Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Па отидов на странава од кај што имаат тренди и волфче, ама не ми се појавува сликичка. А друга страна не знам. Слободно дај ми идеа, и така поубаво ми е со потпис. :)
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    И јас ја почнав таа денеска, каква коинциденција Мече едно убаво :*
    Додуша, не е многу различна од она што го јадев, сепак, насабајле може да се изеде кифла со крем, или кроасан, покрај овошјето нели, јас денес си мавнав еден Поп Кејк и две праски.

    За ручек мевце и салата. Или јајца.

    За вечера млечни производи и салата.

    Мераци, навистина е убав режимот и има што да се јаде, и како да се комбинира.
     
    На gaga.rocks, lolyta777, teddybear и 3 други им се допаѓа ова.
  3. el4etoOoO

    el4etoOoO Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    2
    Ве молам може ли некој да ја каже диетата на Ирена да не лутам по темава......Фала ви :*
     
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    dieti/dieta-za-onie-koi-nemaat-fizicka-aktivnost-t1292/
    Барај ја диетата на Иренна од 16 март и 22 март, убаво е објаснето.

    Инаку изјавувам и официјално дека повеќе од минус 6 кг. не мрднав, варирам 59-60 кг. Битно колку- толку ја постигнав целта и го симнав вишокот што ми сметаше.
    Диетава е ефикасна и ја препорачувам.
    Нема строго да се придржувам до диетава, ама ќе ја избегнувам вечерата, благото и лебот. :)
     
    На gaga.rocks и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. el4etoOoO

    el4etoOoO Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    2
    Фала интересна диета е а башка не е некоја строга, баш ме интересира какви резултати дава.....ако ја држел некој некој друг нека каже и дали има врска метаболизмот дека многу диети не даваат бас резултати кај мене :(
     
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Те го, новиот потпис, нова диета мале, ново се.

    Туку ај да ви ги кажам меркиве. Не сум ка*ана неколку дена, и ручав пред малку ама некој сантиметар ако варира сеедно.

    За 5 недели, во градите имам изгубено 7 сантиметри, под градите 4 сантиметри, во стомакот 6 сантиметри, во нозете 4 нецели сантиметри и во рацете 2 сантиметри.

    Не е нешто вау, ама со оглед на мојот режим задоволна сум. Наредното свечено мерење ќе биде пак во споредба со првите резултати а не со овие денес. Така цифрата на сантиметри кои отишле даун ќе биде поголема.

    И, и јас ќе си купам една вага. Да биле да не биле тие пари. :)

    И Иренке, мисли му ја ако не се слабее брзо од твојата диета :rofl: :rofl: шалим се наравно. :*
     
    На kate21, lolyta777, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    1.111
    На Иренна диетата, 10 ден е мислам, изгубив веќе осет... Од 60 на 56.6 и горда сум! :rofl: Почна и да се познава, а најдоброто е што ниеднаш не се осетив гладна. И бајадерка си каснав, и наполитанки и чоколадно млеко. Не знам со кој памет толку леб бутав кога комотно можам да живеам без леб. |( Вчера пр. малку поќе каснав ете благото, обично не јадам навечер но бело сирење со маслиново масло и оригано поголемо парче изедов, и неам качено. Најубаво според мене се слабее вака, постепено. Само така и нема да рипнат назад килограмите со брзина на светлината. :wasntme:
     
    На irenna, gaga.rocks, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Kолку пари е дигитална вага и кај може да се најде?? :) веќе мојава вага ме пукна, башка и 25 години е стара, може и до нејзе е, а јас може и си се тешам :D

    Jас станав накај 1, сега јадев само супа од грав, без зрна, после не знам накај 8 ќе јадам таратор мојата вечна љубов, со 1 јајце и краставица! а после ако ми се пријаде, ќе си направам само салата од краставица и домат!
    утре само овошје со оглед на тоа што имам лубеница, цреши праски :) еден вочен ден нема да ми дојде лошо поготово лубеница ^_^ :mm:
     
    На Trendafilka и JuLleE им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.505
    Допаѓања:
    251.377
    Денес станав порано, за промена :) .
    За појадок овошје, каснував се до ручекот. За ручек варен стек со салата. За вечера салата. Синоќа пиев само од шејкот мој и парче сирење, парче пармезан, ама до 3 часот по полноќ едвај издржав, па пиев млеко и банана. Морав. Легнав во 5. Затоа вечер салата и евентуално чаша млеко. Уште малку и ќе одам да пешачам еден час.
    Не знам кој ден ми е од диетата, би требало околу еден месец да има. Почнав со на Иренна, комбинирам со режимот од Цвета, битно распоредот на исхрана и комбинирање е тој. Сега сум на построг, никакви остапки не правам. Во обем сум намалила, сега ќе се измерам со метрото мое па ќе споредам резултати. Вагата минатиот пат покажа околу 3 кг минус, утре пак ќе се мерам па за 10 ќе видеме колку сум намалила. Очекувам барем 2 кг најмалку ;) .
     
    На lolyta777, teddybear, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Моето прво јутјуб видео инспирирано од темава, официјално и ексклузивно само за вас, повелете женски, вие го можете тоа и го заслужувате:
    http://www.youtube.com/watch?v=6Bw2f24YSek
     
    На LivingGlam, kate21, Rozich и 10 други им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Од утре почнувам со диетата на Ирена :) Најголемапричина што досега не почнав со диета како прво беше студентскиот живот, а од кога се вратив дома едноставно немаше начин да не ручаш, веднаш ќе ти ми се качеа мајка ми и баба ми на глава. Денес прв пат ја приметив диетата, не знам како сум ја одминала, ама ми изгледа како совршено решение за мене.
     
    На gaga.rocks му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lileee

    lileee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    13
    здраво .јас навистина имам проблеми со тежината и незнам како да ја намалам бидејќи се чувствувам постојано гладна.со тежината имам проблем од пред 8 години кога за прв пат добив астма и депресија пропратена со анксиозност и пијам лекови за тоа.од тогаш па до ден денес сум се потешка и потешка и никако да престанам да бидам гладна .ако не јадам имам проблем со тоа што почнува да ми се тресе целото тело имам гадење во желудникот кое сето ми поминува од кога ке јадам .навистина незнам како да ја намалам тежината кога ми се јаде ми треба помош
     
  14. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Јади почесто, распредели ги оброците, внесувај по помалку храна. Наместо високо калорична храна залажи го желудникот со овошје, направи си салата шопска, мимоза, таратор, или напиј се шолја јогурт.
     
  15. lileee

    lileee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    13
    сум пробала и така но многу кратко трае ден два и после пак на истото пак сум гладна
     
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Лилеее, можам да ти препорачам да ја избереш диетата на Ирена прво нејзе пробај ја, пошто мислам дека нема да осеќаш глад, бидејќи и не е баш ригорозна dieti/dieta-za-onie-koi-nemaat-fizicka-aktivnost-t1292/ (вториот пост на страната)
    и погледни ја евентуално УН диетата dieti/un-dieta-t518/..., која што е посебно добра за симнување на повеќе килограми, бидејќи е режим на исхрана, по кој тешко дека ќе се вратиш на старите навики на прејадување, слабеењето оди бавно, пошто диетата е предвидена за три месеци, а со тоа и враќањето на килограмите е бавно.
    Како за старт пробај една од нив и види како ќе се чувствуваш по да речеме неколку дена, па ако не можеш да ја следиш, смени на другата.
    И од двеве диети има многу задоволни девојки, кои изгубиле по повеќе килограми.
    Почни и секој ден со пешачење, по половина час. Друго прочитај ги советите и мислењата од тука на девојките и пробај :)
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.249
    Допаѓања:
    157.412
    Лиле...мотивацијата ти е гладна. :)
    Пробај со Ун диетата,супер е за луѓе со многу килограми за симнување.А кога фаќаат кризи,миеш заби,пиеш вода со лимон,пиеш чај од магдонос или зелен чај и си замислуваш дека си на Хаваи со најсекси тело во свет и со најминималните бикини што може да се пронајдат.
    Значи што и да правиш не можеш без план.Мора да имаш план што ќе јадеш во наредните неколку дена,како ќе се соочуваш со кризите и да не се самосожалуваш со тоа,леле па телото ми се тресе,морам јас ова,ај уште ова...не,ќе бидеш строга кон себе.И мора да најдеш нешто што те мотивира.Јас на пример се мотивирам од фотографии со убави тела.

    И у секој случај,кога и да ти доаѓа тешко,обраќај се на темава.
     
  18. lileee

    lileee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    13
    незнам колку добро ме свативте но јас се борам со депресија и анксиозност моментите кога се борам со нив се доста тешки тогас ми паѓа нивото на шекер во крвта морам по благо да посегнам ми се треси телото морам по храна јас сум со дијагноза депресија лесно ли е да се борам и плус со дебелината ве молам во тие панични моменти на што би можела д амислам побргу дали ке се сдебелам или дали ке излезам од овој паничен маѓепсан круг дали некој ме разбира што сакам да кажам
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.249
    Допаѓања:
    157.412
    Лиле,тебе иницијална каписла тогаш ти е депресијата и анксиозноста кои и покрај тоа што пиеш АД ти не можеш да ги надминеш.И ти пишав,смени го психијатарот,оди кај оние кои разговараат со своите пациенти,а не само да пишуваат рецепти и да те прашаат,како си?!Не си добро?!Ај уште толку милиграми од тоа и тоа.Значи сепак на крајот се сведува дека ад не се причина за дебелеење,туку моментите кога си слаба и се бориш со паничните напади.
    Еве ти уште една убава тема и тука ќе наидеш на голема поддршка.
    zdravstveni-problemi/anksioznost-t580/

    Ја имаш цела нашата поддршка околу двете работи.
     
  20. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Прво Големо браво за видеото на Лукс.Навистина убаво напишано.Се андевам дека на многумина ќе им помогни.Браво Лукс.
    Иначе денеска сабајле на работа изедов една пирошка,мала а после некое време и овошен јогурт каснав.Се напив една чаша газиран сок( не требаше али премногу бев жедна)Потоа дома каснав лубеница.Крај 8 сатот правев стомачни,и вртев со хулахопот околу пола сат.Потоа излегов да се прошетам,што значи пешачев околу еден сат.Беф премногу гладна ко се вратив и каснав смоки и кисело млеко и едно парче торта од вишни што ја правеше мајками,не можев да и одолеам.И моментално сега се долевам со вода,и планрам така да остане додека си легнам
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.