Знам дека претерувам со внесување на ТОЛКУ МАЛКУ калории, дневно внесувам 500 калории а некогаш и помалку... Веќе 9 ден сум на диета и навистина има ефекти, салото од стомакот почнува да го снемува, се осеќам многу подобро. Знам дека ова е ПРЕСТРОГО ама се навикнав веќе и морам да ослабам...
Повторно се пријавувам, се надевам ме помните. Овој пат сум за помалку, 5 до максимум 7 килца. Никогаш додека диетував не држев воден ден. Вчера не знам како добив волја и го издржав со 2 кафиња и многу вода (и еден залак сирење). Така од денес почнувам модифицирана УН со два протеински дена, скробен/ јаглехидратен и овошен. Се надевам ќе успеам, се работи за мнооооогу помала бројка. А волја конечно имам.
Јас стварно незнам зошто Ви сметам со моите постови Мислам, темата ја имам прочитено 2-3 пати, и врати се стотина страни наназад и ќе видеш дека и други феминки пишувале што и како јаделе секој ден. Ова е втор пат некој што ми замерил дека пишувам секој ден што јадам, и незнам што толку се секирете оти внесувам толку калории ?!? Ако мене ми е супер вака, и до сега не сум го сменила начинот на исхрана, мислам дека нема потреба други од страна да кажуваат. Поздрав
Марун немој да се лутиш мислам дека намерата на Брајт и претходно на другите им беше чисто од загриженост, зашто навистина премалку јадеш, како издржуваш по цели денови само на овошје и по некоја супа или парче сирење, мислам дека си мала сеуште за толку ригорозни диети. Посебно ако ми кажеш дека вежбаш, ќе се потресам вистински како да сум ти мајка. Јади месо барем еднаш неделно, па и зеленчук.Пре истоврсна исхрана имаш, колку ти мислиш дека си правиш добро не е баш така, не примаш доволно јахглехидрати и протеини со таа исхрана. Баш прочепкај на интернет и види колку треба минимум да внесуваш дневно протеини и јаглехидрати и витамини. Секогаш има алтернатива за се, наместо пржено се јаде варено, наместо бел леб пчениче јади `ржен или пченкарен. Никој не сака да ти соли памет, ама те молам јади барем еден асален оброк во денот, главно јадње салата супа комлет, зашто само супа не е оброк, туку предјадење. Колку и да имаш вишок, нешто нема да постигнеш ако со брзината на светлината ослабеш толку многу, а после истоштена се фрлиш на јадење и се вратиш. Најголем јо-јо ефект има од вакви преригорозни диети. Зашто цел живот не смееш толку малку да се храниш, па и не е возможно.
Девојки, Јас сум нова на форумот но одамна ве пратам. Пред да кажам било што сакам да напоменам дека не сум тука да се расправам, контрам или солам памет туку чисто да си изнесам мое мислење. Низ темите за диети и фитнес забележав неколку работи кои и кај мене се појавуваат, женска работа тоа е - не сме доволно мотивирани и брзо се откажуваме, - мрзи сме а сакаме да изгледаме како од списание и најлошо е тоа што почнуваме наеднаш со се живо и диво. Се гледам во огледало, сакам да ослабам малку и виви.давверо си вика одма ОД УТРЕ! - НЕМА ЛЕБ, БЛАГО, ПИЦИ, КИФЛИ НИШТО и плус ЌЕ ВЕЖБАМ 7 ПАТИ ВО НЕДЕЛАТА А КОГА ЌЕ ИМАМ ВРЕМЕ И СТОМАЧНИ ДОМА МОРА . А на крајот ништо, мотивација имам една недела, а тоа се страшни шокови за организмот. Затоа сакам само да кажам секоја промена треба да биде постепена и ќе успеете да го направите тоа што сакате! Ќе видите! Само напред девојки!
јас од почетокот на јануари си имам еден мој режим и до денес сум симната 8 килограми и 13см у обем на стомак леб благо и газирано не тепам на протеини само и салати Не сум гладна никогаш веднаш штом осетам глад седнувам јадам
Девојче ние не сме ти родители,те соцетуваме да јадеш правилно и да не го измачуваш организмот. Со 500 калории не можеш да внесеш ништо,ни протеини и масти кој се есенцијални за човековото здравје. Се работи за твоето здравје на крај краева,треба да разбереш дека секогаш е подобро да идеш побавно и низ сето тоа да уживаш во секоја мала промена. Килограмите се само бројка,а ти си човечко суштесство со свои потреби и чувства. На телото му треба се,не само една храна му треба и забранети храни и уживање,ако целовреме јадеш исто ќе ти здосади и ќе се откажеш. И после ефектите од твоето гладување идат. Ние не сме тука да те караме и критикуваме,твое тело твоја работа,но ако го примиш нашиот совет,многу подобро ќе ти биде. Зарем тоа не го сакаш?
Јас ќе бидам малку офф топик Значи наше е да кажеме мислење и да советуваме ама нон стоп да се зборува исто нешто насочено кон една личност не е во ред. Еве девојчето несваќа мисли дека тоа е во ред и дека е здраво ,на неа и е супер како што кажа и нема шо да се замараме ... Како што напоменаа пред мене ќе ти кажам и јас се разботи за твое здравје ама кога незнаеш да си го чуваш измачувај се ,има многу поздрави начини на внесување на калории и храна но сепак -твој живот твои правила како мислиш дека треба така и прави. Редовно ја читам темата и гледам колку StefChef со неговото знаење се обидува да не подучи и да ни каже како навистина треба да се храниме и што треба да правиме со нашето тело ... сепак не бидете лоши и гледајте да го извлечете најдоброто од овие мислења
Вие си го кажавте вашето мислење ,пробавте да и укажете на грешките кои ги прави и доста е стоп повеке немате право те едно исто да го зборувате Нејзино е дали ке ви ги послуша советите или ке си тера по нејзино Ајде да видиме кој има моментално овде за морална подршка и на кој колку му е целта да симне ? еве ме мене со симнати 8 килограми ми требаат уште 2-4 килограми
Тука сум! Еден месец сум на диета, до сега имам ослабено 5-6кг, сакам уште толку, а ако не сум задоволна и тогаш ќе си продолжам за уште некое килце.
И јас сум тука Сакам да симнам 4-5 кг., една недела сум на мој режим на исхрана, значи благо, брза храна, газирани сокови, грицки и леб никако...Само овошје, зеленчук, месо и нешто јајца, сиренце, кисело мелко чат- пат...Плус вежбање 5 пати неделно и си јадам кога ќе ми се пријаде, само пазам на големината на оброците и да не е касно навечер.... и еве едно кило сум минус значи поентата ми е, апсолутно нема потреба од прегладнување за да се постигне одредена килажа Поздрав и поддршка до сите феминки на темава, заедно сме посилни
Се придружувам на темава официјално Имам 10 кила за симнување,така да си ја земав за озбилно работата. Нема веќе чоколадца навечер,ниту пак чипсови и смоки,претерав. Почнав и Insanity да вежбам,па мора да има резултати. Поддршка до сите тука,мора заедно да се бодриме ПС:Мора да почнам да збирам потписи мајка ми да престане да прави слатки работи,оти тежината наместо надолу,ќе оди нагоре
Нема ништо да критикувам само ќе ти дадам мала сугестија за подобрување на твојот режим . За количините нема да дискутирам, колкава количина на храна ти е доволна за функционирање зависи и колку ќе потрошиш во денот. Ако со количината на храна имаш доволно енергија за физички тренинг, немаш намалување на мускулите, коските ти се здрави и јаки, имунолошкиот систем ти е здрав и се чувствуваш генерално здрава значи дека си сосема ок. Тоа што би сакал да ти посочам е да внесеш повеќе зеленчук во исхраната пожелно во пресна состојба. Ако го консумираш а не си го пишала е ок но од напишаното личи дека исхраната ти се базира главно на овошје, млеко, месо и житарки а зеленчукот навистина фали. Додади и пресни јатки и семки за есенцијални масла и ќе имаш солидна и избалансирана исхрана. Сѐ е ова добронамерно (не мора да го прифатиш) така да нема лутење
Пред некој месец пишав во темава дека започнувам со диета и нормално неуспешен ми беше обидот...се почнува ли диета при кај на декември, во очи на сите јадачки празници Од конфекциски борј 38 се качив на 40, претходно сакав да се симнам до 36, што значи сега имам дупло работа од порано. Од кога се поремети зимава деновиве не сум се качила во било какво превозно средство преку ден, туку си го активирав точакот, а и доста пешачам, буквално тргнувам пешки на релација од 10 километри без проблем. Престанав да купувам намази и слични такви блаженства што ме тераат да јадам еден тон леб. Вака знам ги нема и мирна глава. Денот го започнувам со овошје и мусли или две варени јајца, лебот не го исфрлив но многу го намалив и го заменив со интегрален затоа што сепак доручекот ми е најважен оброк во денот, не можам да замислам да бидам само на овошје до ручек. Исто дома покренав иницијатива да се храниме сите малку поздраво, се што имаме навика да пржиме да почнеме да го печеме, од чипсови планирам да се простам неколку месеци, ќе јадам пуканки место нив, јаткастото овошје ни е повеќе застапено, повеќе зеленчук, малтекс, маџун, аронија и сл. Од вчера почнав и со вежби по дома на пилатес топка, го извадив и јажето за скокање, теговите, па ќе видиме што ќе биде. Овој пат не планирам да се откажам и сакам вежбањето да ми премине во секојдневие, затоа што за мене лично нема подобро исфрлање на секојдневен стрес и фрустрации од околината и секогаш се чувствувам многу добро одкога здраво ќе се испотам. Ќе пишам резултат после еден месец и се надевам дека како за почеток ќе си влезам во старите фармерки Wish me luck
Мене ова со толку свежо, не ми е многу јасно. Јас на пример јадам салата, јадам овошје и сето тоа, ама не ми се доволни да ме заситат. И малку ми е нереално кога некој ќе каже да, ама повеќе изеди. Јас едноставно не можам, самото тело ми вика, доста, не можам повеќе од ова, дури и нагон на повраќање ми доаѓа... и потоа ми се појавуваат многу, многу киселини и за брзо огладнувам пак. Свежото или ми е прилог или ми е ужина, главно јадење не може да ми биде. Не можам, значи телово не ми е способно да изеде 1500 калории (па и повеќе) само свежа храна. Ме боли стомакот, одбива едноставно. Малку е погрешно да се тврди дека секому свежото му одговара. Се согласувам дека мора да се храниш здраво и по можност свежо, но не се согласувам дека свежото мора да зазима најголем процент од исхраната. Не сите имаме желудник за тоа, прво, второ некои готвени зеленчуци се поздрави така, отколку свежи и трето, под готвено не мислам пржено, туку мислам варено или печено на фолија без масло, маслото да се додаде на крај како зачин и при тоа да биде маслиново или било кое друго ладно цедено.
После долго убедување почнав еве вејќе една цела недела и пол не јадам благо и леб ,газирано не пиев и онака,јадам само во викенд леб и благо ама ептеееем малку....па се надевам ќе има резултати wish me luck