Не можам ниту еден лош збор да кажам, никогаш не кренал рака на мене, никогаш не ми се дерел, секогаш бил горд на мене, без разлика дали сум успеала во нешто или не, секогаш ми бил поддршка, а јас еднаш го разочарав се трудам да поправам колку можам, бидејќи не го заслужува тоа од мене.
фигуративно само го имам Никогаш сум го немала како подршка,столб,рамо за плачење.Никогаш не ме заштитил од ништо,ниту пак се потрудил да ми помогне во нешто.Ме малтретираше на сите можни начини.Заради него морав да созреам прерано.А толку мн ми фалеше низ годините вистински татко..Егоистично самобендисано суштество!!!
Единствено ми е криво што немав прилика вистински да го запознаам, што слушам од други луѓе како со восхит ми кажуваат за тоа каков човек беше...
Најдобриот татко. Се има откажано од многу работи за ништо да не ни недостасува на мене и сестра ми. Секогаш тука за се. Се надевам ќе се одолжам за се, и ќе го направам горд.
Mojot tatko mi fali najmnogu sega koga sum bremena oti on nema da si ja vide vnukickata pocina pred 12god placev ovie denovi za nego posto na sveki I na svekorot Im vikam koga ke se rode vnukickata ke na setate segde vie babite I dedovcite I posle koga mi tekna za tatko mi pocnav da placam na glas
Mojot tatko...moeto se.Sonceto moe.Moja gordost.Srekna sum sto go imam.Sekogas ovde za mene,mojot najdobar drugar.Placev na negovoto ramo za ljubovnite bolki,toj mi delese soveti.Gospod da mi go cuva. Se sto imam e od nego.Mojot karakter,mojata dobrina,mojata pozitivnost,mojata ubavina...Letam so nego.Posakuvam site da imaat vakov tatko. Te sakam najmnogu tato,brojam denovi da te gusnam.
Премногу ми недостига, за жал почна пред 15г. Сега кога сум бремена уште повеќе ми недостига бев неговата гордост а и тој - мојажалам што не е тука за да се радува
Мојот татко правеше да се чувствувам дека сум посебна. Вложуваше и веруваше во мене и моите способности. Не ме скратуваше од ништо, а кога си замина од овој свет, ми го сруши мојот. Ми фали, во секој аспект од животот.
Mojot tatko zamina od ovoj svet prrd 12godini,prerano ne napusti.Mi go srusi siot svet.site sonista,site nadezi i eden del od moeto srce zamina so nego.I ne nauciv i ne nauciv da ziveam bez nego,a kako pominuvaat godinite bolkata stanuva uste pogolema,nedostigot uste pobolen.....vo mojot zivot nema covek sto moze da me razbere kako tato,da me islusa,da me saka...te sakam tato....!
Татко ми. Би сакала да можев подобро да го запознаам, да бев татина маза. Почина пред 18години и точно се сеќавам на таа вечер бидејќи го гледав како не напушта. Со радост слушам кога зборат за него, дека бил еден во милион, јака фаца, добар човек. За жал не бил и најдобар маж и за тоа сум му многу лута. Но од друга страна многу ми фали.Да ме гледа како завршувам средно, факултет, да биде поред мене на свадба, на раѓање на неговиот внук, да пие ракија со зетот и да ме слушаше за сите љубовни проблеми кои ги имав, да биде со мене во тинејџерските денови и да имаме наши Father_Daughter денови. Живееш во мене тато и ми фалиш во сите моменти од животот. Ќе дојде денот кога повторно ќе се гушнеме и кога ќе ме носиш во парк како што ми вети..
Никогаш не бил тој вистински татко како што сум го замислувала и сакала да го имам. Татко како фигура. Татко кога те измалтретира психички ......... Татко беше едно време океј но не и повеќе...... Жалам што сум ќерка на таков човек како тебе. Кој што никогаш не бил задоволен од моите постигнувања.
Не постојат зборови кои можат да ја измерат љубовта која ја чувствувам кон мојот татко. Од секогаш бил мојата потпора, личност која е тука за мене во секое време, во добро и лошо. Секогаш е тука да ми даде совет, да ми помогне кога ми треба, но истовремено и да ми даде критика и да ми укаже на грешките кои ги правам. И многу сум благодарна и горда што имам таков родител кој неизмерно ме сака и збогатува со животни лекции. Те сакам тато. ❤
Неможам да го поднесувам сака да изиграва мангуп на 50 години тоа ем ме смее ем ми се плаче едноставно едвај чекам да завршам со факсот и да се одселам од оваа куќа.
Татко, што ли е тоа? Посакував да знаев, посакував барем еднаш да се почувствувам како татина ќерка, да не молчев кога сите деца кажуваа со гордост нешто за својот татко. Сакам да ми бидеш татко, но таков каков што си ти сега, подобро да сум сираче...
Оффф.... не ги сакам празнициве и Нова година заради тоа што тој не е тука.... Овие празници ми носат болка...не може да го видам, да го гушнам, да му соопштам дека ќе биде дедо и ќе има внука..... Зима како зима, се зима ништо не дава...ми го зеде и него годините минуваат... Ние се менуваме, но болката во градите засекогаш си ја носиме исто како и првиот миг кога ми соопштија дека готово е ......
Често се караме со тато, многу пати ме расплакал.Исти карактери имаме и двајцата инает затоа не се слагаме. Ама тато е мојот идол и се стремам во животот да бидам барем малку колку него.Уште од мала сонувам за неговата работа, ја сакам интелигенцијата на татко ми.Покрај сѐ знам дека он и мајка ми се единствените кои би направиле се за мене.Се што ќе поседувам е благодарение на нив и на нивната макотрпна работа.
Го обожавам. Пример за како треба прав сопруг и татко да изгледа. Интелигентен, културен, фин, полн со разбирање и љубов. Фала ти татичко што ме научи на се што треба. Што ме научи дека книгите и образованието се тоа што го имаме и треба да го искористиме, а се друго е минливо и променливо, знаењето само ни останува. Што ме научи на вистинските вредности во животот. Што ми покажуваш како една жена треба да добива љубов и внимание вистински гледајќи како ја цениш и почитуваш мама. Што секој ден правиш се за мене и за брат ми, за мајка ми, за целото наше семејство. Фала ти за деновите кога ме научи да возам велосипед, а сега веќе прејдовме на новата фаза, учењето како да возам кола. Што си тука во сите мои фази, во сите мои напредоци, во сите успеси, што ме поддржуваш и веруваш во мене. Што на прослави си единствениот сопруг и татко во фамилија што не пие ништо и трезен ги враќа сите дома, а сите те посочуваат за пример како треба вистински маж да изгледа во тие моменти. Што никогаш не си кренал рака према мајка ми, што никогаш не си правел лоши сцени, што дури и во кавги си покажувал љубов и разбирање, што не си дозволил да имам никакви лоши спомени и што татко ме асоцира на пример во животот и на мој идол. Што си ми го пренесувал целото твое знаење, животно искуство, сите совети. Што си ми пример дека не секој маж мора да е агресивен, да се прави мачо, да пие, да пуши, да има некакви пороци. Што секој наоколу за тебе кажува само пофални и добри зборови. Што секој ми кажува дека би посакал да има татко како тебе. Можам до утре да пишувам и пак нема да е доста за да ја опишам целата почит и мојата благодарност кон тебе, но посакувам да имаше повеќе мажи и татковци како тебе, ќе имаше многу повеќе среќни деца и жени. Среќа е што животот ми подарил таков татко како тебе. Единствен и незаменлив си. Посакувам во иднина да градам фамилија со човек што ќе ги има истите квалитети како тебе и на твоите внуци ќе им покаже иста грижа како ти кон мене и брат ми, а љубов и внимание како ти кон мајка ми.
Татко ми е најјакиот човек што постои . Сакаше да го заколи цело негово семејство со моторна пила, пред мои очи ( кога имав 5-6год, нит блага вода не ме смируваше со денови). Гледав крв, гледав како си одеа баба ми и дедо ми со другите. Секогаш сме биле физички и психички малтретирани со брат ми. И двајцата не тепале додека не ни по течеше крв, за секакви ситници. Често знаеше и тоа јадење што го имавме да летне преку врата и да останеме гладни. Секогаш викаше како ни овозможува добар живот и како никој нема повеќе од нас, да имавме основни работи за училиште и се ни беше платено, ама не од него, но тој си ги присвојуваше како тој да ги направил. Беше алкохоличар и сега е, секогаш ќотек, викање, бркање од дома и тоа навечер, често сме спиеле и во двор во шупичето со два ѕида, и снегот вееше, а ние се смрзинавме. Не можам да замислам дека како мала повеќе го сакав него, ме уништи. Нит по разводот ништо не се смени, доаѓаше каде што живеевме под кирија, правеше сцени се дереше, ми доаѓаше и на работа да ми смета за да ме избркаат ( а единствено од мене зависеше се и сметки и брат ми, тој е помал). Еднаш го пречекав пред куќа и извадив спреј и се степавме јас добив два конци и 300 евра казна од полиција и плус сакаше да ме прати во затвор, дека тој доби 12 конци. И кога видов дека нема спас, ги зедов моите и заминавме во непозната земја. Кога после морав да се вратам чувствував страв, но од тогаш ниту еднаш не ме погледна иако се имаме сретнато, ми беше чудно, потоа разбрав дека му се јавил другар ми и дека му се заканил. Единствена реченица што доживотно ќе ја памтам од него е пцовката што ми ја рече цитирам “ Да ти ебам пичето пичкати материна курво.” Е тоа е мојот татко. Прочитав на темава како на доста им починал, штета , подобро би било мојот да поцрка неголи такви добри татковци како вашите. И да ако некогаш бара прошка ќе му простам, нема јас да бидам лошата, и покрај тоа што ме направија со трауми и растројство ете се обидувам да бидам добра.