Ајде овде да си пишам, се ставив на режим - броење калории... Поради темпото не сум во состојба да се придржувам до одредена диета, од физичка активност можам само да трчам по детето... Имам 10кг вишок, според калкулатор на нет утврдив дека треба дневниот внес да го ограничам на 1200 калории за да изгубам еден килограм месечно... Со моето ниво на физичка активност би требало маааалку повеќе, но еве ставив минимум... Сега за сега 3 дена се движам во овие рамки...
Како пресметувате колку калории дневно да се внесе за да се слабее или кал.дефицит? Исто и јас со 2деца и раб неам време за вежбање а вишок кг колку сакаш. Може да ми објасниш повеќе околу тоа калорискиот дефицит?
@Smiley11 Калорискиот дефицит значи да внесуваш помалку калории од тоа што сега внесуваш, што во превод би значело поздраво, балансирано и умрено јадење. Пресметај си сега колку калории отприлика внесуваш просечно, т.е на дневно ниво и за дефицит би требало да внесуваш помалку од тоа Воедно за ефективно слабеење, покрај ова, мора и внесеното да го трошиш, т.е да вежбаш. Можеш со децата да смислиш некои вежби, има баш такви на Јутјуб, со децата си вежбаат, ем тие ќе се занимаваат, ем ти ќе се активираш Или насочете се кон каридо, трчање секој ден по 40 минути надвор во парк и сл Еве ти подетална тема само за тоа: https://forum.femina.mk/threads/Броење-калории.1356/
Никогаш не сум имала повеќе килограми.... 77 кг имам, факултетот, седење по цел ден, јадење навечер.... никогаш не сум била подебела а неможам да се поднесам вака, не ради изглед туку не можам да се поднесам.. од утре сакам да почнам со промени во исхрана.. па се надевам дека ќе успеам дека ова е крајно поздрав до сите и не се откажувајте од замислената цел
@Platysma Покрај промените од исхраната, започни со кардио активност за почеток. Можеш навечер активно шетање, а преку ден како за почеток издвој 20 минути за трчање и така, заедно со избалансираната исхрана и пиењето течности ќе видиш резултати побрзо Важно е да не се разочаруваш кога ќе видиш дека слабеењето нема да биде за една недела, ама размислувај дека ова ќе ти биде долгорочно, засекогаш ќе се ослободиш и од килограмите и од лошите навики Со среќа
Никако да се заозбилам. Се надевам дека од денес ќе биде. Кога ако не од понеделник? Ќе почнам тука редовно да пишувам што јадам. Се надевам дека ќе ми биде срам ако претерам, па нема (често) да претерувам
И јас ви се придружувам од денес. Диета ден1: Д: едно јајце едно јаболко и кафе. Р: јаболко и компир варен. В: марула салата со стек. Надежно дека ке ја издржам до крај
Диета диета вчера ми излезе од црно бело мислам беше треба по две јаболка јајца наутро ама не можам, желудникот ме боли. Фала ти.
Не беше баш добар почеток, ама секогаш може полошо Појадок: смути и торта Ручек: бурито Вечера: геврек Па, добро
@Ariel Не се разочарувај, тука сме да се поддржуваме Секој почеток малку потешко е да заблиста Јас летоска кога почнав, реков од денес нема благо веќе и изедов 2 чоколади и една наполитанка Важни се малите чекори кои од ден на ден може ни се чинат не толку големи, ама после еден месец, разликата се приметува, плус уште поважно е неоткажувањето
Ден2: Д: 1 јајце 1 портокал и кафр Р: стек и зелка во релна(мајка ми ја правеше) В: марула и јајце салата. Пијам чаеви и вода многу во текот на денот па сеа за сеа добро ми оди.
2. Појадок: смути Ручек: салата Вечера: телешка чорба 2 чинии и пола смути Се надевам дека со ова ќе завршам со јадење за денес. И вежбав пола саат.
Јас за инспирација и мотивација дојдов вие торти делите Во конкретен дел од денот имам криза. Како се справувате? Не можам секогаш да се исконтролирам
@Bozica1980 од се што изедов, ти баш за тортата се фати Теоретски, знам дека најдобро е да се ангажира човек кога доаѓа кризата. Да се занесеш во некоја активност толку, што нема да ти падне на памет да јадеш. Практично, ни мене не ми успева. Едно знам, најубаво е дома да немаш храна, барем не благо, грицки и други провокатори Ни ова не ми успева. И да не купам јас, ќе купи мм или некој ќе им донесе чоколадо на децата.
Јас секој ден јадам по една коцка црно чоколадо со 2-3 оревчиња. Некогаш јадам овошје наместо црно чоколадо, некогаш јадам само оревчиња. Парченца оревчиња, не цели ореви. Ко вонрестрикција Бошке, таман таму напоручек, ми дава малку сила. Финтата што пали кај мене е да не си „забранувам“ туку свесно да одлучам дека не сакам нешто. Јас сум човек со 0.00000 самоконтрола. Ако некој ми рече дека не смеам или не треба да правам нешто.... ме фаќа инат и така. Самодеструктивни навики. Во главата е проблемот. Инаку, каснувам некогаш благо ама у принцип гледам да бегам, многу аздисувам после, шугр раш ме мава. Баш неделава аздисував по родендени и мали забави. Фитнес палот уште си грми кај мене, скоро 8 месеци и полесно не ми било во живот да контролирам што јадам и колку јадам, се разбира, во комбинација со правилна храна и физичка активност.... поздрав до @theowndemon и до @MissChievous
Ден 3: Д: јаболко, варено јајце и турско кафе. Р: стек и варен компир и каснав мешана салата( на ручек бевме во кафана..) В: во ручекот и вечерата ми беше ако ми се пријаде може да каснам салата. Секако комбинацијава на јадења ми беше за ручек и вечера 2 намирници скратив и си јадев за ручек немаше ништо плус, така да задоволна сум.
3 Појадок: банана и геврек Ручек: салата и смути Вечера: риба и компири Две кафиња со многу млеко и пола саат вежбање. Морам кафињата да ги редуцирам или да ги заменам со еспресо. Џабе калории од млекото.
Да се пријавам и јас за мотивација. Држев Ун диета и првите 10 дена некако лесно ама сега овошниот ептен тешко го поднесувам,Вчера на ден после овошниот протенискиот ќе припаднев на работа.Периодов имам дешавки а и сакам малку да постам од понеделник па не ке можам да се држам стриктно до УН,затоа ќе пробам овде да пишувам за самоконтрола... И да кажам дека се потешко и потешко со годиниве симнувам кг...