И јас сум 75 кила а сум висока 163цм и треба да си ослабнам едно 22-3 килца, летото успеав за 3 недели 7 килограми со дукановата ама си имав проблеми со желудникот и ја откажав и од тогаш пак си ги вратив и сеа пак сум 75 и почнував со Ун и прекинам и пак почнам и пак прекина, и не знам шо да правам веќе ептен сум демотивирана а и ова пмс нервите ми ги искина
здраво феминки гледам многу разочарани членови од држење на диетите дали аткинс ун на жан митрев. вака сега пред 6 год првпат држев диета симнав 35 кгр за 2 месеца после тоа качив 50 па пак од почеток па пак и се така. Треба да разбереме едно кога држиме диета организмот наш без разлика која диета ја држиме треба да помине одреден период да организмот се навикне на новиот режим на работа те да го стартуваме топењето на мастите како на пр организмот да го споредите со автомобил за да постигне посакувана брзина прво го стартуваме па прв степен те брзина па втора па трета така е и со нашето тело ако држиме диета еве на пр УН првите 3 стадиума ние го привикнуваме телото да стартува да топи масти а после тоа ако си кажеме ај денес малце ке одскокнам од редоследот со тоа го спречувате топењето на масните наслаги и на организмот пак му требаат 4 дена да почне да слабее како и автомобилот ако закочиме при движење пак му требаа време да развие одредена брзина
Јас сето ова теортски го знам но неможам да го применам во практика ако не видам резултати за 7 дена јас сум ваква http://brkajrabota.mk/servisi/turlitava ... ades-nesto на осмиот ден. Не од глад туку од разочарување што нема резултати. Еве сега на форумов најдов една 8 дневна диета па ќе видеме што ќе биде
Скробен и кај мене Ама неуспешен Всушност, во изедена количина е повеќе од успешен, ама каснав и едно парче риба, и едно баклавче Морав, на ручек кај најдобрата другарка, само јас и таа Тоа е, нема да го сметам за прекршок, бидејќи денес добив куп комплименти, дека просто сум се стопила, мајка и дури и ми ја поткрена блузата да види да не носам мидер или нешто слично Јееј, скокам, до Н.Г има уште 11( ) дена, има да биде така и точка. И се си мислам оти ќе си го продолжам режимов Вака од око, мислам дека имам симнато околу 6 килограми oткако се мерев и што е најбитно, на сите фармерки им треба ремен со две дупчиња наназад Да пишам и за татко ми, мојот придружник во диетава Него отпочеток повеќе му се познаваше секој паднат грам, човекот е како нов бре, купува пантолони во саботата, и си бара број како и досега, верувајте внатре загина, уште еден збираше. Супер, успешно спроведување на планот, уште да останеме така витки и после, и ќе нема ко нас Браво, браво!
Добро утро девојки. Јас искрено да ви кажам покрај 2/3 дена живот на брза храна, и 2 дена слава качив само 1кг. Искрено мислев дека повеќе ќе отидам, но супер е не сум излетала од шините. Така да сега ќе продолжам со вежбањето и ќе внимавам на линијата.
Заради тоа што сум дебела психички проблеми си имам. Има над 70 кг што е премногу и според возраста и според висината. Мноогу пати сум се обидела да држам разно разни диети и после првиот ден се откажувам.Потребна ми е силна мотивација што мислам дека тешко ке ја стекнам. Сакам да бидам слаба и згодна,ама патот е мноогу тежок.А и незнам која е најдобра диета што дава добри резултати,а и кг не се враќаат.Ми требаат мотивации....
Оваа диета мислам дека ќе ти биди најлесна http://forum.femina.mk/dieti/un-dieta-t518/ види ја и прочитај ја, верувај дека ќе најдеш мотивации, има плус тема во фитнес за мотивации, пребарај по темиве ќе собереш храброст и почни уште денес, ако чекаш понеделник.... никогаш нема да почнеш...
Според здраствена состојба ја не би требало да бидам у група на ослабени или слаби девојки али ми се случи тоа неочекувано. Единствена навика кон која пристапив е отфрлање на лебот од исхраната. Комплетно. Ниту бел ниту црн не конзумирам. За сметка на тоа глодам многу морковчиња со зелка со обично масло, а овојше ептен ретко, понекогаш наутро. Да напоменам дека не вежбам што не ви го препорачувам, да не бидете закржлавени како мене вежбајте и ќе ослабнете уште повеќе. Накратко, исфрлен леб од исхрана за кратко време чуда прави.
Решена сум и до утре почнувам со УН диетата.Дури се каам што не почнав порано да држам диета.По природа сум мноогу инаетлива,можеби и најинаетлила личност во светов и незнам што ми стана,ама реков готово почнувам,а колку ке издржам ке видиме. Денес си купив фармерки 6 броја помали и си ги закачив на закачалка. Ке направам за да ми бидат точни и ке си ги носам со штикли. Некогаш си викам: Ех,да беше толку лесно да се ослабе сите ке беа слаби сега,да мноогу е тешко,ама не е невозможно.Има мноогу што ослабеле мноогу кила значи дека може секој и јас и сите други,само е потребно храброст и упорност.Возможно е и ке ослабам,дали за 3 месеци,дали за година ке ослабам,си ветувам самата на себеси. И плус не само ке држам диета туку и ке се запишам во фитнес.3 пати неделно ке вежбам и сигурно мислам дека ке донесе подобри резултати.
Постојано велев ќе бидам на диета од Понеделник, па после од почетокот на месецот и така се поминаа неколку месеци.Летото еден ден станав и не ми се јадеше и си велам:Е сега ќе се обидам да ослабам.Немав нешто посебна диета.Едноставно трчав, возев велосипед и јадев само овошје и зеленчук ништо друго.За 1 месец ослабнав 6-7 кг.Треба само да имаш голема војла и цврст карактер ништо повеќе.И никогаш не велете д утре ќе бидам на диета.Кога решите тогаш почнете
Грешно гледате на работите - не сте дебели, ниски сте. Spoiler Ова е само шега, да не ме затепа некоја.
Од прва да си кажам: не се навредив, ниту се пронајдов во шегава, со средна висина сум за наши простори, за други со ниска, ама вакви шеги немој да ни правиш во оваа тема, зш не се на место под бр. 1, а под бр.2, некоја со душа чека да и се даде мотивација и поддршка и кога ќе наиде на ова верувам дека многу ќе се исфрустира. Не викам дека не се потребни шали, во секоја тешкотија убаво е човек да пронајде некоја позитивна страна, ама на пример оваа шега за некого е болна вистина, има вишок кг, ама и е низок, ама за некој воопшто не важи, прилично е висок, а пак има вишок кг. Како и да е, тоа беше мала исправка, има секакви со различен физички изглед, па не ти е на место шегата, има и многу слаби, па ниски што пекаат да се здебелат.
^ Да видите вие на Ноне како и е... Добро Лукс,за да бидам поврзана со темата,ќе кажам дека девојчето е у право. А кој се лути,нека му стои.
Аман бе Лукс, не го извлекувај само најтрагичното од се. Знаеш, и јас сум редовна во темава, па да ти кажам не се исфрустрирав воопшто. Кога беше актуелен вицов се смеев. Ако дозволуваш вакви работи да те исфрустрираат во врска со диетување и килограми, само штета на себе си правиш. Има и посериозни работи. Опушти се, изрелаксирај се, како што вика мој другар- измалаксај се , не биди толку трагична, девојчето погоре не рече ништо лошо. А најбитно , не се опседнувај.
Никој не се исфрустира, затоа и напоменав во почетниот дел од постот. И најлесно е од ваква ситуација да се шалиме и смееме на туѓа сметка, ама не е се до тоа. Си има теми кај што можеме да бидеме опуштени, не сакам и оваа да ја правиме кафе-муабет иако ви ги разбирам потребите на сите, да бидете интересни на пример или да испаднете фраерки, сите можевме да испаднеме фраерки реплицирајќи на постот ако знаете на што мислам, без навреда. Да не одам повеќе оф-топик овде ќе завршам со дискусија, зошто гледам дека на мојот пост се испопаливте, а испаѓа дека јас сум се палела, а што да речат оние што вистина се и ниски и дебели? Не сакам одговор, фала, чао.
Добро, а што ако ги сфаќаме работите како тебе? Сите треба да бидеме депресивни, да се опседнеме со килажа и да не гледаме на ништо друго. Јас сум на диета, поточно вчера завршив, од денес сум на одржување, значи знам каква е маката со килограмите и повеќе од тебе. Ама некогаш една мала шега не е на одмет, па макар и на своја сметка. Зошто да не би се насмеале во темава? Па и тоа дава поттик. Ако на се гледаме преку твојот поглед на работите, тогаш на што би се радувале? Ајде насмеј се, знаеш дека има ниски и дебели луѓе кои навистина се среќни и толку зрачат со позитивна енергија што те заразува и тебе. И пак ќе ти кажам да не сфаќаш толку трагично. Мене периодов ми е толку трагичен, хорор, што ако и за ова сум депересивна, подобро би било да си се затворам меѓу четири ѕида и да гледам само како деновите ми поминуваат празно. А тоа не оди така.
Ами што да кажам јас што сум висока и дебела, во 60кусур ден од диетава, супер резултати и воочливо смалување, па спискав две лепчиња и цело парче сирење во овошен ден? Шамар бе, шамар Ама ПМС(јееееј, супер оправдување ), ми се плачи по јадење, ми се плачииииииииииииииииииииии Ќе ја заебам на крај, знаев јас, очекував