1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мотивација

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 15 април 2021.

  1. Buddygirl

    Buddygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Мотивацијата е желба или волја да се направи некоја работа. Што мислите колку успешноста влијае на мотивација кај луѓето или колку мотивацијата е двигател за нови акции. Дали тоа што ни треба во денешново време. Колку сме мотивирани дома, на работа? Што не мотивира ваше искуство. Дали опкружувањето влијае на наша мотивација и обратно?
     
  2. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Женски
    Јас лично имам мотивација од многу ситни нешта.Ме мотивира успехот и начинот на постпување на успешните луѓе.Не мотивира она што според нас е корисно,ќе ни треба и сл.:)
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    2.723
    Пол:
    Женски
    Водам планер доста ми помага и со мотивација и со волја (Кога ќе видам изнапишаното е завршено и успешно уште толку си давам задачи)
    Планер буквално за се
     
  4. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.653
    Допаѓања:
    2.421
    Пол:
    Женски
    Јас самата се мотивирам. Кога нешто сакам нема жива сила сила која ќе ме спречи да го направам тоа и обратно. Ако очекуваш некој друг да те мотивира, а да немате исти соништа тогаш ќе те убедува дека грешиш. И ако си слаб на психа лесно ќе се откажеш од замисленото. Барем така било кај мене. Секоја чест ако постојат луѓе што имаат различни соништа, се дружат и се мотивираат меѓу себе за да си бидат успешни секој на свое поле.
     
    На Loving boy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.451
    Допаѓања:
    10.533
    Пол:
    Женски
    Мотивација од се црпам, гледам и јас самата себе да си барам некоја виша сила која ме турка напред. Најмногу сила ми дава син ми.
    Последните 3 години со какви сплетки се соочивме со маж ми за да ја оствариме целта пред два месеци, на кој да кажам нема да верува. Дури и брат ми што не гледаше како се мачиме ни велеше да се откажиме. Ама верував дека ќе успееме. Маж ми последната година почна по малку да крева раменици, ама го туркав и него напред, го тешев дека ќе биде, ќе се среди. И еве сме на крај од целта :sun:
    Насмевката, радоста на син ми се мојата награда. Кога гледам како се радува на успехот уште 100 пати би го минала тој пат. :*:
     
    На stjepan му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.313
    Пол:
    Женски
    Сама се мотивирам. Мислам на сите придобивки што ќе ги добијам ако го направам тоа и тоа или на финалната среќа на крај кога ќе исполнам нешто. Исто ме мотивира и радоста на моите, на дечко ми кога ќе успеам нешто и секогаш и тоа ми е во мислите како мотивација. Си мислам на крајниот исход и тоа ми е секогаш мотивација.
     
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.367
    Допаѓања:
    24.481
    Мотивација можам да најдам на многу места. Може да се деси да најдам и во песна.
    Поентата е да ја одржуваш на долгорочен период, да не дозволиш да ја снема скроз. Трикот е во правење помалку, ама конзистентно.
    Најглупо е да се мотивираш околу правење некаква промена или остварување цел, од старт да превземеш премногу пребрзо, па да се исцрпиш и да изгубиш мотивација зошто немаш трпение и енергија.