Ќе дојт на посета во рок на тие 3 години али не идат? Ако не дојт ич....а ако успејте да останите верни алал да ви е. Сепак јас мислам дека мнооооогу тешко то да успејт.Не дека ќе ти е тешко да останиш верна туку не е појќе то то.Јас те сфаќам ти го сакаш,тој се сакат се ' ви е најубо ама помисли шо е то шо ви е убо? Убо ви е ко ќе сте излезени на топло чоколадо,ко ќе се гушкате на зима да не ви студит.Убо ти е ко ќе ти носит фервекс за да не ти течит носето и ко ќе те кренит и ко ќе те вртит на дождот . Е сега рачунај немат тие работи да ги имат 3 год...Јас мислам дека врска на далечина e тиња
^ Тоа е тоа. Еве јас пак ќе си го земам маж ми за пример. Ќе почне да 'цка човекот од мене. Нека отиде, не е дека ми е страв оти ќе ме изневери тој, или јас него. Ни најмалку не ми мене паѓа на памет неверство тука оти си се знаеме двајцата убаво, макар за тоа што некои ги спомнаа младите години и сакањето секс, сакам да речам само не ме отпишувајте ако сум постара, или оти сум „врзана„ подолго време па да сум ја исполнила квотата и по лесно ми е мене без таа интимност. Па и јас сакам повеќе од еднаш со маж ми во 3 години да му се сневиди! Ај настрана тоа, ама да помислам да немам никаков допир со човекот толку време, да ми недостигаат работи што ги правиме заедно, многу е време да го нема да ме скокотне, да ме види изнервирана и да ми направи тиит на носот за да ме насмее, да ме разбушави и да ми рече колку си ми смешна овака, да ме гушне кога ми е тешко... каква тешкотија ќе е тоа да го нема до мене прво како најдобар другар па после како љубовник. Поентата е не е само секс во прашање. Имам речено не се одржува љубов само со имање секс, туку тоа целото пакетче е, секс ама и со квалитетно време поминато заедно правејќи работи во кои двајцата уживате и поддршка кога си требате. Интимност меѓу двајца доаѓа на многу начини, физички и емоционално, наједноставното за рака држење е дел од тоа, таа физичка близина ако ја однема меѓу двајца партнери, полека ќе си отиде и емоционалната, ќе се отуѓиме еден од друг. Нека фати света, нека се врати после 3 години, нека проба тогаш тиит да ми направи кога сум нервозна и шансите се дека ќе добие една
можеби ќе се налутиш,но еве мое искрено мислење кое можеби ке ти значи. јас би раскинала на твое место.твоите 18 години се премалку да ти се врзеш со некој што навистина го сакаш но нема да го видиш 3 години,премногу е... можеби ова раскинување ке биде најдобро решение за секој да тргне по свој пат,па здравје боже кога тој ке се врати ако бидете двајцата слободни пак ке се роди истата врска што ви постои. сепак најдобро ти знаеш и низ што се сте поминале. се најдобро и одлуката е на тебе драга
И јас сум во истата дилема. Имам 17, одиме само 3 недели, а треба да си оди на 3 години, без понекогаш да си доаѓа. Со него ми е убаво како за почеток, добро ни тргна, не сакам да раскинам. Ама три години многу. Друго е маж да ми биде а друго е дечко и + го знам многу малку време. Ваше мислење?
3 недели одите, тој ќе си оди и ти ќе го чекаш 3 години? После 1 месец ке го изневериш, можеби и толко нема да чекаш. И 10 години да сум со тој човек ако замине на година, две, три.. без да може да си доаѓа често ( барем на 3 месеци) или пак јас да заминам кај него, таа врска има да ја ставам на пауза или ќе ја прекинам било како. Може ние ќе си одржуваме контакт( телефон, скајп) но нема да се врзам за него, одкако ќе се врати тогаш ќе се види дали од таа врска од пред 3 години има уште нешто, дали љубовта е тука, доколку чувствата не се променети секако дека таа врска ќе се обнови. Но да се ветува нешто на некого па и уште да незнаеш дали ќе можеш да исполниш е премногу глупаво. За тие 3 години може секој да тргне на своја страна, може едниот ќе е верен а другиот не. И зоошто да се губи драгоцено време? Навистина нема потреба од тоа.
Мој одговор е да не остануваш со него ! Имаш само 18 години и ти во најубавите години треба да си обврзана буквално со НИШТО. Можеш да си му верна ама по некое време и тој и ти ќе сфатите дека не вреди. Дај Боже да успеете ама искрено лично не верувам...Многу голем периот се 3 години а тебе тие ќе ти се најубавите години . Се најдобро
би ти советувала да си останеш во контакт со него,но само пријателски .премногу голем товар за млада девојка е одржување врска на далечина,ќе биде и болно и тешко.подобро раскинете,и онака имаш време кога допрва ќе се забавуваш,ќе бираш партнер за сериозна врска,но сега не ти е времето за сериозни обврски,ти зборувам од искуство.уште како тинејџерка се обврзав на врска на далечина ,и многу страдав бидејќи врската заврши неславно.бев премногу заљубена и изгубена да пресечев уште од почеток ,немаше толку да страдам и да се измачувам.ти посакувам се најдобро,и да ја донесеш правилната одлука!поздрав
Не сум ја погледнувала темата бидејќи му раскинав ододамна, пред некој да пише овде. Контактираме, вчера ми се јави дури од таму да ми честита осми март, денес му е роденден му честитав. Кога раскинавме малце бунтуваше и самиот ми предложи да оддржуваме една другарска врска. Особено ми е драго што не сме скрос одделени, бидејќи сепак е човек кој го почитувам и не сакав тоа туку така да се растури. Ви благодарам што одвоивте време да пишете.
Здраво на сите.... Вака, со дечкомо одиме 5 месеци,ама многу станавме блиски ... тој оваа година завршува на факс и планира да замини во Германија на 2 години...Пред декој ден се видовме и тоа ми го кажа, незнаев како да реагирам баш смирено ок викам тоа се твои амбиции... неколку пати го слушам како вели што ли ќе се случи после 1 година? ти студираш јас завршувам...изгледа си планира некои работи, ама незнам некако и тешко ми паѓа и од друга страна незнам дали ќе биде подобро да раскинеме или да оставиме на времето...
премногу е рано за такви потези ... јас имам уште 4 години додека да завршам и свесна сум дека не би ме чекал ..:/
@Canay Можите повремено да прекините зошто сте на почеток на врска и секој почеток на врска не носи многу доверба, нели? Ако заодите подолго пред да оди тој таму можите да ес обидите на врска на далечина. Две години се многу ама ете ... најупорните победуваат. Некогаш разговарај со него, прашај го какви планови има откако ќе замини. Разговарајте отворено за да знајш што да очекуваш.
Не знаеш се што може да се случи и што ќе ви донесе времето. Сеуште си многу мала за да размислуваш за тоа "што би било кога би било" и "што би било кога ќе биде". Едноставно колку и да ти е тешко во самиот момент мораш да прифатиш и да соџвакаш дека така требало да биде и секогаш обиди се позитивно да гледаш на ваквите работи. Ставот на дечко ти е во ред, не раскинувате, нема причина за никаква паника, едноставно останете со моменталниот однос што го имате, па за понатаму ваквите животни искушенија ќе ви бидат само еден патоказ и доказ за што понатаму. Нема потреба нити да раскинувате нити да се форсирате, ако има љубов, таа ќе разгори со времето, ако нема и се е пролазна ситуација едноставно ќе се разделете. Да така остави на времето да ви покаже со тек на ситуациите дали вашата врска ќе се претвори во нешто цврсто и искрено или нема. Не можете да знаете што ќе ви донесе далечината дали разгорување на таа таканаречена искра во вас или едноставно ќе згасне, не можеш да знаеш, не можеш да планираш, нити да се откажеш од потенцилната среќа.
Барем едно научив од врскиве, секогаш биди подготвен на се. Со болдот сакам да ти кажам дека тој си планира за себе, а тебе не те вклучил. Бидејќи и те прашал, значи се чувствувал несигурно бидејќи знае до каде водат тие работи. Тој ќе се смени, Германија ќе го смени, сакал не сакал само ќе си губите живци. Бидејќи прочитав дека е рано да влегувате во брак, оставете на времето или раскинете, но бидете подготвени на се и сешто.