Мојот татко е личноста која ни го уништи животот на мене, мајка ми и сестра ми. Нема полош човек од него на планетата...Кога е нервозен незнае што зборува, прави како што сака и мнгупати знае да не излаже. Посакувам да немам татко како него, и ден ден кога ке умре нема да жалам воопшто ама капка солза нема да пуштам, само Господ знае што ни има направено...
Мојот татко.... кога добар кога лош Ме натера денеска да го избришам мојот најдобар другар. Не може така штом можам идам кај него најбзо штом можам
Татичко мој најдобар . Мене и на сестра ми не смее никогаш ништо да ни фали се ќе направи за нас .Секогаш се грижи со кого сум излезена и не ме спречува во ништо, а некогаш знае да ми каже и некој совет .Откачен е, ептен е шегаџија хах.. Јас многу се сложувам со него затоа што имаме сличен карактер, а и слушаме иста музика ... си го сакам најмногу!
Со таткоми имаме закоравен и молчалив семеен однос. Не сме блиски, ама не сме ни ладни. Зборуваме за политика, за некои работи што не засегаат цело семејство. Никогаш не ме прашал како го поминав денот, што учев на училиште, каде излегувам, што е ново... Не му замерувам, израснал во таква средина, неговите родители биле сирмошани селски луѓе, неуки и непрошетани. Како најмал од петте деца, за него останувале само трошките од она малку што го имале. Немал ниту облека, ниту обувки, ниту кревет за спиење, малку храна, сламена куќа и како врв на се останал со пола основно образование. Не е дека толку навистина немале пари, се наоѓало да се сврзе крај со крај, имале имот и стока, ама со заостанати сфаќања ништо не се прави. Дедоми наивен, секоја година парите што ќе ги земел од продавање на жито и стока ги вложувал во нови ниви и се така до бескрај. А за децата не останувало ништо. Нивниот однос бил сведен само на наредби за работа и работа. Со мало парче леб бил испраќан на училиште со саат ипол одење само во едниот правец за на крај и тоа да му го скратат. Им бил потребен пастир за овците и козите. Една случка која таткоми ја криел цели 35 години а ја дознавме пред некое време, во ептен голема доза на нервоза многу ме потресе. На свадбата на неговиот најстар брат тој имал 13години. Чичко ми се вработил во некоја фирма во градот па си присобрал пари за свадба, купиле нова облека, дарови, јадење...Само за таткоми никој не се сетил. Со искинати и партлави волнени алишта го дочекал тој ден. Од срам од луѓето избегал на едно ритче и останал таму цел ден плачејќи. Никој ни не се сетил на него дека го нема. Кога дошло време да се даваат дарови го побрале ама го немало. Дури вечерта кога сите си разотишле се вратил дома. Таткоми и ден денес чустувува горчина на душата кон неговиот најстар брат. Толку се радувал на снаата, а брат му го оставил така заборавен, да се чувствува срамно и понижено. Ова е едно делче од историјата на таткоми што ме прави да бидам лута на сите негови. Најверојатно неговото минато е она што го направило таков каков што е денес. Молчалив и затворен. Не му се лутам. Тој толку се борел во животот, изградил куќа, ни обезбедил се, наше е само да учиме и да ги направиме родителите да се гордеат со нас. Секогаш се молам за негово здравје. Не е битно дека не сме толку блиски, не е битно што никогаш не ми кажал дека ме сака, ниту тоа што никогаш не сме си играле со него или шегувале, јас знам дека внатре во себе тој многу не сака и се грижи за нас. Пред некој месец ми беше лошо па си кренав од школо предвреме. Си легнав веднаш а тој отиде до аптека ми донесе апчиња. Наредниот ден беше отиден кај неговите стари па не се видовме, ама ми се јави попладне да ме праша дали уште ме боли стомакот или сум подобра. Колку ми се разнежни душата тогаш. Тој сепак мислел на мене, се грижел. Татичко мој, со кафеави очи и тажен, замислен поглед, те сакам најмногу.
Кога ги исчитав сите мислења и видов какви скотови од луѓе се татковци уште толку ми е мака што вечерва така излезе работава со татко ми. Денес е многу важен ден од кариерата на мојот прекрасен татко а јас не бев со него. И ете, ми се јави сега во 4 и пол сабајле и ко мало дете ми раскажува се од почеток до крај (само на мене така ми раскажува). Од мака уште си плачам Не знам, немам зборови со кои можам да го опишам тој човек. Мене татко ми не ми е витез, мене татко ми ми е ИДОЛ. Прво, секогаш ме учел да се натпреварувам со него. Кога одев по натпревари ко дете, не ми беше предизвик да бидам подобра од другите, ми беше предизвик да бидам подобра од татко ми на времето што бил (ако тој бил прв во уметност а јас во науки.) Не ми беше важно да бидам подобра од моите соученици, ми беше важно да ми бидат сите петки за да не бидам подолна од татко ми И секогаш кога ке го стигнев во било која област ми викаше ‘‘ Чекај Кикирикче за да бидеме рамни треба да завршиш факултет‘‘. Дојде тој ден, пред неполн месец дипломирав и по бранење на дипломската доаѓа да ми честита. Му викам ‘‘Мајсторе сега сме исти‘‘. Ми вика ‘‘ Треба да ме стигнеш за да бидеме исти. Дедо ти беше овчар, јас завршив факултет. Сега од тебе се очекува најмалку магистратура и тоа не било каква‘‘. Човек кој го сака и старо и младо. Човек кој преку трње сам успеал да стигне до ѕвездите без на никој да му згреши. Кој трча на секој да му помогне (што страшно ме нервира). Никогаш ама баш никогаш нема тон дигнато на некого а камоли рака. Секој збор му вреди пари. Нема кај него безвеза муабети. Или кажува нешто мудро или нешто смешно. Преубаво е чуството кога ке седнеш у друштво, или кога ке кажеш на некого што прв пат го гледаш кој ти е татко (а мало место сите го знаат) и 90% од лугето реагираат со ‘‘Од него овој збор ми остана во сеќавање...‘‘. Затоа што тој секогаш, сегде и на секого знае да му даде оригинален совет, било да е тоа кажано на шала или со родителски тон. Да почнам да ги пишувам неговите совети и шали треба да ја окупирам темава. Оние приказни за мудреци по сајтовите може вода да му носат. Му честитам на денешниот успех, ке си умрам од мака што не бев таму, ама знам дека ке ги има тој уште многу успеси Едноставно си го бива И да, ако имам дваесет и кусур години уште кога ке ме прашаат Чија си? викам На тато (и мајка ми не се лути си знае)
Мојот татко денес слави 50 години од матура, се радува како сега да е матурант Нека ми е жив и здрав уште многу години!
Спојлер На 2 места имам пишано за тато, па ајде и овде ќе пишам Мојот татко е најдобриот човек на светот Се ми обезбедува, секаде ме носи, животот со него ми е приказна.. Е сега тоа што има проблем со нервите и што секоја нервоза ја истура врз нас никогаш не го земам за озбилно бидејќи знам во каква ситуација е Никогаш не дозволил да немам нешто што другите го имаат инаку не сме во добра финансиска состојба.. Ах тато, ТЕ САКАМ
ТАТКО МИ Е МОЈОТ ИДОЛ ВО МОЈОТ ЖИВОТ!!!!!!! и кога и да е се во неред тој е зад мене да го доведи во ред!!!!!!!!!Го сакам повеќе од мајками ако таа ме родила ама еве тој е повеќе за мене,а таа повеќе за сестрами!!!!!тоа е вазно сите се сакаме!!
Мојот татко...дали вие би можеле да кажете нешто за личност која ја гледате еднаш во година дена и тоа на 3-4 саати?Јас не...
Мојот татко е најдобар на цел свет,секогаш си крати од него за да ми даде на мене,се ми обезбедува го сакам најмногу,секогаш е тука за мене и парично и со совети,само што јас сум некогаш стока не го почитувам доволно и терам по свое иако знам дека греешам за нешто,и не му сум искажала љубов иако ја заслужил најмногу .РЕтко искажувам емоции,но не би сакала никогаш да го изгубам иако еднаш малку фалеше за тоа! СОВЕТ- не бидете како мене девојки покажувајте повеќе љубов и внимание кон родителите тие единствено ни го мислат доброто и сакаат да сме нешто повеќе од нив
Секогаш сум љубоморела на оние кои имаат убав однос со таткото, на оние кои искрено можат да кажат дека татко им е нивниот идол! Јас не можам да го кажам истото за татко ми. Како прво, тоа треба да се заслужи, а после се што ни се има случено мене и на мајка ми... не знам... Посакувам да беше поинаку. Секогаш ми фалела таа заштитничка љубов од татко. А и сеуште проклето ми фали.
На прв поглед страшен,секогаш намуртен...а всушност во него се крие прекрасна личност,карактерна,принципиелна,секогаш заштитнички настроен кон своите деца....јас сум горда што имам татко како него,и уште како мала си викав во себе -Мојот татко е најдобар од сите,и фала Богу што тој ми е Татко
е генерал Мора се по негово,но колку и да ме изнервира некогаш го сакам највеке на целиот свет !Секогаш е тука за мене фала му на господ..
Ги прочитав сите постови на оваа тема и можам да кажам дека повеќето од вас сте благословени со добар татко...Во мојот случај неможам да кажам исто таткоми ја води нашата фамилија во пропаст воопшто не се грижел за нас сестрами мајками, не само со љубов него со ништо друго што треба родител да направи за своето чедо не го направил никогаш, не го мразам тоа е најчудното од се, сме се карале сме викале сме кршеле ама некој друг да го нападни од страна никогаш нема да дозволам каков е таков е Господ ми го дарил а родителите неможеме да ги бираме :/
Треба да добие плаката на која пишува: "Овој човек е најлошиот татко на свет. Повеќе е машина за правење деца, отколку татко. Само ги прави и воопшто не се грижи за децата, а нивните мајки се потрошен материјал со кој може да си прави апсолутно што сака." Како што гледате не го сакам татко ми, воопшто не е дел во мојот живот, и јас ни малку не жалам за тоа. Фала на му на Бог имав човек во животот кој беше доволно добар за 10 татковици, и многу сум му благодарна за тоа.
понекогаш е многу добар понекогаш не зависи од времето ,но сепак можам да кажам дека е добар и благодарение на него сум дошла на овој свет,но сепак имам една замерка до него ,наместо во најубавите години да ни овозможи нешто повеќе што сме сакале да имаме со брат ми тој напушти работа и останавме само на една плата т.е на мајка ми ,и до ден денес е така тоа ме најмногу нервира кај него
ЕВЕ И ЈАС ДА КАЖАМ НЕШТО ЗА МОЈОТ ТАТКО. НЕ ДЕКА ИМА МНОГУ УБАВИ РАБОТИ З АКАЖУВАЊЕ НО СЕПАК ИМА И УБАВИ РАБОТИ. МОЈОТ ТАТКО Е АЛКОХОЛИЧАР,СЕКОЈДНЕВНО ГО МАЛТРЕТИРАШЕ МОЕТО СЕМЕЈСТВО И ФИЗИчКИ И ПСИХИчКИ. МНОГУПАТИ ЈА ТЕПАШЕ МАЈКА МИ НО ЈАС БЕВ МН МАЛА И НЕЗНАЕВ КАКО ДА СЕ СПРАВАМ СО ТОА ,СО БРАТ МИ СЕКОЈДНЕВНО ДОЖИВУВАНЕ ТРАУМИ ГОЛЕМИ ТРАУМИ.... ОСВЕН шТО ПИЕ КРШИ ПО ДОМА ,НЕ МАЛТРЕТИРАШЕ ИМА И УБАВИ РАБ ДА СЕ КАЖАТ НАПРИМЕР шТО СЕ ИМА НАПРАВЕНО ЗА НАС СЕМЕЕЈССТВВОТО...
Па вакаа.. Мојот ТАТКО е најдобар на цел свет..неможам да ви опишам што се не би сторил се за мене.. Некако многу сум приврзана за него, значи премногууу..иам 15 години и нон-стоп со него шетам, или ќе му речам да идеме некаде, знае некогаш и да праи озбилен моабет со мене на пр. за дечковци и за се.. Обратете се поише кон таткото мислам и кон мајката али машката личност поубаво ќе ви каже и за машки, и за другарство и за некои др. работи Едноставно Мн. си го сакам мојот ТАТКОО <33