Оваа лето поретко правам монарски комбинации, но минатото лето скоро се што си купив беше во тој препознатлив морнарски стил!Си бев купив едни преслатки купачи морнарски кои се разбира и оваа година ќе си ги носам за на плажа! Летово како да се презаситив од црвено,тегет и бело па удрив на розево Сепак имам доста парталчиња во тој морнарски стил и ми се допаѓа! Дневни прошетки, за на работа, за на кафе, за вечерно излегување, безразлика, знам да се сторам морнарка ! Јас тегет и бело често комбинирам па и кога не ми е идејата да бидам морнарка јас пак морнарски изгледам
Од толку различни стилови кои последниве неколку месеци излегоа во мода и ги нападнаа продавниците, од морнарскиот сигурно нема да ми здосади. Трите препознатливи бои ми се преубави во секакви комбинации Спојлер
Баш е добар морнарскиот стил, ми се допаѓа овој стил бидејќи моето име потекнува од морнарите-маринците...
Па јас морнарски се носев од претходното лето А и како мала, и многу љубов имам за вакви парчиња. Се што е во плаво бело и црвено во продавница одма го грабам. Не поминува лето да не купам нешто вакво, па така и годинава не останав покуса. Купив една случна ваква, само малку пократка и поширока Едит: Според мене Моранраски стил, си е првиот морнарски - плаво, бело црвено. Розева морнарка за мене нема
Многу го сакам морнарскиот стил.Многу ми се убави тие три бои темно сина бела и црвена совршена комбинација.Ова лето си купив две морнарски футанчиња и си ги изнаносив
Имам слична ваква, но постара е мајка ми ја купувала. А морнарските парчиња ми омилени, пола од облеката ми е во бело/сино/црвено.
Ех кога ќе ми текне колку ми беа симпатични морнарски фустанчиња, маички и сл. Ама ќе почнат по бутициве ко ненормални да носат ваква облека и луѓево се потепуваат. Цел град е исто облечен. Копии. Исто и со цветниот принт беше. Џабе, одвратно ми стана сега. Не ги ни загледувам на излог кога се обесени.
хит ова лето,како и секое друго.овој стил не умира никогаш.но по бутиците исти работи и сите на тоа,па во град како униформа,поготово едно фустанче што 90% од македонските го имаам малку е смешно и не е баш толку оригинално за мој вкус. А несомнено е дека морнарското седи на сите подеднакво,и машки и женски-лежерно денски а и модерно за излегување.
Секој стил е убав додека не се облече цел град исто ми се свиѓа стилов, но цело Скопје вака се облекува така да јас не
Не е лош морнарскиот стил, но не е ни нешто посебно. Онака златна средина ми е имам две морнарски фустанчиња и две морнарски маички. Ете така кога ми е мерак, кога ќе ми текне ги облекувам. Инаку да, убаво кажала форумџиката над мене, ни мене не ми се допаѓа кога нешто е хит и цел град се облекува така.Сите униформирани можеби зошто секогаш сакам да сум различна, не знам...