И мене татко ми ми е херој. Ме научи да пишувам,да пливам,да возам точак.Ме научи како да паднам,како да станам и како да продолжам понатаму...Ме носеше на операција,на раце, со крв на себе од мене и секогаш ме бодрел. Беше строг ,знаеше убаво да ме искара кога бев мала и тинејџерка,за после да ми стане најдобар другар,советник,потпора,рамо за плачење. Во текот на моето растење и созревање знаев да му се налутам што не ми дозволувал и одобрувал се,но сега од гледна точка на родител,знам дека правилно постапувал. Него животот не го галел многу,има многу проживеано,премногу видено,но ние никогаш не сме осетиле дека нешто фали.За се што ми треба одговор,за секоја моја недоумица,прво се обраќам кај адресата на моите родители.Знам дека таму ме чека несебична љубов и подршка. Карактерно премногу наликувам на него.Имам карактерни црти од татко ми за кои искрено и гордо кажувам дека ми се од него.Знам дека се гордее со своите деца,а посебно си ги сака внуците. Многу го сакам татко ми.
Благодарејки на таткоми имам се во животот...Кај него како зборот НЕ да не постои....го сакам најмногу на светот и него и мајками
Мојот татко... починал пред 22 години, сум имала само 9 месеци. го знам само на слика, негова слика секогаш си носам во новчаникот. многу ми фали. сите ми го кажуваат како многу добар човек, вреден, кулурен, способен, прекрасен со сите, друштвен...душа човек. само јас немав среќа да го запознам, да го гушнам, да му кажам дека многу го сакам, дека се гордеам со него... ако ме гледа од некаде вероватно го знае сево ова. мајками е најсилната жена на светот, прекрасна сопруга, мајка. и после 22 години таа го чува и негува споменот на таткоми. тие се мојата гордост. мајками знае колку многу јас сакам но тато каде и да си, можеби ме гледаш од некаде или можеби не... знај дека те сакам многу и ми фалиш ми фалеше на сите родендени, на сите празници, на матурата, секој обичен ден да излезиме заедно, на свадбата моја да заиграш со мене, кога станав мајка да си го видеше внучето, да поиграше со него. кога само би имала една шанса да те вратам, само за да те гушнам само да знаеш колку многу ми требиш
Ќе кажам најдобар татко имам, најгрижлив, најдуховит, дека го имам најдобриот на свет и пак ќе се излажам. Не, тој не е ни најдобриот ни најгрижливиот, а и шегите почнаа да му ветреат. Како помала постојано ме лажеше. Знаете, тој е човек кој најверојатно смета дека сум сеуште мала и дека со материјалното ми овозможил се во животот. Е па не е баш така. Мене тоа ич не ми требаше. Ќе беше подобро да бидеш ТАТКО, кој во најважните моменти во мојот живот ќе биде до мене, кој во деновите кога сум поразена ќе ме утеши и кој во деновите кога ни е најпотребен ќе биде до нас. Уствари беше до нас зимево, оти немаше кај да оди. Се распролети и се изгуби. Тој секогаш се трудел да имам и повеќе од што ми е потребно, ама заборавил нешто многу побитно, а тоа е да биде вистински татко. Ни како мала за приредби и драми никогаш не бил тука, ни за време на натпревари вечерта да ми каже браво сине, а верувам и во иднина истото ќе биде. А и првиот пат кога сама отидов на одмор во камп сабајлето не стана да ме испрати. Знаете болно беше кога сите чекаа автобусот да дојде со своите татковци во кола, а јас со брат ми седам и се правам дека ми е се едно а не ми е. И кога сите си мавтаа а јас и бато кулиравме. И кога се пијанчи и се враќа на полноќ. Кога бев помала премногу се плашев да не ни направи нешто ама сега сфатив дека е никој и ништо и дека не е способен во таа состојба, само може да се заканува. И преку глава ми од тие негови другари. и преку глава ми е да слушам за татковците на другарките, стварно се прекрасни луѓето. Од страна ќе речат добар е ама не е. Никогаш не бил со мене кога ми треба. ОСВЕН кога требаше некој да му ја масира штотуку заздравената нога и требаше да му купи цигари. Сакам да го одбијам ама неможам. Татко ми е. И е премногу себичен, кога и да јаде нешто мене и лигите да ми потечат нему не му текнува да ми даде. Тоа е... си чуваме по дома една свиња... Среќа си ја имам најдобрата мајка на целиот свет која ми е и најдобра другарка. И брат ми да не го заборавам кој го заменуваше татко ми кога ми беше потребен машки збор
Sashie20 можам да ти кажам дека со напишаново ме расплака...вистината е дека твојот татко секогаш ќе ти недостига, секој ден се повеќе и повеќе, било така и ќе биде. Не се чувствувај виновна за тоа што сакаш да ја споделуваш тагата со своите пријатели,бидејќи тие ако се веќе некои вистински пријатели, би се откажале и од забава и од се само за да бидат покрај тебе кога ќе ти требаат и ако не зборуваш за своите маки со пријателите и со семејството, тогаш со кого? ниту еден човек не е толку силен за целата тага да ја задржи во себе без да ја сподели со некој...
Мојот татко е секогаш тука кога ќе ми затреба,секогаш знае да ме сослуша..малце е строг понекогаш знае да ме искара ако се вратам подоцна,но знам дека сето тоа е за мое доброо. секогаш с еобидува д ами угоди безразлика на се....најмогуу го сакамм незнам што би правелаа без него..
Татко ми е мојот херој , единствениот маж кој секогаш ме прави среќна ... Иако не е дома , работи во странство , не поминува ден без да се чуеме или видиме на скајп ... Нема ноќ , а да не си посакаме добра ноќ... Мислам дека формуов нема толку место ако напишам се што е карактеристика за мојот татко ... Во секој случај тоа ќе биде се најдобро ... Те сакам Тато !
таткоми почина 3 месеци пред да се родам..... на возраст од 7-8 год. на сите сум му велела дека е во старанство и ќе се врати (ова пред неколу год го разбрав не се сеќевам). многу ми е чудно...незнам какво е чуството да се има татко. мајками беше премногу добра со мене и со сестрами цел живот го жртвува за наше добро не се премажи и сеуште е сама и ни се наоѓа за тоа што треба. колку само имам плачено и плачено и стално знаев и знам дека е стално со мене и во добрите и во ложите моменти..
Мојот татко е најдобар татко на светот,секогаш за било што бил со мене ми давал поддршка некогаш и ме карал ама најбитното е што јас немам мајка веќе 6 години,тој ми е татко мајка се другар ми помага на секој начин ако работам знае дека немам некоја плата wow и ми дава секој месец пари плус да си имам за било што иако сум омажена на секој начин ни помага стално ни купува работи за по дома и никогаш не се замешал за нешто во бракот мој или на брат ми незнам што би правела без него најдобар е татооо те сакаммммммм највеќе ти си пример за родител посакувам сите деца да имаат таков татко тогаш нема да има тага на нивното лице ти си бил и си секогаш жртва за мене сонце мое си тиии душата би ја дал за мене исто и јас се за тебе
твојата приказна е толку слична со мојата.... само што таткоми мене ме видел... и јас чувствувам дека е со мене помалце ми е чудно, ако некогаш ми се обратам на пр: "тато помогни ми за....." така и испаѓа ама ми фали и мајками е сеуште сама и секогаш ми се наоѓа за се.
Мојот татко беше мојот херој! Секогаш ме поддржуваше, веруваше во мене, се гордееше со мене за се’, секогаш ме насочуваше на правиот пат, секогаш беше достапен за разговор, играње, или што било; никогаш не му беше мака или досадно да направи нешто што ќе го замолевме, никогаш не беше изморен за нас. Понекогаш беше строг, но благодарение на тоа научив многу. Тогаш му се лутев, но денес му сум благодарна за тоа. Камо да беше тука, па да можев лично да му се заблагодарам за тоа што ми помогна да се изградам во личност каква што сум денес! Тој ме научи да верувам во себе и никогаш да не се сомневам во своите способности. Ме научи да се борам за себе и никогаш да не потклекнувам пред никого. Ме научи да бидам амбициозна и да ги следам своите желби и соништа. Ме научи секогаш да бидам своја и да не се срамам од себе си. Уште колку работи имавме што требаше заедно да ги поминеме, но не успеавме. Времето се’ повеќе и повеќе се зголемува, болката е се’ поголема, празнината се’ подлабока, но заборавот никогаш нема да ми те одземе, никогаш татичко!
http://mkd-news.com/prekrasno-zoshto-se ... e-posebni/ По прекрасната свадба млад брачен пар на првиот ден од нивниот брак одлучиле никому да не му отвораат врата. направиле договор - не се отвора вратата за никого по никоја цена – ќе бидат сами првиот ден од бракот! На тој ден прво дошле родителите на мажот – сакале да го видат синот и снаата. Зазвонеле на вратата зад која биле сопружниците, но никој не отворал. Заѕвонеле повторно – мажот сакаше да ја отвори вратата, се двоумеше но поради цврстиот договор кој го направи со жената – не ја отвори вратата, родителите тажни си заминаа. Набргу потоа повторно некој заѕвонел на вратата – родителите на жената. младенците повторно стоеа зад вратата се гледаа додека ѕвоното ечеше низ куќата. Жената го прегрна мажот и со солзи на очите му шепна, не можам ова да им го направам на моите родители, и таа ја отвори вратата . Сопругот не кажа ништо, години поминаа и тие добија 4 сина, а петтото дете беше девојче. Таткото, за раѓањето на синовите прославил, но за раѓањето на ќерката направил невидена фешта – ги поканил сите што ги познава и потрошил неброени пари за забавата. Подоцна таа ноќ неговата сопруга го праша што е причината за таквата голема прослава за ова бебе додека за 4 сина претходно имале поскромни забави - Мажот одговорил со една реченица – бидејќи таа е таа која ќе ја отвори вратата за мене!
^^^ Во контекст на погоре напишаното,како викаат. Син ти е син додека не се ожени,ќерка ти е ќерка за цел живот.
Мојот татко...ухх колку ми е само тешко кога го гледам дека се мачи и пати и упорно се бори за доброто на мене и сестра ми. Блиски си се и со сестра ми, но каде каде е поблизок со мене зошто многу повеќе си личиме карактерно двајцата. На моменти неможам да го сватам и ме нервира...но сепак тато си е тато и многу си го сакам. Бидејќи јас сум 15 Јан. родена, а сестра ми 15 Феб., нон стоп не вика, кокичиња мои
Уффф колку само сакам да беше присутен меѓу јас, да беше жив, па ЈАС ширум да му ја отворам вратата..... оти јас бев татина....
Уф колку само ме неажи приказнава јас мислам дека отсекогаш ќерките се повеќе со татковците а мајките со синовите