1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот татко...

Дискусија во 'Брак' започната од Sashie20, 21 март 2012.

  1. Sashie20

    Sashie20 Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    11
    почина пред 2 години, кога имав скоро 16 години, ми беше доста тешко, сега ми е уште потешко бидејќи заборавам како изгледа, си замислувам дека можеби некаде ќе го видам и пак ќе биде исто. Имам целосна подршка од мајка ми и брат ми и многу се поврзавме не би можела да замислам и нив да ги изгубам..првите месеци после таа трагедија на сите им опишував како се чувствувам и премногу зборував за татко ми, ама сфатив дека секој си има свој живот и дека тоа за нив не е никаква трагедија, да имаше некои луѓе кои искрено ме слушаа, сите други беа глумци. Сега се почесто се присетувам на тој ден и постојан мислам на него, но не се доверувам никому.. :worried: Во татко ми го гледам идеалниот човек, маж и неможам никого да споредам со него!!! Се што правам помислувам што би мислел за тоа и колку би бил задоволен, сакам да го направам најгорд татко. Неколку пати во друштво ќе ме погодеше некоја песна и плачев, но се чувствував виновна бидејќи им ја расипувам забавата.. :| Според ова што ви опишав во кратки црти ме интересира вашето мислење да не претерувам во сето тоа и да не се одрази на мојата психичка состојба и дали ако имате таков познаник ве нервира некогаш кога зборува за својата тага, а знам не сум единствената, но ме боли..и би сакала да ви дадам совет-сакајте ги и почитувајте си ги родителите и бидете благодарни за се што ви даваат и прават за вас, бидејќи кога ќе ги нема, ќе го нема и вашиот најдобар пријател, тогаш за секој лош збор што сте им го рекле и за секоја солза што сте ја поттикнале кај нив ќе се каете и тоа ќе ви јаде душата...
     
    На Ackkaa ^^°, WildMk, Flower123123 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Sashie20 јас имам колешка на работа на која мајка и почина пред 3 години. Тогаш многу јасно и беше тешко, и мене ми беше тешко за неа, иако мајка и не ја познавав. Ниту тогаш ми беше досадно од нејзиното плачење, ниту денес кога и стане тешко, а често и е тешко оти многу беа блиски. Другарка ми е, и ако неа ја боли тогаш и мене ме боли. И не ми расипува расположение, ако ја боли јас би сакала да знам, да ја гушнам, да се исплаче, а не да потиснува пред мене како и е.

    Ме нервира кога некоја ќе ми се жали секој ден со едно исто како на пример колку си го мразат шефот, не еднаш не два пати туку секој муабет е тоа па тоа па тоа, такви фрустрации за кои има лесно решение, за кои ги слушаш, даваш совет, ги тешиш дека ситуацијата ќе се подобри, ги убедуваш да превземат мерки а ним полесно е да ти се оплачат секогаш кога те видат отколку да превземат нешто. Тоа ми расипува расположение и ми скисне до некој степен, а не нешто за кое душа го боли човек.

    Очигледно некој спрема тебе се понесел лошо во момент кога си била ранлива, ама не се затварај во себе. Ќе научиш со текот на годините дека некои другари и другарки не се тука кога ти требаат, туку дека трчаат по тебе кога им требаш, ама со време тие и ќе ги истребиш од животот, и ќе си ги чуваш и негуваш пријателствата што вредат. А за сега, додека се осеќаш дека немаш со кого да споделиш тага кога така ти дојде, мајка ти е тука да те ислуша и гушне, барем пред неа отвори си ја душичката кога ти стане толку тешко.
     
  3. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    мене искрено не ми ме нервирало и не ме нервира,напротив јас сакам човек да го ислушам за да му олесни барем во моментот,за да му помогнам,да му дадам некој совет ако знам,за да го расположам или направам срекен на некој начин,да го утешам иако мојата утеха нема да ги поправи мн.да не речам ич ниту пак ке го врати починатиот човек туку ете така едноставно сакам да ги сторам овие работи за некој што го познавам,па и да не ми е толку близок јас ке го прашам што му е ,ке го сослушам ..едноставно таква сум сакам да ги гледам среќни лугето околу мене ..и секогаш ми паѓа тешко кога некој е тажен особено за вакви смртни случаеви,јас лично немам доживеано некој во фамилија оти бабите и дедовците си заминале прерано не ги ни познавам :( а моите да ми се живи и здрави се надевам ке живеат уште долго.и феминките овде со задоволство би ги слушала иако никоја незнам и кој знае дали би имала можност да запознаам некоја .
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.737
    Пол:
    Женски
    И јас сум била во слична ситуација душичке, иако честопати откако ќе го изгубам блискиот или далечен, сеедно, сфаќам дека сум изгубила многу повеќе, моменти кои никогаш нема да се вратат, можеби малку повеќе време поминато заедно... Ја изгубив мојата најголема подршка, дедо ми, сеуште се присетувам на него со најголема радост, мака ми е што не можам да одам до село да го посетам неговото вечно почивалиште но знам дека е на небото и ме чува, тој беше и сигурно и таму е мојот ангел чувар... И јас имав моменти кога во тага зборував за дедо ми, неодамна за пријател кој загина, знам дека е жално, но едноставно сакаш некој да ти ја слушне тагата, полесно е така знам, полесно и од тоа да излееш куп солзи... Јас открив еден начин на кој секогаш ќе го чувам во срцето и никогаш нема да го заборавам, ја избрав најубавата случка која ми се случила со него и постојано си ја репризирам во моите мисли, само ќе се насмевнам, понекогаш ќе пуштам солзичка, но знам дека е со мене, до мене секогаш кога ми е тешко само треба да погледнам на небо и ќе светне некаде некој зрак, можеби само отсјај во моите очи, но тоа е доволно за да бидам мирна до некој нареден лош ден кога повторно ќе ми биде потребен мојот дедичко.... Верувај твојот татко се гордеел со тебе, и се гордее сеуште на небото, помеѓу ангелите, а ти кога и да се чувствуваш тажна побарај го меѓу звездите и зраците од сонцето, ќе видиш дека е тој таму за тебе... :)
     
    На WildMk, Hopeful, ilipili и 2 други им се допаѓа ова.
  5. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Sashie,пред 3ипол,скоро 4 год и јас го изгубив татко ми.И сеуште боли.И мене ме потсетуваат песни на него,во друштво и ден денес ми се насолзуваат очите кога ќе ме потсети нешто на него или едноставно кога некој ќе спомне за својот татко.....Пред свадбата ми беше најтешко ;( Во почеток солзите не можев да ги чувам,плачев пред кој и да го спомнеше.Но денес научив да си тагувам во себе.Или со мајка ми и сестра ми.Иста мака делиме,па доволно е само да се погледнеме со насолзени очи и да знаеме зошто....
    Цел живот ќе ни фали и сето тоа е нормална реакција.
    Јас верувам дека цело време е со мене и дека некогаш е горд некогаш разочаран,за што му се извинувам кога ќе погрешам.....
    Тоа е,утеха за жал нема.Болката е таа,некогаш боли помалку,но секогаш тука.Нема да исчезне,празнина која не се пополнува.
     
    На WildMk и Hopeful им се допаѓа ова.
  6. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    118
    Мојот татко подобро да го немав...
    Да беше починат по немаше да страдам отколку вака да имаш едно чедо и да не бидеш со него ни во најважниот ден во неговиот живот тоа е болно и жално :shake: :fubar:
    Па јас сум му единствено чедо каква е таа неодговорност уште од малечка како да немав татко од секогаш се грижел само за себе ни за мене ни за мајками ;( никогаш не почувствував таткова лјубов и внимание никогаш не знаеше да се грижи за мене ни да ме прошета кога сум била мала да ме изненади да ми купи нешто никогаш...толку себичен човек не верувам дека постои :x
    Завчера ги помина сите граници... нема да биде со мене ни на најважниот ден од мојот живот кога треба да го кажам големото да...Се испонервирав од неговата себичност плачев и посакував да е мртов барем да не се срамам пред луѓето :( но по сите претрпени нервози ме смири вереникот ме убеди дека не е важно, дека не вреди да се нервирам дека јас одамна немам татко а не од сега дека тука е мајками секогаш за мене и тој дека заеднo ќе поминеме се и дека и тој ден ќе биде само наш исполнет со срќа а на таквите личности како мојот не одговорен татко бог ќе ги казни...
    Ми дава сила тоа што мајками е секогаш до мене, исто и лјубовта и подршката од партнерот :!: и знам дека повеќе не смеам да се нервирам, со нервозите може само да му наштетам на моето бебче кое знам дека ќе го сакам најмногу на свет и никогаш нема да дозволам да страда како мене...
     
    На Flower.D, WildMk и blackpanter им се допаѓа ова.
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    жално е тоа сто ти се слуЧилно.. :(
    навистина некои деца кои ги имат своите родители не знат да ги сакат вистински а некои сто им фалат родителите сто не се со нив тие ја сакаат таа љубов...
    јас мојот татко си го сакам премногу и не дај господ несто да бидне не ми можела да поднесам такво несто...
    тој за мене направи се ама бас се и она најдоброто и она сто јас го сакав заедно со мама моја..си ги сакам најмногу и двајцата :* :*
     
  8. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    Татко ми е копиле. Бесчуствително. И не го сакам. Ни малку. Што и да направи за мене нема да го смени мислењето што го имам за него. Се што би направил би било само лице, се докажа колку е грижлив. Се срамам тато, се срамам што си ми татко. И фала ти, фала ти за се ! Кругот се врти, не заборавај ;)
     
    На Flower.D, WildMk и WildCherry им се допаѓа ова.
  9. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    Душиче, подобро е да не биде таму, само ќе те потсеќа на најубавиот ден колкав идиот е. Биди среќна. Доволна е мајка ти и оној кој го љубиш за да ти го направат денот најубав, исто како што ти го правеле досега со нивната несебична љубов до сега, нели? :)
     
    На Dreem.Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Оф мила не дозволувај тоа да влијае на тебе ,твоето бебче и твојот иден сопруг.Тој никогаш нема да се смени како што кажа и самата,па иако ти е премногу тешко не вреди да се нервираш.Тој ден нека биди само твој и на твојот иден сопруг,твојот татко е единствениот кој што сум сигурна дека ќе се кае доколку не дојде на твојата свадба.Сигурна сум дека вие ќе бидите прекрасни родители на вашето злато,а тој нека му ја мисли каква грешка направил,па нека живее со неа остатокот од својот живот и со помислата дека можеби нема да си го види своето внуче.Можеби тоа дека нема да дојде пак го кажал во афект,а сепак ќе се предомисли и те изненади со неговото доаѓање и ништо нема да ти го расипи тој ден :) .
     
    На Dreem.Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Мојот татко е мојот херој. Мојот најдобар пријател, мојот пример во животот, мојата најголема поддршка, мојот најреален критичар....и пресреќна сум што го имам. Никогаш не сме имале преголеми несогласувања, оние ситни кавги кои се нормални посебно во лудите тинејџерски години :D Секогаш знаел да ме сослуша, да го согледа проблемот од секој можен агол, да ме искара кога треба, беше строг за многу работи кога бев помала (и денес многу сум му благодарна за тоа). До пред некое време мислев дека само физички сум иста како него, а сега согледувам дека се' повеќе и карактерно наликувам на него :) Како мала имав страв од него, доволно беше само да ме погледне и веднаш да почнам да правам онака како што требало да направам :D И денес ми е од особена важност неговото мислење за се'. И денес со стравопочит гледам на него и многу го почитувам неговото мислење. Му благодарам што секогаш бил тука за мене, и сеуште е, и ќе биде. Направил буквално се' што било во негова моќ да не' изведе мене и сестра ми на прав пат, да не' изгради во стабилни личности кои ќе знаат да се носат со проблемите во животот и да не потклекнуваат на препреките. Премногу го сакам и почитувам и е една од личностите за кои и животот би го дала ако треба.
     
    На LoStedLOvee, gnr-Forever, ilipili и 4 други им се допаѓа ова.
  12. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Само помисли си дали татко ти сака да те гледа тажна.Сигурно не.И продолжи понатаму онаква каква што би сакал да бидеш.Секогаш ќе живее заедно со тебе и твоите моменти ќе ги дели заедно со тебе, без разлика дека физички не е тука.Во спротивно сигурно би се одразило и на твојата психичка состојба, а твојот сакан родител никако не би сакал да биде така.Биди среќна и весела токму заради него.Поздрав и се најубаво..
     
  13. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526

    Јас сум од твојата гледна точка, со тоа што сум доста постара од тебе, и од смртта на татко ми поминаа 3 години. Ќе те боли уште многу, ќе те потсеќа се, и тоа нема да престане, само ќе се навикнеш. Нема да имаш избор. Организмот самиот ќе почне да ти се брани. На секоја свадба последниве 3 години кога невестата ќе почне да игра со татко и, мене ми идеше од земја да се треснам, не заради љубомора, туку од болка што ние нема да можеме. А бев права татина ќерка! И сега ми доаѓаат секакви етапи различни во животот, и секој ден го барам. Секој ден. Воопшто не ми е срам да зборувам за него. Ској пат кога ќе ми дојде, затоа што така он живее. Ако на некој тоа му пречи, има уста па нека повели нека каже. Само што веќе околу мене имам само блиски луѓе, и никој не ми пререкол, или пак никој не сакал да ме навреди, во секој случај ме штитат од самата себе. Брат ми само што наполни 17 кога почина он, и сосема поинаку од мене се расправа со болката. Почнува него да го имитира, зборови, држење, облека, и ред други работи. Ние ќерќите секогаш така ги жалиме татковците. Ако немаш на кого да му се пожалиш, земи напиши си. Ќе ти помине. Но никако немој да го држиш тоа во себе, мора да наоѓаш начин како да ги вадиш тие горчила од системот. Можеш комотно да ми пишеш ЛП во теков на 24 саати кога ти е ќеиф, без разлика што не ве познавам лично, многу ми е позната болката и солзите, немоќта да се избориш со чувствата. Само храбро, и не се замарај, тоа е што е! :*
     
    На ilipili, Bozica1980, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Hestija

    Hestija Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    О боже колку само малку фалеше да го нема :( го чуваше господ.
    Незнам како би живела без него а и не сакам да знам, тој е мојот херој.Ке бидам најсрекна ако еден ден мојот маж ме сака како татко ми што ја сака мајка ми :inlove:
     
  15. vesnaplazma

    vesnaplazma Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    110
    Sakaj go i pocituvajgo,guskaj si go sekoj den.i bidi srekna sto go imas.Kolku samo boli prazninata sto jas ja imam za tatko mi koj pocina pred 5 nedeli. ;( LUGETO KOI NEMOZES POVEKE DA GI DRZIS ZA RAKA GI DRZIS DLABOKO VO SRCETO.
     
  16. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Мојот татко...
    Мојот татко е мојот суперхерој.
    Мојот татко е чесен, дарежлив, добар, праведен,силен,храбар..
    Мојот татко може и знае да г реши секој проблем...
    Мојот татко за мене би бил единствениот жив донатор на срце...
    Господ нека ми го чува
    Многу го сакам.

    п.с. и мајка ми си ја сакам :D
     
    На korisnichka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    669
    Мојот татко не живеел со мене никогаш.
    Барем јас не се сеќавам.
    Родена сум во брак , а моите се разделиле кога сум имала само 7 месеци.
    Се сеќавам , бледо, на мој престој кај него ,,,мислам дека се грижеше за мене....
    Тогаш , на мои 3 години ме зел насилно од мајка ми за да ја натера да му се врати, па бидејќи не биле разведени , никој не ме одземал од кај него.
    Мајка ми не се вратила и тој после 3 месеци ме вратил.
    Следно , се сеќавам на нашите „видувања“ во Социјаните грижи.
    Памтам колку ми беше тешко да го изговорам тоа „тато“, а сепак чувствував потреба од него , љубов.
    Памтам , дека беше строг , но мене тоа ми се допаѓаше , бидејќи како дете можев само да чувствувам , а јас чувствував дека тој сепак ме сака.
    Во детството , фамилијата на мајка ми и самата таа, ме труеја дека татко ми е монструм.Сега гледам , по неговите постапки дека и не е баш „здрав“ , но мислам дека , сепак ме сака.
    Од мојата 9-та година не контактираме.
    Тогаш тој се врати од привремена работа во Австралија и сакаше да се смири со мајка ми после , скоро , 10 години разделеност.
    Мајка ми за ова ме праша мене.
    Иако . како девојче од 9 години НАЈМНОГУ на свет сакав да имам татко , јас реков НЕ.
    Знаев, тогаш , дека татко ми ќе продолжи физички да ја малтретира и нема да имаме убав живот.
    Мајка ми ме послуша , а тој после многу неуспешни обиде , се откажа и се ожени.
    НО ЗОШТО СЕ ОТКАЖА ОД МЕНЕ??????
    Кога имав 10 години добив полу сестра ,која денес ми е пријателка на ФБ и која НЕ САКА да контактира со мене.
    И имам пишано многу пати , но одговор не добивам.
    Кога имав 20-тина години за прв пат се заљубив и тогаш таа празнина стана уште поголема.
    Една вечер седнав и му напишав писмо.
    Му го пратив и после ЦЕЛи 3 години , на улица ме најде и ми кажа дека го добил писмото и сака да ми одговори на моето прашање дали ме сака.
    Ми кажа дека ме сака, во реченицата зборот „сака “ го пригуши.Како кога човек лаже.
    Но од очите му читав голема грижа на совест, вина.
    Онаа машка вина што сум ја гледала кај дечковците кои раскинуваат и се чувствуваат непријатно што тоа ќе го сторат , но после 3 дена фаќаат друга женска.
    Тогаш имав 24 години.
    Ми кажа и дека жена му не сака да се гледа тој со мене ,а тој неможе да и докаже.Тажно.
    Следната средба беше кога имав 29 години и бев трудна со првото дете.
    Го сретнав на улица, се направи дека не ме гледа , ама мене ме фати инает и така со се стомак му кренав рака и тој застана.
    Се поздравивме со рака , како комшии.Ме праша што има ново.
    Еве, што има ново , му реков, ќе бидеш дедо!
    Ааа , се збуни, па јас мислам дека веќе сум станал , така ми кажа една комшивка што ќерка и те познавала.
    Не, од мене не си , мене ова ми е прво.
    Си направувме топол муабет , топол од моја страна , збунет од негова.
    Ми заѕвони телефонот и требаше да тргнам.Му дадов мој тел. и маил адреса. Никогаш не ми се јави , ниту ми пиша.
    Кога се свртев и направив 5-6 чекори , ме викна по име. Се свртев и ми кажа само : БИДИ ХРАБРА!
    Мислам дека сакаше да ми каже: немој да си како мене!
    Долго размислував за ова и сватив, сега откако сум родител на 2 деца , дека сепак тој ми е родител и дека сепак , ме чувствува како дете..ЗОЃТО?
    Па само вистинските родители ги учат децата да не бидат како нив, да не згрешат таму каде што тие грешеле.
    Станав мајка и по втор пат.
    Случајно на интернет најдов негова маил адреса и му пишав маил со кој му пратив слика од мене и двете деца со текст да ги запознае своите внуци , опишувајќи му ги по име и по години.
    Не добив одговор .Има веќе една година.
    Имам 35 години , родител сум на 2 деца и неможам да одговорам : ЗОШТО!
    Зошто не ми одговори на писмото , зошто не ми се јави на тел, на маил?
    Зошто не се искраде од дома и на 10 минути не се сретна со мене , само да ме гушне иако жена му не му дозволува?
    Зошто не ми кажа : Нека ти се здрави живи децата?
    Зошто не ми кажа барем еднаш во животот : СИНЕ ?
    Дали некогаш мисли на мене? Дали се прашува дали сум здрава, сита, дали ми е топло, дали сум среќна?
    Ех, мој тато , ти си тој што те имам , немам друг.
    Ти имаш друга ќерка , ама јас немам друг татко , никој не ми е крив , јас сум во загуба.
    Ти имаш кој да ти биде ќерка , а мене кој да ми биде татко?
    Што сум згрешила јас за да немам татко?
    Цел живот сум одлична, завршив факултет, се омажив со прекрасен маѓ, имам две дечиња -ангели, ќе бидам адвокат за брзо, имаш само повод да се гордееш со мене.
    Како мислиш да умреш?
    Како мислиш еднаш СПОКОЈНО да ги затвориш очите??????????????????????????????????????????
     
    На Flower.D, WildMk, Lolo5 и 18 други им се допаѓа ова.
  18. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    мојот татко -*жртва за сите нас се самработи кук анаправи сам ниви расправа надржавна работа оди на госпожата мајка и мете и брише и мие садеви се едино не пружа алишта стишен човек и кога и да сум му побарала нешто со ништо не ме одбил ми даде кров наглавата кај да живеам цел век неможам да му се одолжам на него
     
    На popi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    669
    Прекрасен татко.Блазе си ти! Чувај си го и сакај го најмногу на свет! :)
     
    На eva11 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Многу ме растревожи ова што го прочитав...Ти посакувам да си бидеш најсреќна со своето семејство и многу ми е драго што имаш прекрасен маж...Поздрав..
     
    На Flower.D му/ѝ се допаѓа ова.