Од тоа што прочитав на повеќето начинот на исхрана ви се сведува на глад. Едно доста информативно видео. Изгледајте го.
немам проблем со стомакот, туку со бутките, имам форма ко круша мислам дека сало ко сало знаеме какво е, мене како да не се губи туку само омекнува исхраната 10 дена на вода
Каква е таа исхрана 10 дена на вода? И, што после кога ќе се вратиш на храна? Пак килограмите ќе се вратат. Научете да слабеете преку исхрана, а не преку гладување.
Кога гладуваш, организмот го успорува метаболизмот бидејќи "мисли" дека ќе изумре од глад. Поради тоа, секоја храна која ќе ја внесеш, ја задржува што е можно повеќе во обид да не умре од глад. Односно, гладувањето е контрадикторно со слабеењето, освен ако не го правиш многу долг период, ама нормално дека тоа е глупаво и нездраво. Затоа, посвети се на конзистентна квалитетна исхрана (златното "правило" 80/20) и физичка активност (сега ко што се затоплува имаш еден куп опции, од стандардно пешање, возење точак, пентарење до Средно, играње тенис, играње со фризби, итн). Временски рок не ни споменувам затоа што такво треба да ти/ни е секојдневието како и да е. И уште нешто, можеш да правиш 3/4 пати во неделата вежби за нозе/бут/задник. Мислам дека после неколку месеци ќе видиш разлика, односно тие предели ќе ти се подзацврстат. Секако, доколку исхраната е океј.
@Justicija 10 дена само на вода, биди среќна што не си колабирала и завршила во болница. Јас се вратив на "кето, љубави моја" После една година, продолжувам каде што застанав, уште некои 5кг да симнам и ќе бидам задоволна.
Како бе 10 дена на вода? Свесна си дека кога ќе се вратиш на нормално јадење се' шо си изгубила со гладување ќе вратиш два пати повеќе? Остај тоа, не е здраво. Ќе си го сјебиш здравјето, после налет и слабеење и се'.
Салото е меко како и да е, веројатно мислиш на тоа дека цели бутови ти омекнале, односно потребно ти е зацврстување на мускулите, поработи вежби за квадрицепс и околина. А сало се губи со кардио, паралелно со квалитетна исхрана (стави фокус на здрави масти и избегавај нездрави).
^ Ова не е диета, туку преживување само на вода. Без внесување на хранливи материи нема ни правилен метаболизам, ниту градење на мускулна маса.
ова го сторив заради здравјето, све ми е ок баш доктор ми рече ова е само детокс на организмот Најпосле, консумирањето големо количество вода во текот на денот има и превентивна моќ против појава на дијабетес и бубрежни камења Јас сега не убедувам некого да проба или којзнае што, едноставно очекував салово да се стопи продолжувам со овошје и зеленчук
Не знам кој доктор ти рекол дека да гладуваш 10 дена е корисно.За " детокс " постојат посебни органи во телото, а ако више сакаш да не јадеш одреден период почни со оној пост одноно нејадење 16 саати, 8 саати јадење во тек на 24 часа. Ова сега е огромен стрес што го правиш, тоа прво, второ кг што си ги изгубила се во најголем процент мускулна маса а помалку сало и трето сега кога ќе се вратиш на нормална исхрана телото ќе тежнее да ја врати точката на која што си била претходно, значи ништо не си направила.Те памтам од темиве, не можеш да очекуваш брзи резултати, ако више не можеш да држиш долги диети почни со тоа што ти го кажав горе и ќе имаш придобивки. Не дека сакам да ти кажувам што да правиш ама тука читаат многу луѓе и ќе се лажат дека треба да пробуваваат и вакви работи.
@Justicija детокс не се прави така само со вода. Ем го шокираш организмот ем нема ништо да постигнеш, како што пишаа погоре најмногу ќе изгубиш мускулна маса. Побарај на нет смутиња, рецепти за детокс, обично се состои од сирова храна од растително потекло. Доволно е два-три пати годишно по една недела отприлика да правиш ваков детокс и претходно да се внимава со храната за да не дојде до шок и изгладнување. Навистина немој само со вода толку долго, тоа едино ќе доведе до прејадување после тоа.