Секој ден ми е тежок, ама за задушници и празници најтежок, колку и да се обидувам да бидам силна, едноставно неможам. Тоа е болка која никогаш нема да помине. Душава ме боли... Барем да имаше некој лек за душата, ама нема, ќе се научиме да живееме со таа болка и празнина.
Мојот татко такви трауми ми остави уште од детинството шо никад нема да се опраам. Ме тргна од цела фамилија и пријатели за као само него сум требала да го слушам и накрај и он ме остави. Сега сум комплетно сама. Сега кога сум веќе возрасна, сфаќам дека тој многу ми згреши и никогаш не беше во право. Иако почина пред 6 години, иако плачев тогаш бидејќи бев помлада, сега сфаќам дека никогаш не треба да му простам.
Многу ми недостига, еве веќе 10 година. На свадбата, мекиците, крштевка, родендени, на ништо не беше, се пропушти. Еве сега второ чекам, сега и мама ја нема... Многу ми фалат, МНОГУ!!!! Завидувам на тие со мајка и татко до 50,60 години. Знам глупо е, ама...
Среќен роденден стари! По темава имам многу лоши работи напишано за тебе и стојам зад тоа, ама од денешна гледа точка, ништо не е така едноставно како пред 20 и кусур години. Ништо не е повеќе црно и бело стари, има многу работи кои ја матат белата а премалку кои ја бистреат црната. Знам дека се ќе беше подобро и полесно ако таа не беше толку остра и ако ти не беше толку мекуш. Ми недостигаш многу, премногу, да си тука да го видиш малово колку наликува на тебе, да го видиш големото колку е паметно и колку те кине во покрет, да видиш колку работите се сменија и колку се двете нефер кон мене. Ама ако, знам сега, знам како да постапам на крајот од денот, оној ден кога ќе треба да бидам лошата јас и ќе бидам бидејќи од добрина еве до кај стигнав. Многу фалиш стари, премногу!
Премногу ми недостига еве веќе 12 години. Кога најмногу ми беше потребен него го немаше. Не дочека ништо од убавите работи. Таа празнина во срце секогаш ќе ја има. Најтешки се празнициве, кога неговото место на трпезата е празно.
Ах колку само ми недостига, најмногу го сакав и сакам. Дури и повеќе од мајка ми. Беше татко херој кој за мене имаше само пофални зборови, со гордост ме гледаше, никогаш ни тон, ни рака не кренал на мене, се со муабет знаел да реши и да советува, да направи човек од мене. Најмногу го почитував и слушав, прв дечко кога имав му кажав само на него, а не на мајка ми. Мајка ми на моменти знаеше и лоша кон мене да е и е. А татко ми низ пријатели и колеги кажувал за мене и колку е горд со мене. Да имаш и почувствуваш татковска љубов е нешто најубаво. И ми е жал што некои не го почувствувале тоа, таа силна љубов на ќерка и родител татко. Штета што го изгубив пред извесен период а имав многу работи да му кажам, ама знам дека ме штити од небото.
фала за се тато фалиш премногу требаше да си дојдам за да се видиме татичко, а не за да се испратиме… Се надевам дека веќе не те боли ништо и не, не сум лута што сите резултати си ги криел од нас, но да знаевме каква е ситуацијата можеби ќе можеше да се направи некој подобар чекор
Ми фалиш тато! Знаеш ти се, тебе ти зборувам најмногу. Не се плашам од тоа да дојдам кај тебе, се плашам за тоа што оставам зад себе. Барем конечно ќе те видам... ми изгоре душата и по тебе цел живот
Цел живот повеќе сум била со мајка ми. Едноставно татко ми бил тука ама емоционално недостапен некако. Сега кога пораснав сфатив колку недостатоци имам од страна на недоволно татковско влијание. Некогаш дури и се чувствувам дека и да го нема тоа нема многу да ме погоди. Не е дека не ме сака или сакал претходно туку не знаел како да го искажи тоа и секогаш бил отсутен со работа. Никогаш не би се пожалила дека материјални работи ми фалеле, но ете таа негова улога не е само за тоа туку има и други аспекти што јас не сум ги добила.