Ја сретнав темава и неможев да прежмијам а да не напишам за таткоми...ДУШАВА КЕ ЈА ИЗВАДИ МЕНЕ ДА МИ ЈА ДАДИ ТАКОВ ЧОВЕК ДРУГ ВО СВЕТОВ НЕ ВЕРУВАМ ДА ПОСТОИ.....МОЈ ТАТА ЈЕ НАЈБОЉИ ТАТА.....И ОВАА ПРИЛИКА ЈА КОРИСТАМ ДА МУ КАЖАМ ТАТООО МОЖЕБИ МНОГУ ПАТИ СУМ ТЕ РАОЧАРАЛА, НО ОД СЕГА ПОНАТАМУ САМО КЕ ТЕ УСРЕКУВАМ ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ НА СВЕТОТТ ИСТО И МАМА
Случајно ја прочитав темата и ми навратиа спомените .......тринаесет години на 24.09.2013 навршуваат од смрта на мојот татко болно е недостасува.Во моментот ми врти во глава песната од Кате ,,Кај си татко песна да ми слушнеш ..... Татко,родител кој секоја керка би посакала да го има.Не небеше херој,витез,цар или крал тој беше едноставно адвокат.Делата зборуваа за него хуманитарец,добронамерен човечен,разбран,емотивец напред со времето и неговите свакања,културен,прошетан по светот, зборуваше три светски јазици најголемата умешност што ја поседуваше е неговата духовитост ,шегобиец. Имав убаво детство и младост со него како единица целото внимание ми беше посветено мене пишувајки се сетив за мојот 18-роденден добив книга Бон-Тон да научам да бидам културна,да имам манири и добро однесување.Неговите совети,ми звонат во уши неговите предвидувања ми се оствариа често го спомнувам и ја употребувам реченицата ''да татко ми имаше право. Наследив материјално да но духовното повеке вреди во мојот живот што го научив од него.Девизата во животот му гласеше''Се е политика керко во животот''. Знам да го имитирам,цитирам,прераскажувам негови вицови употребувам негови досетки и секаде кај луѓето предизвикувам смеа.Физички не личам на него карактерно многу,на мајка ми помалку. После години поминати од неговата смрт јас се вработив благодарејки на неговиот авторитет.Горда сум на тоа.За мене мојот татко стана легенда. Премалку е ова што го напишав за тебе...........Те сакам имаш посебно место во моето срце.
Имам татко ама искрено како да го немам. Не му текнува да ме гушне, само да ме вреѓа. Имам пишувано на форумов за него. Кога ќе видам како некои девојки имаат однос со татковците, морам да кажам дека сум и по малку љубоморна. Многу ми недостига татковска љубов, осеќам голема празнина во себе. Сето тоа што го правел тој, на мене оставило многу голема трага. Едноставно тој не бил човек за семејство, туку за слободен живот. Друго имам се ама мислам дека ништо нема да ми ја пополни таа празнина.
Никои родители не се совршени,знаат понекогаш да ти откачат под дејство на овај бурен и напнат живот кој го живееме.Ама кога гледам какви родители има касжувам моите се злато,посебно татко ми ,толку е добар и праведен,како само ме советува од секогаш,ми обрнува внимание ,ми удоволува колку што може,прво гледа за мене после за себе.Сакам еден ден и јас таков пожртвуван родител да бидам.
Поарно да немаш татко, одколку да имаш некој шо животот ке ти го упропастува. Животот 100 години ми е скратен од него, неможам веќе. Сите вие шо имате прекрасни татковци сакајте си ги најмногу на свет. Мене не ми било пишано да осетам таткова љубов (гледам не сум единствена)...а очигледно неможам ни да живеам на мир, како да е малку едното....
Тато тато татичко шо си го сакам најмногу на свет и шо е единствен на свет .Најдобриот математичар,физичар и хемичар без него ни една петка немаше да имам, тој ,мама,баба и едниот дедо и цеца се луѓето кои ги сакам највеќе . Тој е најдобриот човек на светов . Едниствено шо не ми се допаѓа е тоа што сака се да биде по негово и неќи да му превраќам
Немам најубави работи да кажам за татко ми. Не можам едноставно да го разберам. Во еден момент како да е многу добар како да сака да ми помогне, а веќе во следниот како да посакува да не постојам. Ми се развикува, и тоа е почесто заради ситници. Не сум осетила татковска љубов воопшто и поради тоа секогаш ќе имам празнина. Искрено често им сум љубоморна на оние девојки кои велат дека нивниот татко е нивен идол. Секоја чест за таквите, не знаат колку среќа имаат...
Мојот татко.. Хм. Знам дека многу ќе ми недостасува, еден ден. Има голема смисла за хумор, секогаш ме смее, на него незнам, неумеам да сум лута. Секогаш сме во „коалиција“ против сестра ми и мајка ми. Порано кога ќе се разболев ме уценуваше дека ако јадам ќе ми купи слагалици. И навистина ми ги купуваше. (знаеше точно што сакам ) Минатата недела ќе закаснев на испит и тој кутриот во 7 сабајле се потресе, запали кола и ме однесе, знае колку ми значи тоа. Кога се разболев сега цело време како слуга околу мене, се што сакам, се што ми се јаде, се што треба да биде направено, направи. Никогаш не сме биле тип на татко и ќерка што се лигавеле, гушкале секој ден, ама делиме квалитетно време заедно. Гледаме заедно крими серии, се тепаме, се смееме...Ми вика дека личам на грдата Бети. И дека фала му на Господа, после една недела оцети, зејтини, ракии во постела, сум се избањала, затоа што сум ги отрула домашните. Мојот татко можеби не е совршен, ама за мене е пола, од мојот свет.
Oх маки мислам дека самата се читам - само кај мене што се и двајцата исти и сакат само да наредуваат ама кај мене то никогаш не му успеало и нема ни да му успее па се додека сум жива
...ГО САКАМ,ама го сакам НАЈМНОГУУУУ....ех да е бар половина мојот сопруг од се она што е татко ми... http://www.youtube.com/watch?v=_D1QDfyIgLU
Мојот татко... Мојата гордост, среќна сум што го имам. Мојата подршка, мојата храброст, но и мојата слабост. Го сакам најмногу.
Не постојат зборови на овој свет и на никој јазик со кои би можела да ја опишам неговата возвишеност...Мојот татко!!!!
Мојот татко е мој татко...Мојот татко не живее во оваа држава...со мојот татко и немам некои убави спомени (можеби и имав...како бебе но не се сеќавам)
Хаха, ме изнасмеа за ова. Исто и мојот. Балканец, кој знае да изненади со нешто Западно. На моменти добар, на моменти е друг човек, но воглавно е добар. И тој е заточен во оваа транзиција, се мачи со животот како и сите други како него. Го почитувам и сакам, само ми пречи што е многу затворен. Не искажува чувства, емоции, не знае да разговара опуштено како другар.
Искрено многу ви завидувам на сите кои имате само пофални зборови за вашите татковци. Што да се пофалам јас од мојот татко?Колку и да сакам да кажам нешто убаво за него,неможам! Детството кој е најубав период од животот,ми го има направено пекол.Додека мајка ми се трудеше да не прехрани мене и моите сестри,тој седеше по кафеани и ги трошеше парите.Додека тој јадеше најубави јадења,ние дома јадевме само леб и вода.Кога ке дојдеше дома пијан,слушавме и гледавме како ја малтретира мајка ми,а и нас и тоа без причина.Иако сега е малку посмирен од порано,сепак има често промена на расположение,и сеуште има некои испади.Од него никогаш не можеш да добиеш совет,никогаш не знаел искрено да не прегрне и бакне,да не прошета некаде како другите татковци.Во нашиот живот беше само фигура.Никогаш не знаеше да зборува со нас,едноставно не знаеше како да не сака,а она што ми е најкриво е што го сакам иако би требало да го мразам најмногу на цел свет,бидејки со ништо не ја заслужил мојата љубов и многу ми е тешко.Затоа многу си ги сакајте и уживајте со вашите татковци.А оние жени кои немаат убав живот со. мажите и кои постојано се караат и тепаат подобро да се разведат а не да остануваат во брак поради децата,зошто децата повеке патат така кога ќе живееат живот во такви околности,отколку да имаат разведени родители.Единствената добра работа која ми ја направил мојо татко е тоа што сум созреала многу порано иако под многу тешки околности.
Ah MOJOT TATKO ne mozam da kazam so zborovi kolku mi nedostiga imam golema taga vo dusata eve veke 3 godini od kako e pocinat mojot tatko. Sekogas e vo mojata dusa sekogas go custvuvam pokraj mene vo vozduhot bidejki takov TATKO nemase na ovoj svet za sreka go imav jas megutoa sega sum prazna ednostavno mi fali ne mozam da poveruvam deka go nema tesko mi e moite solzi ne mozat da presusat za mojot tatko bidejki bese moja golema podrska vo zivotot i me ucese da odam po kratkiot i uspesen pat. GORDA SUM STO IMAV TAKOV TATKO MOJOT ANGEL KOJ NA ZALOST MNOGU MLAD MI ZAMINA JAS SUM PRAZNA