1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот татко...

Дискусија во 'Брак' започната од Sashie20, 21 март 2012.

  1. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    Мојот татко денес има роденден :lol: :inlove:
     
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Паразит невиден..
     
  3. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    И кај мене е буквално исто само што за разлика од тебе јас не го сакам воопшто, освен вес друго чувство нема
     
  4. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.603
    Исто како да го немам. И покрај сите караници, не можам да го мразам. А не го ни сакам. Го имам само за да ме срами пред другите, за друго ништо. Најголемиот себичнак, што знае да гледа само за себе. Паразит. Никогаш нема седнато да разговара со мене, како родител. Никогаш не знаел да ми даде ни совет, на па го интересирало што се случува во мојот живот. Го има само како фигура. Некогаш коа ке видам некои другарки како си разговараат со таткото и завидувам стварно. Ама коа не бил до мене коа ми требало, сега не ми ни треба. Не дека мн ке се засекира за тоа знам. Одамна он нема ќерка а ја немам татко. Поарно да сум била дете на разведени родители, од колку да имам ваков "човек" во животот :|
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    јбг,не можеш да имаш се во животот..фала богу жив е и здрав..и довољно је далеко од мене..
     
  6. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    го нема, замина на небото кога бев 6то одделение, за да го чува мојот постар брат. Се надевам дека се среќни таму, дека ништо не ги боли и не патат. Но, мене овде ми е тешко. Од секогаш сакав брат или сестра зошто го изгубив братот прерано, не ни помислував дека ќе го изгубам и татко ми...веќе не се сеќавам како е да имаш татко-лошо звучи знам- но јас знам само како е да имаш болка во градите.
     
    На WildMk и fifi16 им се допаѓа ова.
  7. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.753
    Пол:
    Женски
    Мојот татко.. Ехх за тој човек можам со денови и ноќи да пишувам, но знам дека нема да е доволно. Tој ми го спаси животот, тој ми подаде рака кога пропаѓав, тој ме направи тоа што сум денес, тој е заслужен најмногу тоа што денес сум овде и пишувам, којзнае можеби немало да бидам овде ако тој не ме спасел. И секој ден се повеќе и повеќе ми недостига, но мора, знам дека тоа го праве за мое добро, тој мисле за мојата и на брат ми иднината. И еве додека пишувам се уклучи на скајп. Иако и прееска правевме муабет, пак имам да му изнакажам и да си ја олеснам душичката. Ако не е интернетот или телефонот, како ли ќе комуницирам со мојот најдобар другар? :)
     
  8. Srce222

    Srce222 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    9
    Mojot tatko e najdobar na celiot svet,i sum blagodarna za see go sakam najmnoguu :inlove:
     
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    срекен роденден тато на Јована
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Слично е и кај мене. Татко ми е себичен човек. Никогаш не го интересирале неговите ќерки. Секогаш гледал прво за другите. Отсекогаш се замарал што ќе речат другите. И се уште е така. Единствено што од него сме добиле е пари и носење по лекари. Никогаш не ме прегрнал, не ми кажал дека ме сака. Никогаш не ме посоветувал, не ми дал поддршка. Мило ми е кога ќе слушнам или прочитам дека некои имаат пријателски однос со своите татковци. За жал, јас немам таков однос.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    ...Е човек кој секогаш ми дава сила и најмногу го сакам :)
     
  12. marijanal

    marijanal Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Девојки во последно време не знам што се случува со татко ми...
    пред 2 години тој ја изгуби работата, примеќам дека од тогаш мн се измени. по цел ден е дома, само нешто размислува не оди никаде, ако најде привремена работа ок е но после откако ќе заврши тој е дома и некако се затвара... проблемот е тоа што сме преселени во поголем град и овде нема никој, додека мајка ми по цели денови работи, јас на училиште тој е дома и се грижи за се... но нешто се случува со неговото расположение, едноставно не е како порано, се обидувам на можни начини да го расположам но не бива... бара работа но никако да најде некоја за подолго време... и така по цел ден е само дома и не ни разговараме, не знам како да му помогнам. Овде нема никакви пријатели, роднини, а мајка ми зафатена е до доцна...
     
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    marijanal Со молчење сигурно нема го решите проблемот.Одберете момент кога семејството ќе биде дома и потрудете се да разговарате.Кога секој ќе го каже своето мислење можеби ќе најдете решение на проблемот.Можеби татко ти е интровертен тип,па не е тој првиот што ќе ја овори темата за дискусија.И него не му е лесно.На денешницава тешко наоѓаат работа младите и образовани кадри,а за повозрасните е уште потешко,бидејќи новите критериуми и стандарди за вработување бараат усовршување и обуки.Не знам на која возраст е твојот татко.Дали неговите години налагаат стекнување нови знаења?Ако има интерес за друштвени игри,би можел да се зачлени во некој клуб,пр.шаховски.Таму се собира поголема група луѓе и ќе може да најде некој што ќе му одговара за дружење.Со оглед што живеете во средина каде нема пријатели,доколку имаш слободно време излегувајте заедно и потруди се да бидеш поблиска со него.
     
  14. vetre

    vetre Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Мојот татко.... Неможам да ги дефинирам чувствата кои ги имам кон мојот татко, понекогаш го мразам за сето ома крвничко тепање, па и за најмали ситници(макар тоа била и погрешно напишана буква),што сме ги трпеле со брат ми и не не бил под никакви дејства на опојни средства. Понекогаш и го обвинувам за мојата екстремна повлеченост и ниска самодоверба. А понекогаш и го сакам, до душа незнам дали можам да го наречам сакање тоа недефинирано чуство. Никогаш не сум се осудила да му се доверам, а ни на мајка ми иако секогаш била добра кон мене и секогаш била тука кога сме морале да трпиме секакви малтретирања од страна на татко ми. А во суштина не се ни потрудиле да допрат до мене некако, ама не ги ни осудувам и двајцата се работници во фабрика и не им е лесно да скрпат крај со крај. Во последно време е сменет, како да се кае за нешто, како да пробувамда се искупи ама сепак долго време имам пројдено под негова тортура и сега имам само површна доверба, сеуште неможам комплетно да му верувам. И да ГОЛЕМ пример ми е како родителите не треба да се однесуваат кон своите деца. Ама не би ми било седно ако нешто му се случи, сепак ми е родител.
     
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    За жал, познат ми е случајот. И татко ми еден период беше без работа и иста песна... Многу ми беше жал да го гледам таков. По цел ден седнат до баба ми на кауч гледаше телевизија, уста не му се насмевнуваше и само се издишуваше. Го сфаќав... Педесетгодишен маж кој работел 26-7 години непрестано, гледал фамилија итн. остана без работа. Разговарав и јас со него и го терав, да земи да работи нешто шогодно, па макар и да вези гоблени, колку да му врви времето и да не попушти нервно. Но, џабе. Не ме слушаше, почна да паѓа во депресија. Сепак фала Му на Бога, од пред некој месец пак тргна на работа и сега е веќе друго. Платата му е мала, но е задоволен, се чувствува користен и за семејството и за општеството. Што и да се рече, сепак еден просечен маж себе си се гледа како глава на семејството и многу тешко му паѓа да биде издржуван.
    Единствен совет кој можам да ви го дадам, избегнувајте ги пред него разговорите за финансии, избегнувајте да се расправате пред него, и обидете се да бидете ведри и насмеани. А особено и најбитно од се` најдете барем по еден час дневно да поразговарате со него, на ведри теми.
     
    На WildMk, rose60 и toogood им се допаѓа ова.
  16. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.051
    Ако почнам да пишувам за мојот татко ке се збркам скроз долго е и комплицирано. Не живееме заедно скоро 3 години и јас сега сваќам колку погрешно ме вопитал,во каков лажен идеал живеевме,дека заради лошото воспитување или потреба од внимание и љубов...не знам правев мнг погрешни постапки со мнг дечковци и сега имам нула самодоверба. Сега најново мнг лошо стои финансиски но си продолжува да живее во имагинарен свет додека тие околу него страдаат во секој смисол. Мајка ми е нервно расртроена и уплашени пошто и се заканува дека ке ја остави(без причина)(нешто да се дешава) а брат ми е затворен дома дека без пари најстрашно е што го претвара и него во паразит и воопшто беше мнг лош родител(а се правеше добар) истото е и сега кон брат ми.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Koга се работи за таткоми незнам од кај да почнам... но ајде вака
    Пошто многу од моите другарки се срамат од родители ако не се на некоја функција јас напротив такотми не е на никаква функција но доста народ го знае поради неговата добрина и јас се гордеам со него...Никогаш не сум се направила дека не слушам кога некој ме прашал кои ми се родители со гордост кажувам и ги споменувам во секоја прилика нив.
    Таткоми не дека е мој татко но таков човек нема на светот. Многу луѓе ми имат речено а нај често моите другарки дека би сакале татко како што е мојот. Многу пати сум го разочарала во животот но до ден денеска се тоа е заборавено. Значи направев 100 грешки но доволно беше една добра работа за да се лошо биде заборавено.Да беше некој друг мислам дека ден денеска немаше да има во мене ни капка доверба. Секој ден како мала ме водеше во маалската проавница и по пола саат ме молеше да си одберам што сакам за јадење но јас бев чудо од дете и секогаш игнорирав. Со неговата ептен скормна плата јас секогаш прва добивав се, како мала имав и ролери и точок и све што посакав.
    Во школо секогаш имав нова ташна , нова гардероба и обувки што не секој можеше да си ја дозволи со таа плата , но он од неговите работи кратеше за да јас имам секогаш. Ете сега поранав и ние го немаме оној однос татко керка туку ние сме пријатели.Бидејки јас сум едно дете во семејството и секогаш ме заплашуваше она што ке биде кога ке имам дечко како тој ке го прифати тоа ?
    Но дојде и тој ден не му кажав директно но почнав да спомнувам и го поканив кај нас , не ми се веруваше на она што го гледам го замислував таткоми во тие моменти како ке биде ќутежлив цело време но не споривно се смееше цела вечер. Кога пишувам за него очите ми се полни солзи бидејки вакви родители е гордост да ги имаш.Јас почнав да преспивам кај дечкоми бидејки тој е во странство и по многу малце време се гледаме и сакаме максимално заедно да го искористиме времто да бидеме заедно тој тоа го знае и никогаш ништо не ми кажа/ Кога се јавеме да дојдеме таткоми со душа не чека да дојдеме иде пазарува и незнам што веке не.. Тој е џентлмен во секој поглед секогаш знае како да изреагира во секоја ситуација.И ден денеска секој ден кога се враќа од работа ми се јавува и ме прашува што да ми купи иако често одговарам со не тој пак по едно кесенце нешто носи. Секогаш ме прашува дали имам парфеми , маски за коса и сите тие работи, дури му речам тато немам маскара можеш да ми купиш не чека да му кажам два пати веднаш оди ако не знае каква да ми купи ми ја дава продавачката на телефон и објаснам се што треба тој само плати и тоа е тоа...ТАТКОМИ Е МОЈОТ ХЕРОЈ
     
    На Kate Rina 93, WildMk, rose60 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Мојот татко е малку прост човек. Несакам да навредувам никого псоебно не татко ми ама реално е така. Си има некои свои мислења и сваќања кои не вредат ни 5 пари и не отстапува никако од нив. Вчера да ви кажам што ми се случи. Мајка ми беше и денес на работа и и кажувам дека планирам денес да чистам и да го бришам ламинатот. И татко ми ми вика " Ти незнаеш да го бришеш ламинато јас сум видел кај други луѓе како се брише ламинат треба со сува крпа прво па после со влажна а ти прво со влажна го бришеш и прашина останува" Луѓе мои кога го бришам со влажна како може да остане прашина? И за некои други работи да не кажувам овде примери. Важно секаде се меша и ми оди на нерви на моменти со неговите глупости. Посебно ко почне да кажува што се случувало кога бил тој ученик ( пред 30 години). Јас немам и некои проблеми со него затоа што не се карам што и да ми каже веднаш правам. А брат ми иако е помал малку е бунтовник и постојано се караат. Сепак каков и да е не е најлош, татко ми е. Исто така е многу себичен човек. Парите низ врата да му течат тој ќе рече немам. Пред некој ден ми вика уште 120 денара ми останаа и јас таква добро :?: ( а не го прашав ништо). Постојано се затвора во спалната соба и пари брое. Пред 1 месец може изгубил во болницата 2500 денари 1 недела зборуваше за тоа добро е што во депресија не падна. И мило ми е за сите вас кои имате пријателски односи со своите татковци оти јас немам. Имам многу лоши спомени од татко ми на кои несакам да се присеќам. Тоа се случувало пред 5/6 години сега не. И да напоменам дека е алхоколичар. Порано беше пијан секој втор ден сега ногата го боли оти времето се мени а пред 15 години ја имал пресечено за мотор за дрва и ко се мени времето него го боли. Жал ми е. Оди работи се мачи по цел ден за нас со испукани раце но сепак претерува за некои работи и станува страшно неподнослив. Но јас сум таква сеуште ми е жал кога ќе го видам дека доаѓа уморен од работа ( инаку работи на проватно физичка работа) и седнува на тераса жал ми е. ;(
     
    На WildMk и rose60 им се допаѓа ова.
  19. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Ве молам за совет

    Имам татко кој е премногу чуден човек , најнегативните особини ги има.
    Од аспект гледано мајка-татко многу поблиска бев со него , ама од мали и јас и брат ми имаме всадено страшно поштовање спрема него. Многу беше се хармонично порано откако пред 11 години тетка ми , т.е неговата сестра не му зеде на заем голема сума на пари . Одеднаш тие се збогатија и ден денес не ни ги враќаат парите. татко ми не збореше со неа точно 9 години , ама од толкавата нервоза и стрес ги изгуби нервите. Мајка ми постојано ја малтретира психички , а кутрата само се жали се ја боли и премногу ми е страв да не закачи некоја болест , имаше цин 2 на матката. На моменти премногу ја сака , но за час е обратно. Жалам ,но ке кажам дека татко ми е психопат, според истражувањата сите симптоми асоцираат на тоа. Е сега откако се смири со сестра му и почна да работи кај нив во фирма цело време ја служи , и врши услуги за што и да и затреба , а маж и е газда и ужива во парите не и се замара воопшто. Имам тетка која ја сакам и ме чува ама што ке ми е сето тоа кога направи на индиректен начин татко ми да изгуби нерви и да не малтретира сите дома. Брат ми живее со баба ми и дедо ми во стан , си има своја соба а јас со моите. Секојдневно слушам караници дома и пцовки , дури и пред роднини кога ке дојдат на гости ја пцуе ја понижува. Истото и мене ама јас немам никаков авторитет тука , иако имам 20 години ме толерираат како дете. Трето лето како ни е со дечкото срам ми е да прашам да идам на одмор , толкав страв а и поштовање му имам не е можно . Сакаше да запишам стоматологија , запишав и средно по негова воља, добар смер , со тек на време го засакав. Ама луѓе се плашам да не ја изгубам мајка ми на толку рани години , подочњаците и се кафеави до колена , цело време е во солзи , само и вика.. Со сестра и која е во странство не прави муабет татко ми зашто не сакала брат ми да го запосли таму како демек да е шеф она па ке го запосли а градот им е многу мал башка нема работа.
    Многу пати сум пробала да му објаснам ама се завршувало со караници и пцовки , дури и кучка ме има наречено . Од тогаш се избегнувам за зборам со него . Иако сум женско со цело срце саакам мотор да имам , возам една кинеска веспа никаква , за кола не му ни спомнувам збеснува. Ако ви се верува кога и да му побарам нешто се ми вика дека сум незадоволна од животот и дека ке ми скрател се и факултетот нема да ми го плаќа , колку пати ми има речено омажи се да не те гледам , а на моменти е толку добар неможам да ви опишам... Незнаете како боли што гледам сите дека идат по луксузни одмори а јас дома седам и спремам испити. Повеќето од моите другарки работат негде во странство или пак немаат пари за одмор. Дечко ми ме моли со месеци да идеме на одмор ама како да објаснам ми викаат која девојка си ти да идеш со дечко ти на одмор. Мајка ми пак е многу приврзана со брат ми не дава лош збор да се каже за него , и плус дека не живее со нас и многу гледа да му угоди кога ке дојде , со мене е по на дистанца зашто не сум емотивна да покажувам многу повеќе сум како татко ми , многу се нервирам за генот што го имам ист со него : љубомора , инает ...
    Многу рано ги изгубив нервите карајќи се со него и убедувајќи ја да се смени мајка ми . Ама џабе , и со брат ми ја имаме убедувано ама тоа е. Брат ми е инаку со добра душа ама е многу тежок карактер , со него никад неможам да се отворам и да му кажам што ми лежи на срце , и онака е постојано со женска му и не ми се замара многу . Татко ми е најголема љубомора што постои на сите им завидува , сите ги мрази , и со многу луѓе не збори . А за тоа колку е скржав нема збор. Колку пати му имам кажано да купиме стан со парите што ја продадовме старата куќа и ми вели дека тетка ми кога ке ни доплати тоа што ни е должна ке му купи стан на брат ми а јас ништо нема да видам . Зошто толку иронија?
    Преска седна со мене и со најдобра намера му кажав дека до сега што и да посакал сме го слушале и јас и брат ми , којшто е постар , и упорно се фаќа за братучедите што се скоро на исто ниво со нас , како ги почитувале родителите. А како родителите со нив се понашаат не се прашува, мислам дека на ниедна од вас татко и нема речено " ке скиташ по улици како кучка , омажи се , иди си од оваа куќа"
    после тоа води инает и не ми зборува како јас да сум крива , а мајка ми од страв го брани за да не ја срамни со земја и неа и мене ме напаѓа. Да не е дечко ми јас ке полудам... Што да правам што?
    Утре ке идам кај баба ми и дедо ми да седам , со ист кревет ке спијам со баба ми ама тука не седам , барем неколку дена , неможам да трпам секој 5-ти ден да не ми зборува и да ме поминува низ куќа како да сум туѓинец а истовремено зборувајќи на сите каква сум дрска и безобразна , и како премногу посакувам а другите се помалку имале..Многу сум млада за толку рано да ги изгубам нервите се ме чека потешко во животот ама што да правам кажете? Да не ми зависат парите за факултет од него никад не би го погледнала. Најмногу ја жалам мајка ми , која и покрај се го цени најмногу на свет , се на свет и се татко ми и брат ми...Понекогаш сакам да не постојам да ме нема , да се спасат сите од мене...ке излудам...никој не се осеќа толку осамено како мене , едвај чекам да си дојде од одмор дечко ми барем нешто убаво да гледам пред очите..
     
  20. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски
    вака мојот татко е прекрасен човек сите многу го сакаме само има проблем што се коцка и се изгуби на коцка имавме се куки станови коли и сл... сега имаме една кука и стан од кои станот е под хипотека па затоа замина Америка да работи но сепак неможе да собери толку мн пари за да го спаси станот многу ми е жал за него рацете кога ке му ги видам на skype како му се испукани и целите со пликови душата ми се кине но тој самиот си го направи тоа и навистина ми е жал зошто станов ни е од покојната ми баба која ни остави аманет да го чуваме станот кој е во центарот на градот замислете како ке и се превртуваат коските во гроб + сите сме приврзани за него и многу ни е на сите тешко но истовремено ни фали таткова љубов која ја немаме добиено 2 год мајка ми се прави што е во нејзина мок но сепак товарот треба да го поделиш со сопружникот а не да го носиш сам исто така кога замина 3 дена неможев да се совземам плачев дено-ноќно


    можеби сето е испомешано напишано но се надевам дека ке разберете
     
    На WildMk, Priroden, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.