Сабајле се премерив и - сум см'кнала уште едно килце! Сега сум под страшната бројка. Инаку првите 4 летнаа ко ништо, за некои 7-8 денови... ама за ова едново килце се препотив луѓе. Ама највистински. Храната повторно ја смалив количински, уште помалку од првата недела - ако јадев поголема чинија јаготки или цреши, сега е едно чинивче џоа бебешко од градинка, ручекот ми е буквално третина од тоа што сум јадела, минус лебот, дури ја намалив и демек вечерата што ја имав. Имам опција да бирам супа или салата или пуканки без сол, а јас си испивам една чаша јогурт и траам како некое гревче или манијачно вртам кругови низ населба. Ама се исплати.
^ Јас си јадев само салата и цреши . I am a good girl today Сега ќе позумбувам малку за да си го заслужам денешното лепче
Јас решив да го запрам неконтролираното јадење последниве 3-4 дена и му се нафрлив на овесот ..Море,не е нафрлување,сирот го измачив уште од 10 ипол јадам и никако да дојадам..А што,ставив само 4 лажици. Ама морам бре,последниве денови јадам ко свиња а,стомаков подуен мислиш балон.Може сум офф ама,чаре за СТОМАЧИШТЕВО ?? И Теди во право си,најмногу слабееме таму кај што сме најслаби,мене рацете ко да не ми се доволно ковчести,па само таму слабеам.ЦЦ дури и на слики ми се познаваат коските,ко да ми излегле
Го симнав ова видео и доживеав препотување... не хормонално, туку од согорувачки огнови Очекувам резултати после само еден тренинг.
како да се ослабе???? со нејадење со диета,со вежбање ств неам идеа веќе преку глава ми е ,ми иде да избегам на некој остров сама од кај го симна?
Миси не се нервирај. Избери некоја од диетиве што ги држат девојките што вистина делува, а нема да се осеќаш како да си на преживување во планина пуштена. Види имаш зумба тема на форумов симни го видеото на Трендафилка и со него секој ден вежбај си ... т.е играј си по пола саат па потоа повеќе кога ќе можеш. Ако имаш БитКомет со него симнувај ги ЕДИТ: Еве ти линк од видеото за вежби ЗУМБА на Трендафилка http://thepiratebay.org/torrent/6181855 А, ова ти е Зумба страната на Фемина, тука пишувај, прашувај што те интересира за Зумбата fitnes/zumba-t3724/50.html За да си симнеш БитКомет (со него и филмови и музика можеш да симнуваш) http://www.bitcomet.com/ Само на Free Download
ZUMBA;CARDIO PARTY Ево Зумба средно ниво, она BASIC е за почетници. Јас си вежбам, супер е. PS:Немојте преку Бит комет, мене лош впечаток ми остави. Земете БитТорент, подобор е. Верувајте, симнувам по 10 филма месечно, знам од каде е најдобро. BIT ТОРЕНТ;DOWNLOAD.
Луѓе пред некој ден купив пилатес топка од џамбо и ја вежбав 2 дена по 10 мин. Денес неможам да се помрднам....стомачните ме болат како да сум правела 500 стомачни...и тоа и долните мускули и страничните и горните...цел стомак....АМА УБАВО ЕЕЕ! еве линкови за вежби во случај некој ако сака да прави (првата најмногу ја сакам) http://www.youtube.com/watch?v=fY9OgwZQ ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=W9kd6G2r ... re=related
Колку калории има во 100 грама пилешки виршли ??? И дали може со јајца(белките) да се комбинираат виршли?? Инаку Волфче, да ти дадам еден најдобронамерен совет, зошто толку се измачуваш со медицинската диета до тојс тепен да припаѓаш ??? Ако сакаш брзо да ослабеш ок, ама инаку можеш некоја полесна од која не се враќаат килограмите. Те читам дека ти се врти и жал ми е искрено, не мораш до тој степен ... И полека но сигурно може да ја тераш работата. Трендафилчеееее, честито млада дамо, ама и ти не претерувај со рестрикциите Да ми бидеш здрава и права за понатамошните акции
1 виршла е 50 грама и има 80 калории 2 виршли 100 гр и имаат 160 калории едит- мислиш варени белки??? да да можеш. зашто да не! јас така правев 2 варени јајца + виршла! ама јас со се жолчките си ги јадев! Aма имам читано дека не се добри виршлите за диета, зашто се полни со конзерваси, подобро да се заменат со свежо мевце
Па добро од еднаш ништо не е ако се јаде виршли, изедов две виршли и две варени јајца инаку каде гледаш кое колку калории има ?? има некоја страна ???
леле дури сега сватив дека сликата на профилот ми е со лижалки , чоколади ...а јас упорно ви пишам за калориии .....коа глупача сум ИЗВИНЕТЕ (ке си најдам нова)
појма немам кај прочитав Aбе некои производи (што ги користам во диетиве) на памет им ги знам калориите ко што знам 1 виршла е 80 калории! 160+160=320 калории си изела што не е многу за ручек
Девојки,поддршка за сите,ќе успеете знам (кога јас успеав да се поправам и вие ќе ослабите бидете сигурни ) Дојдов на темава да ве прашам за мајка ми,веќе 2-3 дена внимава што јаде,повеќе овошје,зеленчук,свежи сокови енд соу он...Избегнува пржено,грицки,сувомеснато,бел леб.Ама не може без благо Посебно кога ме гледа како јадам чоколадо,крем банани,сладолед ептен тешко и паѓа И реков да си земе витанова или некое друго житно ама не и се убави тие. Па ќе ве прашав што е најдобро да јаде по малку кога ќе и се пријаде благо? По колку калории имаат отприлика ресаните,cookies-от,наполитанките,пудингот?? Што е најдобро од да јаде од овие? (жал ми е јас да јадам,а таа да гледа )
macysh од благо најмалку калоричен мислам дека е сладоледот и тоа некој од ванила или овошен, најдобор нешто такво нека си апне, ем ќе се освежи
Јас денес изедов една малечка тулумба Инаку за ручек варен ориз и патлиџанче и толку за денес. И праски успут.
добро е Tеди се држе и не рже инаку, јас јадев во 15 часот лозова сарма(5 сарми мали) и салата марула, и сега изедов исто 5 сарми со мало сиренце! само со ориз и црвен пипер се, без мевце! Aма не знам зашто секое сабајле се будам подуена, како кога ќе се прејадам пред спење, ич не се осеќам лесно ениуан? да не знаете што би можело да биде тоа? обично на диета кога сум се будам со лесен стомак, а сег ....