М и S. Имам (малце или многу) мевце на бутовите и на мешето нели тоа е добро да има што да се "фати" ,не ми пречи тоа. Се е супер вака на прв поглед, АМА... :!: Пред некој ден шетајки по кеј наидов на штанд на едно wellness студио за бесплатно мерење на процент на масно ткиво во организмот и да не останам покусо отидов да ме измерат. Подобро да не отидев! Имам 30% масно ткиво, а нормално за девојки на моја возраст со моја висина е од 18 до 24% (или 26% не ме факајте за збор)! Жената и дечкото што ме мереа се изненадиа, ми рекоа интересен случај сум била, очекувале помал процент.
    Не ми беше баш сеедно да бидам искрена! А и конечно докажав (макар што не сум ич среќна што е така) дека не сум ненормална што се чувствувам дебело, а не изгледам така. И моите и дечко ми и другарки сите ми викаат дека претерувам дека сум таман, супер, згодна итн.

    Колку за споредба еве една слика од интернет како НАЈЧЕСТО изгледаат телата со кој процент на маснотии.
    [​IMG]
    Одличен доказ дека СЕКОЈ ОРГАНИЗАМ Е РАЗЛИЧЕН! Ама искрено јас така се чувствувам како девојките од сликава.

    Најтрагичното е што јас цел живот јадам здраво! 4-5 помали оброци дневно, јадам апсолутно се не сум пребирливо дете. Кога ќе станам од спиење обавезно прво овошје потоа во речиси секој оброк имам зеленчук салата, готвени домашни јадења. Месо и риба јадам исто така, потоа житарици, јадкасти плодови. Од благо не се лишувам знам еднаш -два пати неделно да си каснам сладолед или црна чоколада или сушено овошје, парче торта.
    Од течности пијам исклучиво вода по 2л и цедевита, никакви тетрапак сокови или газирани со вештачки шеќери. Дури и алкохолот е во минимални количини, едвај 2-3 чаши во месецот ако сум располжена, понекогаш ич.
    И да, активна сум! Пешки одам речиси секаде кај што има најмногу еден саат за одење, ги избегнувам автобусите, возам ролери или трчам, одев на пилатес, аеробик, вежбав различни вежби дома, последниов месец ја вежбам brazil butt lift програмата http://forum.femina.mk/fitnes/brazil-butt-lift-t7890/
    И спијам доволно, по 7-8 саати и тоа до 1 после полноќ најкасно сум заспана!

    ШТО УШТЕ ТРЕБА ДА НАПРАВАМ!? :swear: Се осеќам како изрод! Каков ли метаболизам имам јас? Стварно ситуацијава е демотивирачка! :worried: :| Никогаш не сум држела диети, во псоледниве 4-5 години сум во границите на таа килажа од 58 до 61кг, наслаба бев некаде во прва средно со 55 кила ама јасно е дека и конструкцијата на телото ми се сменила од тогаш.
    Целулит имам еден тон, мислам дека сите тие вишок проценти се во него! А нели тој се отстранува со здрава храна, вода и вежбање! Како па да не?! Зашто не го снема до сега или барем да се преполовеше?! Плус се масирам или со раце или со релакс масажерот ама никакви резултати. Стварно се осеќам како да тапкам во место! :worried:

    Да не заборавам да кажам дека отидов на дополнително, исто бесплатно, мерење во истото студио на подетален апарат. Резултатите се дека имам 5 кила сало, а мускули како етиопиец само едно кило повеќе од минималната препорачлива килажа.
    Нивна препорака е да пијам herbalife шејк за доручек и вечера, ама скапо е тоа чудо 2600 е една кутија, а трае 22-22 дена со конзумирање два пати на ден. Таа опција одма ја одфрлив.
    Се замислив да купам ваучер за пакет од 5 bodywrapping + 5 фанго + 5 кавитации + 3 антицелулитни масажи, ама ни за тоа не сум некако сигурна (особено не после долгиот пост на лилит во темата целулит за услугите во салоните) можеби ќе пробам, па не верувам дека сум приморана да ги завршам сите третмани ако не сум задоволна од услугата или слично. Ако има некој искуство за слабеење на овој начин би го замолила да ми пише.

    Знам дека изгледот не е пресуден во животот ама битно е да се сака своето тело и да се чувствуваш убаво во него, еве мојава ситуација е и потенцијален здраствен проблем. Имате предлог што да направам?! Се надевам нема да се опседнам со ова... :/
     

    Прикачени фајлови:

    • SDC19921.JPG
      SDC19921.JPG
      Големина на фајлот:
      137,5 KB
      Прегледи:
      253
    На ice.woman му/ѝ се допаѓа ова.
  9. little.piggy

    little.piggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    8
    Леле како јас да сум на сликата , нема да ми веруваш дека потполно исто изгледам :)

    Јас имам 18 години , и лани се мерев и јас на таа вага во Herbalife веројатно на иста мислиме , само што јас не ги паметам тие броеви , но според тие што мерат рекоа дека сите тие вредности ми се нормални за моја возраст , ме прашаа дали вежбам , реков дека моментално немам речиси никаква физичка активност .

    И искрено кажано ти завидувам на се што наброја , на вежбањето и на исхраната , зашто јас не се хранам ни половина здраво како тебе .

    Топло ти препорачувам да не се замараш со таа вага и да си продолжиш со таков начин на живот , и не си фрлај пари за Herbalife производи , не знам колку години имаш ама мислам дека не ти се потребни бидејќи си млада. :D
     
    На spanko му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.887
    Не ми се верува значи што се не се прави за пари. Штандот ми стоеше пред врата цел месец па не отидов да ме мерат кога знам која им е целта да те убедат на секој начин да го земеш нивниот производ.

    Бидејќи рече дека не сакаш да ти збруваат за тоа дека изгледаш суперрр, бидејќи навистина си а очигледно си свесна за тоа дека немаш проблем со изгледот, немаш ниту потенцијални здравствени проблеми поради нездрав живот, бидејќи не знам поздрав начин на живот од овој твојот...
    Твојот пролем е во твојата глава, потенцијален здравствен проблем можеш да си направиш само со непотребни нервози и замарање за глупости... Убаво си кажа и ти
    Знам дека изгледот не е пресуден во животот ама битно е да се сака своето тело и да се чувствуваш убаво во него, еве мојава ситуација е и потенцијален здраствен проблем. Имате предлог што да направам?! Се надевам нема да се опседнам со ова... :/

    Луѓето од штандот успешно си ја завршиле својата работа и уште ти фали да се решиш твоите супер навики да ги замениш со некои вештачки шејкови.

    Воопшто не ми се допаѓа твоето размислување мислев дека си 14-15 години а кога гледам 22 :^) Многу лесно паѓате на вакви глупости Извини ама морав да си кажам..
     
    На spanko му/ѝ се допаѓа ова.
  11. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    Спанко ти веќе изгледаш како манекенка!
    Не знам што да ти кажам имаш бомбастично тело. Стомакот ти е целосно рамен, немаш воопшто вишок на него. Па, да не збориме ни за бутовите.
    Немој да помислиш дека ти правам лице или нешто, значи го кажувам она што го мислам. Судејќи по сликата ти изгледаш одлично. Немаш потреба да губиш килограми.
    Ти девојко не изгледаш како девојка со 30% маснотии и немаш апсолутно никаква потреба да држиш диети. Не им верувај многу многу на тие штандови и чуда, што се нема да направат за пари, не ми се верува. Не продолжувај по овој пат, зошто може да те однесе кон анорексија.
     
    На spanko и anabel-a им се допаѓа ова.
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    57.120
    Пол:
    Женски
    Спанко, јас не би верувала многу-многу на тие од Хербалајв.

    Најчесто луѓето со толкав процент масно ткиво имаат и холестерол. Оди направи крвна слика, ќе покаже резултати за маснотии во крвта, холестерол, па ќе видиш колку е точно тоа нивно мерење. Ако навистина има толкав вишок што би предизвикал здравствен проблем, докторот ќе те упати што понатака.
     
    На spanko му/ѝ се допаѓа ова.
  13. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    ^
    Фала ви.
    Малце да појаснам, како мала имам правено операција на срце и стварно не му се потребни масти на мојот организам, а верувај ги имам (несакате да видите слика од позади ќе ви се слоши) особено во форма на целулит!
    Начинот на живот нема да го сменам дефинитивно, шејкот не ми е ни вкусен брашнест е многу! Ама тоа чувство и мислење за мене го имам сигурно цела година оваа бројкава (30%) нема ни 0.1% удел во тоа.
    И крвна слика редовно правам заедно со контролите на срце се е ОК, значи отидов јас на психијатар :D
     
  14. petre.petreski

    petre.petreski Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Прочитав во некоја од темите за диети за ДНК тестови за да ти одредат што точно може да "свари" вашиот организам а што не, т.е. што точно треба да јадете, дали смеете да вежбате и колку интензивно. Пошто се оспробав и не ми успеа да ослабам, се двоумам за оваа работа. Изгледа како задна шанса. ај ве молам за мислење.
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.620
    Допаѓања:
    109.001
    Пол:
    Женски
    На дечко ми баба му покојна велеше: Седела Дуда, мерела муда! Па така и твојава работа, драга, јас имам 25 % масти, и изгледам нешто слично ко онаа од 25, мака мачам да се симнам на посакуваните 20%. Во ред пијам шејк, не викам дека не, мада в последно време не го пијам од чисто економски причини, не за џабе се рекло драги мои, Дебелината е болест на сиромаштијата. Дечко ми често знае да спомне за некоја цурка види ја каква е, ама уште кога ќе ја видиш, облечена по најнова мода из Бурде, лице капка, наочара што кошта колку три мои плати и телефон уште толку, јасно е колку е саат. Убаво рече Лилитка, сите овие налицкани фацки дремат по салониве за убавина инаку би биле ко нас, со целулитче, со мешенце, со спољерче. Да, треба да се запотиме, да вежбаме, да јадеме здраво, но секој ден да си дозволиш по три парчиња овошје, по порција корнфлекс и јогурт или млеко, по некое житно барче, чисто за ужинка, па салата со маслиново масло, па мевце без леб, па јогурти со 0,1 масти...све си чини, ете јас два-три месеци бев на тој режим стрикно и да ослабев 10-15 кила, ама не е тоа тоа, малку се опуштив и си вратив 2-3 кила. Треба многу внимание, многу труд и секако здрава исхрана :!:
     
  16. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Спанко потполно те сфаќам како ти е!
    Колку и да ти кажуваат дека си таман ти имаш зацртано во главата едно и тоа тирај е тоа, тоа мерењето те докрајчило.
    Не правев велнес мерење иако имаше бесплатно во мојот град за тоа што кажуваш ти, ама до делам истото мислење со тебе. Јас изгледам како тебе, само замисли јас имам поголемо меше за неколку сантиметри од твоето и љубовни рачки.
    Психијатар не ти треба, само продолжи со здравиот начин на исхрана и сега за вежбањето повеќе и јас не сум сигурна. Вчера прочитав статија дека вежбањето дебелеело ама не можам да ја најдам и ме стави во мисла, Мислам нема шанси да дебелее, зацврстува сигурно, а за слабеење треба одредени вежби.
    Јас повеќе не држам диета од причиња што не ослабев ниту едно кило(а и правев прекршоци) и престанав и со вежби, некако немам волја за вежбање, а знам дека треба да вежбам.
    Иако повеќе не држам диета, внимавам на исхраната, јадам овошје и зеленчук.
    Правам по некоја ситна грешка, си јадам и сладолед секој ден, ама мислам дека ја прекинав диетава тоа ќе му дојде како шок на организмов и ќе ослабам белки некое кило.
    Дојдов во заблуда, ама нема врска.
    Мој совет ти е да продолжиш со здрав начин на живот повеќе време и да не се секираш ако за брзо нема резултати.Немаше ни кај мене 2 месеца.Ама решив да не се замарам многу па ќе видиме дали ќе има некој резултат.
    Ако сме истрајни и упорни трудот ќе се исплати, само без нервози, без запаѓањв во депресии и нервирање. Се ќе си дојде на свое место.
    Според сликата јас имам 25% масти, ама ќе дојдам пак до 20%.
    Само позитивни мисли, ако мислиш дека си убава и дека можеш да го постигнеш тоа, со малку напор ќе го постигнеш. ;)
    И не ја прекинав диетата зошто ме направија канта на форумов, ја прекинав зошто ја држев бесцелно и со прекршоци, ако ја држам пак здравје, од Ноември ќе ја држам, а дотогаш на мој начин ќе симнува килограми.
    :hai:
     
  17. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Ајде аплауз за мене. :clap: |(
    Отидов на чај, се вратив солидно настегана со четири чаши чисто црвено вино (и тоа пази, у среде лето |( ), и рака колачиња. :clap:

    Ми иде да се самонокаутирам.
    Да се самоизбодам.
    Вака се слабее. Вакааааааааааааааааааааааааааа. Само продолжи Џинџер, далеку ќе стигнеш со колачи и вино. Далеку, толку далеку што се ќе ти биде џабе. |(
     
  18. Boomgirl

    Boomgirl Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    25
    Имам само 14 години..До пред два месеци имав 72 кила...
    Одеднаш престанав да јадам..само еднаш дневно и тоа по многу малку...
    Сега имам само 51 кг.. Во последно време ми се стемнуваше пред очи..
    Можеби треба и да побарам помош од лекар ...
    Ве молам за совет :)
     
  19. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Не можеби, туку обавезно на доктор. Премногу се за два месеци 20 килиграми. Ќе ти каже докторот. Ќе ти даде витамини , можеби и посебен режим на исхрана. Можеби и крвта ти е слаба. Ама не се грижи. Чичко доктор ќе ја среди таа работа.

    Бумгрл немој така повеќе :!: Знаеш на форумов има десетици девојки кои се мачат дури и цела година да ослабат . Ама на здрав начин :!:
     
    На Boomgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MidnightFlower

    MidnightFlower Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    48
    О боже, дали ви се верува дека за 15 дена одмор во Охрид со друштво сум се здебелила 4 кила ? .. Јас од претходно ги имав 4 за слабеење, сега ми се 8... Ужас :(

    Август ќе се посветам повеќе на здрава исхрана и вежби, редно време е, на 1ви септември мора да сум топ хахахах :D