Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот татко...

Дискусија во 'Брак' започната од Sashie20, 21 март 2012.

  1. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Некогаш ми е тешко да го наречам тато,бидејќи всушност никогаш и не ми бил татко во вистинска смисла на зборот.Во неговото срце нема место за мене..Мајка ми и порано и денес се трудела да бидеме ние вистинска фамилија,ама еве се уште тоа нема се случено,не знам и дали ќе се случи тоа некогаш.Нема никаква иднина со него ,првенствено затоа што не не заслужува.Тешко ми е и да пишувам за него,да си ја искажувам тагата и омразата што ја имам за него,трудејќи се да сфатам каде сум погрешила и што не е во ред со мене за толку да не ме сака.Тој од друга страна,се смее и весели,како ништо да не било,како воопшто да не го допира,како да не знае колку патиме јас и мајка ми...Живееме во иста куќа,а се однесуваме како странци,кои немаат ништо заедничко.Да ми дозволеше ќе му покажев дека имаме и тоа многу,но јас сум женско,што се разбирам јас.Секој негов трул збор,секоја негова навреда,на срце длабок белег остава.Секое светло утро,невреме ми го прави.Неговиот скаменет поглед,порој солзи ми нуди...Тагата со ништо не се запира.Како мала мислев дека овој проблем е само фаза,дека бргу ќе помине,се ќе се смири,ама како минуваат годините сфаќам дека не е фаза,дел од мојот живот е,сакала или не.Тој нема никогаш да се смени,никогаш да разбере,никогаш нема да ми ја пружи таа љубов што и покрај се јас му ја давав,трудејќи се да бидам она што тој замислил,да му одговарам.Попусто било се.Ако сега не се запрат солзите,никогаш нема.Не го сакам веќе,ми излезе од срце и ум при секоја негова грешка,при секоја негова рака крената,при секоја негова лага,при секое негово лажно ветување.Се надевам некогаш ќе се сети на мене и моите зборови,но јас веќе нема да бидам тука.
     
    На Flower.D, thelittle17, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Leroy

    Leroy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Site nie kako pomali sme gi sakale vakvite tatkovci ,oti decata ne znaat da mrazat .ama so tek na vremeto ja gledame realnosta i ja prifakame.
    Ako ne te saka nikoj ne mozis da prisilis da te saka . Ednostavno prifati go toa i ne se trudi okolu taa licnost veke. :)
    Se nadevam eden den ke ti stane seedno za nego i nema da te rastazuva toa,bidejki ne zasluzuva.
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    13.419
    Mojot tatko bese najdobar. Me napusti,se gusham, vo sok sum, sakam da go gusnam,da go baknam. Zosto? Zosto si zamina? Premnogu mi e tesko, jas ova nema da go prebolam i nikogas nema da bidam istata. Unistena sum.
     
    На thelittle17, MoreNa-22, Dust и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.794
    Пол:
    Женски
    Ми текна на темава...
    Пишав 4 месеци по изливот што го имаше...

    Посакувам во овие 4год да ги поправев сите работи... да му кажев колку го сакам..
    Знаев дека деновите му се броени и не успеав да го изустам тоа - те сакам:u: а мислам дека го сакав повеќе од било кого што некогаш ќе сакам. Иако имавме еден тон недоразбирања..
    Секој ден го гледав и во себе си викав - боже господе кажи му колку го сакам:(

    Таткото на моите деца да направи барем 1/4 од тоа што татко ми направи за мене, ќе бидам најсреќна жена на светов..

    Чувај не од горе татичко:l:
     
    На SummerGirl, honey.11, Stressed Out и 22 други им се допаѓа ова.
  5. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.201
    Пол:
    Женски
    Mojot tatko mi fali mnogu iako veke 15 godini ne e megu nas pocinat e bese prekrasen tatko soprugot ne e ni polovina od toa sto bese mojot tatko
     
    На stevemila, ma4e1311, Makedonka007 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Секогаш на прво место сум му, мојата најголема поддршка во животот, мојот идол од човек, татко што си ја сака мајката на своите деца, што семејството го става на прво место, татко што да му се јавам на полноќ ќе долета за каде и да ми треба, татко што не покажал насилство врз никого, немам зборови за да опишам каков човек е татко ми, каква душа и срце има, големи како планина. Татко ми ме разбира подобро од сите, не му е важен никој друг освен НИЕ!
    Пример дека материјалните вредности и парите се ништо, во споредба со љубовта, пожртвуваноста, и среќата, кои ги даваме на децата.:l:
     
    Последна измена: 11 март 2021
    На st-el, Bibi30, Stressed Out и 12 други им се допаѓа ова.
  7. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    2.569
    Пол:
    Женски
    Фалиш,проклето фалиш.
    Најдобар секогаш тука за мене, имавме посебна врска,посебно те сакав,мило ми што имавме убаво време заедно,знаеше дека те сакам бескрајно многу секогаш те гушкав, фала ти за се,но фалиш се гушам од солзи што не успеав да те испратам, проклета корона 11 месеци поминаа а јас неможам да дојдам ми фалиш знам дека знаеш.;(;(;(;(:u::u::u: за мене си најдобар,знаеше дека ова тешко ќе го поднесам но се држам предвреме ме припремаше како да предосеќаше дека се ближи. Те сакам
     
    На stevemila, snegulkata, Meckicja и 2 други им се допаѓа ова.
  8. MaKaRoN

    MaKaRoN Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2021
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Бог да го поживее уште долго ✝️ Скопјанец по мајка и татко уште кога Скопје било "нива", мангупиште, секогаш тука за нас, никогаш ништо не му е тешко освен ако чека да гледа некој спорт, прв е да помогне и на непријател. Пример за авторитет стекнат без насилство во семејството. Пример како треба да се растат здрави, свесни и совесни генерации. Родител како родител знае и да претера, да не кажуваме сега бајки, но и тогаш човек не може да му се замери, не држиме лутина. Искулиран тип дооо фамозна црвена линија Пасија се што е на две тркала и брза вожња.
    Ретко скоро никад не му кажувам, инаку татина џамбаска сум, пораснав малце па ми е срам :) ама многу го сакам бе многу ❤❤❤
     
    На Bibi30, thelittle17, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Ми недостасува најмногу на свет....

    Премногу ми недостига... седам и плачам денес, вечниот твој дом ми е далеку ,а што и да отидам,зарем со мермер се разговара? Зарем мермер може да те гушне и да ти ја стопли душата? На тешкоместо сум ,каде пто твоето видување на работите многу би ми значело... но наѓесто да можам да разговарам со тебе јас седам во типина и размислувам што би ми рекол... најтешко на свет е кога единствената потпора во животот ќе ја снема :(
     
    Последна измена од модератор: 22 септември 2021
    На Snowflake97, stevemila, snegulkata и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Duhce123

    Duhce123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2019
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Женски
    Ти замина, се се смени.
    Душава плаче за тебе, каде и да отидам.
    Мојата прва љубов, мојот ангел замина, бог те зема и повеќе нема да те врати назад кај мене .
    Те барам секој час, секој момент.
    Погледнувам во небото, мислам на тебе сакан татичко.
    Ти си таму на небесното синило, далеку од мене.
    Небото доби прекрасен ангел. Твојот живот згасна, како парче хартија кога ќе го запалам со чкорка, згасна во секунда.
    Зарем мораше така да биде? Велат: Бог секогаш ги зема најдобрите луѓе, но не мораше да ме остави без тебе.
    Јас, небо месечина.
    Ново “утро” ќе те донесе ли кај мене?
    Го сакам небото, ја сакам ноќта, ги сакам sвездите.
    Таму горе се крие мојот ангел.
    Во тешките моменти, срцето ми чука силно, а душата ми трепери од среќа, среќата да бидам твоја ќерка е неизмерна.
    Ти си мојот херој. Големата низа од подеми и падови, ме научи како да живеам без тебе, силно напред со нови сили, со твоја сила. Не сакав јас, но дојде зол час да заминеш ти од нас.
    Сега те нема, болиш секој ден. Во сон како во вечност те гледам, душата твоја јас ја барам, немир без тебе немам.
    Пред новиот зрак од новото утро, ќе погледнам на небото, ќе знам дека надеж ми праќаш за битка понатаму.
    Трофејот од сите мои победи го посветувам на тебе, татко мој.
    Знам не е збогум,
    Се уште си со мене,
    Не е крај,
    Ќе се сретнеме повторно таму горе,
    Каде што птиците летаат далеку,
    Каде што ангелите живеат,
    Каде што од далеку се грижат за нас.
    За тебе татко мој мил.
    Те сакам бескрајно!
     
    На WindyWind, Orthophill, ma4e1311 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    20.149
    Пол:
    Женски
    Татко ми е пример дека карактерот се менува :)
    Додека бев мала, беше алкохоличар, не премногу ама пиеше. Немаше насилство, само нервози. На мои 5-6 години сум го прашала зошто пие (не го памтам ова, ми има он кажано) и од тогаш веќе 20 години е трезен.
    Често му беа финансиите во прв план, ама секогаш имавме се што е потребно. И материјално и емотивно.
    Како тинејџерка мислев дека сака да ме контролира - каде си, каде ќе одиш, кога ќе се вратиш додека не си укопчав дека му е страв и дека само сака да биде сигурен дека сум добро. Никогаш ми нема забрането нешто, ме има посоветувано дека не е добра одлука, а јас тинејџерка па кавги па не збориме со денови ко мислеш ми кажал не смеам да мрднам од дома :rofl:
    Сега сум мажена во друг град и трудна. Ептен е возбуден за внуката. Доаѓа во сред ноќ кога имам потреба и ми се лути зашо не барам помош од него ако ми треба.
    Да, има караници затоа што сме тотално исти во карактер па лесно се лутиме и двајцата ама лутењето ни трае по 2 саати :D

    Во односот со мајка ми не можам да коментирам, и како дете и сега јас сум на страна. Може имаат проблеми ама тие едноставно цел живот гледаат да не не мешаат мене и брат ми. Мислам, сме гледале дека има недоразбирања ама никогаш не сме дознале зашо и како. 'Тоа не е наша работа' - секогаш кога сме прашале што се дешава.

    На кратко: детството вака-така ама сега го обожавам :inlove:
     
    На S.W.A.G, marchi-cool, Bjanka82 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    9.096
    Пол:
    Женски
    Татичко мој премногу ми фалиш, веќе 3та година како минува без тебе, а сеуште душата ме боли и гори за тебе.

    Најмногу ми е криво и тешко што не успеа да си го видиш внучето, твојата најголема желба што постојано зборуваше за тоа, "да имам внуци веќе нема да работам". Сега имаш внуче тато, ама не успеа да го видиш, да го запознаеш, да го земеш во раце и да си поиграш со него.
    За една недела твоето внуче ќе полни една годинка, и пак без тебе ќе помине и ова.

    Душата нека ти е во мир, те сакам тато. :l:
     
    На elimkd, S.W.A.G и Bjanka82 им се допаѓа ова.
  13. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Љубов безусловна и моја најслаба точка. Мирен, кроток, само добрина од очите му зрачи. Бог нека му дарува здравје да можам уште долго да си го гушкам. Посебна е татко-ќерка врската, нераскинлива и трајна. Затоа посакувам да имам и ќерка, да го сака татко и како јас мојот. :inlove:
     
    На NewMama, H.VAGA, Bjanka82 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Јас за татко ми можам да снимам серија. Жанр - хорор ,драма, трејлер,мистик.... човекот што никогаш нема да го разберам. Човекот што направи најужасни нешта. Ја растури цела фамилија буквално, контрадикторен е во се, има не реални сфаќања за животот. Високи стандарди и колку и да брвмр успешни или среќни за него никогаш не беше доволно. Често со брат ми (сега сме веќе возрасни) му бараме дијагнози онака за смеа. Последниве неколку години и покрај сите срања што ги направи, срцево му го отворив ако сака да вметне дел во него и успеа вметна. Како друг човек е. Кроток, мил, без многу осудувања без многу солење памет. Секогаш тука за нас. Се надевам вака и ќе продолжи.
     
    Последна измена: 12 ноември 2021
    На sino.o.oka, H.VAGA, Nikolina35 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.242
    Допаѓања:
    6.713
    Прво да кажам ви завидувам на сите кои можете со татковците да направите еден убав муабет, да ви кажат од машка страна како стојат работите, да ве поучат и слично.
    Еве и после мои 28 години не можам да го дефинирам чоеков карактерно.
    На моменти е добар, нема да ме одбие што и да побарам - а најчесто гледам сама да си ги завршувам обврските оти не сакам после да ми се вади низ нос дека ми помогнал. Најчесто така е на крајот, се манипулира со тоа дека ми помогнал за нешто.
    Беше ладно пред некој ден и му реков да дојде да ме земе од работа и да ме однеси дома кај мм бидејќи тој не можеше, го чуваше малиот дома.Уште по телефон го сетив дека негодува, во смисла едвај изусти ,,добро,,. Ме зеде што ме зеде, по пат ми држеше лекции за култура, дека не можело јас да ѕвонам кога ќе ми текне, дека било 9 навечер.. Како да зема комшиско дете а не сопствената ќерка. Поарно пешки ќе си одев, нека ми студеше,ексик..
    Ова однесување се должи на тоа што е премногу разгален од сите дома, почнувајќи од мајка ми.Помош никаква околу деца немала, ручекот на маса, се на тацна ставено.
    Плус син единец е и нема ништо делено со никого, ни една факинг играчка.
    Со внук му се немаат видено месец дена. Ја носи мајка ми тука, тој не слегува од кола. ХАОС. Отрпнав од туѓи погледи кога вели дека е уморен и не може да дојде, овие кај мм веќе не ме прашуваат каде е и кога ќе не посети.
    Вистина ми има помогнато финансиски да завршам студии, ама нели е тоа должност на еден родител, макар малце жртва да направи за детето..
    Имам многу научено од него за тоа како не треба со дете, знам и кои работи ќе ги применам со моето.
    Сепак и после се сум имала поткрепа од мајка ми и сум излегла на еден прав пат во животот, благодарение на нејзините совети.Среќа моја.
     
    На SummerGirl, poi, nevermet18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Trpkovska

    Trpkovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    1.578
    Пол:
    Женски
    Дечки, ми треба совет од вас. Поточно со татко ми, голем проблем му е алкохолот. Кога не пие, душа од човек е. А кога ќе се напие, е тогаш прави проблеми. Се му смета, ти едно кажуваш, он друго прави, како за инат. Некогаш дури и насилен е. Од викањето децава ми се плашат, кога сме на гости. Се соочил некој слично вака и што ми советувате?
     
  17. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Ништо неможеш ти дур сам не реши дека не треба да пие за жал, единствено е да не ги носиш таму кога пие и тоа е тоа.
     
    На Trpkovska му/ѝ се допаѓа ова.
  18. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    Татко ми е најдобриот човек, толку грижлив кон нас, секогаш ни давал поддршка за се! Херој
     
    На Dust и Bjanka82 им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Ми фали, го мислам и спомнувам секој ден ...
     
    На Dust, Noranora и Bjanka82 им се допаѓа ова.
  20. Marang

    Marang Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2020
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    343
    Пол:
    Женски
    Мојот татко почина пред 11 години.
    Секој ден го мислам и тагувам,но најтежок ми е месец март.
    Имав 11 години кога почина,се знаевме кратко ама се поврзавме трајно.
    Многу многу го сакав а и тој мене,ми кажуваше колку ме сака секој ден,ме гушкаше секој ден,се правеше за мене.
    Откако почина јас станав ладен човек и со никого не се гушкам или искажувам емоции затоа што срцето ми остана празно.
    Денес ми падна многу тешко кога видов еден татко кај што ја гушка ќерката...се сетив дека јас никогаш нема да го добијам тоа повеќе...
    Многу ми е грдо зошто толку денови заборавив како беа,некогаш не можам да се сетам на конкретни спомени,но се сеќавам на неговиот глас,на неговите мили очи полни љубов за мене и тага заради тоа што знаеше дека животот ќе му згасне...
    Најмногу се сеќавам кога низ мала кавга ми рече знаеш колку им е тешко на децата што немаат татко? Се сеќавам на тоа оти ме здоболе само помислата,а сега ќе ме боли цел живот.
    Те сакам татичко засекогаш....
     
    На Milobebence, Orthophill, MarijaMi90 и 9 други им се допаѓа ова.