1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојата тажна љубовна приказна

Дискусија во 'Врски' започната од velesanka, 20 февруари 2011.

  1. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    2.426
    Сите во животот сме имале некоја врска која сме мислеле дека ке трае вечно, но многу често се случува за момент се да се промени.
    Партнерот веке не е оној што сме го познавале, се се променува за момент. овие врски имаат драматичен крај и оној што повеке сака секогаш е повеке повреден.
    дали вие сте имале некоја ваква приказна? како сте преболеле? која била приличината за крајот?
    овде можете да се испразните и да ја раскажете вашата приказна.. со цел да ви биде подобро
     
    На Osamena devojka, DeRose, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Лично јас го немам осетено тоа но мој најверен другар имасхе девојка (од мојот клас беше) и заедно беа скоро година ама таа многу се промени почна да го вреѓа бидејчки она е рокерка а он рапер као пареите се глупи ... после почнаа мноогу да се карат и раскинаа но еве поминаа 9 месеци а другар ми уште женска не си фанал оти ја сака бившата покрај се шо она му правеше ....
     
  3. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    2.746
    Ја имам една таква срцепарателна прича :) Веке е преболена,додуша,али беше прилично болно...Значи вака-идев со дечкото околу 2 години(со доста чести прекини),али таа врска ме уништи,ме здроби буквално...се беше ок,првата една година од врска,бевме фантастичен пар,баш сродни души(или барем јас така мислев),се додека тој не се промени преку ноќ...причината за таа промена беше смртта на баба му,што тој ја сакаше премногу и беше многу поврзан со неа,падна во депресија,ме оддалечуваше од себе,почна да се пијанчи,да се дрогира и ми раскина...го прифатив раскинувањето доста храбро,со тоа што знаев дека му треба време,дека ме сака и дека пак ке ми се врати...и така беше,после 2 месеци,ми се јави,ми рече дека ме сака,се смиривме(тоа беше најголемата глупост што ја напраивме)...е овде почнаа проблемите...тој беше сосема друг човек,неможев да го препознаам,имаше време за се и за сите освен за мене,а јас упорно и упорно се надевав дека тој ке биде таков каков што го запознав...ке излезеше со другари,ке се начукаше,незнеше што прави,па следниот ден слушам-ваму бил,таму бил,со таа бил,со онаа бил...и што беше најтрагично не го негираше тоа,а јас несакав да верувам во сите тие работи,и идев далје и далје,со глава во ѕид...собирав храброст одвреме навреме да раскинам и се случуваше да не се видиме и неколку месеци,ама тој секогаш ме бараше прв и као сега е сменет,сега е ок и пак по старо...болно беше многу...и капакот беше пред 3 години за Нова Година кога господинот ме извести дека нема да славиме заедно,он ке славел со друштво на саем(а ја не бев поканета многу јасно) и дојде од кај мене да се спреми,демек не е дека он мене толку не ме сака и почитува,еве кај мене е,па ке иде таму неколку саат,после пак ке бидеме заедно...и,луѓе верувале или не-не ми ја честиташе новата година,цела вечер плачев,дојде следниот ден да си ги земе стварите и не му беше јасно зашто сум лута,што направил...е тоа беше последно,сфатив(мада,многу време ми требаше :D ) дека тој никогаш нема да биде тоа што беше,можеби никогаш и не бил таков само глумел...отидов кај него,на Божиќ,седев 20 мин и станав и само му реков-ја ке идам во кафана,ме чека друштво таму(што никогаш порано не се случило,да го откачам за да си бидам со друштвото),еноставно не му беше јасно што се случува...станав,си ја облеков јакната,ни чао ни пријатно и си излегов,само дојде по мене и ми рече-врати се да те гушнам,му стана јасно што се случува...ми требаше околу 1 година да се опраам,али пак од една страна сум му благодарна,затоа што после него мислам дека нема да ми биде проблем да преболам никој во животов,знам низ што поминав и дека се после тоа е полесно :) Сега имам статус-среќно заљубена во прекрасен дечко и едногодишна врска :) :inlove: а,тој може да брка работа :)
     
    На buba4e89, MG3, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Го имам ова раскажано во неколку теми,па ајде и тука..(Само во неколку црти,сега ќе ви ја раскажам целата приказна)
    Имав дечко кој што многу ме сакаше,бевме заедно каде и да се оди..Тој ме сакаше а јас?!-НЕ
    Го почитував,му бев верна ама го неќев,не мислев дека толку затрескан во мене.
    Јас сум му била прва женска,прва љубов,тој до тој момент кога ме запозна единствена љубов му било џудото!Се заљубил во мене,јас не го знаев тоа,јас излегував со него само заради забава,затоа што знаеше да ме насмее,да ме прегрни силно кога не ми е добро,да ме ислуша.Еден ден решив да раскинеме,ми се здосади,бидејќи го нејќев секако.И откако се скаравме сватив што сум му била во животот,сватив колку ме сакал!
    Плачеше,ме молеше на коленици,ми викаше биди со мене макар и да ме нејќиш со текот на времето ќе ме засакаш,не ме оставај,ти си ми се...
    Се пијанеше за да се сожалам и да му се вратам.
    Јас после тоа што го видов и слушнав од него неможев да се вратам,неможев да го повредувам,си реков ќе си најди друга и ќе ме заборави.Така јас си најдов друг со цел да ме замрази да несака да ме види.
    Но не тој и после тоа ми се јавуваше и ме молеше,се закануваше дека ќе го убие тој што е со мене и нема никој да ме има освен него.Цела година ме молеше и на крај престана..
    Мене ме изневере дечкото и си останав самоо...
    Тогаш сватив дека имало само еден што ме сака и почитува и решив да му се вратам..
    Тогаш беше доцна :(..Знаете кога е доцна тогаш се сваќаме.
    Потоа тркалото се сврти,јас бев таа што го молам,и што се понижувам.Ме одбиваше но не се откажував бидејќи знаев дека нема да остане рамнодушен оти сепак постоеше една искра од старата љубов.
    Така и беше тој прифати после долго молење но не беше исто,само се каравме,љубомора,и на крај решивме да не се повредуваме и да раскиниме.
    Нашата љубов не беше возможна,ништо не беше исто :/
    Така заврши нашата љубов,и тој си најде друга а јас друг кој што ме сака и си го сакам!:)
    Но верувајте не е лесно,плачењето ми беше секојдневна работа,паѓав во депресии.И др. работи,но откако го запознав моето срценце,веќе не мислам на него,го гледам само како минато и си сум среќна но сепак има моменти ко ќе се скараме со дечко ми да помислам на него.Но секако тоа само трае миг.
    Живот иде даље.Сакајте ги тие што ве сакаат и не ги оставајте,тоа го научив од мојата ТАЖНА ПРИКАЗНА!
     
    На buba4e89, enci, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Имав, неколку...
    Но еве ќе ја издвојам таа што најмногу ме повреди...

    Имав неполни 18 години, кога го запознав него, преку интернет, дечко од друг град, со совршено полни усни и коси очи. Тоа не беше љубов на прв поглед, беше нешто и пред тоа, луда бев за да го запознаам, и сторив се за да се случи тоа... И така би... Дојде во мојот град, а јас неможев да поверувам дека го гледам пред мене, и дека веднаш, слегувајќи од возот, ме гушна. Му се стопив во рацете. Во истиот момент го обожавав, и бев спремна на се за него. Точно така, кога тој си заминуваше, за Скопје, скокнав во возот кој штотуку не беше тргнал, и заминав со него, од крајот на едниот вагон, се дерев по него да се сврти. Како на филм, ги рашири рацете и се гушнавме, несакавме да се одделиме ниту за секунда, а мене не ми се веруваше што сторив.
    Отидовме кај неговиот другар во Скопје, каде цел ден страстно се гушкавме и бакнувавме. Да, тоа беше љубов од филм, секоја секунда беше драгоцена. Кога чукна времето кое означуваше и мое заминување истиот ден, мислев дека никогаш повеќе нема да го видам... Се качив во такси, и заминав...
    Мислев дека таква љубов повеќе нема да доживеам, решив да сторам се, за да биде мој, и да бидеме заедно и покрај се...
    Тогаш бев друга личност, им пркосев на сите предизвици, полна со оптимизам и верба во себе, решив да ја остварам нашата љубов. Го поканив да дојде повторно и средив да остане кај еден мој другар.
    Тие денови беа магични, се љубевме, како луди... А јас му се предадов, со срце и тело, неколку дена откако го запознав. И не се каев, немаше да се каам ниту да заминеше и никогаш повеќе да не се вратеше... А можеби така ќе беше и подобро... Но не се случи тоа.
    Продолживме да ја живееме нашата љубов, за која никогаш не рековме дека ќе биде невозможна. Двајцата сторивме се што можевме за да бидеме заедно. И бевме, се сакавме, живееме за нас двајца, за времето кога повторно ќе се видиме, нетрпеливо ги очекувавме викендите за да се видиме, да скокнеме од возот на перон и да се гушнеме...
    Можеби затоа што премногу се сакавме, дозволивме да не угуши љубомората, несакавме ниту да помислиме дека би се изневериле, опсесивно, болно и психопатски се сакавме, невозможно многу...
    Но тој, почна да снемува доверба во мене, се плашеше изгледа... И тука почнував да се чувствувам угушена, ограничена, нешто што никогаш предходно не бев. Чувствував како да живеам против своја воља, и против работите кои ги сакам. Но се згазив, се, само за да бидеме заедно. Се откажав и од некои мои задоволства, само тој да биде задоволен. Бев секогаш спремна да исполнам се што ќе побара од мене, и секогаш беше незадоволен. Тоа ме рушеше, станав личност без став, без гордост, никакво достоинство... Но не ми требаа, мислев дека додека го имам него, ништо друго не е потребно.
    Продолжив да ја живеам нашата љубов, не откажувајќи се, трпејќи ги некогаш и неговите навреди, понекогаш закани, и физички пресметувања... Мислев дека сето тоа е од љубов, секогаш давав се од себе, се што имав бев спремна нему да му дадам. Материјално му помагав секогаш, несебично, јас немаше да имам само за да има за него. И тој, продолжуваше да биде незадоволен.
    Почнував да се чувствувам потиштено, но немав кому да кажам. Тој почна да станува ладен спрема мене, да живее некој друг живот, во кој за мене немаше место, а јас го почувствував тоа.
    Се случи болен прекин, со физичко пресметување меѓу мене и него. Бев буквално избркана како партал од неговата куќа во друг град, каде што никој не познавав, во 6 часот наутро. Немав каде да одам, плачев, но не се вратив, пробав да го соберам достоинството, она малку што остана и ѕиркаше зад кулиси.
    Прекинав, за по еден месец, повторно филмски прегазувајќи се, да му се вратам, без тој да знае отидов во неговиот град, и од таму му се јавив. Неможев да верувам дека по еден месец повторно го гледам него. Човекот со преубавата полна уста и коси очи... Повторно бев спремна на се за него, секогаш... Се трудев да го вратам, по секоја цена, а тој, ме отфрлаше, велејќи ми дека ќе бидеме заедно, кога тој ќе реши, во меѓувреме само ќе се гледаме. И тоа го прифатив... Среќна бев и не ми беше важно дали сум со статус Во врска.
    И траеше тоа, се додека една вечер го чекав да си дојде од некаде... Ниту сама незнам од каде. Но него го немаше, а јас чекав, и чекав да се приклучи на интернет.
    Бев избезумена, немав ниту од каде да го барам за да видам каде е, и зошто го нема. Во тие моменти, најдов личност на која и се отворив, личност која знаеше низ што поминував и што се прегазував во животот само за него. Плачев и му кажував како се чувствувам...
    Тогаш реков - Доста е ! Готово ! Се има граница, а тој ја помина мојата... Стиснав заби и му напишав како не му е срам ова да ми го прави. На тоа добив одговор утре дента, дека јас него не сум му ниту женска, ниту жена за да го контролирам каде оди.
    Целиот бес, што го бев собирала во изминатите месеци угнетување од него, го истурив, како огнена лава, и ништо повеќе не ми беше важно. Ги истурив најтешките зборови и клетви од мојата уста, не прифаќајќи веќе никакво незадоволство од него кон мене, затоа што повеќе - не ми беше важно како се чувствува тој. Во тој момент бев важна само јас на самата себе, и моето болно, скршено, згазено и повредено его.
    Откако ја олеснив мојата душа, прекинав секаков контакт со него... Продолжив со животот, не ми требаше многу да се опоравам. Веднаш си најдов друштво, и почнав да живеам. Ми беше чудно што живеам... Ми беше чудно дека сум излезена, и пијам алкохол, до 4 по полноќ, ми беше чудно дека никој не ми забранил да го правам тоа. Почнав да ја чувстуввам слободата, а алкохолот ги залечи скоро сите рани...
    По 2-3 месеци повторно на интернет се зачекавме, сосема случајно... И почнавме разговор. тој почна да ги враќа старите филмови, а јас сосема рамнодушно го одјебував, затоа што мојот живот и слобода вредеа многу повеќе од него.
    Една вечер во 3 по полноќ, откако се прибрав дома, се ставив на интернет, ми стигна покана на месинџеер од него, да прифатам камера. Кога се вклучи, видов како рони крокодилски солзи, како ме моли и преколнува за назад, да биде се како што треба. Останав со отворена уста, и неможев да им поверувам на моите очи. Тој, горделивиот, кој никогаш и никого не помолил за ништо, сега бара прошка од мене, бара да заборавам се, и повторно да прегазам за да бидеме заедно. Јас бев тотално рамнодушна, но оставив да видам до каде ќе оди. Буквално ми се згади кога го гледав како плаче на камерата, и ме преколнува да бидеме повторно заедно. Дури и ме покани да отидам таму, но го одбив, бидејќи збореше дека сум била психопат.
    Во меѓувреме го запознав мојот сегашен дечко, смислата на моето постоење... Не само што го запознав, туку на неколку дена од нашето запознавање, веќе бевме со статус - врска. Ладнокрвно го одјебав овој другиот, покажувајќи му што изгуби.

    Сето ова го напишав, после вечерната кавга со мојот дечко, бидејќи јас сум свиња која незнае да цени, и на пати знам да не му покажувам почит. Го напишав ова, за да си ја чукнам главата, затоа што несакам да го изгубам, како што мене некогаш, некој ме изгубил.
    Срценце, те сакам, извини уште еднаш ;( Ветувам дека ќе се поправам :*
     
    На ku4ence, buba4e89, MG3 и 44 други им се допаѓа ова.
  6. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Мислев дека цела моја надеж беше исцрпена. мислев дека цела моја љубов беше истрошена.. Го откачив човекот што даваше живот за мене, за да го сретнам него.. А кога го сретнав? Мислев дека сум благословена, мислев дека не можам да бидам посреќна.. Се беше прекрасно, нормално,неверојатно.Бев весело девојче со премногу илузии,сонови,желби,полно со фантазирачки дух.Знаев да бидам пријател со секого..
    Мислев дека поголема љубов и радост нема да може моето срце да доживее. Секоја прилика ја користев да бидам со него, кога и да ме бараше јас му бев достапна.. Он на мене никогаш.. Да. Почнав да тргам по друга љубов, нешто што за момент ке ме исполни, и ке ми даде надеж дека не е се така црно.. а он дозна, и ми раскина.. без да ја бара грешката во него, без да се запраша што се случи со нас.
    Тој никогаш не сакаше јас и он да се претвориме во ние, секогаш се делевме на јас и ти.. никогаш не сакаше да се зближи со мене, да осетам дека дел од него, јас поседувам.. да осетам дека барем за миг е мој.. да знам дека барем со малиот прст би мрднал за мене, дека ако ми се случи нешто прв ке се затрча... Никогаш не го почуствував тоа.. никогаш не ми докажал дека ме сака на начинот на кој што тврдеше..

    Вечерта кога ме остави, безмислосно, плачев, умирав да остане покрај мене.. трчав, но безуспешно.. тој не се ни сврте да види дали ми е тешко, не се ни сврте да види дали сум уште тука, не ми дозволи да му докажам дека го сакам, не ми дозволи, не сакаше да знае.. А јас? Ме остави сама, да се понижувам, да плачам,

    И повторно да ја барам грешката во мене, ...

    Никогаш нема да свати колку многу го сакав..

    Го побарав, требаше да знаам дека нема да ми крене, дека нема да му значам и дека никогаш не сум му значела..
    Има денови кои се забораваат.Денови во кои не сме успеале да зацртаме нешто ,со што би го паметиле тој ден,но има и денови кои остануваат во наше вечно сеќавање,денови кои оставаат трага меѓу листовите на нашата животна книга,денови кои одбележуваат,и потсетуваат на наше уште еднодневно постоење.Тој необичен ден,тојден по што ќе го паметам ,што е уште еден ден меѓу кориците на мојата животна историја,е денот кога го сапознав ...


    И не можам да издржам што толку многу ми недостигаш.. и сакам барем на момент да се вратиш..

    И колку и да плачам и колку и да те проколнувам ти пак ќе бидеш истиот заладен, забеган човек без кого не можам да живеам и кого го обожавам и кој сакам да го гушкам, да го гушкам, да го гушкам најмногу на свет...

    И пак ке страдам, а тебе ке ти биде баш сеедно, како што секогаш ти било..
     
    На MG3, soffce, Lea.Messi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Тогаш бев дете да се рече немав ни цели 16 години....тој беше постар од мене , позрел знаеше што ќе се случи,јас живеев во бајка.....
    Се гледавме некои 3-4 месеци без ништо да се случи со нас,се до еден ден кога ја добив поканата за на кафе со целото наше друштво , се случи тоа што го очекував се случи тој бакнеж а јас летав.Но ... тој не сакаше тука да застане сакаше да сме интимни ..... отпрвин реков ок ајде но уште пред да стигнам до постелата се испаничив и му реков дека ми е рано дека сум сеуште дете...стана отиде да ми викне такси..... вратата ми ја лупна пред нос сосема ладнокрвно......2 години плачев по него,бев во депресии,идев на места кадешто знаев дека е и тој таму ама се криев не сакав да ме види......Се до преклани го видов застана и се здрви,ме гледаше без да трепне....а јас? Јас само ја свртев главата на страна сакав да го здоболи ....и го постигнав тоа , се качи во кола и го снема.....кога ме гледаше бев само едно кршливо девојче,мало,брливо......А сега ме виде како девојка која полека се претвора во жена...знам дека не му е сеедно .... и знам дека после мене не е со никоја и сеуште е сам....можеби чека подобро време за нас ....кое никогаш нема да дојде
     
    На soffce, 123.Maki-first, Lile_05 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    до сега во љубовта, имало неколку тажни љубовни приказни ама една е за паметење
    (не дека другите се заборавени)

    бевме 3 и пол години заедно(постојано молење, плачење, раскинување) за иживеаност беше иживеан, ама имаше болка која ја носеше во себе-смртта на татко му, дури еднаш и до физичка пресметка дојде работата , а после сватив дека типот е психички нестабилна личност, згора на се слаба точка алкохолот-катастрофа
    колку пати имаше закани дека ако не бидам повторно со него ке се убие, ке си ги сече вените,навреди, јавни понижувања... сакаше да се омажам со него-но немаше храброст да го стори тоа,а уште го чува мојот број, и вчера ми се јави да ми каже дека ме почитува :tmi: инаку човекот бил зафатен(само се прашувам која би сакала таков тип)ама ете така се случија работите што сестра му се омажи, и доби внука па можеби малку барем се сменил
    местенка што ми го смени животот од нормален во пекол, а најлошо од се што моите дома мене ми ја префрлаа вината а за него мислеа дека е идеален зет(ама кога дознаа каков е , и што правел, и тоа како сменија мислење)
    откако сиот овој пекол заврши,се сменив, не сум емотивец тежок како порано, и поинаку гледам на љубовта, врските, секако и на бракот
     
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    Можам да издвојам три љубовни приказни... Тажни се, со оглед на тоа дека на сите три им дошол крајот.
    Првата уште од трето одделение... Заедно одевме на англиски, а во школо различно одделение бевме.
    Детска љубов, искрена чиста...
    Се до 8мо одделение... Еее која насмевка ја имам на лицево сега.
    Се скаравме во 8мо одделение и бевме скарани се до Август 2010 :) Кога КОНЕЧНО се случи првиот бакнеж.... Бакнежот на првата љубов. Треперев во неговите прегратки. Иако имав дечко, се гледав со него барем еднаш во месецот, повеќе за муабет отколку за нешто друго... :)

    Сега љуби некоја друга... Премногу ми е мило за него. И искрено, од срце му посакувам се` најубаво. Се гледаме и сега, комуницираме често, но само како другари. Беше крај на нашето љубовно авантурче, но не и крај на пријателството.


    Другата љубовна приказна се одвиваше по скоро, и е далеку потажна...
    Заљубена, изгубена до немајкаде... Тој во мене, па ич!
    Сепак се крунисавме подоцна, за да сфатиме дека сме млади и зелени и дека едноставно не иде. Никогаш не ставивме официјален крај, јас се запознав со друг дечко и бев со него скоро 3 години, е тука започнува најтажната љубовна приказна, за која немам сили сеуште да ја раскажам...
    Љубов како на филмовите, љубов како што мислев дека не постои, за подоцна да се уверам дека стварно не постои... Но тоа е животот... Сега гледам со насмевка на сите тажни моменти што биле многу одамна. Ќе дојде време кога и овие најновиве моменти ќе можам да кажам дека биле одамна, па тогаш ќе ми се измами скромна насмевка на лицето. :)

    И да, бев многу повредена, изиграна, искористена... Но сакам да љубам пак, само попаметно... Спремна сум во секое време за уште една среќна приказна со тажен крај...
     
    На strawberry06, hermosa, macysh и 4 други им се допаѓа ова.
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Немам некои срцепарателно тажни љубовни приказни, зашто сеуште сум мала и не сум ни добивала ни губела толку во полето на љубовта. :) Но, сепак.. мислам дека можам да одвојам две.
    Првата.. мислам дека има поминато скоро 3 години од тогаш. Јас бев шесто одделение, тој беше петто. Паметам дека беше пролет, а ние бевме баш дечиња што си немаа поим од животот. Бевме дечко и девојка а замислете, уште се немавме ни бакнато! :D Одевме така неколку месеци, бев пресреќна со него, се држевме за рака во училишните ходници и на еден мал одмор ми текнува дека ме бакна.. и тоа во образ замислете. :lol: Па после како сум скокала од радост во училница, сите си мислеа будала сум.. богами, збудалена бев ама од љубов, чиста детска љубов. После неполн месец, требаше да се муваме ама пуста јас уплашена, незнам како треба и не бидна тоа. Помина уште некое време и дечково сакал да ми раскине. И тоа се беше океј се додека не отидовме на екскурзија, јас не се поздравив со него а кога се вративме он како да не познаваше, и преку другарки ми раскина. Немате поима колку вечери не спиев и колку само сум плачела. Ама дете ко дете и тоа брзо ми помина. Ама после, тој повторно ме сакаше ама јас не сакав да му се вратам, па тој плачеше по мене и ме молеше.. Ех.

    Втората приказна, и многу потажна за мене се случи исто пролет ама во седмо одделение. Тој исто беше една година помал од мене, аман кај ги наоѓам све малишанчиња. :rofl: Бев многу, многу заљубена во него, го запознав скоро цело школо, т.е тие што го знаеја него само колку да ми го местат бе. И после еден дечко, што беше година поголем од мене го знаеше и рече само јас можам да ти го местам. И ај го аднав јас на мсн, тогаш тоа беше многу популарно.. ме прифати после 23324324 месеци, и онака кога го видов онлајн за првпат.. срцево мислам во петици дека ми отиде. Па ми пиша, ми вика која си ти, грешка си ме аднала ова она.. И ај сега, што да му кажам само го убедувам дека не е грешка. Па да прескокнам еден голем дел, зборувавме така месец-два на мсн и накрај дечково ми рече знам дека ме сакаш и јас тебе те сакам ама не смее никој да дознае, те молам не кажувај на никој. Е сега, проблемот на дечково беше тоа што беше многу чуден, не сакаше никој да знае, никој да не види онака кога ќе се видевме ништо не зборуваше, ептен беше срамежлив.. едноставно не знаеше што претставува нормална врска. Не дека знаев јас што е, ама тој па ич. :D Ајде, накрај еден ден се договоривме да се муваме и отидовме во другото школо што беше патем многу одалечено од нашите ама ај за негов мерак. А по пат ни збор не сме проговориле, ауу не дај боже. Отидовме таму што отидовме, се смувавме моментот беше ПРЕУБАВ. Ај сеа да скратам уште еден дел, ама само можам да кажам дека значи сум ги памтела датумите и саатите кога сум излегувала со него, значи се се! После точно два месеци, ми раскина бе и тоа зашто демек некој другар му викал дека ме видел со некој друг, ова она а он мора да му верува нели. И пак плачев и плачев и кога се навраќам вака, мислам дека после тоа го сакав уште долго време ама го потиснував тоа и не сакав да си го признаам. Верувале или не, после точно една година повторно се смиривме! Ама мене врската ми беше монотона, пак беше истиот и се однесував ладно, он ја тргна врската од фб хахаха. :D Јас го избришав ама знаев дека тој сеуште ме сакаше, зашто стално ми наоѓаше некоја причина да ми пише порака, ја наведнуваше главата кога ќе ме видеше.. Сега има нова девојка, се изнервирав кога дознав.. незнам ни јас зашто ама тоа е. Јесда и посакувам среќа зашто ќе и треба со него.

    Ете, толку од мене..
     
  11. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Mорав да ја споделам и мојата приказна,ми се случи на 15 год,знам мала бев :doh:
    Cе запознавме во септември,на еден празник во едно подалечно село,не запозна братучед ми,разговаравме,на крај се бакнавме,си разменивме број,и се договоривме дека пак ке се видиме...
    Jас бев презаљубена во него,кога ке се сетам ми се чини уште можам да почуствувам,ме фака некое морничаво чуство,се гледавме не толку често,бевме со саати на телефон,првите 3 месеци ми беа како да бев на рајот,потоа моите дознаа некако,мајка ми и баба ми правеа се да ме тргнат од него,јас имам тетка која му беше т.е му е комшивка на дечко ми(сега бивши)која ме советуваше да се тргнам од него,дека има лошо семејство,леле луге имаше плачки,се криев од моите,исклучував мобилен,му се јавуваа и на него да ме остави,но продолживме да се гледаме...

    E потоа следуваше шок за мене,дознав дека ме изневерува,но ајде го поминавме тоа,можеби и тоа се случи затоа што не се гледавме често,но знам дека ме сакаше-беше каков беше но знам дека ме сакаше...за Hова година ми даде златен прстен,за да го чекам,бев пресрекна,го криев од моите дома,мама кога го виде мислеше дека бижутерија е нешто,но ме остави за да се свестам,бев и дома му доживеав непријатно искуство што не сакам ни да го кажам.....

    Cакав да имам секс со него,неколку пати пробував да го направам тоа,но фала богу не го направив,на крај пак дознав дека ме изневери со бившата со која учеше со него,па појдов кај него на школо,и пред очи флертував со другар му,а со него не се ни поздравив,само заминав и му напишав порака не знам дали беше за да се видиме и да разговараме или да раскинеме :wasntme:

    Tака заврши нашето,имаше понуди за смирување но не му се смирив,знам дека прприкиказнава е како од некоја луда тинејџерка но дефенитивно тоа што го поминав беше тажно и сеуште е ,не знам дали некого така сум сакала лудо :^)
    Mи го бараше прстенот назад,но не му го вратив,сакав да видам дали е вистинско злато,отидов во златара и и го заменив за пари и ми дадоа пари

    Aј да кажам и какви судбини не чекаа :D
    Oд како раскинав со него,и си го фатив денешниов маж,дознав дека слиувал на некое девојче со посебни потреби,и дека оди на суд,го суделе за да оди в затвор,од како се омажив јас,по една година и тој се ожена со бившата,и дека беше бремена но се разведија.....

    Tака девојки,што ми требаше да се сетам сега на овој :swear:
     
    На 123.Maki-first и DeRose им се допаѓа ова.
  12. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    еве еден текст кој јас го имам на пишанао љубовен и тажен секако е не вистинска приказна

    Мојата вистинска љубов

    Секоја реченица, секоја песна, секое, мислење, секое нешто има свој крај... секој живот има свој крај.
    Имав 21 година кога вистински бев заљубена во Тео, некогашен мој соученик во средно. Бевме заедно, нашата љубов беше несекојдневна, исплетена од нежност и разбирање, љубов која ни ги исполнуваше срцата. Никогаш не сум била толку среќна,никогаш. Да љубиш вистински е како да ја пееш песната на славејот, како да ја свириш ветровата музика, како ѕвездите да ги посеваш низ небото, како да плетеш вечна песна ...
    Не ни знаев како е да се биде толку сакан толку вљубе. Мислев дека тоа ќе заврши одеднаш се ќе се сруши, но ова е нешто посебно, нешто што е совршено. Го сакав, ме, сакаше бевме бескрајно среќни, постојано заедно никогаш здодевно.

    Кој би рекол дека еден момент на болна вистина ќе сруши се, ќе сруши се што со искреност градевме, дека ќе не раздели,дека ќе изгради ѕид врз нашата љубов, кој би рекол .... И да ми кажуваше некој нешто вакво не би верувала, кога си среќен одиш низ облаците, застануваш на месечината, се будиш близу сонцето.
    Но ова морало да се случи нема бегање.
    Постојано се прашувам:
    • Зошто ?
    • Зошто баш јас ?
    • Зошто баш ние?
    • Зошто баш нашата вистинска љубов?
    • Зошто баш сега?
    • Зошто не во некој иден живот? ....

    Безброј Прашања бе одговори и грев на душата. Итака осамна едно ново утро 25 Мај 1875. Утрото беше прекрасно исполнето со многу загатки како и секој ден. Тој ден чуствував дек се ќе биде поинаку и се надевав на некој прекрасен гест. Додека појадував ги гледав расцутените цвеќиња, распејаните птици, мирисаше на пролет.
    Тој ден требаше да ги земам снимките и резултатите кои ги правев редовно, на одредено време. Се истуширав и тргнав кон градската болница, тогаш ми се јави Тео и се договоривме да се видиме во 18:00часот. Чекав во чекалницата, ги гледав малите дечиња како трчкаат наоколу и потплакуваат од иглата која ги боцнала. Сеуште чекав, како и секогаш моите анализи беа во најдобар ред. Дојдов во ординацијата конечно. Го отворив пликото и наеднаш се беше готово.
    Не можев да си поверувам на очите ... Го прашав докторот, сомневајќи се дека анализите се погрешни, оттука почнаа страдањата. Не можев да пригатам не,не воопшто, не, јас имам Леукемија !!!
    Почуствував како ладни морници ме лазат по телото, наеднаш добив главоболка. Ме фати паника, па јас секогаш сум била здрава!
    Не, повторно нешто што немоев ни во сон да го очекувам. Илјадници мисли ми поминаа низ главата... Почнав да прашувам за терапијата за лековите, колкави се шансите да преживеам?
    Одговор: Минимални. Почуствував дека среќата ме напушта, го почуствував светот срушен на мојте плеќи. Сватив дека плачам кога го почуствував солениот вкус на солзите.
    Излегов со солзи во очите од болницата. Решив целото време што ми преостанува да си го посветам целосно, најдобро што можам. Безживотна се движев низ улиците, Одеднаш ми падна најтешката мисла: А што е со мојот Тео? Што е со нас? Отидов дома со скршен дух легнав на креветот, се замислив себе си и Тео во иднина. Срцето ми се кршеше, солзите течеа како река. “Ќе останам со него, се додека да се појават првите знаци, ќе останам ќе уѓивамво секој миг” си помислив.
    Во 18:00 часот бевме заедно се смеевме, но јас и тој знаевме дека нешто не е во ред. Бевме скоро секој час заедно, бев насмеана иако моето срце беше надвор од колосек, безживотно.. Не знаев како вака со мојата судбина до крај, ме плашеше едно нешто кое ем чекаше –СМРТТА-.
    Денови изминуваа,месеци.. моето срце се повеќе се стегаше, дека во еден кобен миг ќе престане да чука во мене. Незнам зошто но, дури по една година и неколку месеци се појавија оние вистинските смтоми. Ми беше многу тешко, солзите беа моја поткрепа, тие колку толку ја ублажуваа мојата болка. На Тео ништо не му кажав, ми беше срам, страв,едноставно несакав да ме гледа како се мачам за последниот миг од животот.
    Знам дека згрешив, па затоа во последните неколку недели ги зачестив тие излегувања со него. Им реков на другарките и на мојте родители да му кажата кога ќе ме побара дека сум со некој друг.
    Оваа одлука беше потешка од самата мисла дека ќе умарам, но мислам дека ја направив вистинската работа, ја жртвував мојата љубов. Набрзо потоа чув дека се расплакал, дека не верувал и на крај се преселил во друг град. Ова правеше да се чуствувам многу лошо,иако ја добивав сета љубов од мојте најблиски. Изгледав ужасно, мојата руса коса падна, мојте усни модри, моето лице стана бледо,бев многуслаба, очекував секој момент да биде пресуден.
    Во мојте зелено-плави очи не се гледаше ништо друго освен тага, плач и воедно крај. Го разгледував секој детал од мојот кус живот, роденден, слави, свадби и оној најголемиот мојата вистинска љубов. Како и секој ден јас бев во се полоша состојба подготвена на мојата станица се прашував каде е Тео, мојата единствена причина поради која се борев за последниот здив.
    1. Што ли прави?
    2. Како ли ќе му биде кога ќе дознае дека сум го лажела?,
    3. Дека ме нема дека го изневерив??

    Вака е полесно, но срцето ќе пукне,ќе умрам, не сакам да ме гледа ваква. Секој ден беше оптимистички...
    13 Јули 1876 бев погребана, со солзи во очите и со мислата за мојата љубов Тео и грев на душата го напуштив овој свет.
    Не ја дочекав иднината, не... а каква беше таа? Со дом.со деца и со мојот Тео? Како му е нему сега? Единственото кое во сето ова ме радува е: тој дошол на тој ден, ме побарал, знаел дека не е вистна,знаел ...

    Се надевам дека ќе ми прост, дека во неговото срце има место за друга посреќна љубов... или не? Истиот ден врз мојот гроб беа донесени 11 црвени и една бела ружа со картичка на која беше извезен неговиот ракопис :


    “Не ме заборавај Лина, чувај ме
    во себе иако си далеко од мене.”
    Ти простувам за се !
    ТЕ сака вечно , твојот Тео.
     
    На Lea.Messi и fificaaa им се допаѓа ова.
  13. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.407
    Пол:
    Женски
    Veke dolgo vreme sakam da ja spodelam so nekogo mojata nedovrsena prikazna..Zapocna vo letoto 2011 so momce od stranstvo koga jas bev tamu na odmor.Tie denovi bea magicni I dvajcata navistina se vljubivme eden vo drug.Iako bev skepticna za vrska na dalecina sepak odluciv da prodolzam.Se vrativ doma I se prasuvav dali nekogas povtorno ke se vidime.Sekojdnevno komuniciravme I ljubovta samo bese posilna no nasa sledna sredba bese neizvesna.Poradi rabotata ne se znaese koga ke dojde.Eden den me zamolida odam vo grad da zemam popodarok koj mi go ispratil preku prijatel.Otidov na plostadot I dogovorenoto mesto gledajki naokolu da vidam kade e deckoto sto trebase da dojde..Odednas nekoj silno me gusna od zad grb!! Nekolku minuti stoev vo sok bez da se pomrdnam I samo go spustiv pogledot na racetr koi bea okolu mene..Vednas go prepoznav ! Ne veruvav deka e mozno, pred samo nekolku casa bese daleku od mene..Toa iznenadjenje, cuvstvoto I srekata koja ja pocuvstvuvav nikogas nema da ja zaboravam. .Gi pominavne najubavite denovi tuka..No, koga trebase da zamine znaev..koga go gusnav, znaev deka go guskam za posleden pat..taka I bese..poveke ne se vidovme..no I ponatamu povremeno odrzuvame kontakt..I po tri godini seuste ne se zaboravivme I mislam deka nikogas nema..a koj znae mozrbi nekogas povtorno. .. :)
     
  14. Beliber.forever

    Beliber.forever Нов член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Мислам дека со некој нешто ќе има ама залудно. Секој имадоживеано некоја тажна љубов,занај какво е чуството тогаш кога ти ќе го напуштиш или кога тој тебе. Секогаш мислиме дека тој е вистинскиот ама не не бил тој.:(
     
  15. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Беше помал од мене една година одевме можеби две недели но се гледавме секоја вечер и наеднаш ни прекинаа контактите тој не сакаше да разговара со мене залудно се трудев но ете денес као другарчиња сме демек иначе беше болно кога ме остави. Летото додека се уште не зборувавме запознав друг убав има понашање не би ме изневерил сите го посакуваат но јас не верувам во љубовта од бајките летото кога требаше да се фаниме еден другар му кажал дека оде со мене па така тој се откажа а јас се чудев зошто е ладен потоа кога помина тоа а јас уште и не знаев една другарка ми кажа дека другарката со која бев скарана сакала да и го редили тој прифанал но не исаднало ништо јас кога годознав тоа се скршив ми беше глупо бев во лоша состојба се откажав и од него и од другарките но зимата си се врати се во ред се смирив со другарките со онаа која сакаше да и го реди на друга и јас и викам ти си сакала вака и вакаа а таа нее јас тоа нема шанси знам дека го сакаше и се и он нема појма за тоа дека сакала да и го реди па се мислам можеби паа оваа другата лажела но го заборавив тоа на една прослава се видовме тој сакаше да излези со мене но јас го одбив бидејќи не сакав да го преживеам се онаа преку кое поминав после прославата а тоа беше зимо се до пред некој ден ние редовно разговаравме ова она и од тогаш три пати ми понуди врска првиот пат на прославата вториот пат го одбив бидејќи испајѓав со друг ради забава а раскинав утре дента со тој тип искрено ни тој не ме сакаше а ниту јас него па така се си одеше во најдобар ред а третиот пат не ја одбив прифанав и така ми искажува љубов оваа онаа но јас сум ладна не очекувам ништо посебно освен крајот и знам дека ќе мии биде сеедно бидејќи неможеш некого двапати да убиеш
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Vetuvam deka eden den kje sednam da go dadam konecniot kraj na ovaa prikazna, koga kje imam malku poslobodno vreme.
     
    На Dust и crazylady им се допаѓа ова.
  17. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека вистинската приказна која треба да ја раскажеш на темава е онаа на која ќе ти текне веднаш штом ја отвориш темава...
    Јас, со моиве седумнаесет години имам само три „љубовни’’ приказни зад себе. Можеби комични, недозреани, досадни... но и те како вистинити. Само од една од нив излегов повредена, но ако не ги раскажам сите три по ред, не е тоа тоа, затоа што ми дојдоа како три лекции, со ненајавен тест на крајот. :nod:
    Првата беше... септември 2014, прва љубов а, вештачка љубов. Физичка привлечност, статус врска на фб, бакнување без емоции, два три месеца теравме скоро без љубов, како од рутина. Тој беше од моето училиште, трета година, а јас втора, иако треба да бидам трета, но подоцна сум тргната. Физички си одговаравме, целото училиште кажуваше дека сме биле добар пар, добивав мечиња и цвеќиња, но не бев среќна. Не ни разбирав како функционираат врските. Си кажав на себе - ако ова е љубов, јас не ја сакам. Ако ова е љубов, зошто не се чувствувам подготвена на лудости заради него? Ако ова е љубов, зошто немам пеперутки во стомакот? И додека се препрашував себеси што по ѓаволите е погрешно во нашата врска, и дали сите врски во суштина се вакви, подароци само за слика на фб, обичен муабет, бакнување без емоции, без тоа вистинското за кое нема дефиниција, само може да се почувствува... Се прашував дали јас му глумам нему, или тој на мене, или и двајцата си глумиме еден на друг. Вистината е, такви се и повеќето врски во денешно време, да се има момче или девојка само за статус во друштвото и бројка... Јас тоа тогаш не го разбирав. Едно утро разбрав дека минатата вечер тој се смувал со друга девојка. И воопшто не ми беше тешко. Баш ми дојде во вистинското време, изговор да престанам да го лажам и него, а и себеси, дека сум во среќна и исполнета врска. Бев убедена дека сите врски се површни и дека јас не сакам да бидам во таква. Со насмевка му подадов рака и му кажав дека навистина не ме повредил. Сеуште сме другари, и иако сеуште не можеме да пронајдеме заедничка тема на разговор, се случува да излеземе заедно на кафе со друштво како ништо да се нема случено. Тоа ми годи :nod: Уште повеќе ми годеше тоа што не ги избриша сите негови графити на кои пишуваше „Илина и Иван“ :lol:
    Вториот беше, Стефан, љубезно и паметно момче. Згора на тоа беше многу убав, висок, згоден, со длабоки сини очи. За мој вкус беше совршен и се што очекував од потенцијален дечко. Две-три недели пред нова година имавме дополнителен осми час во кабинетот по математика, а на неговиот клас (ние бевме прва а тие втора смена) тогаш им почнуваа часовите. Уште од кога го видов на некој чуден начин бев привлечена од него, и сакав барем да го запознаам. Излезе дека сум седнала баш на неговото место, па тој зема уште едно столче и седна до мене, а со нас седеше и неговиот најдобар другар. Дружељубива сум и отворена, така да не ми требаше многу „борење самата со себе’’ за да започнам разговор. Имаше длабок, зрел глас и беше многу весел. Зборувавме на интернет два дена, а тој не ми излегуваше од мисли. Третиот ден требаше да излеземе заедно, а јас се чувствував како никогаш претходно. Ми се пресекуваа нозете, ме болеше стомакот, а на некој многу чуден начин се радував што сум толку нервозна, мислејќи дека сум ја почувствувала љубовта која чезнеев да ја почувствувам. Таквото чувство ми траеше една смешна недела. Тогаш сфатив дека јас всушност, не го сакам. Дека повторно се чувствувам како што се чувствував покрај Иван, дека иако Стефан беше многу љубезен, многу убав и имаше навистина предобар каракер, јас не го сакав. Едноставно, не беше тоа тоа. Хемијата исчезна, темите за разговор полека се губеа, врската стана површна и безвредна. Тука за првпат видов колку голема болка љубовта може да ни даде. Се чувствував заробено, а тој не беше виновен. Тој не беше виновен за ништо. Вистината е, ни јас не бев. Но чувствував огромна вина затоа што не го сакав и тоа ме болеше. Сакав да престанам да бидам со него, но не можев да прифатам живот со фактот дека сум повредила личност толку прекрасна како мојот Стефан. Бев уверена во тоа дека не сум способна за љубов. Дека вината е кај мене. Го сожалував Стефан. Затоа и останав со него. По три недели му кажав се, сфаќајќи дека повеќе го повредувам ако го лажам, отколку ако му дозволам да не губи време со мене, како што јас губев време со Иван. Изреагира многу лошо, почна да плаче, а јас не видов друг избор освен тој да се вратам со него. СИ дадов на себе надеж која знаев дека е лажна, си реков, можеби ми треба време, па ќе го засакам... Си велев дека не сакам да испуштам личност која искрено ме сака. Чудното беше што на некои моменти дури успевав да го убедам својот ум дека навистина го сакам, па на некој начин добивав перспектива како е вистински да сакаш некого. Два дена потоа, на интернет го запознав Мартин. Мартин живееше во Скопје, и на почеток, не ми беше посебен на ниеден начин. Не знам што ме натера да му кажам за проблемите кои ги имав со Стефан, и не знам зошто и како успеа толку внимателно да ме „ислушува’’. Физички не ми е допаѓаше многу, карактерот не му беше лош, но знаеше да биде себичен и арогантен, лесно се лутеше. Од друга страна, беше многу добар другар. Не знам како почнавме да зборуваме до три-четири по полноќ, и никогаш не ни здосадуваше. Секогаш наоѓавме нова тема, се смеевме заедно, исти работи правеа да се смееме, исти работи правеа да плачеме, исти работи правеа да размислуваме. Не ни сфатив дека ми се допаѓа (толку брзо како што сфатив кај Иван и Стефан) се додека не посакувам тој да беше на неговото место. И тука настана најконфузната ситуација за мене. Дали Мартин ми се допадна заради тоа што е, или заради тоа што ги пополнува недостатоците во мојата врска со Стефан? И денеска не знам како да одговорам на ова прашање. Виртуелно се знаевме само недела дена, но мене ноќ не ми поминуваше без нашите разговори. И пред да се освестам сфатив дека љубовта не е да пронајдеш некој кој ќе биде најубав за тебе, љубов не е да пронајдеш некој кој ќе биде најдобар со тебе, љубов е да пронајдеш некого за тебе, несоврешен исто како тебе. Пред да се освестам сфатив дека сум ВЉУБЕНА во Мартин. И воопшто не беше онака како што очекував. Ме прегрнуваше со зборови и го будеа тоа, вистинското кое го барав во Иван и Стефан, без било каков физички контакт. Бев целосно збунета, но бев среќна што конечно почувствуваш како е да сакаш некого. Се чувствував луто кога немаше да ми пише минута-две, бев љубоморна, мислев само на него. Чувствував нешта кои никогаш не ни замислував дека ќе ги почувствувам кон Иван или Стефан. Видов дека заљубеноста е сосем поинаква од каква што очекував да биде. Не е ништо прекрасно или возвишено, воопшто не зависи од карактеристиките на саканата личност (или го има тоа - или го нема!), смешните „пеперутки во стомакот’’ немаа смисла, видов дека љубовта е нешто необјасниво... и дека создава навика. Љубовта кон Мартин ме натера да соберам храброст и да му раскинам на Стефан. Љубовта кон Мартин ме натера да го чекам. И дојде. Дојде замо за мене, во мојот град! Му се предадов, и бев пресреќна. И после се што се случи подоцна, не се каам што толку силно го сакав. Затоа што тој викенд беше еден од најубавите во животов. Мартин ме креваше во облаци, и правеше да тонам на дното на морето. Мартин беше мојата прва помисла секое утро, и мојата последна помисла секоја вечер. И не ги кажувам овие нешта само за да ги доловам своите силни чувства, навистина беше така. Кога се врати во Скопје, почна се повеќе и повеќе да ме избегнува. Мене физички ме болеше секоја секунда од неговото отсуство, но бев задоволна и така. Самата љубов кон него ми задаваше силна болка и постојан страв од загуба. Тогаш за прв пат во својот живот се најдов себеси отфрлајќи ја љубовта. Кога ја немав, ја сакав, кога ја имав, ја отфрлав. Но не можев да се присилам себеси да ја чувствувам, и не можев да се присилам себеси да не ја чувствувам. Зарем толку брзо отидов од крајност во крајност? Него го немаше... Ми даваше лажна надеж дека ќе ми обрнува повеќе внимание, а потоа, сосема ладно и отсечно ми кажа дека нашата врска му претставувала товар и дека не сака да биде со мене повеќе. Бев толку тажна што не ни сакам да раскажувам за тоа...
    Многу работи сфатив, уште многу ми преостанаа.... Човек учи додека е жив, нели? :) А сега навистина би сакала да имам убава и избалансирана врска, па да ја видам љубовта од сосем друга перспектива..
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994

    Поминаа 4 години откако последен пат се видовме...
    Јас навидум среќна во 3 ипол годишна врска...
    Многу ноќи знаев да размислувам каде е, што му се случува во животот, среќен ли е, остварен... Скришно од сите го отварав неговиот фб профил сите тие години, не би ли дознала нешто ново. Глумев дека одамна сум заборавила дека постои. Се додека еден ден од него не добив покана за пријателство, после 4 години ни трага ни глас...
    Нормално, ја одбив.
    И започнаа чуствата да си поигруваат со мојот дотогаш мирен живот.
    Почнав да го сонувам секоја вечер, сонував дека сме повторно заедно, сонував дека е добар, сонував како имаме страстен секс... Со месеци тоа така траеше. Се додека повеќе неможев да издржам ниту во сопствената врска, ниту да се носам со сопствените чувства повеќе.
    Доцна во ноќта, му напишав порака, дека не сум сигурна што значеше понудата за пријателство од пред неколку месеци, и дека не го мразам повеќе, пораснав, и одамна секирите ги закопав.
    Разговаравме толку долго, за се, за нашите животи, за нашата љубов, која беше толку огромна и после се, си признавме некои работи, тој дека тешко ја поднел разделбата, а јас му признав дека во текот на тие 4 години често знаев да мислам на него. И дека многу работи недоречени меѓу нас останаа, ми призна и дека кога би имал прилика со мене уште една, многу поинаку ќе постапел.
    Не заспав отидов директно на работа.
    Повеќе не беа важни ниедни чувства него само моите, ништо не беше повредно од тоа да го виддам неговото лице уште еднаш...
    Ставив крај на 3 ипол годишната врска и по 3 пат во мојот жиот за него прегазив се. За таа љубов што ме убиваше.
    Се видовме после 4 години...Јас се надевав дека сме пораснати и во текот на сите тие години сме пребродиле некои работи. И верував дека ќе бидеме повторно заедно. Го сакав и љубев исто како кога го запознав.
    Се гледавме во меѓувреме неколку пати, и да, во право бев во врска со пораснувањето, но во сета таа приказна, пораснав само јас, тој за жал останал истиот. Кога останав повторно со прстот во уста, го замолив само да ми признае дали е тоа се што има да ми каже, дали е сигурен дека несака обврски во тој момент, затоа што јас повеќе не сум 18 години, и немам време ниту за заебанција, ниту за губење, ниту за повремен секс. Сакав се да си кажеме и да го затвориме поглавјето нашата љубов, во нашите животи, и му реков, дека откако се објасни, немам повеќе што да губам, ќе отпатувам...
    Оставив бедна работа го оставив него, и го оставив својот живот зад себе.
    Поминаа 2 години откако отпатував. Поминаа 7 години откако го запознав, а 2 откако го преболив. Не го заборавив, всушност и неможам да го заборавам, како ниеден друг во мојот живот.
    Само го преболив. Не го сакав повеќе, ниту го љубев и посакував. Ќе го памтам како голема љубов во мојот живот, како некој што 3 пати ме заеба, доволно за да се опаметам. И така ќе остане. Како спомен, на една голема љубов. Љубов без која неможеш да пораснеш и созрееш.
    Незнам каде е сега, ниту ме интересира, немаше да се сетам на ова ако не отворев Фемина, па да видам дека некој го лајкал мислењето предходно. И еве, последен пат пишуам во врска со него, можеби некоја девојка ќе се пронајде па заклучи нешто од сето ова. Да заклучи дека таквите љубови се само митови. Можат да послужат како мотив за некој бестселер, и ништо повеќе.
     
    На Blackandwhite123, Dust, Cka и 17 други им се допаѓа ова.
  19. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    а сега да си доврша...
    Имав право крајот дојде и јас го ставив бидејќи тој не испадна каков што се кажуваше многу гаден карактер па така сега си свиркам ми рече да се смириме али не не
     
  20. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Мојата тажна љубовна приказна се уште ко да трае, не знам колку душа ќе имам после ова, но не можам да прекинам, и да прекинам, пак ќе се врати некој, затоа сеа не смее да се прекине...
    За него и за мене мора да напишам книга, повеќе верзии:
    една Повредена малолетна девојка од нездрав дечко 5 години постар од неа кој сите го сакаат;
    друга Дали сите тројца?
    трета Вистинска љубов, но неуспешна поради детски глупости
    Дури сега сфаќам дека сите 3 се вистинити, мора да сум станала бааѓи попаметна од лани :rofl: Се се случи лани, имав дечко, сакав да раскинам. Се запознавме на Школка, покрај клупата, малата фонтана, може да замислите како ми е кога ќе ја слушам Евергрин. Јас бев дрдорка која постојано бараше љубовен совет поради нејзините глупости и преголеми емоции, тој беше филозоф кој никој не го разбира, се замислуваше дека е црнец од гето, барем Ром да беше, ама не беше, само сакаше кошарка, а јас бев по фудбалот. Го погледнав, стоеше наведнато, гледаше тажно и нанервирано. Сестрите се поздравија со него и со Дејан, нивниот друг најдобар другар. И реков на сестра ми, овој ќе ми биде мојот следен дечко, зошто не си ми кажала дека имаш волку убав најдобар другар. Таа ми рече ,,Бегај од него, си имаш врска, те сака, го сакаш, предобро дете е, овој е ненормален, страшен, чекај кога ќе го чуеш како збори, никој не го разбира.'' Како и да е, ги тргнав другарка ми, двајцата другари, исестрите настрана и отидов да се поздравам со овој и со Дејан. Го прашав Дејан како се вика, ми кажа, прашав кај учи колкав е, ми кажа. Генерација сме биле. После тоа му пружив рака на другиов, многу нежна рака имаше. Стоеше така, свртен настрана од мене, кажа Кристијан. Го прашав од кое школо е, ми кажа од тоа и тоа (истото кадешто учи Дејан). Го прашав да не учиш со Дејан, он кимна, реков 17 имаш значи, он пак кимна. По 2 минути зборење (јас зборував на сите не знам за што), кога овој седна на клупата и почна да се дере колку му е тешко на факултет.
    -Му реков ,,Чекај бе, нели имаш 17 години, кој ќе те прими без средно на факултет?"
    -Што ти е ма, јас иам 21г. само што се запишав на факултет.
    -Е зошто тогаш кажа дека учиш со Дејан? Значи лажеше! - реков
    -Што ти е ма? СЕ ШААЛЕЕЕВ. Постои разлика меѓу лага и шала. Не за џабе глупите браќа Кирил и Методиј измислиле 2 збора, лага и шала.
    Тука почна љубовта, ме погледна, си помислив колку е паметен, сакам паметни, сите се исплашија пошто и јас сум голема кавгаџика, но ние почнавме да си се смееме и да си тресеме глупости, се заљубив, а не знаев, колку е посебна љубовта кога ќе ја осетиш, а си мислиш дека е спрема некој друг, а колку е уште попосебна кога ќе се освестиш по 3 месеца и ќе сфатиш дека пораснала до немајкаде. Не се дишеше, во моето срце имаше само гордост, принципи, немаше место за тие негови преголеми очи. Тогаш беше ќелав, таа негова сијалица-глава буквално внесе светлина во мојот живот. Се беше убаво додека идев со тој другиот, овој изнаоѓаше начини за да ми се приближи, правеше скандали, јас се смеев. Се здружи со дечко ми, му предложувал филмови, се скара со сестра ми пошто она беше против, му рече да не ме заведува, блесава сум била, дечко ми сум си го сакала, само ќе ми расипе врска, а тој и рекол ,,Тој што те сака, се ќе направи за тебе, се ќе чека, и да пораснеш и да раскинеш, и да си подготвена, се. А јас, јас го сакав дечко ми... Се додека не раскинав, Кристијан не ми побара број, му плачев за дечко ми секој ден, искочивме, се тегневме, ми се дереше да сум станела од клупата (пошто дур седевме не успееше да ме смува), ај станав. Проба, но го тргнав и повторно со моите глупости за бившиот... Тоа беше лани, бевме во врска, раскинавме, се смиривме по грешка, пак раскинавме (секат јас раскинувам), сега можеби ќе се смириме пак... Се плашам да не го изгубам ;( Како ли ќе издржам ако и сега се смириме, па пак испаднат глупости? Страв ми е, лани, по нашето прво раскинување, умрев.