Се обидувам да ти помогнам, не да се правам паметна. Ако ти кажам дека ми било трипати потешко, ќе ти олесни ли тебе?? Нема. Било што било, поминало, продолжуваш напред. Ако се навраќаш постојано, ама јас вака, ама мене вака ама мене ми било најтешко. Нее, замисли има па и луѓе што им било трипати потешко од тебе што ти било и сега што?? Не значи дека ако се опседнуваш со психологијата ќе си помогнеш, пробај да живееш, пробај да се отвориш кон светот и кон луѓето.
Ме убива полека но сигурно таа моја психа веќе .. И знам зошто е тоа така , и знам дека нема да трае долго .. Но не можам против себе . Најчесто " удари " од психата добивам кога сум во ПМС . Ми се вртат најразлични глупости низ глава ( буквално глупости , нема ни повод а ни причина за нив ) од тоа дека маж ми ме изневерува , до моја " неспособност " за работа ( као за ништо не ме бидува , што и да фатам расипувам , што нема благе везе , али психа + ПМС = лоша комбинација ) , дека сум најгрдиот човек на планетава и најдебелата жена што постои во светот ( да , имам вишок килограми , но не е нешто што не може да се реши со вежбање и диета , евентуално здравствен проблем за кој , повторно има решение ) .. Баш сега сум во ПМС , и деновиве сум " као кишна година " по цели денови си плачам .. она не плачам , туку си пуштам солзи од горенаведените причини .. Од мисли кои немаат блага врска со реалноста . Ајде нека заврши веќе ПМС - ов , не можам да се поднесам ваква мрсулка . Кај се видело стрелец , највеселиот хороскопски знак да се мрсулави и плаче .
Убаво си видела дека е ради хормоните. И те како влијаат на психата и расположението. Јас во ПМС обавезно искусував бар еден ден депресивно расположение, плачливост и себесожалување. И си прифатив дека е од хормоните и дека за два три дена ќе помине. Си оставав простор и не се обвинува што сум таква зашто ние сме прво физички суштества кои се подвиваат на физичките закони. Психата ни е во голема мера резултат на телесните и физиолошките процеси. Не сме слаби заради тоа. Си има функција таа осцилација на хормоните на месечно ниво и си има зошто е потребна. Во тие денови избегнував вести, тажни филмови па и самокритика на тема изглед зашто подувана бев обавезно и си пазев на одмор, храна и витамини.. магнезиум, б витамин и сл..
Знам дека ми е од хормоните , јас веќе се навикнав .. Се надевам ќе ми помине кога ќе почнам на фитнес .. Или бар ќе се намали тој ефект на самосожалување . Се мразам кога сум таква .. Маж ми душава , се чуди каде згрешил овој пат и зошто ронам крокодилски солзи без посебна причина , а оно хормоните ми подивеле . Затоа велам , можеби кога ќе почнам на фитнес , ќе се намали тоа себесожалување , бидејќи пред се нема да имам време да се сожалувам .
Ова мојата психа и јас го иам користено како фраза хахаахха Кога го видов насловот бев како втф? Мојата психа..ау Па вака. Иам прилично стабилна психа, со оглед на некои работи од минатото. Дури и луѓе што ме знаат се чудат како сум нормална, како учам, како функционирам. Најсериозно. У смисла шо не сум одлепила. Ама од друга страна, некогаш викам дека не ми е баш океј психата пошо сум со краток фитиљ, знам некогаш брзо да се изнервирам, и да изреагирам бурно. Коа иам жути минути, тоа шо ми проаѓа низ глава некогаш и мене ме чуди. Онака си викам бреј до кај може да ти мисли мозокот. Така да, можам да речам дека иам добра психа, а слаби нерви.