Здраво,оваа тема е да си кажеме како сме го избрале првиот аватар на фемина и ставете ја сликата во постот доколку ја имате. Јас го ставив оваа маче бидејќи ми беше многу слатко. Ако има ваква тема или ако не ви се допаѓа,слободно во канта.
Грдото пајче, како и никнејмот. Тука е ептен ко мене, кај грдо па и мисли дека за се' е виновно и дека пак нешто згрешило. И така...
Твојот аватар погрешно го перцепирав и тоа многу долго време, како некој дух, костур така ми личеше. Случајно ми се кликна на сликата и тогаш дури видов дека е девојче .
Памтам дека беше рака со цигара и долги бледо розеви шпиц нокти. Ако најдам ќе ставам слика. После уште неколку пати ја сменив ама не се осеќав како јас да сум. Оваа со пунџава, цигарче и небо е некако моја, се пронаоѓам.
Спојлер Кога ја запознавав неа ми рече "кај си вака сликан со жена ти?". "Не сум тоа јас" и реков и и испратив мое фото и така полека и го освоив срцето. Ова е првиот мој аватар.
Јас првите години на форумот не си ги памтам, не па аватарот. Не дека годините покасни ги памтам ама барем имат некоја структура. Ама да живеј темата за аватари, на 26 Септември'13 сум апдејтирала слика: И сум пишала оти сакам да читам ... Honey кој лажевме, околината или себе? Ама овие три ги памтам оти бев опседната со ова фотосесија на Џулиет Симс и инста сликата од Кристал Рид. И памтам дека најдолго беа. Разгледвав другите и да, прат смисла дека ќе ги клам јас, ама не памтам дека сум ги имала. Спојлер
Мислам дека ми беше оваа. Знам дека имав вакви 2-3 сменето на почеток, во смисла баш dream-girl да биде , но дали оваа беше најпрва не сум 100% сигурна. Сепак одамна било, а на оваа се сетив само.
Нормално дека нема да памтите, ко ги менвате на секој пол саат. А шубо некој ко ќе е цело време со ист аватар. Одма знајш со кој си имаш работа. Многу ни е од помош, нам старите