1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Морнарски стил

Дискусија во 'Слики' започната од BettyBoop25, 23 јуни 2011.

  1. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    Морнарскиот стил никогаш не излегува од мода. Неговата препознатливост произлегува од боите. Основата е бела боја во комбинација со сина или, пак, со црвена, а најдоминантен пример се ригите. Главна инспирација се морските мотиви, од сидра и светилници, до рипчиња и галеби. Идеален е за сите што не се склони кон слепото следење на модата и на модните трендови бидејќи морнарскиот стил е вистинска класика и секогаш е во центарот на фокусот. Совршен е за на плажа, за шетање по заливот, за на брод и, воопшто, за целото лето. Приспособлив е речиси за сите ситуации и пригоди бидејќи одлично изгледа во изразено спортска, но и во умерена елегантна варијанта. Неговата предност е тоа што многу лесно се постига без поголеми вложувања во нови парчиња облека. Без проблем маичката со пруги во морнарски стил од предминатата сезона можете да ја комбинирате со нови бели или, пак, сини панталони, по можност да бидат во морнарски крој. Белата лелеава блуза или кошула одлично ќе одговараат со темносини здолништа или со панталони, како и со црвени варијанти или со пруги. Морнарскиот стил може да го доловите дури и со еден детаљ како чанта, шапка, колан или со мокасинки. Накитот инспириран од морето и од морнарите исто така е добредојдена помош кон демонстрирање на овој стил. Главните одредници на овој стил одамна се веќе зададени, а останатото се само негови варијанти. Затоа, препуштете се на морската струја и уживајте !!!

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На ChivasRegal му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Морнарски стил хит ова лето да или не ?!

    Значи има ваква тема,не се залетувајте одма.

    Ајде сеа, летово ќе се јаде праз, би јаделе или не?

    Не мора за се тема да се отвори.


    moda-i-stil/moden-hit-trend-bi-nosele-ili-ne-t6904/
     
  3. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Морнарски стил хит ова лето да или не ?!

    Да. Затоа што тегет, бела и црвена боја се убави и во унколор комбинација, а заедно совршено се совпаѓаат. Можеби ми пречи што сите така се носат, но не е само морнарскиот стил хит летово. Летово може да се пронајдеш во многу стилови кои се актуелни и затоа ми се допаѓа што има избор.
     
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Морнарски стил хит ова лето да или не ?!

    Да, има тема за модни трендови. Инаку, морнарскиов стил не е хит, но е се уште многу присутен па затоа и мислиме дека е хит. Ова лето хит се пр. турбани, цветен принт како што знам јас, а морнарскиот и да е хит и да не е ќе си носам јас :)
     
  5. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    Морнарски стил хит ова лето да или не ?!

    Вака сега, темата е за морнарскиот стил а не е општо.Значи темата е дали сака некој да носи морнарски стил дали му се допаѓа и слично.Значи уште еднаш да ти пишам за МОРНАРСКИОТ СТИЛ правиме муабет тука, а не општо за секаков вид на стил.А овде мислам дека има право на форумов да отвора теми секој кој сака и како сака, а ти не си админ да ставиш клуч на темата, или пак да му кажуваш на други луѓе дали да отвораат теми за да се дискутира, овде ќе муабетат (коментираат) луѓе што сакаат да се искажат слободно дали им се допаѓа ваков стил на облекување.
     
    На princess12 и lolita97 им се допаѓа ова.
  6. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Морнарски стил хит ова лето да или не ?!

    Браво бе,у право си,што се замарам па и јас со тебе. |(
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Морнарски стил хит ова лето да или не ?!

    Или нека се преименува темава во Морнарски стил, или ќе биде заклучена зошто гласи: ТЕМА: Морнарски стил хит ова лето да или не ?! и не развива дискусија воопшто, мислам јас ќе кажам да, некој ќе каже не и толку, таквите теми се заклучуваат не е само да се трупаат теми на форумов.
    А и, што бара темава во слики кога останатите стилови се во општо Мода и стил?
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Морнарски стил хит ова лето да или не ?!

    Па не е само ова лето, морнарскиов стил е присутен повеќе години наназад, само што оваа година некако многу се акцентира.

    Мене многу ми се допаѓа...боите, дезените, деталите...баш ми се летни и свежи.
     
  9. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Мило ми е што се врати овој стил. Колку само е најубав. :D
    Ги сакам таквите ствари почнувајки од ташни, накит, фустанчиња и морнарски капи. Најчесто се присутни белата и сината боја, кои се освежуваат со нешто црвенко и насмеано фациче на моделот кој го носи.:wasntme: Мотивите од сидра, светилници, бротчиња совршено се поклопуваат за на плажа или ноќни прошетки... :)

    Лесно е за комбинирање и може да се приспособи за различни прилики затоа што делува и спортски и елегантен.
    Овој стил Коко Шанел најчесто го комбинирала со бисери и морнарски елечиња.
    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
  10. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107

    И јас се сложувам со тебе, црвената, белата и сината боја ми се прекрасна комбинација. ;)
     
  11. bestrasnost123

    bestrasnost123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    28
    оваа комбинација ми е хит цел живот ја обожавам
     
  12. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Некои комбинации ми се убави, но повеќето ми делуваат страшно униформирано, спремни за на маскенбал.
    Ми станува досаден.
    На првите две слики од темата кај што е комбиниран со кафеаво ми се допаѓа. Ама тегет-бело-црвено ми е преголемо клише.
     
  15. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Го обожавам овој стил,за жал немам ништо но наредна прилика сигурно купувам нешто од овај стил.Не мислам дека е хит ова лето,но е многу интересен и има многу убави парчина што секој може да ги носи.
     

    Прикачени фајлови:

  16. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Многу ми е застарен и досаден веќе.
    Секоја сезона аман веќе.
    Не можам на мира да облечам маичка во риги затоа што ми се допаѓа таа, а не морнарскиот стил и одма да добијам критика: еееј, срцка баш морнарски е во мода. А кога не бил? :^)

    Го одобрувам ова:
    [​IMG]
    [​IMG]

    Но, не и:
    [​IMG]
    Ту мач за мој стил.
     
  17. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Мене ми е досаден!Преку глава веќе,секое лето морнарскиот стил ма дај...не го сакам воопшто.
    Мислам дека не е Кул ова лето.Ова лето се носат романтичните дезени повеќе-а нив ги сакам премногу,најслатки се !
     
  18. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    7.727
    Пол:
    Женски
    го сакам и точка....
     

    Прикачени фајлови:

    На Candice.S му/ѝ се допаѓа ова.
  19. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    7.727
    Пол:
    Женски
    секако ако е умерен без претерување
     

    Прикачени фајлови:

    На Candice.S му/ѝ се допаѓа ова.
  20. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    7.727
    Пол:
    Женски
    иако јас малку претерав со сликиве ама сепак не можам да издвојам само 2-3 сите ми се убави и сите би ги носела....
     

    Прикачени фајлови:

    На Candice.S му/ѝ се допаѓа ова.