Дузи кога ќе почне да се жали дури и претерува со жалење ај мАри не крекај. Јас да знаете иако завршив со мојата работа, ве читам и ве следам секој ден. БравоС за Трендафилка и за Ејми . Не се откажувајте, резултатите ќе се чудите како после тоа ќе ви дојдат ама баш преку ноќ. Ајде, да се напрајме сите мачкици.
Ааа, си лапкаше ти насабајле лепче со кремче, лесно ти е тебе. Пу бе пу, два месеца точно издржав пред да скренам. Ај, ај...
Подлегнав и јас денеска,уф мори мајко. Да не почнам да зборувам,бевме излезени со мајка ми и со една пријателка...си нарачав шпагети ај си велам не јадам пица,не јадам некое мрсно месиште,таман шпагетите ми ги донесоа на два пати да ги изедам( ). Ме зафркна брат ми ,ах бе братче мое,пола пица му остана и јас од неа каснав 2 парчиња. Ааа претходно пред јадењето и пилешки стапчиња ни донесоа,и од тие буцнав. Абе не знам како да ја превоспитам мајка ми- касни си маме,касни си сум ги нарачала сега греота се да се фрли така,а таа па пријателката нималку солидарна да рече чекај да каснам и јас,ко за беља била најадена...амори жено се јаде ли пред да испаднеш со пријателката,а знаеш дека ќе одите таму и таму и дека ќе нарачате нешто ? Ама ај утре строго П.С. Да не кажам дека од сабајле си поткаснав и од тортата за роденден што ми остана...2 парчиња,а може и 3 беа,ама не го рачунав ова сега бе. Тоа е тоа
Јас денеска си истерав ден како од УН диетата (протеински, со парче риба-филет и салата). Не знам, искрено се чувствувам посигурна со диетата, удобно ми е кога знам кои се границите, оти јас немам мера ако се разлапам. Многу сакам да јадам од се', а по малку, ама тоа нема да се случи во овој живот, барем сум свесна за тоа. Дури сум и на мисла секоја недела да си имам по еден овошен ден, да ми држи баланс во разновидната исхрана. Божем ќе јадевме пица, па демек нешто друго интересно да сме го прославеле крајот на диетата со дечко ми, јас откажав. Оваа мака и овој труд што го вложив во изминатава година дена (толку ме фати слабеењето скоро, од ланскиот септември) не ми ни паѓа на памет да го расипувам за некои си таму грицки, чоколади и газирани сокови. Нек си е*е матер, не попуштам овојпат. Во сабота одиме 4 дена на гости, ќе се опремам со непечен бадем и брусница, нема да вечерам, и за појадок деф. останувам на овошје, евентуално и 1 житна чоколатка, да ме држи подолго. Почнам ли да бутам леб, баничка за појадок, нешто мачкано, ојде возот. Веќе ми стана јасно дека не сум од тие што може да си дозволат се' за јадење, во која било доба од денот, и да си се пофалат со убава фигура без мака. Што подолго ми остане тоа врежано во менталниот склоп, тоа подобро. Жртви мора да се прават. Или така, или 20 кг плус, изборот си е сопствен.
Тренди, знаеш колку се радувам за тебе, исто како јас да сум ги симнала . Многу, ама многу се радујем, а особено кога ја видов сликата. Знам колку напор вложи, низ која голгота помина, ама на крај се исплати. Браво, те зимам за инспирација . И дај почасти се со една лесковачака од Вили, ај не ја тупи сеа де . Ти закажувам средба со Лудото, у Вили и тоа . Да частиш . Да прославеме .
Трендафилка морам да те пофалам, изгледаш одлично, трансформацијата е очигледна Се сеќавам пред година време кога првпат стави слика во темата за модни критики, мислам беше дупла од тоа што си сега Инаку трет ден по режимот на Ирена и засега добро е. Сега јадев еден кроасан со какао крем и си пијам нескафе. Иако нес кафето е со млеко, сепак во млекото има многу малку протеини, некаде околу 5 мл на 100 милилитри млеко, а мислам има и отприлика толку и јаглехидрати. Па, 50 милилитри млеко има отприлика 2 и пол мл протеини, што и не е некоја цифра нели Само сеуште не знам со ногата што да правам, трет ден ми е веќе а сеуште ужасно боли, буквално не можам да одам, куцам Масажа не помага како што гледам, татко ми три пати ме измасира и пак ништо. За џабе болки трпев, боли ужасно и кога го допирам мускулот Не знам што ќе правам, ама сега за сега вежбање не иде во предвид.
- Феминки јас сум нова, вратив неколку страници но не најдов, може ли некој да ми го написе режимот на Ирена, иако не знам дали тоа е диета
^^ Еве ти ја темата dieti/dietata-na-irenna-t10798/ Иначе ако сакаш брзи резултати нема да успееш,ако не ти се брза е погодна.Не чуствуваш глад,ни ништо. Јас ја држам и сум полу задоволна од резултатите,секако не сум којзнае колку ослабната,барем мене така ми се чини,али се чуствувам супер како никогаш до сега. Со среќа
- Фала Јас ја побарав бидејќи сакав да видам каква е, а не планирам да ја почнувам бидејќи веќе ми е 2 ден од Ун диетата.
Па според мене подобра е од УН диетата, Ун ми е некако монотона, ригидна, 4 денови се вртат, а читајќи од искуствата на другите девојки резултатите се скоро идентични и од двете диети. Јас на Ирена сега прв пат ја држам, а УН диетата ја имам држено одамна и тоа за цел месец ослабев само 2 килограми. Но, морам да напоменам дека тогаш баш и немав вишок килограми, имав околу 57 ама се глупирав дека сум дебела, добро можеби имав вишок ама мноогу малку, па можев само со вежбање да го средам. Сега имам 11 килограми повеќе од тогаш Инаку, се сликнав преѓеска, ја спремам сликата за пред и потоа
Јас сум задоволна од себе. Веќе една недела пешачам секој ден по 7-10 километри, а шестиот ден од УН диетава еве го привршувам. На вага се немам качено, планирам во понеделник, ама момчето ми кажа дека стомакот и спојлерчињата ми се намалени. Ете така...
Јас веќе сум 4 дена на диета, некоја по мое ама сеа видов на форумов диетата на иренна па ми изгледа лесно и ке ја почнам од утре
Пред околу 2 години ја почнав протеинската диета и ослабнав 25 килограми Значи, на почетокот јадев само месо и зеленчук, а после 3/4 месеци почнав и овошје бидејќи ми фалеа витамини Иако е ефективна, бидејќи ја држев околу година, холестеролот ми беше покачен. Задоволна сум, и од сите диети таа ми е најлесна. Но, препорачливо е да се држи кратко време, 2 недели. Хаха, секогаш сум сакала да се најадам, па за жал вратив неколку килограми. Сега почнав друга диета, ја прочитав на форумов, медицинската. Мислев дека нема да можам да ја издржам, но добро ми оди Сите што се трудат да ослабнат имаат огромна поддршка од мене
За време на првата бременост се здебелив 30кг, а претходно имав 60кг, со втората бременост само додадов уште некое килце и стигнав до 97кг. Читајки по интернет наидов на една диета која ми изгледаше лесно, диетата се вика 2 недели 9 кила ја има и на форумов, ја држев неколку пати и успеав да симнам 30 кила, диетата ја држев пред 2 години и сеуште не сум вратила ни кило. Искрено ви ја препорачувам на сите што сакате да ослабнете се надевам дека ке ви помогне како мене
Овошен ден денес. За појадок 2 праски, ручек-1 банана и вечера- 3 сливи. Леле не знаете колкава желба имам за тулумби. Мх, мх . И тоа само овој ден. Плус, воопшто немам енергија, така да денеска ќе стагнирам со вежбање. Плункава секундарно ми се лачи
тука како што можам да забележам повеќе има на УН диета..ке може ли да ги споделите резултатите до сега?