Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот татко...

Дискусија во 'Брак' започната од Sashie20, 21 март 2012.

  1. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.448
    Пол:
    Женски
    Не ми се допаѓа ова што го имаш пишано ;(;(;(;( ми се допаѓа твојата мисла да му простиш, ми се допаѓа твојата храброст, твојата доблест:inlove:.... Јас лично не би му простила... Никогаш..... Ти посакувам се најубаво во иднина :inlove::inlove:
     
    На thelittle17, SummerGirl, Meckicja и 3 други им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски


    Пет пати читам, одново и одново:(..на жалост душо моја, не си ни прва ниту последна која доживеала вакви трауми..но само едно сакам да ти кажам..НЕ ПРОСТУВАЈ, не заслужува прошка, не заслужува ниту солза повеќе од тебе..нека биде еден несреќник кој е роден по грешка и кој нема да го познаваш.:(
     
    На SummerGirl, Meckicja, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. HerMajesty

    HerMajesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2018
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Кога ја отворив темата и прочитав што си напишала солзи ми ги исполнија очите, камен ми падна на душава. Дека не заслужува секој да биде родител е точно, но девојче немој да тагуваш. Според ова што си го пишала ти си една неверојатно храбра и силна девојка. Секоја чест на твојата разумност и снажност после сето тоа што си го проживеала на крај да простиш. Ти си голем човек. Ти праќам најсилна гушка и ти посакувам многу среќа во понатамошниот живот, затоа што ти тоа го заслужуваш. :hug:
     
    На SummerGirl, Rama, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.064
    Допаѓања:
    55.598
    Пол:
    Женски
    Ме има многу повредено.
    Освен материјална поддршка, никаква друга сум немала. Не знам што значи татковска љубов. Сум гледала татковски фигури во други луѓе, што се однесувале предобро со мене.
    Споредби со деца на други родители, во основно викање и карање ако добиев пониско од 5ка, се чувствував како најголемиот губитник на светот. Навреди во врска со се. И ќотек порано. Не сме блиски, никогаш нема да бидеме. И да сака тој некогаш јас нема да сакам никогаш да сум блиска. Затоа наоѓам татковски фигури во други мажи, а не сакам. Тешко е..

    @smb asr се насолзив скроз жими се. ;(
     
    На Izaabella, Nigredo Odor, Alisa22 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.278
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    Мојот татко беше најпрекрасниот човек, вреден, работлив и грижлив, премногу се грижеше за семејството и секогаш се трудеше се да ни удоволи, нормално не било секогаш се совршено имало и доста кавги но ништо сериозно.
    Секогаш беше насмеан и позитивен, немаше човек што нема да го 'поткачи' и да се пошегува со него,секогаш кога некој човек ќе побараше помош од него трчаше и помагаше на сите, секогаш беше до мене и ретко ме одбиваше за нешто, секогаш ми даваше совети што во тој момент ги гледав како замарање, но сега се би дала пак да се врати и да ме замара, за жал Бог ми го зема прерано многу е жално таков човек што замина, премногу ми е жал што бар за последен пат не успеав да му кажам дека премногу го сакам, но Господ секогаш ги зема добрите души, сега само се надевам дека е на подобро место.
     
    На thelittle17, FashionFemme, senza.parole и 10 други им се допаѓа ова.
  6. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Мојот татко, ех мојот татко. ;( Почина во несреќа кога имав 11 години. Тоа беше човекот кој ме сакаше најмногу на цел свет, кој беше секогаш тука за мене, кој ме учеше како да отштрафам и заштрафам нешто, да поправам нешто... ме учеше мајсторски работи кои и ден денес знам да ги правам (како да знаел дека ќе ми требаат да ги научам бидејќи тој повеќе нема да е тука), тој е оној кој постојано си играше со мене, кој ме носеше во ресторани на пица и помфрит бидејќи ништо не сакав да јадам ко бев мала, тој е оној кој легнуваше до мене навечер во кревет пред да заспијам и ме галеше по коса... тој е оној кој пред мои очи ја гушкаше мајка ми, ја бакнуваше и и' кажуваше дека ја сака и дека таа е најпрекрасната жена на светот.... е така го памтам мојот татко. Полн со љубов кон семејството и кон сите секогаш... Таквите како него се ретки и таквите не се забораваат. Најтажно и во исто време најубаво ми е кога и ден денеска после 14 години луѓето сеуште го памтат и кажуваат колку прекрасен човек бил. Ми недостасува :l:
     
    На saka, jasbi, Aneta92 и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.789
    Допаѓања:
    33.700
    Пол:
    Женски
    Мојот татко е ...Немам во мојот речник толку голем збор за да доловам колку голем татко е. Од него немам видено насилство и повишен тон.Секогаш на некој забавен начин ќе ми кажеше што треба без да ме повреди.Тој е мојот миленик , а јас негова цуцка. Не дека мајка ми не ме гушкала и сакала ама тате ми беше мое мече за гушкање и галење.
    Работеше и државно и одеше после и на приватно.А за викенд заедно шетавме по ридовите и полјаните.Ме учеше за растенијата, за природата.

    Не дека не е пиел.Пиеше и тој како и повеќето мажи ама не ги трошеше неговите пари туку фирмите го частеа него.Кога беше пијан беше смешен и не беше насилен.Си доаѓаше и си легнуваше.А утре дента ми велеше Авче непијам веќе глава ме многу боли.Тоа беше до наредниот месец:D
    Никогаш не е бил алчен и стрвен само за него да гледа.Јадење е оставал за нас, па ако остане за него.
    Кога тргнав средно ми кажа сега можеш да си фатиш дечко голема си:DИ јас го послушав и си го фатив мм.И кога бев 18 ми кажа и да останеш трудна тато ќе ги продаде акциите и ќе направиме свадба.Немој да одиш да абортираш можат да те повредат.Иако беше стар кога јас бев 18 тој беше 63 не беше со заостанати сваќања.
    Сега ќерка ми толку ја сака што си ја вика мало ќерче:inlove:Мене толку ме разнежнува.
    Секогаш подршка ми бил за се.

    Му благодарам на Бога што баш он и мајка ми ми се родители.
     
    На thelittle17, TutiFuti, snegulkata и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Ladybbc

    Ladybbc Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Татко симбол за најчиста љубов. Најмил мој, се гордеам со него. Неизмерно сум му благодарна за сиот труд ❤❤❤
     
    На thelittle17, Pea, SummerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Потполно те сфаќам. Истото го доживувам. Татко ми го нема 7 години, а ќе стане дедо. Толку ми недостига и знам дека толку многу ќе се радуваше.;( Едно бидејќи многу ме сакаше мене и второ беше голем дечар. Знам дека е со нас и не гледа од некаде. :angel::l:
     
    На Rama, SummerGirl, Sofice и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Lejlaah

    Lejlaah Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2018
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Еден куп убави зборови за татковци напишано а премалку во однос на лошите. Секој има различнс приказна и секој или најчесто се крие или ја искажува својата приказна. Мојот татко беше таков татко што додека бев мала некаде 8.9 години велев како многу го сакам и дека кај нас секогаш беше бајно,дека е мој херој,но за жал тоа не беше така и не продолжи. Од мали нозе трпевме семејно насилство. Кога и да викавме полиција,тие не реагираа и не беа секогаш брзи и не дејстувуваа како им наредува законот. Мал број на луѓе има денес во своетот што помагаат и дејствуваат како им налага законот и како дале заклетва. Ама ајде нејсе,татко ми од почеток беше пијаница на светот важни му беа курвите,парите и луксузот што доага со тоа. Ги малретирапе моите додека можеше,не одвлечка у друга земја без знаење јазик без свои близок,никаде ништо да се сам мучиш да научиш да преживееш,не остави до изговор дека иде у германија да работи а ние да учиме јазик и ќе сме нашле работа,од време на време праќаше по 100 евра 50 идеа само за кирија. Останато за водаа,струја и јадење. Арно ама после мој роденден он ни денат не прати. Струја ни исклучија,мама се позајми од станарката да се врати во родена земја за да ни помогне ама ни она не можеше да си помогне имаше нервен удар (парализа на лицето кое ден денес остана. Ние како деца,ја и моите браќа 19,23,27години се изнамачивме и со јазикот и со барање работа а плус и не пријавени во таа држава.Брат ми замина во србија работеше да нсправи пари да не извлече. На самата граница кога излагавме почна полицијата притисок да прави зашто сме се задржале повејќе од 3 м. И дека казна тррвба да се исплати. 400 евра за едно лице. Шок. Нели.Брат ми што имаше пари кај себе ги даде дури и телефонот го остави. Кога се вративме. Помина година јас се омажив а он ни не дојде на свадба,родив дете не дојде да го виде а вамо се јавуваше и викаше на дедоо е. Ми се родил внук. Да на крај целава приказна подле години што се разведени. Он да отиде у болница поред сите обезбедувања да влезе у соба и да ја удира мајка ми. Пијаница ќе остане пијаница. На сите ви посакувам се најубаво се извинувам за рафератот. Си ја олеснав душичката . Ве бакнуваме . И да не се простува се и на секого !
     
    На Brinetka, Alisa22 и FashionFemme им се допаѓа ова.
  11. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    25.020
    Пол:
    Женски
    Мојот татко веруваше во мене кога сите други не.
    Ме издигаше секој пат кога паѓав,и секогаш се трудеше да го види најдоброто во мене. Иако само еднаш го разочарав, тој никогаш не се сомневаше во мене. И сега кога имам свој дом, и сум трудна уште повеќе го ценам се она што го направи за мене. Јас бев буквално она: Браво ќерко син на тато!:)Секогаш тука, секогаш со верба во својата ќерка. Тато те сакам.
     
    На thelittle17, Makedonka007, Meckicja и 2 други им се допаѓа ова.
  12. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.181
    Допаѓања:
    83.943
    Пол:
    Женски
    Човекот кој за што и да ми треба и каква и да имам потреба е секогаш зад мене ,како и јас за него...
    Човекот на мојот живот ,мојот татичко кого и до ден денес така си го викам.
    И кога ќе прочитам или разберам какви родители има по земјава му благодарам на Бога што покрај себе ми ги даде најдобрите:l:
     
    На thelittle17, Makedonka007 и Rama им се допаѓа ова.
  13. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Татко... кога би можел да ме слушнеш, кога би можел да ме видиш. Премногу недостасуваш и после толку години. :u: Би сакала сега да беше тука - бидејќи среќата без тебе не е целосна. ;(
     
    На Dust, Nine25, Orthophill и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.201
    Пол:
    Женски
    Ах колку ми фали сега да се радува на внукичката му ама за жал прерано згасна животот на татко ми
     
    На Dust, Nine25, Ygritte и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.448
    Пол:
    Женски
    Исто и кај мене ;( :(
     
    На Dust, Nine25, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    И татко ми внука ќе добие за некој месец, но не е меѓу нас. Си велам дека само физички не е, душата негова е секогаш околу нас.
     
    На Dust, Ygritte, Nine25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Nemozam a da ne iskomentiram na temata, slucajno ja vidov.
    Tato, tato e najdobriot tatko so na planetata zemja, ko so veli on kako psihijatar sum ti, stom te poglednam vo oci znam dali ti e okej ili ne... niz ogan mine za mene i za brat mi.
    Bez nego ednostavno ne funkcioniram.
    Dusa ostava, ama dodeka ne ne izvkece na prav pat ne ne ostavi.
    Kako za edniot taka za drugiot. So ke dobie edniot toa i drugiot. Ne deka ne deli masko, zensko. Eve mazena sum skoro godina dava i nadava za da imame ubav miren zivot. Na site pomaga, samo site da ne gleda sreken.
    Mu posakuvam mir, sreka, radost, zdravje i doooooolg vek.
    :l:
     
    На thelittle17, Rama, Ygritte и 4 други им се допаѓа ова.
  18. st2007

    st2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    797
    Пол:
    Женски
    Татко ми е човекот кој најдобро ме познава. Никогаш не морам да му кажам дали сум добро или не, доволен е само поглед. Често знае да ја зафркава мајка ми, демек ти ја роди ама не ја познаваш ни приближно колку мене. Тој е човекот кој најмногу се жртвуваше за мене и за целото семејство и сеуште се жртвува иако сме веќе омажени/оженети. Сеуште мисли како да ни обезбеди подобар живот, за да не сме се мачеле како него. Тој е човекот од кого научив што е љубов, топлина и заштита. Тој е мојот ѕид на кој секогаш можам да се потпрам и рака која ме крева колку и длабоко да сум паднала.Се гордеам со него.
    Тато те сакам :hug:
     
    На thelittle17, Rama, Orthophill и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Татко ми ми е пример за се како не треба да бидам, мислам не постојат зборови кои би опишале какво ѓубре е ,кога читам вашите добри татковци што починале си викам зошто мојов не цркне а не личности кој заслужуваат да живеат. Он е алкохоличар и постојано не малтретира психички многу е нестабилен гнасен одвратен и кога не е пијан е неподнослив го мразам од дното на душата. Кога ќе умре ќе плачам ама од среќа ,со нетрпение го очекувам тој ден!
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DenaM

    DenaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    tatko mi e pocinat koga bev malecka a inace mi e slaba tocka ako moze taka da se kaze.
     
    На Rama и Makedonka007 им се допаѓа ова.